Законот и благодатта
„По благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој“ (Ефесците 2,8.9). Зборувавме за улогата на Божјиот закон кој нè гонеше да нè убие поради нашиот грев, а ние побегнавме на Голгота и баравме спас од Христа. Христос ни укажува милост, која е параметар на неговата благодат, и без никави наши заслуги ни ги проштава гревовите. Тој на законот, кој нè гонеше да нè убие како грешници, му кажува: „Стоп!“ Тие сега се мои деца, мои синови и ќерки. Јас ги плаќам нивните сметки и ги откупувам од ропството на гревот. Умирам за нивните гревови. Ти немаш право да ги гониш веќе. Тие не се повеќе грешни ниту грешници. Простен им е гревот. – Ете, тоа значи „по благодат сте спасени, преку вера“. „Преку вера“ затоа што спасенито што ни го овозможува Божјата благодат ние го прифаќаме со вера. Тоа значи спасението „не е од вас самите – тоа е Божји дар“. Кажавме, спасението не доаѓа од самите нас. Тоа ни доаѓа однадвор, од Христа, како наполно незаслужен подарок кој го прифаќаме со вера.
Меѓутоа, мнозинството христијани веруваат дека Христос, го укинал законот кога нè спасил со благодатта. Тој, велат тие, за нас го исполнил законот во сите негови подробности и нас нè ослободил од сите обврски кон него. Грешка, крупна грешка на христијаните кои мислат така! Тоа е небиблиска, сентиментална милост која на христијаните им дава право да живеат распуштено, без никакви натамошни ограничувања и обврски – и понатаму да живеат во грев.
Да не заборавиме! И законот и благодатта имаат свој извор во Бога, а Бог не е во спротивност самиот со себе. Во планот на спасението ниту е доминантен законот над благодатта, ниту пак е поважна благодатта од законот. За нивната поединечна улога веќе доста зборувавме. Овојпат пак ќе повториме дека законот и благодатта, како два лути непријатели со наполно различни барања, ги расчистиле своите сметки на крстот каде што Синај и Голгота си подале рака еден на друг, се измириле, се прегрнале и стапиле во заедничка спрега, во сојуз и хармонија, за да му помогнат на грешникот да се спаси, извршувајќи ја секој поединечно својата задача и улога што им ја наменил Бог, без никаква тенденција да се потиснуваат, а уште помалку меѓусебно да се укинуваат или пак да се мешаат во ресорите еден на друг. Синај (законот) има задача грешникот да го доведе на Голгота, а Голгота да го прифати и да му укаже милост.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон, Десетте заповеди, не се укинати“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈИОТ ЗАКОН, ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ, НЕ СЕ УКИНАТИ
Бог и неговиот народ на Синајската гора склучиле договор или стапиле во сојуз за заемна меѓусебна припадност, наречен стар завет, синајски договор или синајски сојуз. Не е исправно наместо зборовите договор и сојуз да се користи зборот „завет“ кој, по грешка на...
Синај не може да се прескокне со стап
На христијаните им пречи и тешко ги притиска Синај, зашто Божјиот закон, даден на таа гора, тие го парчосале. Затоа, врашки упорно се обидуваат со илјадници најразлични наводни „докази“ и од Библијата и од историјата да го избришат или, најблаго кажано, да го...
Крстот на Голгота е најголем доказ дека Божјиот закон не може да се менува
Крстот на Голгота е доказ дека законот е непроменлив. Ако можеше тој да се менува, или да се укине, тогаш Христос ќе го променеше или ќе го укинеше и не ќе мораше да доаѓа на оваа земја за да виси и да умре на крст токму поради престапот на тој закон. Многу нелогично...
Божјиот закон не е ниту укинат ниту променет
Во Библијата има многу текстови кои зборуваат за Божјиот закон: „Законот е свет и заповедта е света, праведна и добра“ (Римјаните 7,12). Законот ги носи обележјата на Законодавецот. „Законот Господов е совршен, ја крепи душата...“ (Псалм 19,7). На совршениот никогаш...
Заблуда на христијаните: наместо десет, ние сега имаме само две заповеди
Христијаните често велат: Ние во Новиот завет имаме, наместо десет, само две заповеди. Христос кажува: „Љуби го својот Господ Бог со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум! Тоа е прва и најголема заповед. А втората е слична: ‘Љуби го својот ближен...
Христијанството на христијаните без Божјиот закон е разградена јурија
Нешто многу убаво и значајно! Псалмистот кажува: „Неговата (Божјата) вистина е штит и ограда (закрила)“ и „сите негови заповеди се вистина“ (Псалм 91,4; 119,86). Според тоа, Божјите заповеди, Божјиот закон, како наш пријател, сега е „наш штит и ограда“. Неоградена...
Словото и духот на Божјиот закон
Кога станува збор за словото и духот на Божјиот закон, христијаните го изделуваат едното од другото и велат дека словото, врежано на камени плочи, е укинато, што ќе рече, Божјиот закон, даден на Синај и напишан на две камени плочи, е укинат. За нас, велат тие, важен е...
Улогата на Божјиот закон во нашето спасение
Законот бара праведност - праведен живот, совршен карактер, а човекот не може тоа да го постигне. Тој не може да ги исполни неговите барања, барањата на Божјиот свет закон. Бог не создал закон кој може да ни даде праведност, светост и спасение, да ни даде живот вечен....
Ослободени сме од проклетството на законот, а не од законот
Во Библијата имаме пример - жена прељубница која згрешила и паднала под проклетство или под осуда на законот кој го прекршила и како грешница заслужила смрт. Христос ја откупил од проклетството и ја ослободил од смртната казна. Таа сега е ослободена (Галатите 3,13),...
Правдата и милоста се сретнале, се прегрнале и се бакнале на Голгота
Синај, како симбол на правдата, и Голгота, како симбол на милоста (милоста е компонента на благодатта), како двајца смртни непријатели, се измириле, се прегрнале и се бакнале на крстот кога Христос кажал „Се сврши!“ Всушност, Синај го убил Христа на крст на Голгота,...
Под законот или под благодатта?
Човек убиец издржал казна затвор за убиство. Кога го пуштиле на слобода, властите му обрнале внимание: Сега се пушташ на слобода. Внимавај, немој пак да убиваш, зашто, ако пак убиеш некого, ти пак ќе дојдеш овде, зад овие решетки, осуден од законот како убиец....
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.