Гетсиманија

Патот кон Голгота секогаш води низ Гетсиманија, градина во подножјето на Маслинската Гора, спроти Ерусалим, која значи „преса за маслиново масло“. Всушност, Голгота без Гетсиманија е одговор без прашање. А тоа е и прчина што, ако сакаме конечно да ја дознаеме вистината, прво мораме да побрзаме во градината, пред да се упатиме кон крстот. Според тоа, одиме прво во Гетсиманија за да ги посматраме сцените што се одигрувале таму.

Во Гетсиманија Исус му се обраќа на својот Отец: „Еве, мојата душа е вознемирена, и што да кажам? Оче, избави ме од овој час! Но, заради тоа и дојдов до овој час!“ (Јован 12,27.28).

Очекуваната смрт на крстот страшно го потресла Исусовото внатрешно битие. Тој чувствувал природна одвратност кон смртта. Глаголот „вознемири“ се однесува на длабокиот внатрешен немир, на менталната и духовната разбранетост, очекувајќи го необичниот настан што се приближувал. Искуството што го насетувал било она искуство што набргу ќе го доживее на крстот, протолкувано во неговиот ум на единствен начин.

Додека Исус се приближувал кон Гетсиманија, неговата емоционална состојба рапидно и радикално се менувала; наместо мир и спокој, настанал длабок внатрешен пресврт. Кај него настапило внатрешно емоционално нарушување, заканувајќи се сериозно да му го загрози животот.

Марко кажува: „И го обзеде тага и голема мака“ (Марко 14,33). Грчките зборови што се употребени овде буквално значат дека Исуса го обзело „чувство на застрашувачко изненадување“. Нешто почнало да се случува со него! Овде се опишува состојба на силна и длабока емоционална возбуда предизвикана со нешто неочекувано или со нешто што збунува, возбуда со негативна природа, веројатно означена како состојба на забуна и вчудовиденост предизвикана од неможноста да ја разбере природата на искуството низ кое поминувал. Исус им рекол на своите три ученика: „Мојата душа е нажалена до смрт“ (Марко 14,34). Тоа е длабока жалост и тага и подразбира жестока внатрешна борба. Неговата внатрешна состојба била толку нарушена, што се чинело дека се наоѓа на праг на смртта.

Во Гетсиманија суштината на Исусовото битие поминувала низ силна уривачка емоционална луња опасна по животот која веќе го земала данокот на неговото тело. Тој бил подготвен да умре, да го положи  својот живот за грешниците кои тоа не го заслужиле, како што сме вие и јас. Размерите на стравот и борбата во него биле огромни, така што неговиот живот почнал да исчезнува, што се гледало од дробните капки крвава пот кои се тркалале низ неговото лице на земјата. Кога не би дошол Божји ангел да го закрепне, Тој веројатно би умрел во Гетсиманија (Лука 22,44).

Дали е тоа истиот Исус кој само пред неколку минути во горната соба рекол: „Ова ви го кажав за радоста моја да остане во вас и радоста ваша да се исполни.“ Дали е тоа истиот Исус кој само пред неколку часа мошне расположен им рекол на своите ученици: „Да не се плаши вашето срце!“ Дали е тоа истиот Исус кој со искрена одушевеност ја пеел пасхалната химна: „Славете го Господа сите народи… зашто е голема милоста негова кон нас.“ Ако сето тоа е така, тогаш со него се случувало нешто засташувачко тешко.

„Мојата душа е нажалена до смрт“, им рекол, „останете тука и молете се“ (Марко 14,34-37). Петре, Јоване, Јакове, мене нешто ми се случува. Молете се за мене. „И отиде малку подалеку и падна ничкум наземи.“ Тетеравејќи се и придржувајќи се за земјата, како некои мрачни сили да го влечат во пеколот, Исус со очаен глас го сече тивкиот ноќен воздух: „Ава, Оче!“, извикнал. „Ава“ е арамејски збор и значи „тате“. „Драги мој тате, татко!“, липа Исус на студената земја, „тргни ја оваа чаша од мене“, да не ја пијам!“ Каква чаша? Исус не се осмелува ниту да го именува стравот што го обзел неговото срце.

„Симоне, спиеш ли?“, го прашува Петра. „Не можете ли да бдеете еден час“ со мене? Трагично, зар не? Сè што барал Исус од него било еден час. Дали е тоа премногу што го бара Христос од нас? Еден час?

Лука 22,44: „А кога се најде во претсмртни маки, се молеше уште поусрдно, а потта му прилегаше на капки крв што паѓаа на земјата.“

Можеме ли макар да замислиме низ што поминувал овој Човек, овој Бого-Човек? Светото писмо кажува: „Плата за гревот е смрт“ (Римјаните 6,23). За гревот се добива плата, а плата е смрт. Каква смрт? Бидејќи противвредност на смртта е живот вечен, соодветно на тоа и платата за гревот е вечна смрт. Евреите 2,9: „… ја вкуси смртта за сите.“ Каков вид смрт вкусил Исус? Смрт каква што заслужува секое човечко суштество како бунтовен грешник – вечна смрт. Што значи сето ова за Исуса, за него, „кој не знаеше за грев… и кој не направи грев ниту се најде измама во неговата уста“ (2. Коринќаните 5,21; 1. Петрово 2,22)? Тоа значи дека Тој мора да поднесе вечна смрт – вечна разделба од Оној кој е извор на секој живот. А кој е тој извор? Секако, тоа е Бог – Оној со кого Христос, пред да се воплоти, го делел вечното минато. Никогаш веќе да не го види Бога, никогаш веќе да не биде со Отецот кој некогаш бил негов вечен соработник и заедничар, Оној со кого ја делел љубовта уште пред да настане вселената!?

Паднат ничкум на земја во Гетсиманија, Исус ги зарива прстите во почвата и плаче од тага и очај кои го кинат неговото срце: „Оче мој! За тебе сè е можно. Тргни ја оваа чаша од мене! Но не како што сакам јас, туку како што сакаш ти!“ (Марко 14,36)

Три пати ја изустил оваа молитва. Три пати човечката природа се повлекла пред последната и најголема жртва. Настапил страшниот миг, мигот на одлука за судбината на светот. Судбината на човештвото се тресела на мерилата. Христос можел дури и сега да ја одбие чашата доделена на грешниот човек. Уште не било доцна. Можел да ја избрише крвавата пот од своето чело и да го остави човекот да загине во своето беззаконие.

Дали можеби мислиме дека Христос во Гетсиманија бил сам? Во никој случај. Можеме да бидеме сигурни дека и отпаднатиот Луцифер, ангелот кој се побунил против Бога, бил завиткан во црните сенки на Гетсиманија. И за него, како врховен непријател во вселената и на човештвото на земјата, настапил решавачкиот миг за сè или ништо. Ако Христос отиде на Голгота и умре како вечен доказ за божествената љубов, тогаш за него и за неговите легиони ќе одѕвони посмртно ѕвоно. Така, со огнена пеколна жестокост, додека учениците спиеле, тој, кој се устремил на Исуса во пустината, се устремил на него и сега во градината.

„Пушти ги нека умрат. Пушти ги нека умрат, нека умрат…“, му шепотел на срцето на Богочовекот. „Напушти ги, спаси се себеси, Исусе, оди си дома кај својот Отец, каде што и припаѓаш… Овој свет е мој свет и мое царство… и тие сите ми припаѓаат мене… Не им е грижа… Никому не му е грижа… Ни Бог веќе не се грижи за тебе. Затоа оди си дома, кај Отецот, каде што припаѓаш.“

Дали ова било искушение за Исуса? Крвавата почва над која вапел Исус во сребрениот мрак во Гетсиманија е доволен одговор.

Чашата на мистеријата се тетеравела и речиси се истурила во неговите раце. Но таа ноќ Тој одлучил. Независно од тоа колку висока ќе биде цената, Тој ќе го спаси човекот. Бидејќи донел одлука, со конечен очаен крик паднал како мртов на земјата.

Агонијата на неговото срце била толку голема, што Христос би умрел во темнината на Гетсиманија кога не би дошол ангел од небесниот престол со сведоштво за љубовта на Отецот. Учениците нека спијат. Овој ангел ќе го избрише крвавото чело на својот сакан Заповедник. И на Исуса ќе му биде дадено доволно сила да излезе од Гетсиманија и да се искачи на Голгота. По секоја цена ќе нè спаси тебе и мене.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Дали Бог можел да го одбегне проблемот на гревот кога, како превентива, не би го создал Луцифера? Прашањето е оправдано. Бидејќи Бог е сезнаен, Тој однапред знаел дека некои од неговите интелигентни суштества ќе се побунат против него. Бидејќи Тој е семоќен, морал да...

Библиска употреба на зборот благодат

Надвор од теолошката сфера зборот благодат во обичниот говор означува најголемо добро. Апостол Павле пишува: „Зашто во него живееме, се движиме и постоиме ... давајќи ви од небото дождови и плодни години и наситувајќи ги вашите срца со храна и веселба ... прави да...

Голема експлозија на Божјата благодат

Дали во вселената некогаш се случила „најголемата експлозија“ на сите времиња од која насатанале вселенските галаксии и вселената воопшто, не е важно за нашата тема за која расправаме. Меѓутоа, најславната и најсилна експлозија не се случила во празнината на...

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

1. Христовото воплотување

„За да биде величана славата на неговата благодат со која нè дарува во Возљубениот“ - во својот Син (Ефесците 1,6). Спасоносната  благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа. Тоа теолозите го нарекуваат „воплотена благодат“, што значи, патот на спасението на...

2. Христовата човечка природа

Новиот завет недвосмислено кажува дека Исус навистина бил човек, роден од жена, со човечка природа. а) Тој е роден како секое друго човечко суштество; растел и се развивал како дете, учел да биде послушен (Евреите 5,8);  луѓето знаеле каде е роден, кои му биле...

3. Безгрешен Исус

Вистински да се биде човек не значи да се биде и грешник, зашто по природа гревот не ѝ припаѓа на суштината на човечкото суштество. Според тоа, отсуството на грев кај Христа не ги доведува во прашање полнината и легитимноста на неговата човечка природа. Иако гревот ја...

4. Единството на двете Христови природи

На човечките суштества не им е познато што се случило во утробата на Марија. Треба да бидеме повеќе отколку расположени да признаеме дека Христовото воплотување е надвор од нашето рационалистичко сфаќање. При воплотувањето буквално станува збор за единство меѓу...

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

Единството на двете природи во Христа, како што кажавме, е недосеглива тајна. Рано во историјата на христијанската црква теолозите расправале за природата на тоа единство и нуделе различни противречни дефиниции. За да се оконча расправата, во 441 година од новата ера...

7. Голгота

Дванаесет часа подоцна, в петок попладне, Исус виси на римски крст на Голгота. Неговите плеќи, под тешкиот груб крст, се избраздени со отворени грди крвави пруги, разорени до месо од ситните ковчиња и од металните топченца вплетени во римскиот камшик кој ја раскинал...

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

Во Јован 12,31 мигот на својата смрт Исус го поврзува со судењето на светот: „Сега е судот на овој свет.“ Крстот изрекол пресуда против светот која гласи: На него, на крстот, мора да бидат подигнати и распнати сите, апсолутно сите грешници, безброј милијарди,...

9. Исус се судрува со силите на злото

Исус крстот го поврзувал и со истерување на сатаната: „Сега кнезот на овој свет ќе биде истеран“ (Јован 12,31). Во прашање е директна средба меѓу Христа и сатаната. Исус зачекорил во царството на темнината и лично се соочил со силата на нечестивиот, со кнезот на...

10. Божјата патема/страдање

Бидејќи во својот Син ја презел одговорноста за нашиот грев, Бог доброволно решил во себе да ја искуси нашата вечна казна за гревот. За да можеме барем до некаде да согледаме што е опфатено со тоа искуство, мораме да знаеме што се случило внатре во заедницата на...

11. Христос во својот гроб

Божјиот Син слегол в гроб. Таму требало да остане одредено време, сообразно со божествениот план.  Бидејќи двете природи биле неразделни, а сепак јасно изделени, не можеме да кажеме дека смртта ги разделила. Ниту пак можеме да кажеме дека човечката природа останала...

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

Христовиот совршен живот и неговата смрт биле неразделни составни делови на Божјата благодат. Совршениот живот, во себе и по себе, не би можел да се избори со казната за престапот. Христовиот совршен живот не може да биде одговор на гревот; тоа може да биде само...

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

„Но го гледаме Исуса, кој беше за кратко време помал од ангелите, овенчан со слава и чест зарди претрпената смрт, кој по Божјата благодат ја вкуси смртта за сите“ (Евреите 2,9), односно смрт за секое човечко суштество, дури и за она најлошото во човечкиот вид. Од...

14. Изобилие на благодат

Бидејќи станува збор за многу значајна тема, истите мисли од претходниот поднаслов да ги прикажеме уште еднаш малку поинаку. Божјата благодат е толку голема покривка, што не постои ниту еден грев које не е опфатен и покриен со неа, кој не е под нејзините стреи. Таа е...

15. Универзална и индивидуална благодат

Со својата благодат Бог го опфаќа целото човештво, сите луѓе. Но погрешно е да се тврди дека ќе биде спасен секој човек. Универзалната благодат само овозможува спасение. Таа е универзална по тоа што со Христовото страдање на крстот секому му е дадена можност со вера...

16. Прв и втор Адам

Во Римјаните во 5. глава Павле кажува како сме паднале во грев и како сме спасени од него: „Смртта, пак, царуваше од Адама до Мојсеја, дури и над оние кои не згрешија како Адам, кој е претслика на Оној (на Христа) што требаше да дојде... Зашто како што  со...

17. Божјата благодат е сила која преобразува

Силата на благодатта е толку голема што може да се соочи со силата на гревот, да ја победи и да доведе во постоење ново создание во Исуса Христа. Божествената енергија, неопходна за обнова на грешните созданија, е далеку поголема од енергијата со која Бог го создал...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат