Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?
Станува збор за Ратомир Грозданоски, истакнат теолог и професор на Богословскиот факултет во Скопје. Во својата брошура „Декалог, десет Божји заповеди“, Книгоиздателство „Матица македонска“, 1996 – Скопје, тој го толкува Божјиот закон, Десетте Божји заповеди.
Кога зборува за четвртата Божја заповед, тој неа ни ја цитира делумно, но и намерно погрешно и тенденциозно: „Спомнувај си за денот на одморот, за да го празнуваш. Шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа твојот Бог“ (стр. 55).
Молам, ова што го кажува Ратомир Грозданоски за четвртата Божја заповед да го споредиме со интегралниот текст на истата Божја заповед така како што ја изговорил и како што ја запишал и напишал Бог со својот огнен прст не на дрвени ниту на глинени плочи, не на пергамент ниту на папирус, туку на камени плочи на Синај:
„Помни си да го празнуваш саботниот ден! Шест дена работи и сврши ги сите свои работи! А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог. Тогаш немој да работиш никаква работа: ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето магаре, ниту придојдениот што ќе се најде во твојот дом! Зашто Господ за шест дена ги создаде небото, земјата, морето и сè што е во нив, а во седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го посвети саботниот ден“ (2. Мојсеева 20,8-11).
Бог кажува: „А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог… Затоа Господ го благослови и го посвети саботниот ден!“
А Ратомир Грозданоски кажува: „А а седмиот ден посвети го на Господа твојот Бог!“
Што е вистина? Во првиот случај два пати гледаме дека Господ благословил и посветил нешто што му припаѓа лично нему, што е негова сопственост, нешто што не му припаѓа на никој друг, што не му припаѓа на православието, нешто свето во кое не смее никој да гиба, да го препосветува. Тоа е „саботниот ден“, „седмиот ден“, кој во четвртата Божја заповед има свое име „сабота“.
Ратомир Грозданоски, кој најдлабоко потонал во својата православна теологија и најмногу се оддалечил од изворната библиска теологија по ова прашање, оваа Божја заповед ја чита и ја толкува сосем наопаку кога кажува:
„Во четвртата заповед, под ден за одмор се разбира неделата, а и сите други празници посветени на Бога, на Пресвета Богородица и на светителите… Бог не наредил да се празнува саботата, туку седмиот ден да биде ден за одмор. Сабота (сабат) е еврејски збор и значи одмор“ (стр. 59).
Крајно контроверзно, неразбирливо! Бог изрично кажува и заповеда – „Помни си да го празнуваш саботниот ден“ – а Ратомир кажува: Не! Бог „не наредил да се празнува саботата“, и ни појаснува: „Седмиот ден да биде ден за одмор.“ – Па сабота е седми ден, ден за одмор!
Кога Бог ја изговорил оваа заповед, заедно со сите други заповеди (десет на број) на Синај, 1.500 години пред Христа, Тој пред себе го имал својот народ (израелскиот народ), а не „Пресвета Богородица“ и православните „светители“, кои во тоа време воопшто не постоеле, ниту пак Бог нив ги имал на ум кога ги изговарал своите заповеди. Во тоа време уште не постоело ниту христијанството, ниту Православната ниту Католичката црква, па ниту нивните светители. Според тоа, сите десет Божји заповеди, меѓу нив и четвртата, се дадени надвор од православието, во друго време и во друг простор. Па како може еден виден теолог на православието вака да зборува и вака да ја толкува четвртата Божја заповед?
Ратомир Грозданоски премногу лежерно, крајно самоуверено и со неразумна храброст гиба таму каде што не смее да гиба – во синајскиот оган на Десетте Божји заповеди и неделата ја бара на погрешно место, каде што не може да ја најде! На неделата воопшто не ѝ е местото во четвртата Божја заповед која е резервирана единствено за саботата и за ништо друго. Во неа нема место ниту за неделата, ниту за „сите други празници“ што ги споменува тој, со кои се обидува да ја замени Божјата света сабота.
Како теолог, на Ратомира мора да му се познати историските патишта за тоа како настанала таа замена на саботата со недела која е историска, а не библиска категорија. Мора да му е позната историјата дека расколот во традиционалната христијанска Црква во 1054 г. пукнал токму во сабота, за време на саботното утринско богослужение во црквата св. Софија во Цариград, и тоа во голема мера поради несогласијата во врска со саботата којашто со векови ја почитувала Источната црква, за што веќе опширно зборувавме.
Трипати во заповедта Бог кажува „сабота“: „Помни си да го празнуваш саботниот ден! … седми ден е сабота… Господ го благослови и го посвети саботниот ден“, а тој тврди: „Во четвртата заповед, под ден за одмор се разбира неделата, а и сите други празници посветени на Бога, на Пресвета Богородица и на светителите…“
Навистина несфатливо, чудно! Врвен теолог на православието, без ниту малку страв од Бога, ја вади изворната Божја теологија од четвртата Божја заповед и на нејзино место става своја, православна теологија. Како што рековме, ниту еден теолог, со кој расправаме во книгава, не влегува толку лекомислено и со таква авантура во синајскиот оган на четвртата Божја заповед за да измолзе од неа порака која му одговара нему.
Бог точно знаел што мисли и како да мисли; точно знаел што да напише, како да напише, и така напишал, со што никому не му дал ниту најмала можност да мисли поинаку: „Сабота“, „седми ден е сабота!“
Зборовите во четвртата Божја заповед се Божји зборови, не Мојсееви. Во нив читаме дека сабота е благословена и посветена, зашто неа ја благословил и ја посветил Бог, не луѓето. Бог кажува сабота е „мој свет ден“, сабота е „Господов ден“, не недела, не „света недела“ (Исаија 58,13).
Во Библијата сите денови, освен сабота, се именувани со редни броеви: прв ден, втор ден, трет ден… Неделата е именувана исклучиво како „прв ден“ во седмицата, или како „трет ден според Писмото“. За разлика од неа, и од сите други денови, единствено седмиот ден, и во четвртата Божја заповед и на сите други места, е именуван со име: еврејски „шабат“ (одмор); кај нас и во многу јазици е прифатен како сабота.
Според тоа, Божјиот „шабат“ (не е еврејски, туку Божји, за што веќе доста зборувавме), кој значи одмор, се однесува на седмиот ден, на саботата, а не на „неделата и на сите други празници“.
Патем да кажеме дека Ратомир Грозданоски христијаните адвентисти, кои празнуваат сабота според четвртата Божја заповед, ги нарекува „современи еретици – секти, односно, саботари, кои се изјаснуваат против празнувањето на неделата како ‘Господов ден’, ден посветен на Бога. Тие ја празнуваат саботата според еврејскиот обичај. Иако знаат дека Евреите го убија Господа Исуса Христа затоа што не ја празнуваше саботата, тие, сепак, се на страната на Христовите убијци и се против Христа“ (стр. 59).
Огромна несмасна грешка, ноторна невистина и лага! Ратомир Грозданоски обвинува цел еден народ за убиство. Тврди дека Евреите се убијци. Не, Христа не го убија Евреите, туку еврејските теолози и свештеници и тоа не затоа што Тој „не ја празнуваше саботата“, туку затоа што Христос јавно го откриваше нивното лицемерие и нивниот грев (Матеј 23. глава). Христијаните адвентисти не се еретици и секта. Тие не „се на страната на Христовите убијци“ и не „се против Христа“, како што тврди Ратомир. Не! Тие се христијани кои се на Христова страна и под Христово знаме, зашто ги држат Божјите заповеди и веруваат и живеат токму онака како што кажува Христос: „Кој верува во мене како што е кажано во Писмото“ (Јован 7,38).
Во разговорот што го водел Исус со жената Самарјанка, ѝ рекол: „Вие (Самарјаните) не знаете кому му се молите, а ние (Евреите) знаеме кому му се молиме, зашто спасението доаѓа од Евреите“ (Јован 4,22).
Истите зборови, што ѝ ги кажал на Самарјанката, Исус му ги кажува сега на Ратомир Грозданоски: „Ратомире, вие (православните) не знаете кому му се молите, а ние (Евреите) знаеме кому му се молиме, зашто спасението доаѓа, не од православието, туку од Евреите“ (Јован 4,22).
Да, „спасението доаѓа од Евреите!“ Така кажува Спасителот, така кажува Оној кој дава спасение, така кажува вистинскиот Евреин, Исус Христос, творецот на христијанството, така кажува Божјата реч, Библијата. Корените на спасението се во јудаизмот, во еврејството, не во православието. Не постојат други корени од кои ќе никне друга вистина и наука, друга спасоносна теологија, друга црква, надвор од габаритите на библискиот јудаизам и на библиското еврејство, надвор од библиските габарити.
Православието е целосно дислоцирано и преместено од библиските габарити во габаритите на преданието, во габаритите на античкиот паганизам, кој нема ништо заедничко со спасението кое доаѓа од јудаизмот и еврејството, со спасението кое „доаѓа од Евреите“. Да, така зборува вистинскиот библиски Евреин, Исус Христос, кој по раѓање им припаѓа на Евреите, но кој на оваа земја дошол како „Син Човечки“ кој, како Син Човечки и Спасител на светот, му припаѓа на целото човештво.
Всушност, еврејството го родило и му ги дало библиските корени и темели на христијанството, и затоа ние не можеме да зборуваме за некакво христијанство изолирано од еврејството, туку само и единствено за јудеохристијанство. Според тоа, името „христијанство“ не е исправно. Исправно е да се каже „јудеохристијанство“.
Адвентистите знаат кому му се молат, како да се молат и како се молат; тие знаат во кого веруваат и како да веруваат, зашто нивни корени се библиските корени, и нивни темел е библискиот темел – ништо друго.
Можеби е добро оваа своја изјава дека „во четвртата заповед, под ден за одмор се разбира неделата, а и сите други празници посветени на Бога, на Пресвета Богородица и на светителите“, Ратомир Грозданоски да ја изнесе пред некој еврејски рабин и да види каков одговор ќе добие од него!
Таа изјава и таа теологија на православието е целосно надвор од рамките на јудаизмот и еврејството. За јудаизмот тоа е билка која израснала од сосем други корени, надвор од Библијата, и затоа таа билка воопшто не може да вирее во Библијата. Јудаизмот не ја познава, не ја признава и не ја прифаќа неделата како ден за одмор, ниту другите празници посветени на Пресвета Богородица и на дугите православни светители. Библискиот јудаизам не ја познава „Пресвета Богородица“, не ги познава православните светители. Овие работи би требало и треба да ги знае Ратомир Грозданоски како професор на православниот Богословски факултет во Скопје, чиешто име високо се котира меѓу имињата на православните теолози, барем во Македонија.
Кога Исус му го вратил видот на човекот кој бил слеп од раѓање, ги кажал овие зборови: „Јас дојдов на овој свет за суд, за да прогледаат оние кои не гледаат и за да ослепат оние кои гледаат.“ (Јован 9,39-41)
Фарисеите сфатиле дека тие Исусови зборови се однесуваат на нив, па го прашале: „Да не сме и ние слепи?“ Исус одговорил: „Да бевте слепи, немаше да имате грев.“ Кога Бог не би ви овозможил да ја видите вистината, вашето незнаење не би повлекувало по себе никаква вина. А бидејќи „сега тврдите дека гледате“, а ја отфрлате очигледната библиска вистина, со чија помош единствено можете да прогледате, „вашиот грев останува!“
Да се потсетиме на она што веќе беше кажано за саботата порано, кога зборувавме за Божјиот закон, во поднасловот „Кој верува во мене како што е кажано во Писмото!“
Бог слегува од небото на планината Синај, каде што го изговара својот Закон, Десетте заповеди: „Кога Господ го сврши разговорот со Мојсеја на Синајската гора, му даде две … плочи камени, напишани со прст Божји.“ „Господ ги напиша на плочи – Десетте заповеди.“ „Плочите беа испишани на двете страни.“ „Плочите беа дело Божје.“ „Писмото беше писмо Божје.“ „Писмото беше… врежано на плочите.“
Кога Семоќниот Господ Бог ја изговорал четвртата Божја заповед, три пати го изговорил зборот „сабота“; три пати во четвртата заповед Бог со својот прст го напишал зборот „сабота“; три пати Семоќниот Господ Бог во четвртата заповед зборот „сабота“ со својот огнен прст го врежувал и го врежал, не на дрвени ниту на керамички плочи, не на пергамент ниту на папирус, туку на камени плочи; саботата, врежана на плочите, „беше дело Божје“; писмото, со кое беше напишана четвртата Божја заповед, беше „писмо Божје, „врежано на плочите“; „кој верува во мене како што е кажано во Писмото“, кажува Исус, како што е кажано во „писмото Божје“; како што е кажано и во „писмото Божје“ со кое беше напишана четвртата Божја заповед – „врежана на плочите“.
Да се вратиме на Христовата изјава: „Да бевте слепи, немаше да имате грев!“
Можеме ли, при очи, да бидеме и да останеме слепи и погрешно да ги разбереме овие свети и кристално јасни библиски текстови? Христос го прашува законикот: „Што е напишано во Законот? Како читаш?“ (Лука 10,26)
Истото прашање Христос им го поставува и на Ратомир Грозданоски и на православието, но и на сите други христијани кои, наместо сабота, празнуваат недела: „Што е напишано во Законот“, во Законот од Синај? Што е напишано во „Божјето писмо“ што го напишал Бог со своја рака на плочите од Синај? Што е напишано во „Божјето писмо“ на четвртата Божја заповед кое Бог го врежал со својот огнен прст на синајските плочи? Како читате? Како го читате сето ова, сите овие свети Божји текстови? И како ги разбирате Божјите пораки што произлегуваат од овие Божји текстови? Постои ли некаква можност погрешно да се сфатат и разберат овие библиски текстови и нивните пораки? Не! Тие се повеќе од јасни и не можат погрешно да се разберат.
Затоа и на Ратомир Грозданоски и на православието, но и на сите други христијани кои, наместо сабота, празнуваат недела, Христос им кажува: Додека постојат небото и земјата, не смее да исчезне ниту една буква од Законот од Синај! А вие сте исфрлиле од него цела една или две заповеди. „Затоа вашиот грев останува!“
Христос е повеќе отколку јасен: „Јас дојдов на овој свет за суд, за да прогледаат оние кои не гледаат и за да ослепат оние кои гледаат.“
Дали можеби адвентистите се слепи и не гледаат дека Христос ја укинал саботата? Или, можеби, ослепеле оние кои тврдат дека гледаат, за да не видат дека Исус не ја укинал саботата. Што е вистина? Кој ќе излезе на суд?
Адвентистите не се слепи. Тие гледаат. Божјето писмо – писмото со кое Бог ги напишал Десетте Божји заповеди на синајските камени плочи, адвентистите го читаат така како што го напишал Бог со своја рака на нив. Божјето писмо, со кое Бог ја напишал и четвртата Божја заповед, адвентистите го читаат така како што го напишал и како што го врежал Тој со својот огнен прст на плочите од Синај. Адвенстистите веруваат и живеат според Божјето писмо. Тие веруваат и живеат така како што кажува Христос: „Кој верува во мене како што е кажано во Писмото!“ – Не поинаку!
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“....
Православната црква за себе и за Библијата
Кога зборуваме за Црквата, ние мислиме на традиционалната христијанска Црква, на православната и католичката, а Божјата црква посебно ја нагласуваме и ја именуваме како „вистинска црква“, „Христова црква“, „Божја црква“, „изворна библиска“ или „апостолска црква“....
Католичката црква за себе и за Библијата
„Црквата комплетно го открива патот на спасението.“ „Црквата е врата за небото“ (а Христос вели: „Јас сум врата“, а не Црквата - Јован 10,9). „Потпирајќи се на Писмото и на преданието (традицијата), Советот учи дека Црквата (католичката), тој поклоник на земјата, е...
Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели
За Албигензите (Катарите), кои живееле во времето на Иноќентие III, читаме: „Тие исто така имале Свето писмо на народен јазик кое го читале. Тоа била доволна причина папата да ги нарече еретици кои заслужуваат смрт.“3 „Папата Пие VII (1800-1823) изрекол вчудовидувачки...
Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност
Желна за апсолутна власт и доминација, Црквата прави друг крупен исчекор: Наместо да излезе на терен како евангелска црква и да ја извршува Христовата заповед - да му го проповеда евангелието на секој народ, племе, колено и јазик, таа израснува во силна централизирана...
Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“
Зошто Православната црква покажува толку силен гнев спрема помалите верски заедници, нарекувајќи ги секти, а нивните верници „еретици“, „сектанти“, „проклети еретици“? Зошто ги повикува своите верници: „Бегајте од сектите“, „од денешните еретици (сектанти) како од...
Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие
Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска евангелска црква предвидена со библиско пророштво дадено од Бога за да ја исполни и последната заповед на нашиот Спасител Исус Христос, да го проповеда библиското евангелие, не преданието. При разделбата Христос на...
Активностите на Адвентистичката црква низ бројки
Крстени - возрасни верници17.592.397 Потенцијал. пријатели кои наскоро ќе се крстат2.154.222 Месни цркви 71.048 Вкупно активно вработени во црков. институции 232.168 Од нив ракоположени проповедници 17.530 МИСИЈА ВО СВЕТОТ Број на земји и области во светот рег. при...
Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта
За традиционалната еврејска црква Христос и апостолите се еретици, а нивната наука ерес. За еврејската црква Христос е секташ, кој формирал своја секта, наречена „назарејска секта“, според гратчето Назарет, каде што израснал. Христовата изворна библиска наука во...
Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен
Живееме во свет и време на компромиси на сите страни и подрачја од животот без кои не е можно да се живее - компромиси во бракот, во семејството, во општеството во кое живееме, компромиси на светската сцена во политиката, во економијата, во меѓудржавните релации итн....
Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо
„Адвентистите се единствено христијанско тело кое за свој учител ја има Библијата која на своите страници не содржи никаков доказ за замена на седмиот со првиот ден на седмицата. Оттаму и нивното име ‘Адвентисти на седмиот ден’.“13 „Католичката црква светоста на...
Како еден исламист ја толкува Библијата?
Морис Бикај (Maurice Bucaille), поранешен христијанин, кој го прифатил исламот како своја религија и станал исламист, во Библијата бара доказ дека Исус Христос не е „алфа и омега“. Негова главна задача е да докаже дека Христос не е последен пророк, и својот доказ го...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.