„Кој верува во мене како што е кажано во Писмото!“ – Исуc

Веќе беше нагласено дека, кога Христос кажува „Кој верува во мене како што е кажано во Писмото“, Тој мисли на целото Свето писмо, интегрално, на Стариот и Новиот завет заедно. Христос однапред знаел кои новозаветни списи ќе се напишат, кога ќе се напишат, кој ќе ги напише, како ќе ги напише и што сè во нив ќе напише, зашто и новозаветните списи ќе бидат напишани под водство и контрола на Светиот Дух, исто како и старозаветните списи. Затоа Христос однапред новозаветните списи ги приклучува кон списите на Стариот завет и тој нивни заедничи интегритет го нарекува „Писмо“. Кога апостол Павле кажува дека „Сето Писмо е од Бога дадено (2. Тимотеј 3,16), поголем дел од новозаветните списи веќе биле напишани.

Сепак, православните теолози упорно настојуваат да докажат дека оваа Христова изјава се однесува на Стариот завет зашто, велат тие, „Кога Христос се изјаснил на овој начин за Писмото, Новиот Завет не ни бил почнат да се пишува!“

Го прифаќаме ова тврдење на нашите колеги од Православната црква, дека таа Христова изјава се однесува на Стариот завет, и за неа ќе дадеме толкување.

На планината Синај Бог на човештвото со своја рака му предал свое лично писмо кое пред тоа громогласно го изговорил усно пред милионски израелски народ. Кое е тоа писмо што ни го предал Бог во таа пригода на Синај, повторуваме, тоа лично писмо, со своја рака? Тоа се двете камени плочи со Божјиот свет Закон. Тоа лично писмо од Синај се Десетте Божји заповеди. Да го анализираме тој библиски извештај од библиските текстови што беа посочени на претходните страници.

Бог слегува од небото на планината Синај, каде што го изговара својот Закон, Десетте заповеди: „Кога Господ го сврши разговорот со Мојсеја на Синајската гора, му даде две … плочи камени, напишани со прст Божји.“ „Господ ги напиша на плочи – Десетте заповеди.“ „Плочите беа испишани на двете страни.“ „Плочите беа дело Божје.“ „Писмото беше писмо Божје.“ „Писмото беше… врежано на плочите.“

Значи, Бог на плочите од Синај ги напишал Десетте заповеди – само Десетте заповеди, ништо друго. Во тој текст два пати се повторува зборот „писмо“, истиот збор од Христовата изјава. Според тоа, кога Христос изјавува: „Кој верува во мене КАКО ШТО КАЖУВА ПИСМОТО“, Тој нè упатува на ПИСМОТО ОД СИНАЈ, НА ПИСМОТО ШТО БИЛО НАПИШАНО НА ПЛОЧИТЕ, А НА ПЛОЧИТЕ БИЛЕ НАПИШАНИ ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ. Оттаму, повеќе од јасно е дека Христос ни кажува: „КОЈ ВЕРУВА ВО МЕНЕ КАКО ШТО КАЖУВААТ ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ!“

Да видиме што кажуваат Десетте Божји заповеди од Синај? Десетте заповеди заповедаат. Тие се Божји заповеди кои заповедаат. Бог заповеда! Што заповедаат Божјите заповеди? Со втората Божја заповед Бог им заповеда на сите христијани да ги испразнат и да ги исфрлат од своите цркви и од своите домови сите икони, кипови и сите други идоли пред кои се клањаат, пред кои палат свеќи и кандила, пред кои и на кои се молат и на кои им служат. Христос кажува: „Кој верува во мене како што кажува ПИСМОТО“ од Синај, како што кажуваат Десетте Божји заповеди, како што кажува и втората Божја заповед, врежана со Божји прст на камените плочи, која забранува икони, кипови, идоли! (Со оваа материја пак ќе се сретнеме кога ќе зборуваме поопширно за втората Божја заповед.)

Што заповеда четвртата Божја заповед? Четвртата Божја заповед им заповеда на сите христијани, на сите луѓе (на целото човештво), да празнуваат не недала, туку – САБОТА. Христос повикува: „Кој верува во мене како што кажува ПИСМОТО“ од Синај, како што кажуваат Десетте Божји заповеди, како што кажува и четвртата Божја заповед, врежана со Божји прст на камените плочи од Синај!

Почитувани, во четвртата Божја заповед Бог три пати го изговорил зборот САБОТА (шабат). Во четвртата Божја заповед Бог три пати со свој прст го напишал на камените плочи зборот САБОТА (шабат). Во четвртата Божја заповед Бог зборот САБОТА (шабат) три пати го врежал со својот огнен прст на камените плочи. Да, во четвртата Божја заповед три пати Бог го изговорил зборот Сабота, три пати го напишал, го врежал со свој прст, на камените плочи. „Помни си да го празнуваш саботниот ден!“… „Седми ден е сабота.“ „Затоа Господ го благослови и го посвети саботниот ден.“

Почитувани, да запомнеме: „Бог ги кажа сите овие зборови.“ „Господ ги напиша на плочи – Десетте заповеди.“ „Плочите беа дело Божје.“ „Писмото беше писмо Божје.“ „Писмото беше… врежано на плочите.“

Ако Бог ги врежал Десетте заповеди на камени плочи, меѓу нив и втората и четвртата заповед, тогаш кој може нив да ги избрише, да ги одвреже од камените плочи? Никој! За тие заповеди Христос кажува: „Навистина, ви велам, додека постојат небото и земјата, ниту една јота или цртичка од законот нема да се измени!“ (Матеј 5,18). – А христијаните измениле две заповеди! За тие заповеди Христос кажува: „Ако ме љубите, држете ги моите заповеди!“ (Јован 14,15)

Бог дал десет заповеди. Десетте Божји заповеди се десет заповеди, не се девет, не се осум – тие се десет. Ако држиш девет, а не држиш, или ако престапуваша една од нив, ти си  виновен за сè, ти грешиш и грешник си, а „плата за гревот е смрт“ (Јаков 2,10.11; Римјаните 6,23).

Ако Христовата изјава, „Кој верува во мене како што е кажано во Писмото“, ја анализираме во рамките на Стариот завет, пошироко, како што инсистираат православните теолози, тогаш, кон претходната анализа на „Писмото од Синај“ мораме да додадеме и други текстови, зборови, кои исто така се Божји зборови што ни ги дал Бог посредно, преку Мојсеја. Еве некои од нив:

„И Бог го благослови седмиот ден и го освети/посвети, зашто во тој ден си отпочина од сите свои дела што ги создаде.“ „Седми ден е сабота.“ „Свет ден Господов!“ „Мој свет ден!“ „Устата на Господа го изрече тоа!“ „Пазете  ја саботата, бидејќи таа е света за вас!“ (1. Мојсеева 2,3; Исаија 58,13.14; 2. Мојсеева 31,14)

Овие текстови одблизу: „Сабота е седми ден“; сабота е благословен ден; сабота е свет ден – „таа е света“; не е света недела, туку сабота е света; сабота е „свет ден Господов“- Господов ден, не еврејски; Господ кажува: сабота е „мој свет ден“ или Господов ден (Kuriake hemera).. Значи, Господов ден не е недела, туку сабота (Откровение 1,10).

Според тоа, ниту еден од овие саботни прерогативи што ѝ ги припишува Божјата реч на саботата не ѝ припаѓа на неделата. Називот „света недела“ е само фикција во умовите на теолозите и верниците на традиционалната Црква и, за жал, во умовите на теолозите и верниците на протестантските цркви кои празнуваат недела. И затоа, уште еднаш:

Четвртата Божја заповед им заповеда на сите христијани да празнуваат не недала, туку – САБОТА. Христос: „Кој верува во мене како што кажува ПИСМОТО“ од Синај, како што кажуваат Десетте Божји заповеди, како што кажува и четвртата Божја заповед, врежана со Божји прст на плочите од Синај, како што кажува целото Свето писмо – интегрално! (Со оваа материја пак ќе се сретнеме кога ќе зборуваме поопширно за саботата.)

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјиот закон – Десетте Божји заповеди“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БОЖЈИОТ ЗАКОН – ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ

Почнуваме да зборуваме за стожерот околу кој се врти нашето спасение што го остварил нашиот Спасител на Голгота - за Божјиот закон, за Десетте Божји заповеди. Зборуваме за проблемот што предизвикал војна на небото - за тврдењата на Луцифера дека Бог своите созданија...

Десет Божји заповеди

I Јас сум Господ, Бог твој, кој те изведов од земјата египетска, од домот на ропството. Немој да имаш други богови освен мене! II Не прави си идол, ниту каква и да е слика од она што е горе на небото, или долу на земјата, или во водите под земјата! Немој да им се...

Традиционалната Црква извршила упад во Божјиот поредок – извршила диверзија во Божјиот закон

Најголемите црковни авторитети од Запад, Августин (354-430) и подоцна Тома Аквински (1225-1274) извршиле упад во Божјиот поредок - извршиле диверзија во Божјиот закон од Синај. Тие исфрлиле или замениле две од Десетте Божји заповеди. Августин целосно ја исфрлил...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат