Библиското крштавање – заветен однос меѓу грешникот и Христа

Откако грешникот ќе биде поучен на основните вистини на Светото писмо и својот живот ќе го сообрази со нив, и откако ќе се покае за своите гревови и истите ќе ги остави, може да пристапи кон библиско крштавање со кое станува верник на Божјата црква. Значи, библиското крштавање е врата низ која се влегува во црквата и начин како некој може да стане член на Божјето семејство на оваа земја и на Божјето семејство на небото.

Кога грешникот се крштава, тој воспоставува заветен однос, склучува договор и стапува во сојуз со Христа. Го напушта гревот и стариот начин на живеење и го прифаќа Христа како свој спасител на кого му ветува верна и предана служба и живот според Божјата реч како единствена и неприкосновена божествена вистина. А Христос го прифаќа неговото покајание, му ги проштава гревовите и го брише неговото грешно минато; со помош на Светиот Дух од него создава нов човек, ново создание, со наполно ново срце во кое ги запишува „зборовите на сојузот“ или „Десетте заповеди“ (2. Мојсеева 34,28) и му дава право да се нарече негов син, негова ќерка. Тој сојуз (завет) меѓу верникот и Христа е потврден, запечатен, со Христовата крв и него не може никој однадвор да го раскине, ни „портите на адот“ (Матеј 16,18).

Библиското крштавање е наша обврска. Секој што сака да стане верник на Божјата црква, Божје дете и дел во Божјето царство – мора да се крсти. Христос се крстил и нам ни оставил пример и ние да се крштаваме.

„Во тоа време Исус дојде од Назарет во Галилеја и Јован Крстител го крсти во реката Јордан. И веднаш, додека излегуваше од водата, виде како небесата се отворија и како Духот слегува над него како гулаб.“ „Јован крштаваше во Енон, близу до Салим, бидејќи таму имаше многу вода, и луѓето доаѓаа и беа крштавани“ (Марко 1,9.10; Јован 3,23).

Овие текстови кажуваат дека Христос се крстил во река каде што „имаше многу вода“ – „кога излегуваше од водата“. Оригинален грчки збор за „крштавање“ е „баптизо“ што значи „нуркање“, „потопување“, целосно ставање под вода. – Тоа е вистинско библиско крштавање, а не крштавање со полевање или со прскање со вода.

Христос им дал заповед на апостолите: „Одете меѓу сите народи и создадете од нив мои ученици (научете ги), крштавајќи ги во име на Отецот, Синот и Светиот Дух, учејќи ги да го извршуваат сето она што ви го заповедав!“ „Одете по целиот свет и проповедајте му го евангелието на секое создание! Кој ќе поверува и ќе се крсти, ќе се спаси, а кој не ќе поверува, ќе биде осуден“ (Матеј 28,19.20; Марко 16,15.16).

Библиското крштавање во себе носи важна порака и силна теологија, бидејќи Христос го поврзал со својата смрт и со своето воскресение:

„Зар не знаете дека сите ние кои сме крстени во Исуса Христа, крстени сме во неговата смрт? И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со него, та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме во нов живот. Зашто ако се сплотивме со него во смртта слична на неговата, секако, ќе бидеме и во неговото воскресение. Знаеме дека нашиот стар човек беше распнат со него, за да биде онемоштено грешното тело, та да не му робуваме веќе на гревот, зашто оној што е умрен, ослободен е од гревот… Така и вие, сметајте се за мртви за гревот, но живи за Бога во Христа Исуса. Затоа не дозволувајте гревот да царува во вашето смртно тело за да им се покорувате на неговите похоти“ (Римјаните 6,3-14).

Се гледа дека библиското крштавање има огромна важност за нашето спасение. Христос умрел, бил положен в гоб и третиот ден воскреснал од мртвите, излегол од гробот. И ние кога се крштаваме влегуваме во воден гроб. Во водниот гроб се закопува и во него останува нашиот стар грешен човек со нашето грешно минато, со сите наши гревови. Христос воскреснал и излегол од гробот. И ние духовно воскреснуваме и од водниот гроб, во кој сме биле закопани, излегуваме без гревови, како нови, преродени созданија, како Божји деца и негови синови и ќерки кои воспоставиле со него завет, односно стапиле во сојуз.

Водата во која се крштаваме нема никаква волшебна моќ во себе која би не преобразила или посветила. Таа духовна преродба и преобразба на нашиот живот е исклучително дело  на Светиот Дух во нас кој со крштавањето и по краштавањето наново духовно нè раѓа и од нас создава нови созданија.

Затоа, драги мои, Христос нè повикува да го прифатиме библиското крштавање, да се крстиме и да стапиме во сојуз со него, да станеме верници на неговата новозаветна Црква која се приготвува за скорашна средба со него и за влез во неговото царство, зашто кој не поверува и не се крсти, не може да влезе во него.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон и двата завета“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БОЖЈИОТ ЗАКОН И ДВАТА ЗАВЕТА

        Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон и двата завета“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   Во продолжение следи содржината на книгата...

Стариот завет и Божјиот закон, Десетте заповеди

Често во Библијата ги среќаваме изразите „стар“ и „нов завет“. Што значи тоа? Кога ќе кажеме „стар завет“, ние мислиме и на збирката старозаветни пророчки канонски книги што се напишани пред Христа - 39 на број. Во нив се напишани старозаветните закони кои ги делиме...

Новиот завет и Божјиот закон, Десетте заповеди

„Еве, доаѓаат денови - говори Господ - кога ќе склучам нов завет со домот на Израел и со домот на Јуда. Не завет каков што склучив со нивните татковци ... завет што тие го раскинаа“, „не му останаа верни на мојот завет, па јас ги занемарив - вели Господ “ (Еремија...

Погрешни теолошки претстави за стариот и новиот завет

Во теолошките кругови постои стар теолошки проблем кој за многу христијани претставува вистинска загатка. Имено, некои теолози тврдат дека постојат суштински теолошки разлики меѓу „стариот“ и „новиот“ завет во Светото писмо, зашто тие, наводно, означуваат два различни...

Стариот завет не е укинат

Кажавме дека во христијанскиот свет владее голем кошмар и смут кога ќе се каже „стар завет“. За мнозинството христијани стар завет е само збирката книги напишани пред Христа, без да водат сметка за стариот завет како договор или сојуз меѓу Бога и израелскиот народ,...

Источен грев и крштавање на мали деца

„Според нашата света вера, во Светата тајна на крштението новокрстениот се чисти од наследниот прародителски грев и духовно се раѓа за Бога, за живот вечен.“2 Пред 13-тиот век Црквата учела дека сите некрстени деца, вклучувајќи ги и новороденчињата кои умреле при...

Тврдењето дека „покајанието и крштавањето се еднакви на воскресение“ и дека „првото воскресение, тоа е всушност крштавањето“, е чист волунтеризам на православието!

„Во Светото писмо грешникот се смета и се нарекува духовно мртов (Лука 15,32), зашто ‘платата што ја дава гревот е смрт’ (Римјаните 6,23). Според тоа, покајанието и крштавањето се еднакви на воскресение. ‘Сите што се крстивте во Христа, во Христа се облековте’...

Света тајна миропомазание

„Преку светата тајна миропомазание христијанинот добива посебни дарови од Светиот Дух, потребни за растеж во моралниот живот, во светоста. Оваа света тајна ја воспоставил Господ Исус Христос, а апостолите ја применуваа врз верниците по нивното крштавање. Денес оваа...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат