Божјиот закон не е ниту укинат ниту променет
Во Библијата има многу текстови кои зборуваат за Божјиот закон:
„Законот е свет и заповедта е света, праведна и добра“ (Римјаните 7,12).
Законот ги носи обележјата на Законодавецот. „Законот Господов е совршен, ја крепи душата…“ (Псалм 19,7). На совршениот никогаш не му се потребни промени.
Божјиот закон, како што е веќе кажано, е мерило на правдата на конечниот Божји суд:
„Бидејќи, кој го запазува целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за сè. Зашто Оној кој рекол: ‘Не врши прељуба!’ рекол и: ‘Не убивај!’ Ако не вршиш прељуба, а убиваш, стануваш престапник на законот. Така зборувајте и така постапувајте како луѓе кои ќе бидат судени според законот на слободата“ (Јаков 2,10-12).
„Ако сакаш да влезеш во животот, држи ги заповедите“, му вели Исус на еден млад човек. Кои заповеди, прашал младиот човек? Исус му одговара: „Што е напишано во законот? Што читаш?“ „Не убивај, не врши прељуба, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себеси!“ (Лука 10,25; Матеј 19,17.18). – Очигледно е дека, кога Исус упатува на држење на „моите заповеди“, Тој мисли на Десетте Божји заповеди.
Во Божјата реч имаме и мошне тешки зборови: „Оној кој вели: ‘Го знам’, а не ги држи неговите заповеди, лажливец е и вистината не е во него“ (1. Јованово 2,4). Вистина ли е ова што го слушаме од апостол Јован? Зар е можно милиони христијани да се лажлици? Уште како! Божјата реч, без никакво притеснување или заобиколување и без никаква куртоазија, без пардон, сите, апсолутно сите, кои тврдат дека го познаваат Христа, и се нарекуваат христијани, а не ги држат Божјите заповеди, ги нарекува лажливци.
Почитувани, попусто измислуваме стотици изговори и докази за да докажеме дека Божјиот закон е укинат, дека Десетте Божји заповеди не важат веќе. Библијата ни кажува дека сме лажливци ако правиме така.
Ако навистина Божјиот закон е укинат, тогаш зошто лагата, убиството, кражбата, прељубата… и понатаму се зло дело или грев? „Гревот е беззаконие (престап или кршење на законот)“, кажува Божјата реч. Тоа е библиска дефиниција за гревот. Ако Божјиот морален закон е променет, тогаш мора да се менува и дефиницијата за гревот, зар не? Или, ако Божјиот морален закон е укинат, тогаш е укинат и гревот, и ние не сме повеќе грешници, а кој смее да поверува во тоа? Ако нема закон, нема ниту грев, и според тоа, од што сме спасени? (1. Јованово 1,7-10; Јаков 1,14-15).
Евреите имаат голем грев што го отфрлиле Христа како спасител, а христијаните имаат ист грев што го отфрлаат Божјиот закон.
Апостол Јован оди чекор понатаму и ни кажува кои се свети пред Бога: „Во тоа е трпението на светите, кои ги држат Божјите заповеди и верата во Исуса“ (Откровение 14,12). Да запомнеме, свети и праведни се оние „кои ги држат Божјите заповеди и верата во Исуса“.
Уште неколку очигледни библиски докази: „Го укинуваме ли законот преку верата? Никако! Напротив, со тоа (со верата) го утврдуваме законот.“ „Обрежувањето е ништо, и необрежувањето е ништо, а она што е важно е извршувањето на Божјите заповеди“ (Римјаните 3,31; 1. Коринќаните 7,19).
И најнакрај Христовите зборови што ќе им ги каже во оној ден, кога повторно ќе дојде, на сите кои по која било основа го газеле Божјиот закон: „Никогаш не сум ве познавал. Одете си од мене, вие, кои вршите беззаконие (кои го отфрлате и го газите законот)“ (Матеј 7,23).
Премногу силни се овие библиски докази пред кои исчезнуваат тврдењата на сите верски учители дека Христос со својата смрт на крстот го укинал законот и дека сега луѓето се ослободени од неговите обврски. Пред силата на овие библиски докази треба да се повлечат христијаните кои законот го прикажуваат како тежок јарем, како ропство, а погрешно ја истакнуваат неограничената слобода што можат да ја уживаат под евангелието.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон, Десетте заповеди, не се укинати“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈИОТ ЗАКОН, ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ, НЕ СЕ УКИНАТИ
Бог и неговиот народ на Синајската гора склучиле договор или стапиле во сојуз за заемна меѓусебна припадност, наречен стар завет, синајски договор или синајски сојуз. Не е исправно наместо зборовите договор и сојуз да се користи зборот „завет“ кој, по грешка на...
Синај не може да се прескокне со стап
На христијаните им пречи и тешко ги притиска Синај, зашто Божјиот закон, даден на таа гора, тие го парчосале. Затоа, врашки упорно се обидуваат со илјадници најразлични наводни „докази“ и од Библијата и од историјата да го избришат или, најблаго кажано, да го...
Крстот на Голгота е најголем доказ дека Божјиот закон не може да се менува
Крстот на Голгота е доказ дека законот е непроменлив. Ако можеше тој да се менува, или да се укине, тогаш Христос ќе го променеше или ќе го укинеше и не ќе мораше да доаѓа на оваа земја за да виси и да умре на крст токму поради престапот на тој закон. Многу нелогично...
Заблуда на христијаните: наместо десет, ние сега имаме само две заповеди
Христијаните често велат: Ние во Новиот завет имаме, наместо десет, само две заповеди. Христос кажува: „Љуби го својот Господ Бог со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум! Тоа е прва и најголема заповед. А втората е слична: ‘Љуби го својот ближен...
Христијанството на христијаните без Божјиот закон е разградена јурија
Нешто многу убаво и значајно! Псалмистот кажува: „Неговата (Божјата) вистина е штит и ограда (закрила)“ и „сите негови заповеди се вистина“ (Псалм 91,4; 119,86). Според тоа, Божјите заповеди, Божјиот закон, како наш пријател, сега е „наш штит и ограда“. Неоградена...
Словото и духот на Божјиот закон
Кога станува збор за словото и духот на Божјиот закон, христијаните го изделуваат едното од другото и велат дека словото, врежано на камени плочи, е укинато, што ќе рече, Божјиот закон, даден на Синај и напишан на две камени плочи, е укинат. За нас, велат тие, важен е...
Улогата на Божјиот закон во нашето спасение
Законот бара праведност - праведен живот, совршен карактер, а човекот не може тоа да го постигне. Тој не може да ги исполни неговите барања, барањата на Божјиот свет закон. Бог не создал закон кој може да ни даде праведност, светост и спасение, да ни даде живот вечен....
Ослободени сме од проклетството на законот, а не од законот
Во Библијата имаме пример - жена прељубница која згрешила и паднала под проклетство или под осуда на законот кој го прекршила и како грешница заслужила смрт. Христос ја откупил од проклетството и ја ослободил од смртната казна. Таа сега е ослободена (Галатите 3,13),...
Правдата и милоста се сретнале, се прегрнале и се бакнале на Голгота
Синај, како симбол на правдата, и Голгота, како симбол на милоста (милоста е компонента на благодатта), како двајца смртни непријатели, се измириле, се прегрнале и се бакнале на крстот кога Христос кажал „Се сврши!“ Всушност, Синај го убил Христа на крст на Голгота,...
Законот и благодатта
„По благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој“ (Ефесците 2,8.9). Зборувавме за улогата на Божјиот закон кој нè гонеше да нè убие поради нашиот грев, а ние побегнавме на Голгота и баравме спас од...
Под законот или под благодатта?
Човек убиец издржал казна затвор за убиство. Кога го пуштиле на слобода, властите му обрнале внимание: Сега се пушташ на слобода. Внимавај, немој пак да убиваш, зашто, ако пак убиеш некого, ти пак ќе дојдеш овде, зад овие решетки, осуден од законот како убиец....

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.