ДЕНЕШНОТО ХРИСТИЈАНСТВО Е ЈАЛОВ ИСТОРИСКИ ХИБРИД БЕЗ ХРИСТА И БЕЗ БИБЛИСКА ИДНИНА

 

Во претходните поднаслови видовме дека денешното христијанство е грд фалсификат, јалов историски хибрид меѓу изворното библиско христијанство и стариот паганизам – христијанство без Христа. Не можејќи да ја брани со Библијата, Црквата својата небиблиска, црковна наука, во текот на историјата ја догматизирала и истата ја брани со црковни догми. Тоа значи дека зад нив, зад догмите, наместо Библијата и библискиот авторитет, стои институцијата Црква со својот авторитет. Наместо библиското: „Така кажува Господ Бог!“, стои црковното: „Така кажува Црквата!“

 

Црквата:

– му ја одзела на Христа улогата на небесен првосвештеник и истата му ја припишала на земниот црковен поглавар и на земното свештенство. Соодветно на тоа, го негира и небесното Светилиште, а службата што се одвива во него ја пренела во земната Црква.

– спротивно на библиското учење, ја прифатила паганската наука за бесмртност на душата, измислила пекол со кој со векови ги плаши своите верници и грешниците ги праќа во вечни пеколни маки.

– развила наука за чистилиште кое фрла сенка врз Христовата откупителна служба. Според таа наука, несовршените христијани по смртта поминуваат низ процес на чистење во чистилиште „за да примат светлина која им е неопходна за влез во небесната радост“1. Еквивалент на католичкото чистилиште се православните воздушни митарства.

– вовела молитви за мртвите, што е небиблиски.

– без библиска основа таа прогласила и постојано прогласува и на небото праќа светци, посредници меѓу грешниците и Бога, одземајќи му ја со тоа улогата на Христа како единствен посредник меѓу Бога и луѓето. Прогласила догма за воскресение и за вознесение на Исусовата мајка Марија, и наместо Христос, Марија „се повикува во Црквата со титулата адвокат, помошник, добротворка и посредничка“2.

– спротивно на втората Божја заповед, во црквите вовела слики, икони, кипови и свеќи.

– не прифаќа две библиски воскресенија.

– има магливо учење и сфаќање за второто Христово доаѓање и за илјадагодишното Христово царство – за милениумот.

– светиот саботен ден го заменила со првиот ден на седмицата, со недела, која била пагански празник посветен на сонцето.

– прифатила небиблиско крштавање и крштавање на новороденчиња.

– ја мистифицирала евхаристијата, вечерата Господова, прифаќајќи ја науката за пресуштествување на елементите или транссупстанцијација, претворање на лебот и виното во вистинско Христово тело и во вистинска Христова крв. Преку неа, односно преку лебот и виното, „истиот Христос, кој еднаш сам се жртвувал, принесувајќи се себеси како крвна жртва на олтарот на крстот, сега свештеникот постојано го жртвува и го принесува како бескрвна жртва“3.

– проштава гревови за пари – продава опросници.

– наместо грешниците да ги упатува своите гревови да ги исповедаат директно пред Христа и прошка да бараат од него, таа ги повикува во исповедална да се исповедаат пред увото на свештеникот, кој може на грешникот да му определи епитимија или покора – црковна казна. Според Црквата, проштавање на гревовите не се добива само преку Христовото дело. „Христос ја пренел својата моќ на проштавање врз апостолската служба.“4 „Грешниците можат да се помират со Бога и со Црквата преку сакраментот исповед или покора.“5  „Признавањето на гревот пред свештеникот е суштински дел од сакраментот исповед или покора.“6

– црковните преданија (традиции) ги изедначува по важност со Библијата.

– прогласила догма за непогрешност на папата (екс катедра).

– папата ужива примат како конечен толкувач на Библијата.

– „Свештеникот ја има силата на клучевите или сила да ги избавува грешниците од пеколот, правејќи ги достојни за рајот и менувајќи ги од робови на сатаната во Божји деца.“7  итн., итн.

Гледајќи го сето ова, духот ни снеможува и со право се прашуваме што останало негибнато, неизменето и оригинално од изворната библиска наука! Заклучокот е јасен: Изворната библиска наука е искасапена, исцицана, исцедена. Библијата е сведена на историско-лексикографска книга, зашто традиционалната Црква го извадила од неа Божјиот библиски канон и на неговото место го ставила својот историски црковен канон прифатен на нејзините историски црковно-вселенски собори. Затоа Бог не може да благослови вакво христијанство кое му го свртило грбот на Бога и далеку отишло од него, до гуша потонало во паганизмот на религиите на старите пагански народи и, наместо благослов, тоа му носи проклетство на светот.

Почитувани, денешното христијанство, како јалов историски хибрид, е виновно за хаосот во кој се дави светот, зашто не му дава можност на Бога да му подаде рака, да го избави и да го води, да му обезбеди мир, стабилност и убав живот, и затоа ова христијанство нема библиска иднина; наместо со Христа да замине во Христовото царство, тоа ќе замине во огнено езеро, но, и понатаму – во неврат.

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црковната историја за паганството кое го проникнало христијанството“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ЦРКОВНАТА ИСТОРИЈА ЗА ПАГАНСТВОТО КОЕ ГО ПРОНИКНАЛО ХРИСТИЈАНСТВОТО

Бидејќи празнувањето на неделата нема библиски темел, било потребно таа човечка установа да се потпира врз човечка рака и мишка. Иако биле потребни државни и црковни закони за да се обезбеди празнување на неделата во текот на вековите, сепак, сите христијани не ја...

Паганизмот го парчосал и скелетот на библиското христијанство, го протерал Христа од него и станал негова срцевина

Познат е случајот како се покрстила римската војска и го прифатила христијанството. Константин им наредил на своите војници, безброј илјадници: „Поминете низ реката Ибар, и кога ќе излезете на другиот брег, вие сте веќе крстени христијани!“ Драги мои, како што беше...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат