Голгота
Дванаесет часа подоцна, в петок попладне, Исус виси на римски крст на Голгота. Неговите плеќи, под тешкиот груб крст, се избраздени со отворени грди крвави пруги, разорени до месо од ситните ковчиња и од металните топченца вплетени во римскиот камшик кој ја раскинал неговата нежна кожа при претходното камшикување. Нервите, тетивите и крвните садови на неговите раце и нозе биле испокинати со три железни клинови, долги по петнаесет сантиметри, кои џелатот ги зачукал во дрвената подлога на крстот.
Така ние крстот го гледаме како предмет на неиздржливи физички болки, зар не? Тоа навистина се смртни болки, варварски начин на мачење, кој предизвикал од Исус да истече неговиот живот. Меѓутоа, до таков заклучок доаѓаме ако сме побрзале на Голгота, а сме пропуштиле прво да се задржиме во Гетсиманија. Зашто, ако Голгота е приказ на човечкото страдање, тогаш има маченици кои пострадале повеќе од Исуса на Голгота. Мнозина послаби од него мирно се соочувале со смртта. Има заболени од рак кои поминуваат денови и седмици со натчовечка болка. Стоиме крај кревет на човек, наш пријател, кој до крај се бори против таа опачна болест. Она што до крај останува со него е кутија со морфиум кој истекува капка по капка во неговите вени како последен човечки научен напор да му се намалат страдањата при смртта која му се приближува. Не може да се каже дека три часа на Голгота можат да се изедначат со три месеци умирање од рак.
Ако крстот за нас стане симбол на физичката болка, тогаш сме ја промашиле суштината. Постои разлика меѓу мачениците и оние кои умираат од рак и Исуса Христа. Првите можат да умрат со надеж во воскресение од смртта и во повторна заедница со Бога, но Исус ќе го искуси ужасот на разделбата од Отецот, ужасот дека Бог ќе се откаже од него. Искусил смрт во страв дека по неа нема да има воскресение во живот ниту повторна заедница со Отецот. Вечна смрт, вечна разделба! Со таков ужас Исус ја напуштил Гетсиманија и се упатил кон Голгота.
Според записите на евангелистите, тој кобен петок Голгота и Исуса на крстот ги наметнал таинствен црн погребен плашт (Марко 15,33). Во тој натприроден мрак во Христовото срце се повторува очајната гетсиманска борба. Но сега, она од што Исус се згрозувал во градината, тука, на врвот на брегот се овистинило. Овде од Исусовото растреперено срце немало извик „Ава“, „Тате“, „Оче“. Во тие мигови, во темнината, еден глас пека во очај: „Боже мој, Боже мој, зошто ме напушти?“ (Марко 15,34)
Неговата душа се тресела во Гетсиманија и очајувала на Голгота. За да нè спаси такви какви што сме ти и јас, Тој бил подготвен да се загуби себеси. И така, тој кобен петок, кој засекогаш останал петок, се чинело како крвав меч да ја пресекол врската меѓу Исусовото срце и срцето на неговиот Отец. „Боже мој, Боже мој!“ И Исус умрел – од Бога оставен Бог!
Во текот на целиот свој живот Христос на паднатиот свет му објавувал добри вести за милоста и љубовта на Отецот кој проштава. Често зборувал за спасение за најголемите грешници. Но сега, со страшниот товар на гревот што го носел, не можел да го види милостивото лице на Отецот. Повлекувањето на божественото лице од Спасителот во овој час на најголеми страдања го проболо неговото срце со таква болка која човекот никогаш не ќе може потполно да ја разбере. Неговата душевна болка била толку голема, што одвај ги чувствувал своите физички болки. Сатаната го нагрвалувал Исусовото срце со жестоки искушенија. Спасителот не можел да види преку гробот. Надежта не му покажувала дека ќе излезе од него како победник. Се плашел дека гревот му е толку одвратен на Бога, што нивната разделба ќе биде вечна.
„Боже мој, Боже мој, зошто ме напушти?“ Тој крик е доволен доказ дека Исус на крстот ја искусил крајната стравотија и ужасот на завршните последици на гревот, што значи, ќе биде конечно, за сета вечност разделен од Ава, од Отецот. Гледаме дека Голгота не е слика на човечката болка. Таа е слика на божествената цена за гревот која Исус во целост ја платил.
Додека стоиме меѓу Гетсиманија и Голгота, нашите срца се соочени со два неотповикливи и крајни факти: колку е страшен нашиот грев, но и колку чудесна е неговата љубов и неговата благодат. Бил подготвен да се раздели од Бога за сета вечност за да може Бог да нè спаси нас за сета вечност! Оставен за да можеме ние да да бидеме најдени, отфрлен за да можеме ние да имаме втора прилика. Во целиот наш слаб човечки јазик нема израз за таа и за таква жртва, освен зборот ЉУБОВ.
За таа љубов зборува апостол Павле: „Зашто уверен сум дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту кое-годе друго создание, не ќе може да нè одвои од Божјата љубов која е во Христа Исуса, нашиот Господ“ (Римјаните 8,37-39).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!
Дали Бог можел да го одбегне проблемот на гревот кога, како превентива, не би го создал Луцифера? Прашањето е оправдано. Бидејќи Бог е сезнаен, Тој однапред знаел дека некои од неговите интелигентни суштества ќе се побунат против него. Бидејќи Тој е семоќен, морал да...
Библиска употреба на зборот благодат
Надвор од теолошката сфера зборот благодат во обичниот говор означува најголемо добро. Апостол Павле пишува: „Зашто во него живееме, се движиме и постоиме ... давајќи ви од небото дождови и плодни години и наситувајќи ги вашите срца со храна и веселба ... прави да...
Голема експлозија на Божјата благодат
Дали во вселената некогаш се случила „најголемата експлозија“ на сите времиња од која насатанале вселенските галаксии и вселената воопшто, не е важно за нашата тема за која расправаме. Меѓутоа, најславната и најсилна експлозија не се случила во празнината на...
Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
1. Христовото воплотување
„За да биде величана славата на неговата благодат со која нè дарува во Возљубениот“ - во својот Син (Ефесците 1,6). Спасоносната благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа. Тоа теолозите го нарекуваат „воплотена благодат“, што значи, патот на спасението на...
2. Христовата човечка природа
Новиот завет недвосмислено кажува дека Исус навистина бил човек, роден од жена, со човечка природа. а) Тој е роден како секое друго човечко суштество; растел и се развивал како дете, учел да биде послушен (Евреите 5,8); луѓето знаеле каде е роден, кои му биле...
3. Безгрешен Исус
Вистински да се биде човек не значи да се биде и грешник, зашто по природа гревот не ѝ припаѓа на суштината на човечкото суштество. Според тоа, отсуството на грев кај Христа не ги доведува во прашање полнината и легитимноста на неговата човечка природа. Иако гревот ја...
4. Единството на двете Христови природи
На човечките суштества не им е познато што се случило во утробата на Марија. Треба да бидеме повеќе отколку расположени да признаеме дека Христовото воплотување е надвор од нашето рационалистичко сфаќање. При воплотувањето буквално станува збор за единство меѓу...
5. Повеќе за единството на двете Христови природи
Единството на двете природи во Христа, како што кажавме, е недосеглива тајна. Рано во историјата на христијанската црква теолозите расправале за природата на тоа единство и нуделе различни противречни дефиниции. За да се оконча расправата, во 441 година од новата ера...
6. Гетсиманија
Патот кон Голгота секогаш води низ Гетсиманија, градина во подножјето на Маслинската Гора, спроти Ерусалим, која значи „преса за маслиново масло“. Всушност, Голгота без Гетсиманија е одговор без прашање. А тоа е и прчина што, ако сакаме конечно да ја дознаеме...
8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво
Во Јован 12,31 мигот на својата смрт Исус го поврзува со судењето на светот: „Сега е судот на овој свет.“ Крстот изрекол пресуда против светот која гласи: На него, на крстот, мора да бидат подигнати и распнати сите, апсолутно сите грешници, безброј милијарди,...
9. Исус се судрува со силите на злото
Исус крстот го поврзувал и со истерување на сатаната: „Сега кнезот на овој свет ќе биде истеран“ (Јован 12,31). Во прашање е директна средба меѓу Христа и сатаната. Исус зачекорил во царството на темнината и лично се соочил со силата на нечестивиот, со кнезот на...
10. Божјата патема/страдање
Бидејќи во својот Син ја презел одговорноста за нашиот грев, Бог доброволно решил во себе да ја искуси нашата вечна казна за гревот. За да можеме барем до некаде да согледаме што е опфатено со тоа искуство, мораме да знаеме што се случило внатре во заедницата на...
11. Христос во својот гроб
Божјиот Син слегол в гроб. Таму требало да остане одредено време, сообразно со божествениот план. Бидејќи двете природи биле неразделни, а сепак јасно изделени, не можеме да кажеме дека смртта ги разделила. Ниту пак можеме да кажеме дека човечката природа останала...
12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст
Христовиот совршен живот и неговата смрт биле неразделни составни делови на Божјата благодат. Совршениот живот, во себе и по себе, не би можел да се избори со казната за престапот. Христовиот совршен живот не може да биде одговор на гревот; тоа може да биде само...
13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен
„Но го гледаме Исуса, кој беше за кратко време помал од ангелите, овенчан со слава и чест зарди претрпената смрт, кој по Божјата благодат ја вкуси смртта за сите“ (Евреите 2,9), односно смрт за секое човечко суштество, дури и за она најлошото во човечкиот вид. Од...
14. Изобилие на благодат
Бидејќи станува збор за многу значајна тема, истите мисли од претходниот поднаслов да ги прикажеме уште еднаш малку поинаку. Божјата благодат е толку голема покривка, што не постои ниту еден грев које не е опфатен и покриен со неа, кој не е под нејзините стреи. Таа е...
15. Универзална и индивидуална благодат
Со својата благодат Бог го опфаќа целото човештво, сите луѓе. Но погрешно е да се тврди дека ќе биде спасен секој човек. Универзалната благодат само овозможува спасение. Таа е универзална по тоа што со Христовото страдање на крстот секому му е дадена можност со вера...
16. Прв и втор Адам
Во Римјаните во 5. глава Павле кажува како сме паднале во грев и како сме спасени од него: „Смртта, пак, царуваше од Адама до Мојсеја, дури и над оние кои не згрешија како Адам, кој е претслика на Оној (на Христа) што требаше да дојде... Зашто како што со...
17. Божјата благодат е сила која преобразува
Силата на благодатта е толку голема што може да се соочи со силата на гревот, да ја победи и да доведе во постоење ново создание во Исуса Христа. Божествената енергија, неопходна за обнова на грешните созданија, е далеку поголема од енергијата со која Бог го создал...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.