Новиот завет и Божјиот закон, Десетте заповеди

„Еве, доаѓаат денови – говори Господ – кога ќе склучам нов завет со домот на Израел и со домот на Јуда. Не завет каков што склучив со нивните татковци … завет што тие го раскинаа“, „не му останаа верни на мојот завет, па јас ги занемарив – вели Господ “ (Еремија 31,31.32; Евреите 8,9).

„Кога вели ‘нов’, со тоа првиот го прогласи за застарен. А она што старее и застарува, не е далеку од исчезнување“ (Евреите 8,13).

Новиот завет или сојуз го склучува Христос со нас.

„Но сега Тој (Исус) доби многу повозвишена служба, бидејќи е посредник на подобар завет што е заснован на подобри ветувања. Ако првиот завет немаше недостаток, не ќе се бараше место за втор“ (Евреите 8,6). „Исус стана залог (гаранција) на подобар завет“ (Евреите 7,22).

„Подобар завет, заснован на подобри ветувања!“

Во што е подобар „новиот“ од „стариот“ завет и какви се тие „подобри ветувања“ врз кои тој почива?

Најнапред да кажеме дека предмет и на новиот и на стариот завет е Божјиот закон, истиот оној закон што го изговорил Бог на Синај и што го напишал со свој прст на две камени плочи – Десетте Божји заповеди.

Ако на двата завета главен предмет или стожер е Божјиот закон, тогаш во што се состои разликата? Дозволете да ги противставиме двата завета!

 

Стариот завет: „Ви го објави својот завет и ви наложи да го извршувате – Десетте заповеди, што ги напиша на две камени плочи“ (5. Мојс. 4,10-13). – Да запомнеме: суштина на стариот завет е Божјиот закон, Десетте заповеди, наречени „зборови на заветот“ или „зборови на сојузот“, напишани на две камени плочи, наречени „плочи на заветот“ или „плочи на сојузот“, сместени во посебен ковчег, наречен „ковчег на заветот“ или „ковчег на сојузот“ (Откр. 11,19; Евр. 9,4; 2. Мојс. 34,28).

Новиот завет: Подобри ветувања: „Новиот завет“ е заснован на „подобри ветувања“ – на ветување за проштавање на гревот и за божествена милост која е во состојба да го прероди срцето и да го доведе во хармонија со начелата на Божјиот закон. „Но еве го заветот што ќе го склучам со домот Израелов по оние дни, вели Господ: Ќе го ставам мојот закон во нивната душа и ќе го напишам во нивното срце… ќе им ги простам беззаконијата и за нивните гревови нема веќе да се сеќавам“ (Еремија 31,33.34; Евреите 8,10).

„Ќе ви дадам ново срце и ќе вдахнам нов дух во вас. Ќе го извадам каменото срце од вашето тело и ќе ви дадам срце од месо. Ќе го вложам мојот Дух во вас внатре за да одите по моите закони и да ги пазите и вршите моите наредби“ (Езек. 36,26.27).

Карактеристично за новиот завет: Многу „подобри“ и поубави ветувања врз кои почива: Лично Бог својот закон ќе го стави во нашата душа и ќе го напише, не на камени плочи, како што беше случај со стариот завет, туку на плочите на нашето срце и во нашиот ум. Тогаш Тој ќе биде наш Бог, а ние негов народ, негови деца. Ќе го извади од нас нашето камено, грешно срце, и ќе ни даде ново, преродено срце, и ние стануваме „ново создание; старото помина и еве, сè ново стана“ (2. Коринќаните 5,17). Сам Бог во нас ќе го вдахне Светиот Дух кој ќе ни помага да го држиме Божјиот закон и ќе биде наша сила во борбата со гревот.

Без Светиот Дух ние не можеме да го држиме Божјиот закон. За нас тој е тежок кога е напишан на камени плочи и ние ќе паднеме под нивниот товар ако ги носиме на грб. Тоа е одлика на стариот завет. Тогаш Божјиот народ рекол: „Ќе вршиме и ќе послушаме сè што рече Господ.“ Биле самоуверени и, не познавајќи се себеси, се потпреле врз себе, истапиле во своја сила и – се препнале и паднале. Плочите со Десетте заповеди за нив биле јарем и надворешен товар што тие не можеле да го носат. Тој им натежнал и тие потклекнале.

Меѓутоа, новиот завет е поставен на поинаков темел, односите меѓу Бога и неговиот народ, меѓу нас и Бога, се поставени и регулирани на друг начин. Бог својот закон го префрла од камените плочи во нашата внатрешност. Со Светиот Дух Тој Десетте заповеди ги пишува на нашето срце и ги става во нашиот ум и тие за нас не се веќе јарем ниту надворешен товар, туку внатрешен мир, радост и задоволство.

 

Уште еднаш:

Стариот завет: Божјиот закон, Десетте заповеди се врежани на камени плочи. Заветот е напишан во заветна книга запечатена со животинска крв. Негов посредник е човек, Мојсеј. Тешко е да се држат заповедите кога се надвор од нас, кога се напишани на камени плочи, а не во нашето срце.

Новиот завет: Божјиот закон, Десетте заповеди се напишани во срцето, во мислите, во умот на верникот. Негов посредник е Христос. Запечатен е и потврден со Христовата крв. Тој завет му е понуден и при рака му стои на целото човештво, но истиот се реализира така што Христос воспоставува заветен однос, договор склучува и во сојуз стапува поединечно со секој верник кога ќе го прифати Христа како свој Спасител и кога ќе реши да се крсти со библиско крштавање. Тогаш Христос ја презема одговорноста за него да му ги прости гревовите, да го откупи од гревот, да го исчисти, да го посвети и своите заповеди да ги напише во неговото срце, правејќи од него ново создание. Тогаш заповедите се лесни.

Предимствата на новиот завет, заснован на „подобри ветувања“ и неговата убавина, ги гледаме во животот на апостол Павле и на други библиски лица:

„Со Христа се распнав; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене, а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку вера во Божјиот Син, кој ме милее и се предаде себеси за мене“ (Галатите 2,20).

„Со вера Христос да се всели (да живее) во вашите срца“ (Ефесците 3,17.18).

„Мило ми е, Господе, да ја исполнувам твојата волја, јас го носам твојот закон длабоко во срцето“ (Псалм 40,8).

„О колку го љубам твојот закон, по цел ден размислувам за него“ (Псалм 119,97).

„Голем мир уживаат оние кои го љубат твојот закон и не се сопнуваат на ништо“ (Псалм 119,165).

„Наоѓам наслада во Божјиот закон“ (Римјаните 2,22).

„По тоа знаеме дека го познаваме – ако ги држиме неговите заповеди“ (Јован 3,36; 1. Јованово 2,3).

Новиот завет е „подобар завет“ затоа што негов посредник е Христос:

„Тој (Исус)… е посредник на подобар завет што е заснован на подобри ветувања“ (Евреите 8,6).

„Исус стана залог (гаранција) на подобар завет“ (Евреите 7,22).

Ние сме „слуги на новиот завет, … словото убива, а духот оживува“ (2. Коринќаните 3,3-6).

Всушност, новиот завет се темели на Христовата жртва што ја принел Христос на крстот на Голгота.

„Оваа чаша е новиот завет во мојата крв“, „крвта на заветот“, „која се пролева за мнозина за проштавање на гревовите“ (1. Коринќаните 11,25; Евреите 10,29; 9,14; Матеј 26,28).

Да забележиме: Христовата крв е „крв на заветот“, на новиот завет, „која се пролева за мнозина за проштавање на гревовите“, „крвта на Христа… ќе ја исчисти вашата совест од мртвите дела“.

Како птица ослободена од долго ропство поминато во кафез, кога се вивнува во небесните простори со неуморен, необично весел, динамичен и безграничен лет, да го надомести загубеното, така и грешникот, кој долго поминал во ропство на гревот, во кафезот на сатаната, сега, откако Христос го ослободил од тоа грдо, свирепо ропство, неговото срце „препукнува“ од онаа невообичаена, слатка, безмерна и милна радост што извира од убавината на вистинската слобода што ја ужива во Христа.

За тоа постоеле само две можности – не три, ниту четири, ниту пет… – само две: да бидеме казнети и да умреме ние, или, наместо нас, да биде казнет и да умре Христос како наша замена. Од љубов кон нас, Христос се определил за второто – Тој ги презел на себе нашите гревови и, натоварен со нив, умрел на крст како најголем грешник за туѓи гревови. Друга можност, како што рековме, немало. „Без пролевање на крв нема проштавање“, нема бришење на гревот, категорична е Божјата реч!

И токму таа пролеана крв на Христа на крстот на Голгота, којашто ја чисти нашата „совест од мртвите дела“, а е пролеана и за „откуп на престапите направени во првиот завет“, е „крвта на заветот“, на новиот завет, „која се пролева за мнозина за проштавање на гревовите“. Тоа му дава право на Христа да воспоставува заветен однос, да склучува договор и да стапува во сојуз со нас (Евреите 9,13-15).

За разлика од стариот завет, кој е склучен меѓу Бога и израелскиот народ во целост, како нација, Христос нов завет прави поединечно со секој грешник кој го прифаќа него како свој личен спасител од гревот. Христос на оваа земја има свој народ, своја црква која се состои од верници кои поединечно стапиле во заветен однос со него и кои поединечно стојат или паѓаат пред Бога и одговараат пред Божјиот суд.

Спасението не е колективно и не е привилегија на определен народ или нација. Тоа е еднаква привилегија на секој грешник одделно, без оглед на неговата расна, национална и која и да е друга припадност. Спасението Христос го направил еднакво достапно за секој човек, и навистина тоа му стои при рака секому што сака да се спаси. „Дојдете кај мене, повикува Христос, сите што сте онемоштени и обременети, јас ќе ви дадам починка“ (Матеј 11,28).

Од нас зависи дали ќе ја искористиме оваа извонредна, неповторлива можност и привилегија со вечни вредности, дали ќе ја прифатиме понудената Христова милост и неговата подадена рака и ќе се спасиме, или пак ќе ја проиграме и последната шанса што ни ја нуди Небото и со тоа ќе станеме најголеми злосторници спрема себеси, лишувајќи се од блескотните вредности на вечниот живот што сме можеле да ги уживаме кога навреме би се потрудиле да ги сфатиме и да мислиме на нив.

Ние сме повикани да „пристапиме до гората Сион, до градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, до десетици илјади ангели…, до Бога, судијата на сите, и до Исуса, посредникот на еден нов завет и до крвта (Христова) за попрскување“ (Евреите 12,18-24).

Почитувани, да се оѕвиеме и да го прифатиме овој повик и навреме да се престроиме во животот, застанувајќи на вистинска страна, под Христовото знаме, воспоставувајќи со него заветен однос, склучувајќи со него договор и стапувајќи во сојуз, кој подразбира меѓусебна заедница со Христа и статус на Божје дете, статус на Божји син и ќерка и право на спасение и вечен живот.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон и двата завета“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БОЖЈИОТ ЗАКОН И ДВАТА ЗАВЕТА

        Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон и двата завета“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   Во продолжение следи содржината на книгата...

Стариот завет и Божјиот закон, Десетте заповеди

Често во Библијата ги среќаваме изразите „стар“ и „нов завет“. Што значи тоа? Кога ќе кажеме „стар завет“, ние мислиме и на збирката старозаветни пророчки канонски книги што се напишани пред Христа - 39 на број. Во нив се напишани старозаветните закони кои ги делиме...

Погрешни теолошки претстави за стариот и новиот завет

Во теолошките кругови постои стар теолошки проблем кој за многу христијани претставува вистинска загатка. Имено, некои теолози тврдат дека постојат суштински теолошки разлики меѓу „стариот“ и „новиот“ завет во Светото писмо, зашто тие, наводно, означуваат два различни...

Стариот завет не е укинат

Кажавме дека во христијанскиот свет владее голем кошмар и смут кога ќе се каже „стар завет“. За мнозинството христијани стар завет е само збирката книги напишани пред Христа, без да водат сметка за стариот завет како договор или сојуз меѓу Бога и израелскиот народ,...

Библиското крштавање – заветен однос меѓу грешникот и Христа

Откако грешникот ќе биде поучен на основните вистини на Светото писмо и својот живот ќе го сообрази со нив, и откако ќе се покае за своите гревови и истите ќе ги остави, може да пристапи кон библиско крштавање со кое станува верник на Божјата црква. Значи, библиското...

Источен грев и крштавање на мали деца

„Според нашата света вера, во Светата тајна на крштението новокрстениот се чисти од наследниот прародителски грев и духовно се раѓа за Бога, за живот вечен.“2 Пред 13-тиот век Црквата учела дека сите некрстени деца, вклучувајќи ги и новороденчињата кои умреле при...

Тврдењето дека „покајанието и крштавањето се еднакви на воскресение“ и дека „првото воскресение, тоа е всушност крштавањето“, е чист волунтеризам на православието!

„Во Светото писмо грешникот се смета и се нарекува духовно мртов (Лука 15,32), зашто ‘платата што ја дава гревот е смрт’ (Римјаните 6,23). Според тоа, покајанието и крштавањето се еднакви на воскресение. ‘Сите што се крстивте во Христа, во Христа се облековте’...

Света тајна миропомазание

„Преку светата тајна миропомазание христијанинот добива посебни дарови од Светиот Дух, потребни за растеж во моралниот живот, во светоста. Оваа света тајна ја воспоставил Господ Исус Христос, а апостолите ја применуваа врз верниците по нивното крштавање. Денес оваа...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат