Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен
Живееме во свет и време на компромиси на сите страни и подрачја од животот без кои не е можно да се живее – компромиси во бракот, во семејството, во општеството во кое живееме, компромиси на светската сцена во политиката, во економијата, во меѓудржавните релации итн. Иако компромисите девалвирале и унуштиле многу темелни вредности во животот, без нив човештвото, кое е поларизирано и напнато до крајни можни граници, би експлодирало и исчезнало. Но, и покрај тоа што компромисите се величина со планетарни димензии, сепак, постои подрачје на кое компромис не е можен. Тоа е подрачјето на апсолутната Божја вистина во која не може и не смее никој да гиба, да ја менува и прилагодува според теркот на своите сфаќања.
„Што е вистина?“ – прашал во свое време Пилат кој му судел на Исуса.
Библијата на три места ни кажува што е вистина:
- „Јас сум пат, вистина и живот“ (Јован 14,6) – кажува Исус за себе.
- „Посвети ги со вистината; Речта твоја е вистина“ (Јован 17,17) – кажува Исус за Божјата реч.
- „Ти си близу, Господе, и сите твои заповеди се вистина“ (Псалм 119,151) – кажува Божјиот човек Давид за Божјите заповеди.
Занчи: 1. Исус е вистина, 2. Божјата реч, Библијата, е вистина, и 3. Десетте Божји заповеди се вистина.
Всушност тоа е единствена апсолутна Божја вистина, искажана во различни пригоди и запишана на три места во Библијата, наречена библиска вистина, и таа не познава, не признава и не прифаќа никаков компромис, за разлика од сè друго човечко што е релативно и подложно на човечки компромиси и спогодби.
Синајскиот оган на Синај е доказ дека Бог не дошол на нашата планета Земја да прави компромиси со луѓето, и Голгота е доказ дека Бог не направил компромис со гревот и грешниците.
Христос не дава никаква можност за компромис кога го прецизира и го дефинира лозугот на нашата вера или нашето кредо и кога нè повикува: „Кој верува во мене како што е кажано во Писмото… Прегледајте ги Писмата… тие сведочат за мене“ (Јован 7,38; 5,39).
Со други зборови, лозунг на вашата вера и ваш кредо, ни кажува Христос, мора да биде единствено „Сола скриптура“ или „Само Светото писмо“. Нема никаков компромис ниту какво и да е средно решение.
Денес во светот постојат само две верски движења: Католичката црква и Христијанската адвентистичка црква (Црква на адвентистите на седмиот ден). Американското библиско здружение и други извори Христијанската адвентистичка црква ја именуваат како единствена универзално расподелена протестантска вероисповед на светот.
Католичката црква бара строга послушност кон својот систем и тврди дека неделата, како нејзино чедо, е знак и доказ за нејзиниот авторитет, додека Христијанската адвентистичка црква повикува на апсолутна послушноста кон Бога и го издигнува седмиот саботен ден како интегрален дел на Десетте заповеди и на севкупната Божја вистина и наука дадена во неговата Реч, во Библијата. И, како што истакнуваат католиците, компромис не е можен – или апсолутна послушност и преданост кон папата и кон католичкиот систем, или кон Бога и неговата Реч.
„Нашиот разум и нашето здраво расудување наложуваат да ја прифатиме едната или другата можност: или протестантизмот и празнување на саботниот ден, или католицизмот и празнување на неделата. Компромис не е можен.“8
Ова се две крајно противставени страни меѓу кои мора да избие судир – жесток судир меѓу два авторитета – меѓу папскиот и Божјиот авторитет. И, како што истакнува Католичката црква, адвентистите во овој судир настапуваат со авторитетот на Светото писмо. Всушност, католиците заклучуваат дека протестантите кои празнуваат недела им оддаваат почест ним, на папството.
„Можете да ја прочитате Библијата од 1. Мојсеева до Откровението и нема да најдете ниту еден единствен стих кој ја авторизира светоста на неделата. Писмото нагласува верско празнување на саботата, ден кој ние никогаш не го празнуваме.“9
„Независно од тоа што го тврдат, протестантите кои празнуваат недела го прифаќаат авторитетот на Католичката црква.“10
„Кога протестантите би ја слушале Библијата, тие Бога би го обожавале во сабота. Со празнувањето на неделата тие го почитуваат законот на Католичката црква.“11
„Протестантизмот го отфрла авторитетот на Римокатоличката црква, но тој нема никакво оправдание за тоа што празнува недела. Логично, протестантите би требало да го празнуваат седмиот ден – саботата.“12
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“....
Православната црква за себе и за Библијата
Кога зборуваме за Црквата, ние мислиме на традиционалната христијанска Црква, на православната и католичката, а Божјата црква посебно ја нагласуваме и ја именуваме како „вистинска црква“, „Христова црква“, „Божја црква“, „изворна библиска“ или „апостолска црква“....
Католичката црква за себе и за Библијата
„Црквата комплетно го открива патот на спасението.“ „Црквата е врата за небото“ (а Христос вели: „Јас сум врата“, а не Црквата - Јован 10,9). „Потпирајќи се на Писмото и на преданието (традицијата), Советот учи дека Црквата (католичката), тој поклоник на земјата, е...
Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели
За Албигензите (Катарите), кои живееле во времето на Иноќентие III, читаме: „Тие исто така имале Свето писмо на народен јазик кое го читале. Тоа била доволна причина папата да ги нарече еретици кои заслужуваат смрт.“3 „Папата Пие VII (1800-1823) изрекол вчудовидувачки...
Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност
Желна за апсолутна власт и доминација, Црквата прави друг крупен исчекор: Наместо да излезе на терен како евангелска црква и да ја извршува Христовата заповед - да му го проповеда евангелието на секој народ, племе, колено и јазик, таа израснува во силна централизирана...
Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“
Зошто Православната црква покажува толку силен гнев спрема помалите верски заедници, нарекувајќи ги секти, а нивните верници „еретици“, „сектанти“, „проклети еретици“? Зошто ги повикува своите верници: „Бегајте од сектите“, „од денешните еретици (сектанти) како од...
Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие
Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска евангелска црква предвидена со библиско пророштво дадено од Бога за да ја исполни и последната заповед на нашиот Спасител Исус Христос, да го проповеда библиското евангелие, не преданието. При разделбата Христос на...
Активностите на Адвентистичката црква низ бројки
Крстени - возрасни верници17.592.397 Потенцијал. пријатели кои наскоро ќе се крстат2.154.222 Месни цркви 71.048 Вкупно активно вработени во црков. институции 232.168 Од нив ракоположени проповедници 17.530 МИСИЈА ВО СВЕТОТ Број на земји и области во светот рег. при...
Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта
За традиционалната еврејска црква Христос и апостолите се еретици, а нивната наука ерес. За еврејската црква Христос е секташ, кој формирал своја секта, наречена „назарејска секта“, според гратчето Назарет, каде што израснал. Христовата изворна библиска наука во...
Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо
„Адвентистите се единствено христијанско тело кое за свој учител ја има Библијата која на своите страници не содржи никаков доказ за замена на седмиот со првиот ден на седмицата. Оттаму и нивното име ‘Адвентисти на седмиот ден’.“13 „Католичката црква светоста на...
Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?
Станува збор за Ратомир Грозданоски, истакнат теолог и професор на Богословскиот факултет во Скопје. Во својата брошура „Декалог, десет Божји заповеди“, Книгоиздателство „Матица македонска“, 1996 - Скопје, тој го толкува Божјиот закон, Десетте Божји заповеди. Кога...
Како еден исламист ја толкува Библијата?
Морис Бикај (Maurice Bucaille), поранешен христијанин, кој го прифатил исламот како своја религија и станал исламист, во Библијата бара доказ дека Исус Христос не е „алфа и омега“. Негова главна задача е да докаже дека Христос не е последен пророк, и својот доказ го...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.