Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска евангелска црква предвидена со библиско пророштво дадено од Бога за да ја исполни и последната заповед на нашиот Спасител Исус Христос, да го проповеда библиското евангелие, не преданието. При разделбата Христос на своите ученици им дал заповед: „Одете по сиот свет и проповедајте му го евангелието на секое создание! Оној што ќе поверува и ќе се крсти, ќе се спаси, а кој не верува, ќе се осуди.“ „Научете ги сите народи да држат сè што сум ви заповедал, и еве, јас сум со вас во сите дни до крајот на светот.“

Преткажувајќи ги знаците според кои можеме да го препознаеме последното време, последните дни и крајот на светот, Христос дава еден од најсилните знаци и докази дека крајот е близу: „Ќе се проповеда ова евангелие (не предание) за царството (Божје) по сиот свет за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот.“ Во последните мигови, кога се вознесувал, Христос ја повторил истата заповед пред апостолите: „Ќе примите сила, кога ќе слезе Светиот Дух врз вас, и ќе бидете мои сведоци во Ерусалим, во Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата.“ Апостол Јован гледа ангел кој ја претставува брзината и силата со кои Божјата црква го проповеда евангелието: „Видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно евангелие да им го објави на оние што живеат на земјата: на секое племе, јазик, колено и народ. И зборуваше со силен глас: ‘Бојте се од Бога и дајте му слава!’“ (Марко 16,15.16; Матеј 28,19,20; 24,14; Дела 1,8; Откровение 14,6.7).

Почитувани, ако Православната црква е апостолска црква, со апостолско преемство, како што самата тврди, тогаш таа треба да ја преземе од апостолите и оваа Христова заповед, да ја извршува и оваа задача: да му го проповеда „евангелието на секое создание“, „на секое племе, јазик, колено и народ“, да подигне свои мисии во Кина, во Индија, во Африка, на сите меридијани на земјината топка, да им го однесе евангелието на четири милијарди жители на земјата кои не се христијани, кои ништо не знаат за Христа како спасител. Ве молам, тоа е Христова заповед врзана за последното време, и таа мора да се исполни. Нека повели традиционалната, Православната и Католичката црква, и нека ја исполнат, ако претендираат за статус на вистинска Божја црква!

Пред сè, Православната црква не е монолитна црква и така скроена ниту устроена за да може да ја исполни оваа Божја заповед, да му го проповеда евангелието на секој народ, племе, јазик и колено, зашто таа е статична институција, без потребната динамика за една таква задача која далеку ги надминува нејзините можности, со теологија и служби врзани за култни објекти и закожурчена во преданија, расцепкана и затворена во крути национални граници и тешко обременета со историските товари на своите народи, што е своевиден извор на сериозни меѓусебни несогласија и судири.

Од друга страна, Православната црква за себе тврди дека е „правоверна“, „света Божја црква“. Но Бог кажува поинаку: „Овде е трпението на светите, кои ги држат Божјите заповеди и имаат Исусова вера“ (Откровение 14,12). Јасно е дека света Божја црква, свети верници, се оние кои ги држат Божјите заповеди. Православната и Католичката црква, и протестантските цркви кои празнуваат недела, не ги држат сите десет Божји заповеди. Според тоа, тие не се свети и немаат право да се борат за статус на вистинска Божја црква. За ова е доста зборувано во оваа книга на други места и во други контексти. Но овде уште нешто. Традиционалната црква, православната и католичката, видени со пророчко око, ги прогонувале и ги убивале, и пак ќе ги прогонуваат и ќе ги убиваат како „сектанти и проклети еретици“ токму „светите“ христијани, оние „кои ги држат Божјите заповеди и имаат сведоштво на Исуса Христа“ (Откровение 12,17), и тоа од едноставна причина: затоа што се осилка во нивното око и трн во нивната совест бидејќи, за разлика од нив, тие ги држат Божјите заповеди.

Почитувани, ниту една друга црква, освен адвентистичката, не ги држи сите десет Божји заповеди изворно, онака како што ги изговорил Бог на Синај и како што ги напишал со својот огнен прст на две камени плочи. Сите цркви, апсолутно сите, освен адвентистичката, газат по некоја од Десетте Божји заповеди и со сите сили се обидуваат тоа да го оправдаат, но оправдание за тоа нема, зашто Христос кажува: „Додека постојат небото и земјата, ниту една јота или цртичка од законот нема да се измени“ (Матеј 5,18), а камоли да се изменат и да се укинат цели заповеди.

Според тоа, Христијанската адвентистичка црква не само што се бори, туку меѓу сите цркви се изборила за статус на вистинска Божја црква, и според сите библиски белези и нишани таа ужива статус на изворна апостолска црква, со апостолско преемство, со апостолски континуитет и наследство во науката, учејќи го светот на чистата изворна библиска наука, необременета со историски баласти и со човечки апсурди.

Адвентистичката црква ја има онаа апостолска динамика и лесна подвижност, целосно наклонета напред, без никакви историски, национални, верски, политички, расни, етнички… хипотеки и тегови на нозете ниту бремиња на грбот и вратот за да ја влечат назад. Таа е надвор од ѕидовите на каков и да е култен објект и служба, на терен, како и апостолите, водена од Светиот Дух, со Божја сила силно и најуспешно од сите цркви ја извршува Божјата задача што Бог ја поставил пред апостолите. Со лесна нога и силна во науката, таа оди напред со брзина на оној ангел од Откровението кој „со силен глас вечното евангелие им го објавува на оние што живеат на земјата: на секое племе, јазик, колено и народ“ (Откровение 14,6.7).

Оваа Црква е интернационална верска заедница, која не познава никакви граници, и како никоја друга, таа има бројни евангелски мисии низ цел свет, во 203 од вкупно 229 земји и области колку што се регистрирани при Обединетите нации, и евангелието го проповеда на 885 јазици и дијалекти, токму онака како што заповеда нашиот Спасител: „на секое племе, јазик, колено и народ“, прераснувајќи во големо светско адвентистичко семејство и во силна Божја црква која го освојува светот. Нејзиниот број секоја година се зголемува за повеќе од еден милион со нови верници, крштавајќи секој ден со библиско крштавање над три илјади души, повеќе отколку на денот на Духовите за време на апостолите, со постојана тенденција на зголемување на тој број. Таа има солидна, темелна организација и структура, мошне богата евангелска издавачка дејност и здравствен и воспитно образовен систем на кои ѝ завидуваат многу цркви и световни установи.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

    Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“....

Православната црква за себе и за Библијата

Кога зборуваме за Црквата, ние мислиме на традиционалната христијанска Црква, на православната и католичката, а Божјата црква посебно ја нагласуваме и ја именуваме како „вистинска црква“, „Христова црква“, „Божја црква“, „изворна библиска“ или „апостолска црква“....

Католичката црква за себе и за Библијата

  „Црквата комплетно го открива патот на спасението.“ „Црквата е врата за небото“ (а Христос вели: „Јас сум врата“, а не Црквата - Јован 10,9). „Потпирајќи се на Писмото и на преданието (традицијата), Советот учи дека Црквата (католичката), тој поклоник на земјата, е...

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

За Албигензите (Катарите), кои живееле во времето на Иноќентие III, читаме: „Тие исто така имале Свето писмо на народен јазик кое го читале. Тоа била доволна причина папата да ги нарече еретици кои заслужуваат смрт.“3 „Папата Пие VII (1800-1823) изрекол вчудовидувачки...

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Желна за апсолутна власт и доминација, Црквата прави друг крупен исчекор: Наместо да излезе на терен како евангелска црква и да ја извршува Христовата заповед - да му го проповеда евангелието на секој народ, племе, колено и јазик, таа израснува во силна централизирана...

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Зошто Православната црква покажува толку силен гнев спрема помалите верски заедници, нарекувајќи ги секти, а нивните верници „еретици“, „сектанти“, „проклети еретици“? Зошто ги повикува своите верници: „Бегајте од сектите“, „од денешните еретици (сектанти) како од...

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Крстени - возрасни верници17.592.397 Потенцијал. пријатели кои наскоро ќе се крстат2.154.222 Месни цркви 71.048 Вкупно активно вработени во црков. институции 232.168 Од нив ракоположени проповедници 17.530 МИСИЈА ВО СВЕТОТ Број на земји и области во светот рег. при...

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

  За традиционалната еврејска црква Христос и апостолите се еретици, а нивната наука ерес. За еврејската црква Христос е секташ, кој формирал своја секта, наречена „назарејска секта“, според гратчето Назарет, каде што израснал. Христовата изворна библиска наука во...

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Живееме во свет и време на компромиси на сите страни и подрачја од животот без кои не е можно да се живее - компромиси во бракот, во семејството, во општеството во кое живееме, компромиси на светската сцена во политиката, во економијата, во меѓудржавните релации итн....

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

„Адвентистите се единствено христијанско тело кое за свој учител ја има Библијата која на своите страници не содржи никаков доказ за замена на седмиот со првиот ден на седмицата. Оттаму и нивното име ‘Адвентисти на седмиот ден’.“13 „Католичката црква светоста на...

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Станува збор за Ратомир Грозданоски, истакнат теолог и професор на Богословскиот факултет во Скопје. Во својата брошура „Декалог, десет Божји заповеди“, Книгоиздателство „Матица македонска“, 1996 - Скопје, тој го толкува Божјиот закон, Десетте Божји заповеди. Кога...

Како еден исламист ја толкува Библијата?

Морис Бикај (Maurice Bucaille), поранешен христијанин, кој го прифатил исламот како своја религија и станал исламист, во Библијата бара доказ дека Исус Христос не е „алфа и омега“. Негова главна задача е да докаже дека Христос не е последен пророк, и својот доказ го...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат