Традиционалната Црква извршила упад во Божјиот поредок – извршила диверзија во Божјиот закон
Најголемите црковни авторитети од Запад, Августин (354-430) и подоцна Тома Аквински (1225-1274) извршиле упад во Божјиот поредок – извршиле диверзија во Божјиот закон од Синај. Тие исфрлиле или замениле две од Десетте Божји заповеди.
Августин целосно ја исфрлил втората Божја заповед која забранува обожавање на икони, статуи и дрги идоли. За да биде надоместена таа заповед, десеттата е поделена на две заповеди. Според католичкиот катихизис, моралните прашања ги одредуваат Десетте заповеди, но не Десетте Божји заповеди од двете синајски камени плочи, напишани со Божји прст, што се наоѓаат во Библијата, туку десетте заповеди што ги дефинирал католичкиот црковен отец Августин (354-430).
Тома Аквински извршил диверзија во четвртата Божја заповед, „присилувајќи“ го Бога на „полусаботен компромис“.
„Заповедта за саботата Тома ја поделил (хоризонтално) на два дела: на церемонијален дел – седми ден сабота, и морален дел на времето за обожавање на Бога, кое не може да биде нарушувано со физичка работа. Церемонијалниот дел е отфрлен со Христовото доаѓање, а моралниот дел е заменет со недела.“1
Тоа не значи дека Римската црква не се обидувала сосила да го наметне празнувањето на неделата уште пред Тома Аквински. Да, таа тоа го правела и пред тоа, но Тома Аквински обезбедил аргумент така да постапува.
Иако саботата веќе била потисната и во првите векови заменета со недела, Тома Аквински на многу чуден начин се обидува со теолошки аргумент да ја оправда и да ја легализира таа замена. Тој едноставно саботата ја дели на два дела, „на церемонијален дел – седми ден сабота“, кој се однесува на физичкиот одмор, „и на морален дел на времето за обожавање на Бога“. Со тоа Тома Аквински врши сепарација на тие два дела, при што „церемонијалниот дел“ на саботата како седми ден го придружува кон церемонијалниот или обредниот закон кој Христос го укинал на крстот, а „моралниот дел“ на саботата, односно саботното „време за обожавање на Бога“, или светоста на саботата, ја префрла од сабота на недела, при што неделата ги презема на себе саботните рајски прерогативи – саботниот благослов и саботната светост.
Секоја чест на Тома Аквински како најголем теолог и црковен учител во Католичката црква од подоцнежните векови, но неговиот обид за таква сепарација на саботата ни наликува на човек кој се обидува да изврши сепарација на жива школка, при што нејзината биолошка черупка ја фрла, а внатрешната содржина, месестиот дел на школката, ја сместува во туѓа празна черупка во која таа треба да продолжи да живее како школка! Нелогично и воопшто невозможно!
Читаме во Божјата реч: „Така беа довршени небото и земјата со сето свое воинство. И ги заврши Бог до седмиот ден своите дела што ги создаде. И се одмори во седмиот ден од сите свои дела што ги создаде. И Бог го благослови седмиот ден и го посвети, зашто во тој ден се одмори од сите свои дела што ги создаде“ (1. Мојсеева 2,1-3).
Јасно е! При создавањето на светот за шест дена, Бог го изделил седмиот ден за одмор, го благословил и го посветил. Истите зборови ги наоѓаме и во четвртата Божја заповед од Синај: „А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог… Зашто Господ за шест дена ги создаде небото, земјата, морето и сè што е во нив, а во седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го посвети саботниот ден.“ (2. Мојсеева 20,8-11)
Во двата извештаја не се гледа ништо церемонијално или обредно што би укажувало на настаните поврзани со Христовата жртва на крстот, ништо церемонијално или обредно што Христос би го укинал на Голгота заедно со целокупниот церемонијален или обреден закон. Ништо од сето тоа. Седмиот ден е поврзан со создавањето на светот, а не со Голгота. Саботата, како седми ден од рајот, во никој случај, ниту временски ниту по својата природа и цел, не е поврзана со старозаветните обредни празници или обредни саботи, кои се воспоствени неколку илјади години подоцна, во времето на Мојсеја, и кои ја завршиле својата улога и задача и престанале на крстот на Голгота. Саботата не е укината ниту посебно, ниту заедно со другите обредни старозаветни празници или обредни саботи.
Уште повеќе, саботата како заповед е дадена уште пред да се појави гревот, а Голгота е поврзана со гревот кој се појавил подоцна. Според тоа, саботата како Божја заповед не е поврзана ниту со гревот ниту со Голгота, и затоа таа не може да биде укината на Голгота, заедно со церемонијалниот или обредниот закон кој бил даден подоцна и кој директно е поврзан со гревот.
Во двата извештаја гледаме дека седмиот ден, кој е сабота, е изделен од другите шест дена за одмор уште во рајот, при создавањето на светот. Исто така гледаме дека тој ден е благословен и посветен. Со други зборови, Бог во саботата ставил саботен одмор, саботен благослов и саботна светост. Саботниот одмор, саботниот благослов и саботната светост Бог не ги сместил во вакуум, туку во некаква рамка. За таа цел Бог изделил дел од времето, седмиот дел од времето, седмиот ден, како временска рамка во која ги сместил саботниот одмор, саботниот благослов и саботната светост. Според тоа, седмиот ден, кој се вика сабота, е таа „биолошка“ или „матична черупка“ во која Бог ги сместил саботниот одмор, саботниот благослов и саботната светост, кои претставуваат неделива интегрална целина, целина која е активна, силна и моќна единствено во рамките на саботниот ден. Надвор од саботниот ден таа интегрална целина нема сила и се распаѓа. Саботниот благослов и саботната светост, искорнати од почвата на седмиот ден, од саботниот ден, и засадени на почвата на првиот ден во седмицата, во неделата, се мртва школка сместена во туѓа черупка.
Никаде во Писмото не се кажува дека неделата е свет и благословен ден, дека неделата е света, или „света недела“. Да запомнеме, никаде! Тоа предимство и тие атрибути ѝ припаѓаат само и единствено на саботата.
Почитувани, така предвидел, така кажал и така напишал Господ Бог со својот прст во писмото од Синај. А Тома Аквински – како сака! А Католичката црква – како сака! А Православната црква – како сака!
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон – Десетте Божји заповеди“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈИОТ ЗАКОН – ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ
Почнуваме да зборуваме за стожерот околу кој се врти нашето спасение што го остварил нашиот Спасител на Голгота - за Божјиот закон, за Десетте Божји заповеди. Зборуваме за проблемот што предизвикал војна на небото - за тврдењата на Луцифера дека Бог своите созданија...
Десет Божји заповеди
I Јас сум Господ, Бог твој, кој те изведов од земјата египетска, од домот на ропството. Немој да имаш други богови освен мене! II Не прави си идол, ниту каква и да е слика од она што е горе на небото, или долу на земјата, или во водите под земјата! Немој да им се...
Кој верува во мене како што е кажано во Писмото!
Веќе беше нагласено дека, кога Христос кажува „Кој верува во мене како што е кажано во Писмото“, Тој мисли на целото Свето писмо, интегрално, на Стариот и Новиот завет заедно. Христос однапред знаел кои новозаветни списи ќе се напишат, кога ќе се напишат, кој ќе ги...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.