Погрешни теолошки претстави за стариот и новиот завет 1
Во теолошките кругови постои стар теолошки проблем кој за многу христијани претставува вистинска загатка. Имено, некои теолози тврдат дека постојат суштински теолошки разлики меѓу „стариот“ и „новиот“ завет во Светото писмо, зашто тие, наводно, означуваат два различни начини на спасение. Според нив, „стариот завет“ обично е означен како „завет кој се потпира врз дела“ (спасение со дела), додека „новиот завет“ се сфаќа како „завет на милост“ (спасение со Божјата милост). Клучен текст, кој најчесто се цитира за да се потврди оваа разлика, е текстот во Еремија 31,31-34:
„Еве, настапуваат денови, вели Господ, кога ќе склучам нов завет со домот на Израел и со домот на Јуда. Не завет каков што склучив со нивните татковци во денот кога ги зедов за рака да ги изведам од египетската земја, завет што тие го раскинаа, иако јас сум нивни господар, вели Господ. Еве го заветот што ќе го склучам со домот Израелов по овие денови, вели Господ: Мојот закон ќе го ставам во нивната душа и ќе го напишам во нивното срце. И ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат мој народ.“
Дали навистина постои суштинска разлика меѓу „стариот“ и „новиот“ завет како два различни пристапи за разбирање на човечкото спасение? Ако внимателно се анализираат библиските текстови кои зборуваат за оваа тема, јасно е дека постои теолошки континуитет меѓу овие два појма. Така, на пример, Бог и на „стариот“ и на „новот“ завет е ист Бог. Тој го инцира планот на спасението кој им го нуди на луѓето. Меѓутоа, не само што е Бог ист во двата завета, туку и другиот соучесник во тој завет е ист, односно Израел. Уште повеќе, во двата завета законот, кој го регулира овој завет, е ист. Бог го нарекува „мој закон“. Законот кој ќе биде напишан на срцата на луѓето не е исклучиво новозаветен поим. „Затоа љуби го својот Господ Бог со сето свое срце, со сета своја душа и со сета своја сила“ (5. Мојсеева 6,5). Целта на двата завета, исто така, е идентична: „Ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат мој народ.“
Ако постои суштински континуитет, тогаш зошто воопшто постоела потреба од воспоставување на „нов“ завет? Еврејски збор за „склучи“ во Еремија 31,33 е chadash, кој значи „обнови“, создава нешто ново што не постоело порано во иста квалитетна состојба. Затоа, заветот што му го нудел Бог на својот народ во сите векови е ист завет, вечен завет, но секој човек мора тој завет да го доживее индивидуално во своето срце, така што тој секогаш одново станува „нов“ за секое човечко суштество.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон и двата завета“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈИОТ ЗАКОН И ДВАТА ЗАВЕТА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон и двата завета“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата...
Стариот завет и Божјиот закон, Десетте заповеди
Често во Библијата ги среќаваме изразите „стар“ и „нов завет“. Што значи тоа? Кога ќе кажеме „стар завет“, ние мислиме и на збирката старозаветни пророчки канонски книги што се напишани пред Христа - 39 на број. Во нив се напишани старозаветните закони кои ги делиме...
Новиот завет и Божјиот закон, Десетте заповеди
„Еве, доаѓаат денови - говори Господ - кога ќе склучам нов завет со домот на Израел и со домот на Јуда. Не завет каков што склучив со нивните татковци ... завет што тие го раскинаа“, „не му останаа верни на мојот завет, па јас ги занемарив - вели Господ “ (Еремија...
Стариот завет не е укинат
Кажавме дека во христијанскиот свет владее голем кошмар и смут кога ќе се каже „стар завет“. За мнозинството христијани стар завет е само збирката книги напишани пред Христа, без да водат сметка за стариот завет како договор или сојуз меѓу Бога и израелскиот народ,...
Библиското крштавање – заветен однос меѓу грешникот и Христа
Откако грешникот ќе биде поучен на основните вистини на Светото писмо и својот живот ќе го сообрази со нив, и откако ќе се покае за своите гревови и истите ќе ги остави, може да пристапи кон библиско крштавање со кое станува верник на Божјата црква. Значи, библиското...
Источен грев и крштавање на мали деца
„Според нашата света вера, во Светата тајна на крштението новокрстениот се чисти од наследниот прародителски грев и духовно се раѓа за Бога, за живот вечен.“2 Пред 13-тиот век Црквата учела дека сите некрстени деца, вклучувајќи ги и новороденчињата кои умреле при...
Тврдењето дека „покајанието и крштавањето се еднакви на воскресение“ и дека „првото воскресение, тоа е всушност крштавањето“, е чист волунтеризам на православието!
„Во Светото писмо грешникот се смета и се нарекува духовно мртов (Лука 15,32), зашто ‘платата што ја дава гревот е смрт’ (Римјаните 6,23). Според тоа, покајанието и крштавањето се еднакви на воскресение. ‘Сите што се крстивте во Христа, во Христа се облековте’...
Света тајна миропомазание
„Преку светата тајна миропомазание христијанинот добива посебни дарови од Светиот Дух, потребни за растеж во моралниот живот, во светоста. Оваа света тајна ја воспоставил Господ Исус Христос, а апостолите ја применуваа врз верниците по нивното крштавање. Денес оваа...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.