Под законот или  под благодатта?

Човек убиец издржал казна затвор за убиство. Кога го пуштиле на слобода, властите му обрнале внимание: Сега се пушташ на слобода. Внимавај, немој пак да убиваш, зашто, ако пак убиеш некого, ти пак ќе дојдеш овде, зад овие решетки, осуден од законот како убиец.

Бесмислено е тој да каже: Јас ја издржав казната што сум ја заслужил. Сега сум слободен и можам да правам што сакам! Законот за убиство е укинат и јас сега слободно можам пак да убивам!

Токму така постапуваат христијаните кои тврдат дека Христос, откако ја платил казната за нашите гревови, умирајќи на крст, го укинал законот и нас нè ослободил од обврската да го држиме. – Чиста бесмислица и голема сатанска измама и стапица!

„А гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под законот, туку под благодатта. И што сега? Да грешиме ли, затоа што не сме под законот, туку под благодатта? Никако! Не знаете ли дека ако некому му се предадете како робови и му се покорувате, робови сте му на оној кому му се покорувате; или на гревот – за смрт, или на послушноста – за праведност? Но му благодарам на Бога, зашто вие, иако му бевте робови на гревот, од сè срце го прифативте учењето на кое му се предадовте, и откако бевте ослободени од гревот, ѝ станавте робови на праведноста“ (Римјан. 6,14-18).

Зборот „под“ значи дека владее некој или нешто над нас, дека сме под нечиј гнет или под некаква диктатура. „Под законот“ значи под „дамоклов меч“, под товарот на камените плочи со Десетте заповеди кои ни лежат на грб и постојано ни тежат, нè притискаат, нè мачат и непрекратно сме изложени на отровното осило на гревот кое ја боде нашата совест и ја труе нашата душа.

На човек кој живее „под законот“, законот му вели: „Прави го ова!“ „Не прави го тоа!“ „Зошто го стори тоа?“ „Немој, тоа е забрането!“ „Не смееш таму!“ „Не смееш така!“ и слично. Но законот не може да ни помогне да ги задоволиме неговите барања, а човекот не е во можност да ги исполнува неговите строги наредби и да ги почитува неговите забрани и – потклекнува, паѓа, го крши и свесен е дека со тоа навлекува на себе проклетство. Тогаш на сцената стапува чувството на вина како немилосрден диктатор и го осудува за сторениот грев, и тој постојано живее под осуда, во ропство на стравот од смртта (Евреите 2,15). Значи, наједноставно кажано, ние сме „под законот“ кога живееме во грев, кога грешиме; човек-грешник живее „под законот“ и тој е во очајна состојба: „Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртно тело?“ (Римјаните 7,24), жално реди апостол Павле.

Божјиот закон е тежок товар за еден телесен, световно ориентиран човек, за човек кој сака да греши: „Зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот закон ниту пак може“ (Рим. 8,7), а за еден верен и предан Христов следбеник „заповедите не се тешки“.

Драги мои, гревот е жив песок во кој тоне грешникот, и ако некој не му подаде рака да го извлече од него, тој навистина ќе потоне и ќе исчезне во неговата бездна.

Но, на грешникот, кој живее „под законот“, кој тоне во живиот песок на гревот, Христос му подава рака, го вади од него и неговите нозе ги поставува на цврста и стабилна почва, го растоварува од тоа тешко бреме што го носи и го ослободува од тешкиот јарем во кој бил впрегнат до тогаш, и грешникот не е веќе роб на гревот и стравот, туку е слободен човек благодарение на Христовата милост. Нема веќе грев ниту грешно минато, бидејќи сето тоа е простено, исчистено и отстрането со Христовата крв. Нема веќе никакво осило ниту осилка да го боцка.

Законот, кој го осудуваше гревот во него, е симнат од неговиот грб и со помош на Светиот Дух е преместен во неговото срце во кое се „вселил Христос“ (Ефесците 3,17) и тој, како прероден христијанин, како наполно „ново создание“, слободен од сите стеги на минатиот грешен живот, не е веќе „под законот“, туку „со законот“ и живее „под благодатта“ Христова и е пријател со законот. Во неговото срце „владее мир Божји што надминува секој разум“, и „се радува со неискажлива и прославена радост“ (Филипјаните 4,7; 1. Петрово 1,8) што во Христа нашол таков прекрасен спасител кој го избавил од амбисот во кој го струполил гревот, и што го води чекор по чекор кон своето царство.

Христијаните, за жал, и овде ставаат свој прст и велат дека ние денес не живееме „под законот“ туку „под благодатта“ затоа што Христос го укинал законот и нас нè ослободил од сите обврски кон него. Според тоа, тврдат тие, ние денес живееме во апсолутната и неприкосновена слобода на евангелието коешто нè ослободило од стегите, од ограничувањата и од ропството на Божјиот закон. Го имаме Христа како спасител, и Божјиот закон не е веќе потребен.

Велиме за жал, и навистина жалиме, и за жалење се христијаните што го прават тоа злосторство спрема Божјиот закон, настојувајќи со сите сили на некој начин да го елиминираат, обидувајќи се при тоа, како што рековме порано, да го прескокнат Синај со стап.

Навистина, Христос нешто избришал, укинал и отстранил, но не законот, туку го избришал и го отстранил гревот од нас и го укинал ропството на гревот.

Кога сме биле „под законот“, проблемот со кој сме се соочувале не бил законот, туку самите ние. Грешката била кај нас, зашто ние по природа сме телесни, продадени на гревот како робови. Божјиот свет закон и нашата грешна природа се нсврзливи. Но кога Христос го отстранил гревот од нас, престанала и причината за непријателството меѓу нас и законот. Кај нас нема веќе грев, и законот нема веќе што да осудува. „Милоста и вистината се сретнале, правдата и мирот се бакнале“ (Псалм 85,10). И, како новородени Божји деца, без грев, ние се ракуваме и се прегрнуваме со законот како најдобри пријатели. Значи, од смртен непријател, законот станал наш пријател што го носиме во срцето. Порано, додека бевме грешни, Божјите заповеди за нас беа неподносливо бреме што го носевме на грб, а сега, во нашето срце, тие „не се тешки“ – лесни се. Да чуеме што ни кажува апостол Павле:

„А сега, откако умревме за гревот, кој нè држеше во ропство, се ослободивме од законот (од осудата на законот), за да служиме на нов, духовен начин, а не како порано, во старото слово“ (Римјаните 7,6).

Изразите во 2. Коринќаните 3,6-11 и во Римјаните 7,6: „словото убива“, „служба на законот кој убива, врежана во камења со букви“, „гревот, кој нè држеше во ропство“, „се ослободивме од законот“ и „старото слово“ – очигледно се однесуваат на времето кога сме живееле „под законот“, кога камените плочи со Десетте заповеди сме ги носеле на грб како неподнослив товар, на времето кога законот нè гонел да нè убие заради нашиот грев, да нè убие додека сме биле грешни и грешници. Тоа е оној период кога апостол Павле живееше „под законот“ и кога жално редеше: „Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртно тело.“

А изразите: „слуги на новиот завет; не на словото, туку на Духот“, „Духот оживува“, „откако умревме за гревот“, „се ослободивме од законот“, „да служиме на нов, духовен начин“ – се однесуваат на времето кога Христос го отстранил гревот од нас и кога сме почнале да уживаме нов статус – да живееме „под благодатта“, со законот не на камените плочи, туку во срцето.

Многу убав пример за преминот од периодот кога сме живееле „под законот“, во периодот кога сме почнале да живееме „под благодатта“, е животот на апостол Павле:

„Преку законот умрев за законот, за да живеам за Бога. Со Христа се распнав, и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене, а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку вера во Божјиот Син, кој ме милее и се предаде себеси за мене“ (Галатите 2,19.20).

„Умрев за законот“, или мртов за законот, значи мртов за гревот: „Така и вие, сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Христа Исуса. Затоа не дозволувајте гревот да царува во вашето смртно тело“ (Римјаните 6,11.12).

„Мртов за гревот“, а соодветно на тоа и „мртов за законот“, е човек кој живее „под благодатта“, со Божјиот закон и со Христа во срцето. Врз него гревот, кој се обидува со сите сили повторно да го стави во синџирите на своето ропство, нема веќе никакво влијание. Тој не може повторно да завладее ниту да владее со него како порано, додека живеел „под законот“.

Почитувани, Христос нè ослободил од ропството на гревот и таа слобода треба да ја цениме и да се трудиме со сите сили да не ја загубиме. Апостол Павле нè повикува: „Стојте во слободата што ви ја обезбеди Христос и не дозволувајте повторно да ве впрегнат во јаремот на ропството“ (Галатите 5,1), во јаремот на гревот, и продолжува: „И што сега? Да грешиме ли, затоа што не сме под законот, туку под благодатта? Никако!“

Откако Христос нè ослободи од гревот, истиот закон, Божјиот закон, кој порано беше тежок јарем и неподносливо бреме за нас, стана „закон на слободата“ (Јаков 1,25; 2,12) – слобода од гревот, а не слобода во гревот, не слобода пак да грешиме. „Ете, вели Исус, сега си здрав“, сега си слободен, „оди и не греши веќе“.

Почитувани, тоа значи да се живее „под благодатта“, а не „под законот“. Под законот живее човек што греши, грешник, а под благодатта живее оној што му дозволил на Христа да го ослободи од гревот и да го прероди со Светиот Дух, оној  во чиешто срце е Христос и кој не греши.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон, Десетте заповеди, не се укинати“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БОЖЈИОТ ЗАКОН, ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ, НЕ СЕ УКИНАТИ

Бог и неговиот народ на Синајската гора склучиле договор или стапиле во сојуз за заемна меѓусебна припадност, наречен стар завет, синајски договор или синајски сојуз. Не е исправно наместо зборовите договор и сојуз да се користи зборот „завет“ кој, по грешка на...

Синај не може да се прескокне со стап

На христијаните им пречи и тешко ги притиска Синај, зашто Божјиот закон, даден на таа гора, тие го парчосале. Затоа, врашки упорно се обидуваат со илјадници најразлични наводни „докази“ и од Библијата и од историјата да го избришат или, најблаго кажано, да го...

Крстот на Голгота е најголем доказ дека Божјиот закон не може да се менува

Крстот на Голгота е доказ дека законот е непроменлив. Ако можеше тој да се менува, или да се укине, тогаш Христос ќе го променеше или ќе го укинеше и не ќе мораше да доаѓа на оваа земја за да виси и да умре на крст токму поради престапот на тој закон. Многу нелогично...

Божјиот закон не е ниту укинат ниту променет

Во Библијата има многу текстови кои зборуваат за Божјиот закон: „Законот е свет и заповедта е света, праведна и добра“ (Римјаните 7,12). Законот ги носи обележјата на Законодавецот. „Законот Господов е совршен, ја крепи душата...“ (Псалм 19,7). На совршениот никогаш...

Заблуда на христијаните: наместо десет, ние сега имаме само две заповеди

Христијаните често велат: Ние во Новиот завет имаме, наместо десет, само две заповеди. Христос кажува: „Љуби го својот Господ Бог со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум! Тоа е прва и најголема заповед. А втората е слична: ‘Љуби го својот ближен...

Христијанството на христијаните без Божјиот закон е разградена јурија

Нешто многу убаво и значајно! Псалмистот кажува: „Неговата (Божјата) вистина е штит и ограда (закрила)“ и „сите негови заповеди се вистина“ (Псалм 91,4; 119,86). Според тоа, Божјите заповеди, Божјиот закон, како наш пријател, сега е „наш штит и ограда“. Неоградена...

Словото и духот на Божјиот закон

Кога станува збор за словото и духот на Божјиот закон, христијаните го изделуваат едното од другото и велат дека словото, врежано на камени плочи, е укинато, што ќе рече, Божјиот закон, даден на Синај и напишан на две камени плочи, е укинат. За нас, велат тие, важен е...

Улогата на Божјиот закон во нашето спасение

Законот бара праведност - праведен живот, совршен карактер, а човекот не може тоа да го постигне. Тој не може да ги исполни неговите барања, барањата на Божјиот свет закон. Бог не создал закон кој може да ни даде праведност, светост и спасение, да ни даде живот вечен....

Ослободени сме од проклетството на законот, а не од законот

Во Библијата имаме пример - жена прељубница која згрешила и паднала под проклетство или под осуда на законот кој го прекршила и како грешница заслужила смрт. Христос ја откупил од проклетството и ја ослободил од смртната казна. Таа сега е ослободена (Галатите 3,13),...

Правдата и милоста се сретнале, се прегрнале и се бакнале на Голгота

Синај, како симбол на правдата, и Голгота, како симбол на милоста (милоста е компонента на благодатта), како двајца смртни непријатели, се измириле, се прегрнале и се бакнале на крстот кога Христос кажал „Се сврши!“ Всушност, Синај го убил Христа на крст на Голгота,...

Законот и благодатта

„По благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој“ (Ефесците 2,8.9). Зборувавме за улогата на Божјиот закон кој нè гонеше да нè убие поради нашиот грев, а ние побегнавме на Голгота и баравме спас од...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат