Исус се судрува со силите на злото
Исус крстот го поврзувал и со истерување на сатаната: „Сега кнезот на овој свет ќе биде истеран“ (Јован 12,31). Во прашање е директна средба меѓу Христа и сатаната. Исус зачекорил во царството на темнината и лично се соочил со силата на нечестивиот, со кнезот на нашиот свет. Во Евангелието на Јована темнината го означува бунтот на овој свет против Божјата светлина и против Христа, кој самиот е светлина. Темнината е одлика на светот под власт на кнезот на овој свет (Јован 1,5.9; 8,12). Новиот завет недвосмислено сатаната го идентификува со темнината на гревот и смртта (Дела 26,18).
Крстот бил време кога владеела темнина (Лука 22,53) и кога Христос доброволно влегол во царството на темнината, каде што директно се сретнал и се судрил со силите на злото и ги победил. Непосредно пред распнувањето Исус им најавил на своите ученици: „Доаѓа кнезот на овој свет. Тој нема ништо во мене“ (Јован 14,30). Темнината немала власт над Исуса, и според тоа, кога бил подигнат на крст и кога го освоил царството на темнината, Тој го соборил сатаната од престолот: „Бидејќи, пак, децата имаат тело и крв, така и Тој (Христос) зеде учество во тоа (се воплоти), та со смртта го обессили оној кој имаше власт над смртта, односно ѓаволот.“ „Тој ги разоружа поглаварствата и властите и јавно ги осрамоти и ги победи на него (на крстот)“ (Евреите 2,14; Колошаните 2,15).
Фактот што Исус им бил предаден на силите на темнината навестува дека Тој поднесувал осаменост, дека Бог го напуштил. Тоа искуство било израз на Божјиот гнев против гревот, па оттаму неговото страдање било толку силно и неподнсливо, што не можело да се замисли. Во најтемните мигови, кога Христос поднесувал најсилно страдање што воопшто сатаната можел да го предизвика за да ја измачува неговата човечка природа, Отецот го скрил од него своето лице, ја повлекол од Синот својата љубов, својата утеха и сочувство. Тоа не значи дека Бог не го сакал својот Син, туку дека немало посредник преку кој божествената љубов би можела да стигне до него. Тоа подразбира зголемување на оддалеченоста меѓу Отецот и Синот, кој заминува во царството на темнината. Тој вид страдање најмногу го мачело Синот – Бог го напуштил! Тој навистина бил одделен од Отецот поради нашиот грев.
Повлекувањето на божествената наклоност кон Христа предизвикало страшна болка во сржта на битието на Божјиот Син. Тоа ја „прекинало“ или, можеби подобро кажано, „привремено ја запрело“ личната заедница која вечно постоела меѓу Отецот и Синот. Ние не сме во состојба ниту да ја замислиме огромноста и силата на болката којашто Христос ја доживеал на крстот. Тој ја почувствувал напуштеноста во нејзината неизмерна длабина и тоа го натерало да завапи, прашувајќи се што се случува со Отецот кога така го напуштил. Така Божјиот Син, како наш Заменик, во своето битие ја доживеал казната за нашиот грев – нашето вечно одвојување од Бога. На крстот Христос искусил казна за нашиот грев – имено, казна вечна разделба од Отецот. Во тоа искушение неговото срце препукнало. Во тој контекст треба да го сфатиме Исусовиот извик: „Боже мој, Боже мој, зошто ме напушти?“ (Марко 15,34).
По таа изјава „настана темнина по сета земја“ и Марко во својот извештај ги воведува зборовите „извика со силен глас“ (Марко 15,33.34). Темнината првенствено е симбол на Божјиот суд (Исаија 13,9-16; Амос 5,18-20; Еремија 13,16) и веројатно служи да означи дека на крстот е осуден светот за гревот.
Исусовата напуштеност доаѓа оттаму што Отецот го пратил во сферата на гревот и смртта заради нас. Тоа било вистинско одвојување, изделување од Бога. Се чини дека Павле токму на тоа се повикува кога пишува дека „Оној, кој не знаеше за грев, Бог го направи грев заради нас, за да станеме ние Божја праведност во него“ (2. Коринќаните 5,21). Христос станал нешто што не бил пред тоа. Тоа мора да значи дека на некој несфатлив начин Тој го зазел местото на оние кои инаку би поднеле смрт. Значи, Праведникот (Исус), кој не знаел за грев, е направен грев заради нас.
Но Христовите зборови „зошто ме напушти“ не би требало да ги толкуваме така како Бог да го казнува својот Син од одмзада, додека Синот настојува да го убеди Отецот дека треба да нè сака. Тие не биле еден против друг, туку заедно, заради нашето спасение. Што и да се случило на крстот во врска со Христовото напуштање од Бога, обајцата тоа доброволно го прифатиле со иста света љубов без која во никој случај не би било можно нашето помирување со Бога. Бог го сакал својот Син при неговото понижување. Тој најмногу го сакал кога казната поради престапот на неговиот закон паднала врз него.
Сепак, Исус ја искусил онаа лута жалост и стравотијата на она вечно одвојување на грешниците од Бога кога ќе сфатат дека за секогаш се загубени, кога непокајани и натоварени со своите гревови, очајни заминуваат во вечна пропаст. Би било исправно да се заклучи дека основна причина за Христовите патила и страдања била таа што Тој го насетувал и го искусил токму тоа одвојување, таа вечна разделба од Отецот – стравот и ужасот дека тие „безброј тони“ грев на сите грешници на светот што ги натоварил на себе вечно ќе го одделат од Отецот, кој не поднесува грев.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!
Дали Бог можел да го одбегне проблемот на гревот кога, како превентива, не би го создал Луцифера? Прашањето е оправдано. Бидејќи Бог е сезнаен, Тој однапред знаел дека некои од неговите интелигентни суштества ќе се побунат против него. Бидејќи Тој е семоќен, морал да...
Библиска употреба на зборот благодат
Надвор од теолошката сфера зборот благодат во обичниот говор означува најголемо добро. Апостол Павле пишува: „Зашто во него живееме, се движиме и постоиме ... давајќи ви од небото дождови и плодни години и наситувајќи ги вашите срца со храна и веселба ... прави да...
Голема експлозија на Божјата благодат
Дали во вселената некогаш се случила „најголемата експлозија“ на сите времиња од која насатанале вселенските галаксии и вселената воопшто, не е важно за нашата тема за која расправаме. Меѓутоа, најславната и најсилна експлозија не се случила во празнината на...
Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
1. Христовото воплотување
„За да биде величана славата на неговата благодат со која нè дарува во Возљубениот“ - во својот Син (Ефесците 1,6). Спасоносната благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа. Тоа теолозите го нарекуваат „воплотена благодат“, што значи, патот на спасението на...
2. Христовата човечка природа
Новиот завет недвосмислено кажува дека Исус навистина бил човек, роден од жена, со човечка природа. а) Тој е роден како секое друго човечко суштество; растел и се развивал како дете, учел да биде послушен (Евреите 5,8); луѓето знаеле каде е роден, кои му биле...
3. Безгрешен Исус
Вистински да се биде човек не значи да се биде и грешник, зашто по природа гревот не ѝ припаѓа на суштината на човечкото суштество. Според тоа, отсуството на грев кај Христа не ги доведува во прашање полнината и легитимноста на неговата човечка природа. Иако гревот ја...
4. Единството на двете Христови природи
На човечките суштества не им е познато што се случило во утробата на Марија. Треба да бидеме повеќе отколку расположени да признаеме дека Христовото воплотување е надвор од нашето рационалистичко сфаќање. При воплотувањето буквално станува збор за единство меѓу...
5. Повеќе за единството на двете Христови природи
Единството на двете природи во Христа, како што кажавме, е недосеглива тајна. Рано во историјата на христијанската црква теолозите расправале за природата на тоа единство и нуделе различни противречни дефиниции. За да се оконча расправата, во 441 година од новата ера...
6. Гетсиманија
Патот кон Голгота секогаш води низ Гетсиманија, градина во подножјето на Маслинската Гора, спроти Ерусалим, која значи „преса за маслиново масло“. Всушност, Голгота без Гетсиманија е одговор без прашање. А тоа е и прчина што, ако сакаме конечно да ја дознаеме...
7. Голгота
Дванаесет часа подоцна, в петок попладне, Исус виси на римски крст на Голгота. Неговите плеќи, под тешкиот груб крст, се избраздени со отворени грди крвави пруги, разорени до месо од ситните ковчиња и од металните топченца вплетени во римскиот камшик кој ја раскинал...
8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво
Во Јован 12,31 мигот на својата смрт Исус го поврзува со судењето на светот: „Сега е судот на овој свет.“ Крстот изрекол пресуда против светот која гласи: На него, на крстот, мора да бидат подигнати и распнати сите, апсолутно сите грешници, безброј милијарди,...
10. Божјата патема/страдање
Бидејќи во својот Син ја презел одговорноста за нашиот грев, Бог доброволно решил во себе да ја искуси нашата вечна казна за гревот. За да можеме барем до некаде да согледаме што е опфатено со тоа искуство, мораме да знаеме што се случило внатре во заедницата на...
11. Христос во својот гроб
Божјиот Син слегол в гроб. Таму требало да остане одредено време, сообразно со божествениот план. Бидејќи двете природи биле неразделни, а сепак јасно изделени, не можеме да кажеме дека смртта ги разделила. Ниту пак можеме да кажеме дека човечката природа останала...
12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст
Христовиот совршен живот и неговата смрт биле неразделни составни делови на Божјата благодат. Совршениот живот, во себе и по себе, не би можел да се избори со казната за престапот. Христовиот совршен живот не може да биде одговор на гревот; тоа може да биде само...
13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен
„Но го гледаме Исуса, кој беше за кратко време помал од ангелите, овенчан со слава и чест зарди претрпената смрт, кој по Божјата благодат ја вкуси смртта за сите“ (Евреите 2,9), односно смрт за секое човечко суштество, дури и за она најлошото во човечкиот вид. Од...
14. Изобилие на благодат
Бидејќи станува збор за многу значајна тема, истите мисли од претходниот поднаслов да ги прикажеме уште еднаш малку поинаку. Божјата благодат е толку голема покривка, што не постои ниту еден грев које не е опфатен и покриен со неа, кој не е под нејзините стреи. Таа е...
15. Универзална и индивидуална благодат
Со својата благодат Бог го опфаќа целото човештво, сите луѓе. Но погрешно е да се тврди дека ќе биде спасен секој човек. Универзалната благодат само овозможува спасение. Таа е универзална по тоа што со Христовото страдање на крстот секому му е дадена можност со вера...
16. Прв и втор Адам
Во Римјаните во 5. глава Павле кажува како сме паднале во грев и како сме спасени од него: „Смртта, пак, царуваше од Адама до Мојсеја, дури и над оние кои не згрешија како Адам, кој е претслика на Оној (на Христа) што требаше да дојде... Зашто како што со...
17. Божјата благодат е сила која преобразува
Силата на благодатта е толку голема што може да се соочи со силата на гревот, да ја победи и да доведе во постоење ново создание во Исуса Христа. Божествената енергија, неопходна за обнова на грешните созданија, е далеку поголема од енергијата со која Бог го создал...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.