Крстот на Голгота е најголем доказ дека Божјиот закон не може да се менува
Крстот на Голгота е доказ дека законот е непроменлив. Ако можеше тој да се менува, или да се укине, тогаш Христос ќе го променеше или ќе го укинеше и не ќе мораше да доаѓа на оваа земја за да виси и да умре на крст токму поради престапот на тој закон. Многу нелогично и погрешно е тврдењето на христијаните дека Христос на крстот го исполнил законот за нас и нас нè ослободил од обврската да го држиме. Ако е точно тоа тврдење дека Христос го исполнил законот на крстот за нас, тогаш е логично да заклучиме дека Христос заминал и ќе замине на небото без нас. Но, да не заборавиме, крстот му објавува и му порачува на целото човештво дека престапот на законот е беззаконие или грев, и дека плата за гревот е смрт.
Христос висел на крстот на Голгота поради тоа што ние сме го газеле Божјиот закон и соодветно на тоа сме биле грешници. Тој умрел на крстот за нашите престапи на законот, но нè предупредува: „Оди и не греши веќе“, оди и не го гази пак законот, зашто, ако пак го газиш, ти пак ќе станеш престапник, грешник, и како грешник ќе бидеш осуден на смрт токму од законот кој го газиш.
Ако нешто би се изменило во законот, тоа би значело дека Бог не е совршен и дека и Тој се менува. Оние што учат дека Божјиот закон е укинат, Божјата мудрост ја споредуваат со човечкото несовршенство и со тоа го уриваат Божјиот авторитет.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон, Десетте заповеди, не се укинати“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈИОТ ЗАКОН, ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ, НЕ СЕ УКИНАТИ
Бог и неговиот народ на Синајската гора склучиле договор или стапиле во сојуз за заемна меѓусебна припадност, наречен стар завет, синајски договор или синајски сојуз. Не е исправно наместо зборовите договор и сојуз да се користи зборот „завет“ кој, по грешка на...
Синај не може да се прескокне со стап
На христијаните им пречи и тешко ги притиска Синај, зашто Божјиот закон, даден на таа гора, тие го парчосале. Затоа, врашки упорно се обидуваат со илјадници најразлични наводни „докази“ и од Библијата и од историјата да го избришат или, најблаго кажано, да го...
Божјиот закон не е ниту укинат ниту променет
Во Библијата има многу текстови кои зборуваат за Божјиот закон: „Законот е свет и заповедта е света, праведна и добра“ (Римјаните 7,12). Законот ги носи обележјата на Законодавецот. „Законот Господов е совршен, ја крепи душата...“ (Псалм 19,7). На совршениот никогаш...
Заблуда на христијаните: наместо десет, ние сега имаме само две заповеди
Христијаните често велат: Ние во Новиот завет имаме, наместо десет, само две заповеди. Христос кажува: „Љуби го својот Господ Бог со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум! Тоа е прва и најголема заповед. А втората е слична: ‘Љуби го својот ближен...
Христијанството на христијаните без Божјиот закон е разградена јурија
Нешто многу убаво и значајно! Псалмистот кажува: „Неговата (Божјата) вистина е штит и ограда (закрила)“ и „сите негови заповеди се вистина“ (Псалм 91,4; 119,86). Според тоа, Божјите заповеди, Божјиот закон, како наш пријател, сега е „наш штит и ограда“. Неоградена...
Словото и духот на Божјиот закон
Кога станува збор за словото и духот на Божјиот закон, христијаните го изделуваат едното од другото и велат дека словото, врежано на камени плочи, е укинато, што ќе рече, Божјиот закон, даден на Синај и напишан на две камени плочи, е укинат. За нас, велат тие, важен е...
Улогата на Божјиот закон во нашето спасение
Законот бара праведност - праведен живот, совршен карактер, а човекот не може тоа да го постигне. Тој не може да ги исполни неговите барања, барањата на Божјиот свет закон. Бог не создал закон кој може да ни даде праведност, светост и спасение, да ни даде живот вечен....
Ослободени сме од проклетството на законот, а не од законот
Во Библијата имаме пример - жена прељубница која згрешила и паднала под проклетство или под осуда на законот кој го прекршила и како грешница заслужила смрт. Христос ја откупил од проклетството и ја ослободил од смртната казна. Таа сега е ослободена (Галатите 3,13),...
Правдата и милоста се сретнале, се прегрнале и се бакнале на Голгота
Синај, како симбол на правдата, и Голгота, како симбол на милоста (милоста е компонента на благодатта), како двајца смртни непријатели, се измириле, се прегрнале и се бакнале на крстот кога Христос кажал „Се сврши!“ Всушност, Синај го убил Христа на крст на Голгота,...
Законот и благодатта
„По благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој“ (Ефесците 2,8.9). Зборувавме за улогата на Божјиот закон кој нè гонеше да нè убие поради нашиот грев, а ние побегнавме на Голгота и баравме спас од...
Под законот или под благодатта?
Човек убиец издржал казна затвор за убиство. Кога го пуштиле на слобода, властите му обрнале внимание: Сега се пушташ на слобода. Внимавај, немој пак да убиваш, зашто, ако пак убиеш некого, ти пак ќе дојдеш овде, зад овие решетки, осуден од законот како убиец....
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.