Тврдењето дека „покајанието и крштавањето се еднакви на воскресение“ и дека „првото воскресение, тоа е всушност крштавањето“, е чист волунтеризам на православието!
„Во Светото писмо грешникот се смета и се нарекува духовно мртов (Лука 15,32), зашто ‘платата што ја дава гревот е смрт’ (Римјаните 6,23). Според тоа, покајанието и крштавањето се еднакви на воскресение. ‘Сите што се крстивте во Христа, во Христа се облековте’ (Галатите 3,27), а над воскреснатиот Христос смртта нема повеќе никаква власт (Римјаните 6,9). Значи, ‘првото воскресение’, тоа е всушност кршатавњето. Затоа е речено дека е ‘блажен оној што има дел во првото воскресение, оти над него нема власт втората смрт’, односно дека нема да биде осуден на Божјиот суд при второто Христово доаѓање.“14
Голема невистина, наполно спротовна на библиското учење и за библиското крштавање, и за второто Христово доаѓање, и за библискиот милениум и за библиското прво и второ воскресение на мртвите! Сите овие изворни библиски теологии Милин ги поставува наопаку, главечкум. Оваа теологија на православието, дека „покајанието и крштавањето се еднакви на воскресение“, и дека „првото воскресение, тоа е всушност крштавањето“, никако не може да се прифати, зашто навистина таа не може никаде да се смести во Библијата.
Да го приведеме библискиот текст во кој Милин ја најде православната испревртена и стопроцентно промашена теологија за крштението: „И видов престоли, и на оние што седнаа на нив им беше дадена власт да судат. Видов и души погубени поради Исусовото сведоштво и поради Божјата реч, и сите оние кои не му се поклонија на ѕверот ниту на неговиот кип и кои не примија жиг на своето чело и на својата рака. Тие оживеаја и царуваа со Христа илјада години. Другите мртовци не оживеаја додека не поминаа илјада години. Ова е прво воскресение. Блажен и свет е оној што има дел во првото воскресение. Над нив втората смрт нема власт.“ (Откровение 20,4-6)
Текстот е толку јасен што не може да биде појасен. Станува збор не за духовно мртви, ниту за духовно воскресение (Ефесците 5,14), како што тврди познатиот православен теолог Милин, туку за две групи вистински мртви, физички мртви, кои воскреснуваат во две вистински, но различни и буквални воскресенија кои ги делат илјада години. Текстот јасно кажува дека во првото воскресение воскреснуваат верниците кои верно и предано му служеле на Христа и кои биле „убиени поради Исусовото сведоштво и поради Божјата реч“. Значи, биле убиени, а потоа воскреснале! Според тоа, чист волунтеризам е пристапот кон овој предмет и тврдењето на Милина и на православието дека „првото воскресение, тоа е всушност крштавањето!“
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон и двата завета“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈИОТ ЗАКОН И ДВАТА ЗАВЕТА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон и двата завета“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата...
Стариот завет и Божјиот закон, Десетте заповеди
Често во Библијата ги среќаваме изразите „стар“ и „нов завет“. Што значи тоа? Кога ќе кажеме „стар завет“, ние мислиме и на збирката старозаветни пророчки канонски книги што се напишани пред Христа - 39 на број. Во нив се напишани старозаветните закони кои ги делиме...
Новиот завет и Божјиот закон, Десетте заповеди
„Еве, доаѓаат денови - говори Господ - кога ќе склучам нов завет со домот на Израел и со домот на Јуда. Не завет каков што склучив со нивните татковци ... завет што тие го раскинаа“, „не му останаа верни на мојот завет, па јас ги занемарив - вели Господ “ (Еремија...
Погрешни теолошки претстави за стариот и новиот завет
Во теолошките кругови постои стар теолошки проблем кој за многу христијани претставува вистинска загатка. Имено, некои теолози тврдат дека постојат суштински теолошки разлики меѓу „стариот“ и „новиот“ завет во Светото писмо, зашто тие, наводно, означуваат два различни...
Стариот завет не е укинат
Кажавме дека во христијанскиот свет владее голем кошмар и смут кога ќе се каже „стар завет“. За мнозинството христијани стар завет е само збирката книги напишани пред Христа, без да водат сметка за стариот завет како договор или сојуз меѓу Бога и израелскиот народ,...
Библиското крштавање – заветен однос меѓу грешникот и Христа
Откако грешникот ќе биде поучен на основните вистини на Светото писмо и својот живот ќе го сообрази со нив, и откако ќе се покае за своите гревови и истите ќе ги остави, може да пристапи кон библиско крштавање со кое станува верник на Божјата црква. Значи, библиското...
Источен грев и крштавање на мали деца
„Според нашата света вера, во Светата тајна на крштението новокрстениот се чисти од наследниот прародителски грев и духовно се раѓа за Бога, за живот вечен.“2 Пред 13-тиот век Црквата учела дека сите некрстени деца, вклучувајќи ги и новороденчињата кои умреле при...
Света тајна миропомазание
„Преку светата тајна миропомазание христијанинот добива посебни дарови од Светиот Дух, потребни за растеж во моралниот живот, во светоста. Оваа света тајна ја воспоставил Господ Исус Христос, а апостолите ја применуваа врз верниците по нивното крштавање. Денес оваа...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.