Словото и духот на Божјиот закон

Кога станува збор за словото и духот на Божјиот закон, христијаните го изделуваат едното од другото и велат дека словото, врежано на камени плочи, е укинато, што ќе рече, Божјиот закон, даден на Синај и напишан на две камени плочи, е укинат. За нас, велат тие, важен е духот на законот, а не неговото слово. Ние, продолжуваат нашите браќа протестанти кои празнуваат недела, „му служиме на Бога не на стариот начин, со тоа што ќе му се покоруваме на словото на законот, туку на нов начин, така што ќе му се покоруваме на Духот“ – се мисли на Божјиот Дух, или на Светиот Дух.

Во овие изјави елиминирано е не само словото на законот, туку целиот закон, а духот на законот е заменет со „Духот“, со Светиот Дух. Ако го имаме Светиот Дух, тврдат тие, тоа е доволно. Не ни треба ништо друго. Тој е замена за Десетте заповеди. Независно од Божјата реч, Тој секого од нас поединечно ќе го учи што да правиме и како да живееме. Не е потребен Божјиот закон!

Чудно! Зар Светиот Дух, кој е во нас, ќе нè учи и ќе нè упатува на други заповеди, различни од Христовите? Кои се тие други заповеди? Зар Христос го прати Светиот Дух на оваа земја да ни донесе друга, различна наука од неговата? Христос ни кажува: „Кој верува во мене како што е кажано во Писмото!“, што значи, Светиот Дух не е замена за Светото писмо (Јован 7,38).

Почитувани, Светиот Дух нема друга, своја, различна наука од онаа што ни ја оставил нашиот Спасител во својата Реч. За него Исус кажува „А кога ќе дојде Утешителот… Духот на вистината… Тој ќе сведочи за мене… Тој ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува сам од себе, туку ќе зборува за она што го слуша… Тој ќе ме прослави мене, зашто ќе земе од моето и ќе ви го објави вам.“ „А Утешителот, Светиот Дух, кого Отецот ќе го прати во мое име, ќе ве научи на сè и ќе ве потсети на сè што ви реков“, а Христос рекол: „Ако ме љубите, држете ги моите заповеди“ (Јован 15,26; 16,13.14; 14,26; 14,15). Значи, Светиот Дух е тука да нè упати на Христовите заповеди? Ако и понатаму тврдиме дека Светиот Дух е пратен од небото да ги замени Десетте заповеди, и секого од нас да го учи независно од Божјата реч, тогаш треба да се преиспитаме себеси и да видиме дали во нас навистина се наоѓа Светиот Дух, или пак некој друг дух!

Не е спорно дека Божјиот закон има своја надворешна страна, свои габарити, слово на законот, и своја внатрешна страна, своја суштина или свој дух. Христос прави иста разлика кога вели за своите заповеди:

„Сте чуле како им е кажано на предците: ‘Не убивај!’ Кој ќе убие, ќе одговара пред судот.“ – Тоа е надворешната страна, односно словото на шестата заповед. Но Христос навлегува во внатрешноста, во нејзината суштина, и го објаснува нејзиниот дух: „А јас ви кажувам дека секој кој се срди на својот брат без причина, ќе биде виновен пред судот“ (Матеј 5,21.22). Јасно, зар не!

„Сте чуле како им е кажано на предците: ‘Не врши прељуба!’“ – Тоа е надворешната страна, словото на седмата заповед. А сега да ја слушнеме нејзината внатрешна страна, нејзината суштина, нејзиниот дух: „А јас ви кажувам дека секој што ќе погледне жена со похота, веќе извршил прељуба со неа во своето срце“ (Матеј 5,27.28).

Крадец внимателно сковал прецизен план и пошол да изврши провала во продавница со скапоцености. Но, кога почнал да ги отклучува вратите со калаузи, слушнал сирена на полициска кола и побегнал. – Нему сплетот на околностите не му дозволил да го погази словото на осмата заповед, но го погазил нејзиниот дух, и пред Бога ќе одговара за кражба.

Основен проблем кај христијаните е што тие се обидуваат да ги сепарираат овие две нешта, да го изделат словото од духот на законот, надворешната од внатрешната страна на заповедите, а тоа не е можно. Од посочените примери видовме дека прељубникот прави грев кога врши физичка прељуба со туѓа жена, кршејќи го словото на седмата заповед, но тој прави ист грев кога со похота гледа туѓа жена, со што го крши духот на истата заповед.

Истото важи и за крадецот и за секој друг престапник на која и да е друга од Десетте заповеди. Божјиот суд ќе им суди на престапниците и според словото и според духот, според лошите побуди со кои ги престапувале заповедите.

Рековме дека христијаните вршат сепарација на словото од духот на законот и, откако ќе ги „изделат“ тие две нешта, словото го отфрлаат, а духот, наводно, го прифаќаат и се придржуваат кон него. – Чиста бесмислица!

Законот во нивните раце како да е школка од којашто ја изделуваат надворешната черупка од интегралниот организам како нешто неважно или помалку важно и го фрлаат, а внатрешниот, месестиот дел, го посматраат како посебна, независна единка. За нив жива одрана овца и понатаму е овца!

Почитувани, и Божјиот закон е интегрален, неделив организам. Не можете да го дерете или од него да ја изделите неговата надворешна страна, словото или черупката и да кажете дека тоа е неважно или помалку важно и истото да го отфрлите, а за внатрешниот дел да кажете дека тоа е негов дух, негова суштина, срцевина или есенција, и само тоа да го прифатите.

Да повториме: Христијанството на денешните христијани без интегралниот Божји закон е неоградена и разградена јурија низ која саламандија талкаат разни животни.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон, Десетте заповеди, не се укинати“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БОЖЈИОТ ЗАКОН, ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ, НЕ СЕ УКИНАТИ

Бог и неговиот народ на Синајската гора склучиле договор или стапиле во сојуз за заемна меѓусебна припадност, наречен стар завет, синајски договор или синајски сојуз. Не е исправно наместо зборовите договор и сојуз да се користи зборот „завет“ кој, по грешка на...

Синај не може да се прескокне со стап

На христијаните им пречи и тешко ги притиска Синај, зашто Божјиот закон, даден на таа гора, тие го парчосале. Затоа, врашки упорно се обидуваат со илјадници најразлични наводни „докази“ и од Библијата и од историјата да го избришат или, најблаго кажано, да го...

Крстот на Голгота е најголем доказ дека Божјиот закон не може да се менува

Крстот на Голгота е доказ дека законот е непроменлив. Ако можеше тој да се менува, или да се укине, тогаш Христос ќе го променеше или ќе го укинеше и не ќе мораше да доаѓа на оваа земја за да виси и да умре на крст токму поради престапот на тој закон. Многу нелогично...

Божјиот закон не е ниту укинат ниту променет

Во Библијата има многу текстови кои зборуваат за Божјиот закон: „Законот е свет и заповедта е света, праведна и добра“ (Римјаните 7,12). Законот ги носи обележјата на Законодавецот. „Законот Господов е совршен, ја крепи душата...“ (Псалм 19,7). На совршениот никогаш...

Заблуда на христијаните: наместо десет, ние сега имаме само две заповеди

Христијаните често велат: Ние во Новиот завет имаме, наместо десет, само две заповеди. Христос кажува: „Љуби го својот Господ Бог со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум! Тоа е прва и најголема заповед. А втората е слична: ‘Љуби го својот ближен...

Христијанството на христијаните без Божјиот закон е разградена јурија

Нешто многу убаво и значајно! Псалмистот кажува: „Неговата (Божјата) вистина е штит и ограда (закрила)“ и „сите негови заповеди се вистина“ (Псалм 91,4; 119,86). Според тоа, Божјите заповеди, Божјиот закон, како наш пријател, сега е „наш штит и ограда“. Неоградена...

Улогата на Божјиот закон во нашето спасение

Законот бара праведност - праведен живот, совршен карактер, а човекот не може тоа да го постигне. Тој не може да ги исполни неговите барања, барањата на Божјиот свет закон. Бог не создал закон кој може да ни даде праведност, светост и спасение, да ни даде живот вечен....

Ослободени сме од проклетството на законот, а не од законот

Во Библијата имаме пример - жена прељубница која згрешила и паднала под проклетство или под осуда на законот кој го прекршила и како грешница заслужила смрт. Христос ја откупил од проклетството и ја ослободил од смртната казна. Таа сега е ослободена (Галатите 3,13),...

Правдата и милоста се сретнале, се прегрнале и се бакнале на Голгота

Синај, како симбол на правдата, и Голгота, како симбол на милоста (милоста е компонента на благодатта), како двајца смртни непријатели, се измириле, се прегрнале и се бакнале на крстот кога Христос кажал „Се сврши!“ Всушност, Синај го убил Христа на крст на Голгота,...

Законот и благодатта

„По благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој“ (Ефесците 2,8.9). Зборувавме за улогата на Божјиот закон кој нè гонеше да нè убие поради нашиот грев, а ние побегнавме на Голгота и баравме спас од...

Под законот или под благодатта?

Човек убиец издржал казна затвор за убиство. Кога го пуштиле на слобода, властите му обрнале внимание: Сега се пушташ на слобода. Внимавај, немој пак да убиваш, зашто, ако пак убиеш некого, ти пак ќе дојдеш овде, зад овие решетки, осуден од законот како убиец....

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат