Заблуда на христијаните: наместо десет, ние сега имаме само две заповеди
Христијаните често велат: Ние во Новиот завет имаме, наместо десет, само две заповеди. Христос кажува: „Љуби го својот Господ Бог со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум! Тоа е прва и најголема заповед. А втората е слична: ‘Љуби го својот ближен како себеси!’ На тие две заповеди се потпираат целиот Закон и Пророците“ (Матеј 22,37-40) – и тоа е доволно за нас, велат тие.
Но, ако ја следиме таа логика, тогаш ние можеме да поминеме уште полесно, зашто апостол Павле ни дава не две, туку само една заповед: „Зашто целиот закон е исполнет со една единствена заповед: ‘Љуби го својот ближен како самиот себе’“ (Галатите 5,14). Што да правиме сега? Ќе ги прифатиме двете Христови заповеди, или пак, како што рековме, за да ни биде уште полесно, ќе ја прифатиме само онаа една единствена заповед на апостол Павле и без проблем ќе се провлечеме низ иглените уши на небесниот суд?
Драги мои, двете Христови заповеди, и онаа една на апостол Павле, не се дадени за да ги потиснат или да ги заменат Десетте заповеди. Тие не се во судир со нив. Напротив, ние видовме дека Христос љубовта кон себе ја поврзува токму со Десетте заповеди. Премногу апстрактно, нејасно и магливо е сфаќањето за љубовта ако неа ја изделиме од заповедите и ако ја посматраме сама за себе, изолирано од нештата.
Како ќе докажеме дека ние навистина го љубиме Бога и ближните? Ако одговараме сами на ова прашање, ние ќе филозофираме, како и што филозофираме. Затоа, пак Исус нека ни одговори. Кога нè повикува: „Љуби го својот Господ Бог со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум!“, Исус нè враќа на заповедите: „Ако ме љубите, држете ги моите заповеди.“ „Љубовта кон Бога се состои во ова: да ги извршуваме неговите заповеди, а неговите заповеди не се тешки.“ И кога ни заповеда: „Љуби го својот ближен како себеси!“, Тој пак нè враќа на своите заповеди: „По ова познаваме дека ги љубиме Божјите деца (своите ближни): кога го љубиме Бога и ги извршуваме неговите заповеди“ (1. Јованово 5,2).
И уште еден текст за љубовта која се покажува на дело, кога го исполнуваме Божјиот, односно „царскиот закон“: „Ако го исполнувате царскиот закон, според Писмото: ‘Љуби го својот ближен како самиот себеси!’ – добро правите“ (Јаков 2,8). – Значи, законот бара од нас да го љубиме Бога и ближните. Соодветно на тоа, двете „нови“ Исусови заповеди произлегуваат од Божјиот, односно од „царскиот закон“ – тие се негов сублимат. Всушност, „љубовта е исполнување на законот“ – ни кажува апостол Павле (Римјаните 13,10).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон, Десетте заповеди, не се укинати“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈИОТ ЗАКОН, ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ, НЕ СЕ УКИНАТИ
Бог и неговиот народ на Синајската гора склучиле договор или стапиле во сојуз за заемна меѓусебна припадност, наречен стар завет, синајски договор или синајски сојуз. Не е исправно наместо зборовите договор и сојуз да се користи зборот „завет“ кој, по грешка на...
Синај не може да се прескокне со стап
На христијаните им пречи и тешко ги притиска Синај, зашто Божјиот закон, даден на таа гора, тие го парчосале. Затоа, врашки упорно се обидуваат со илјадници најразлични наводни „докази“ и од Библијата и од историјата да го избришат или, најблаго кажано, да го...
Крстот на Голгота е најголем доказ дека Божјиот закон не може да се менува
Крстот на Голгота е доказ дека законот е непроменлив. Ако можеше тој да се менува, или да се укине, тогаш Христос ќе го променеше или ќе го укинеше и не ќе мораше да доаѓа на оваа земја за да виси и да умре на крст токму поради престапот на тој закон. Многу нелогично...
Божјиот закон не е ниту укинат ниту променет
Во Библијата има многу текстови кои зборуваат за Божјиот закон: „Законот е свет и заповедта е света, праведна и добра“ (Римјаните 7,12). Законот ги носи обележјата на Законодавецот. „Законот Господов е совршен, ја крепи душата...“ (Псалм 19,7). На совршениот никогаш...
Христијанството на христијаните без Божјиот закон е разградена јурија
Нешто многу убаво и значајно! Псалмистот кажува: „Неговата (Божјата) вистина е штит и ограда (закрила)“ и „сите негови заповеди се вистина“ (Псалм 91,4; 119,86). Според тоа, Божјите заповеди, Божјиот закон, како наш пријател, сега е „наш штит и ограда“. Неоградена...
Словото и духот на Божјиот закон
Кога станува збор за словото и духот на Божјиот закон, христијаните го изделуваат едното од другото и велат дека словото, врежано на камени плочи, е укинато, што ќе рече, Божјиот закон, даден на Синај и напишан на две камени плочи, е укинат. За нас, велат тие, важен е...
Улогата на Божјиот закон во нашето спасение
Законот бара праведност - праведен живот, совршен карактер, а човекот не може тоа да го постигне. Тој не може да ги исполни неговите барања, барањата на Божјиот свет закон. Бог не создал закон кој може да ни даде праведност, светост и спасение, да ни даде живот вечен....
Ослободени сме од проклетството на законот, а не од законот
Во Библијата имаме пример - жена прељубница која згрешила и паднала под проклетство или под осуда на законот кој го прекршила и како грешница заслужила смрт. Христос ја откупил од проклетството и ја ослободил од смртната казна. Таа сега е ослободена (Галатите 3,13),...
Правдата и милоста се сретнале, се прегрнале и се бакнале на Голгота
Синај, како симбол на правдата, и Голгота, како симбол на милоста (милоста е компонента на благодатта), како двајца смртни непријатели, се измириле, се прегрнале и се бакнале на крстот кога Христос кажал „Се сврши!“ Всушност, Синај го убил Христа на крст на Голгота,...
Законот и благодатта
„По благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој“ (Ефесците 2,8.9). Зборувавме за улогата на Божјиот закон кој нè гонеше да нè убие поради нашиот грев, а ние побегнавме на Голгота и баравме спас од...
Под законот или под благодатта?
Човек убиец издржал казна затвор за убиство. Кога го пуштиле на слобода, властите му обрнале внимание: Сега се пушташ на слобода. Внимавај, немој пак да убиваш, зашто, ако пак убиеш некого, ти пак ќе дојдеш овде, зад овие решетки, осуден од законот како убиец....
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.