Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Желна за апсолутна власт и доминација, Црквата прави друг крупен исчекор: Наместо да излезе на терен како евангелска црква и да ја извршува Христовата заповед – да му го проповеда евангелието на секој народ, племе, колено и јазик, таа израснува во силна централизирана и авторитативна институција со таква теологија која ѝ дава одврзани раце да ги покрива кардиналните грешки од минатото, обидувајќи се, како што рековме, да ја премости бездната што зјае меѓу неа и Библијата и успешно да доминира над верништвото. Повторуваме дел од нејзината теологија со која располага како силен инструмент за да ги одржи своите мега позиции што ги градела низ вековите.

Католичката црква: „Црквата е неопходна за спасението.“ „Црквата ги обединува сите патишта на спасението.“ „Нема толку голем прекршок кој Црквата не може да го прости.“ „Ако Црквата не ги прости гревовите, нема надеж за иден живот или за вечно ослободување.“

Православната црква: „Господ Исус Христос целосно се идентификува со својата Црква, а не со Библијата. И оној што го бара Христа Спасителот надвор од неговата Црква, никогаш нема да го види неговото лице, освен во судниот ден.“ „Без Црквата нема спасение!“ „Црквата е наша духовна мајка која нè родила со вода и со Дух при крштението.“ „Останете синови на Христовата црква, како што биле вашите дедовци и прадедовци низ вековите.“ „Држете се за вашата мајка Црква зашто, Боже не дај, и ако човек замине во пекол поради  своите неисповедани и непокајани гревови, Црквата може да го избави со помош на своите литургии дадени од Бога, преку помени, милостина и жртва.“ „Црквата може да ја избави душата од пеколот, од пеколните маки.“ „Кој ја напуштил Црквата, го нема веќе Христа, не е Божји син по дарот на крштението, туку станува син на сатаната, зашто се отцепил од духовната мајка и се загубил.“ „Нам, на православните христијани ни е позната вистината. Таа се наоѓа единствено во Христовата (православна) црква, а не во некоја од ‘христијанските’ секти“, итн.

Од овие силни изјави произлегува дека Црквата е „алфа и омега“ на нашето спасение, а не Христос, како што читаме во Божјата реч (Откровение 1,8; 22,12.13). И навистина таа се поставува над Христа кога тврди за себе дека „без Црквата нема спасение“, „ако Црквата не ги прости гревовите, нема надеж за иден живот или за вечно ослободување“.

Во интерес на вистината, овде уште еднаш истакнуваме дека силните тврдења на Црквата за кои зборуваме се сушта невистина, зашто „нема друго име дадено под небото со кое ние можеме да се спасиме“ (Дела 4,12). Нема црква, нема институција, нема начин, нема друг спасител освен Исус Христос. Традиционалната Црква не може да проштава гревови, не може да му даде спасение никому. Нејзина задача треба да биде верниците да ги упатува на Христа кој единсвено има право да проштава гревови и кој е единствен Спасител. Таа не може да поставува друг темел на христијанството и на спасението „зашто никој не може да постави друг темел освен оној што е поставен, кој е Исус Христос“ (1. Коринќаните 3,11).

За пеколот и пеколните маки, како грда и монструозна измислица на Црквата, ние опширно зборуваме во книгава кога бараме од Библијата да ни даде вистински информации за смртта и за состојбата на мртвите. Но контекстот на оваа глава бара и овде да проговориме нешто и за тоа.

Таа (Црквата) прво измислила пекол, а потоа им вели на своите верници: „Црквата може да ве избави од пеколот“ во кој ги праќа непослушните верници, а послушните ги избавува од „пеколните маки“, со што од нив создава дисциплинирани послушници и поданици. Нејзе ѝ е потреба централизирана власт како насушен леб, која Библијата не ѝ ја дава, за цврсто да ги држи дизгините во свои раце, да има стабилна ситуација и истата ефикасно да ја контролира.

Според тоа, Црквата како институција, како што е веќе кажано, има железна структура; свештенството во свои раце има силно орудие; во своите складишта држи колосален и чудесно ефикасен арсенал за постигнување на своите цели – чистилиште, митарства и пекол – најсилен инструмент за авторитативност и за огромна концентрација на апсолутна власт, без можност на верниците за каков и да е приговор и поговор. Таа изградила мамутски систем на можности да го држи лаикатот на узда.

За да го контролира и небото, Црквата таму пратила илјадници светци, посредници и свои помошници (асистенти), со цел и од небото да добива поддршка, потврда и афирмација за своите активности, за својата до крајни можни граници паганизирана теологија што ја спроведува на земјата. Значи, традиционалната христијанска Црква изградила мошне ефикасни механизми со чија помош комплетно ги контролира и земјата и небото.

Очигледно е наследството од античките пагански свештенства кои своите верници лаици ги држеле на штрек и во покорност, тврдејќи дека тие имаат власт да посредуваат кај божеството на Сонцето и да го смилосаат за да му нареди на Сонцето да свети. Но, ако верниците не се послушни, тие не посредуваат, Сонцето ќе се угаси и светот ќе исчезне. Според тоа, за послушните верници спасение, а за непослушните ќе се угаси Сонцето и – суден ден и пекол! Па, верниците нека му мислат!

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

    Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“....

Православната црква за себе и за Библијата

Кога зборуваме за Црквата, ние мислиме на традиционалната христијанска Црква, на православната и католичката, а Божјата црква посебно ја нагласуваме и ја именуваме како „вистинска црква“, „Христова црква“, „Божја црква“, „изворна библиска“ или „апостолска црква“....

Католичката црква за себе и за Библијата

  „Црквата комплетно го открива патот на спасението.“ „Црквата е врата за небото“ (а Христос вели: „Јас сум врата“, а не Црквата - Јован 10,9). „Потпирајќи се на Писмото и на преданието (традицијата), Советот учи дека Црквата (католичката), тој поклоник на земјата, е...

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

За Албигензите (Катарите), кои живееле во времето на Иноќентие III, читаме: „Тие исто така имале Свето писмо на народен јазик кое го читале. Тоа била доволна причина папата да ги нарече еретици кои заслужуваат смрт.“3 „Папата Пие VII (1800-1823) изрекол вчудовидувачки...

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Зошто Православната црква покажува толку силен гнев спрема помалите верски заедници, нарекувајќи ги секти, а нивните верници „еретици“, „сектанти“, „проклети еретици“? Зошто ги повикува своите верници: „Бегајте од сектите“, „од денешните еретици (сектанти) како од...

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска евангелска црква предвидена со библиско пророштво дадено од Бога за да ја исполни и последната заповед на нашиот Спасител Исус Христос, да го проповеда библиското евангелие, не преданието. При разделбата Христос на...

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Крстени - возрасни верници17.592.397 Потенцијал. пријатели кои наскоро ќе се крстат2.154.222 Месни цркви 71.048 Вкупно активно вработени во црков. институции 232.168 Од нив ракоположени проповедници 17.530 МИСИЈА ВО СВЕТОТ Број на земји и области во светот рег. при...

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

  За традиционалната еврејска црква Христос и апостолите се еретици, а нивната наука ерес. За еврејската црква Христос е секташ, кој формирал своја секта, наречена „назарејска секта“, според гратчето Назарет, каде што израснал. Христовата изворна библиска наука во...

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Живееме во свет и време на компромиси на сите страни и подрачја од животот без кои не е можно да се живее - компромиси во бракот, во семејството, во општеството во кое живееме, компромиси на светската сцена во политиката, во економијата, во меѓудржавните релации итн....

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

„Адвентистите се единствено христијанско тело кое за свој учител ја има Библијата која на своите страници не содржи никаков доказ за замена на седмиот со првиот ден на седмицата. Оттаму и нивното име ‘Адвентисти на седмиот ден’.“13 „Католичката црква светоста на...

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Станува збор за Ратомир Грозданоски, истакнат теолог и професор на Богословскиот факултет во Скопје. Во својата брошура „Декалог, десет Божји заповеди“, Книгоиздателство „Матица македонска“, 1996 - Скопје, тој го толкува Божјиот закон, Десетте Божји заповеди. Кога...

Како еден исламист ја толкува Библијата?

Морис Бикај (Maurice Bucaille), поранешен христијанин, кој го прифатил исламот како своја религија и станал исламист, во Библијата бара доказ дека Исус Христос не е „алфа и омега“. Негова главна задача е да докаже дека Христос не е последен пророк, и својот доказ го...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат