Повеќе за единството на двете Христови природи

Единството на двете природи во Христа, како што кажавме, е недосеглива тајна. Рано во историјата на христијанската црква теолозите расправале за природата на тоа единство и нуделе различни противречни дефиниции. За да се оконча расправата, во 441 година од новата ера свикан е црковен собор во градот Халкидон. Светот широко ја прифатил таканаречената Халкидонска дефиниција. Во неа се тврдело дека Христос бил вистински Бог и вистински човек, дека својствата на двете природи останале недопрени и дека двете природи биле обединети во една личност, во Божјиот Син. Тоа единство не било соединување на две лица, туку соединување на Божјиот Син и човечката природа. При слевањето, или при соединувањето на двете природи во Него, божествената природа не ги примила својствата на човечката природа, ниту човечката природа станала божествена; секоја од нив го задржала својот суштински карактер и своите особини. Луѓето имаат разум, совест, памтење, волја, наклоност. Исус имал разум, совест, памтење, волја и наклоност на човечката душа која била обединета со неговата божествена природа. Божјиот  Син навистина зел човечка природа.

Фактот што двете природи останале јасно препознатливи подразбира дека е исправно да се помислува оти при воплотувањето постоеле две волји, човечка и божествена. Тоа ни помага да разбереме дека Исус можел да падне во искушението. Бог не може да биде искушан со гревот, но човечката природа можела да биде искушана. Тоа исто така ни помага да сфатиме дека, иако божествената природа била сезнајна, човечката не била. Човечката природа ги зголемувала своите сознанија за природата и мисијата на Божјиот Син (Лука 2,52). Тоа не значи дека двете природи биле радикално одвоени, и дека поради тоа имаме две лица наместо едно. Божественото и човечкото биле соединети и, според тоа, сè што искусила човечката природа, истото се случувало и со божествената.

Овде би морале да направиме внимателна разлика. Божествената природа ги доживувала чувствата, емоциите, борбите и искушенијата на човечката природа. На пример, кога човечката природа била жедна, гладна, искушувана или што било друго, божествената природа на единствен и директен начин го доживувала она што тоа искуство значело за човечките суштества. Сето тоа го доживувала севкупноста на личноста на Божјиот Син. Од друга страна, кога божествената природа ја користела божествената сила да исцелува болни, човечката природа станувала средство преку кое таа сила допирала до другите. Кога болната жена ја допрела Исусовата облека и била исцелена, Марко кажува дека „веднаш Исус почувствува во себе сила што излезе од него“ (Марко 5,30). Таа жена ја исцелила силата на Божјиот Син, но неговата човечка природа на единствен начин ја искусила силата која не ја поседувала сама по себе. Тоа било резултат на соединувањето на двете природи. Тоа единство им дозволувало на апостолите својствата и на човечкото и на божественото да ги применат на исто лице.

Воплотувањето претпоставува дека, станувајќи човечко суштество, вечниот Божји Син искусил и извесни ограничувања. Текстот во Филипјаните 2,6-11 тврди дека пред воплотувањето Христос бил Бог „кој не го сметаше како нешто приграбено тоа што е еднаков со Бога, туку се лиши (се испразни) самиот себеси, земајќи лик на слуга, станувајќи сличен на луѓето. И откако стана сличен на човек, Тој се понизи самиот себеси и стана послушен до смрт, дури до смрт на крст.“

Божјиот Син претставува воплотување со изразите: „се лиши самиот себеси“ и „се понизи самиот себеси (се направи ништожен, се испразни себеси“). Би било неисправно да се тврди дека Христос, станувајќи човек, се испразнил себеси од сите свои божествени атрибути. Во тој случај воплотувањето не би претставувало целосно откривање на Бога во човечко тело. Тогаш што мислел Павле кога рекол дека Христос „се испразни себеси?“

Филипјаните 2,7 ни го појаснува тој израз. Тој станал ништожен така што „зел лик на слуга, станувајќи сличен на луѓето… и стана сличен на човек“. Со други зборови, тоа Христово празнење од себеси, тоа самопонижување се гледа кога станал послушен Божји слуга. Божествените атрибути и сили биле ограничени во таа смисла што Тој ги користел само тогаш кога Отецот сметал дека е потребно да ги користи – значи, во исклучителна послушност кон Отецот.

Сепак, мораме да се прашаме дали Тој буквално се испразнил себеси од нешто? Одговорот мора да биде: Да! Павле кажува: „Позната ви е благодатта на нашиот Господ Исус Христос како, заради вас, од богат стана сиромав“ (2. Коринќаните 8,9). Не е битно како ги толкуваме зборовите „од богат“; фактот што зад тоа следи „стана сиромав“ значи дека Тој се испразнил себеси од нешто кога станал човек. Се чини дека во оваа тајна Јован внесува искра на светлина. Исус се моли на Отецот: „А сега, Оче, прослави ме ти, во себе самиот, со славата што ја имав кај тебе уште пред создавањето на светот“ (Јован 17,5). Молитвата претпоставува дека Синот уживал во единствена слава со Отецот во таа предпостоечка состојба. Тогаш можеби би било исправно да се заклучи дека Исусовиот престој на земјата не значи само небитна промена на сцената, туку загуба на тоа предземско постоење што го имал некогаш.

Би можеле да кажеме дека Христос, кога својата божествена природа ја наметнал со човечка, сето време бил Бог, но не се појавувал како Бог. Тој со превез го засолнил манифестирањето на Божеството кое налагало почит и предизвикувало восхит во Божјата вселена. Тој бил Бог додека престојувал на земјата, но се лишил себеси од Божјата лика и наместо неа, зел човечка лика. Тој ја одложил својата слава и величество. Бил Бог, но за извесно време се откажал од славното Божје обличје.

Двете природи биле таинствено споени во една личност, во човекот Исус Христос. Божествената природа, здружена со човечката, давала можност Тој да им подлегне на сатанските искушенија. Нема потреба за шпекулации во врска со тоа што би се случило кога она, човечкото, би подлегнало во искушението, зашто не подлегнало!

Додека Христос учел други, и сам примал светлина и знаење за сопствената задача и мисија во светот, зашто јасно е кажано дека Христос „напредуваше во мудроста“. Додека ги посматрал приносите што се носеле како жртва во храмот, Светиот Дух го поучувал за тоа дека неговиот живот треба да биде жртвуван за животот на светот. Исус го откривал своето божество со моќни чуда кои биле резултат на неговата божествена сила. Тие обезбедувале непогрешлив доказ за божествената Христова природа. Тој никогаш не ја користел својата божествена сила за лична корист. Тој, кој правел чуда за другите, ништо не правел за себе. Тој, кој бил заповедник во небесните дворови, ја одложил својата царска облека и круна и, наметнувајќи ја својата божествена природа со човечка, дошол на овој свет на човекот да му донесе божествена сила и да се стави на чело на човечкиот род.

Не е спорно дека без воплотувањето не би постоело ниту помирување на грешниот човечки род со Бога. Со тајната на воплотувањето Бог зачекорил и длабоко навлегол во сферата на своите созданија на единствен начин. Тој трајно станал наш нераскинлив дел и достапен за нас во димензии кои, сепак, не можеме во целост да ги сфатиме. Неговиот безгрешен живот му омозможил да умре наместо грешникот. А неговата божествена природа, воплотена во човечко тело, ја платила казната за гревот и ослободила благодат и живот за покајаните грешници. Слегувајќи на земјата, Тој ја открил не само Божјата жртвена љубов, туку и Господовиот идеал за човечките суштества. Христос ни дал пример што треба да го следиме, додека со силата на Духот стануваме слични со него.

Да заокружиме! Христовото воплотување е спој и трајно единство на божественото и човечкото, спој и единство на Божеството и човештвото во една личност, во вечниот Божји Син. Второ, секоја природа ги задржала своите сопствени својства – човечкото не е подигнато на ниво на божественото, ниту божественото е понижено (спуштено) на ниво на човечкото, што подразбира присуство на две волји во воплотениот Божји Син. Трето, ако признеме дека како резултат на тоа вечно единство божественото го искусило она низ што поминувала човечката природа, тогаш насетуваме дека Исусовото страдање од Гетсиманија до смртта на крстот го доживувале и човечката и божествената природа, што значи, севкупноста на неговата личност.

Четврто, кажавме дека по воскресението, Божјиот Син, Исус, нашата човечка природа ја однел директно до престолот на Отецот (1. Тимотеј 2,5) и таа природа ќе ја сочува низ сета вечност. Трајната обединетост на човечкото и божественото во Христовата личност значи дека тоа и на крстот било неразделно. Кога го разгледуваме овој предмет, треба да внимаваме да не создадеме впечаток дека Христовата божествена природа умрела на крстот. Бог е бесмртен. Помирувањето барало не смрт на Бога, туку смрт на побунетите човечки созданија. Поради бунтот и гревот тие го проиграле животот и ја одбрале смртта – вечната смрт. И токму нивната смрт како казна за гревот Божјиот Син ја презел на себе како наш заменик. На крстот грешната човечка природа била усмртена, што на верниците им овозможило во Христа да умрат за гревот и наново да се родат слични на Божјиот Син.

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Дали Бог можел да го одбегне проблемот на гревот кога, како превентива, не би го создал Луцифера? Прашањето е оправдано. Бидејќи Бог е сезнаен, Тој однапред знаел дека некои од неговите интелигентни суштества ќе се побунат против него. Бидејќи Тој е семоќен, морал да...

Библиска употреба на зборот благодат

Надвор од теолошката сфера зборот благодат во обичниот говор означува најголемо добро. Апостол Павле пишува: „Зашто во него живееме, се движиме и постоиме ... давајќи ви од небото дождови и плодни години и наситувајќи ги вашите срца со храна и веселба ... прави да...

Голема експлозија на Божјата благодат

Дали во вселената некогаш се случила „најголемата експлозија“ на сите времиња од која насатанале вселенските галаксии и вселената воопшто, не е важно за нашата тема за која расправаме. Меѓутоа, најславната и најсилна експлозија не се случила во празнината на...

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

1. Христовото воплотување

„За да биде величана славата на неговата благодат со која нè дарува во Возљубениот“ - во својот Син (Ефесците 1,6). Спасоносната  благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа. Тоа теолозите го нарекуваат „воплотена благодат“, што значи, патот на спасението на...

2. Христовата човечка природа

Новиот завет недвосмислено кажува дека Исус навистина бил човек, роден од жена, со човечка природа. а) Тој е роден како секое друго човечко суштество; растел и се развивал како дете, учел да биде послушен (Евреите 5,8);  луѓето знаеле каде е роден, кои му биле...

3. Безгрешен Исус

Вистински да се биде човек не значи да се биде и грешник, зашто по природа гревот не ѝ припаѓа на суштината на човечкото суштество. Според тоа, отсуството на грев кај Христа не ги доведува во прашање полнината и легитимноста на неговата човечка природа. Иако гревот ја...

4. Единството на двете Христови природи

На човечките суштества не им е познато што се случило во утробата на Марија. Треба да бидеме повеќе отколку расположени да признаеме дека Христовото воплотување е надвор од нашето рационалистичко сфаќање. При воплотувањето буквално станува збор за единство меѓу...

6. Гетсиманија

Патот кон Голгота секогаш води низ Гетсиманија, градина во подножјето на Маслинската Гора, спроти Ерусалим, која значи „преса за маслиново масло“. Всушност, Голгота без Гетсиманија е одговор без прашање. А тоа е и прчина што, ако сакаме конечно да ја дознаеме...

7. Голгота

Дванаесет часа подоцна, в петок попладне, Исус виси на римски крст на Голгота. Неговите плеќи, под тешкиот груб крст, се избраздени со отворени грди крвави пруги, разорени до месо од ситните ковчиња и од металните топченца вплетени во римскиот камшик кој ја раскинал...

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

Во Јован 12,31 мигот на својата смрт Исус го поврзува со судењето на светот: „Сега е судот на овој свет.“ Крстот изрекол пресуда против светот која гласи: На него, на крстот, мора да бидат подигнати и распнати сите, апсолутно сите грешници, безброј милијарди,...

9. Исус се судрува со силите на злото

Исус крстот го поврзувал и со истерување на сатаната: „Сега кнезот на овој свет ќе биде истеран“ (Јован 12,31). Во прашање е директна средба меѓу Христа и сатаната. Исус зачекорил во царството на темнината и лично се соочил со силата на нечестивиот, со кнезот на...

10. Божјата патема/страдање

Бидејќи во својот Син ја презел одговорноста за нашиот грев, Бог доброволно решил во себе да ја искуси нашата вечна казна за гревот. За да можеме барем до некаде да согледаме што е опфатено со тоа искуство, мораме да знаеме што се случило внатре во заедницата на...

11. Христос во својот гроб

Божјиот Син слегол в гроб. Таму требало да остане одредено време, сообразно со божествениот план.  Бидејќи двете природи биле неразделни, а сепак јасно изделени, не можеме да кажеме дека смртта ги разделила. Ниту пак можеме да кажеме дека човечката природа останала...

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

Христовиот совршен живот и неговата смрт биле неразделни составни делови на Божјата благодат. Совршениот живот, во себе и по себе, не би можел да се избори со казната за престапот. Христовиот совршен живот не може да биде одговор на гревот; тоа може да биде само...

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

„Но го гледаме Исуса, кој беше за кратко време помал од ангелите, овенчан со слава и чест зарди претрпената смрт, кој по Божјата благодат ја вкуси смртта за сите“ (Евреите 2,9), односно смрт за секое човечко суштество, дури и за она најлошото во човечкиот вид. Од...

14. Изобилие на благодат

Бидејќи станува збор за многу значајна тема, истите мисли од претходниот поднаслов да ги прикажеме уште еднаш малку поинаку. Божјата благодат е толку голема покривка, што не постои ниту еден грев које не е опфатен и покриен со неа, кој не е под нејзините стреи. Таа е...

15. Универзална и индивидуална благодат

Со својата благодат Бог го опфаќа целото човештво, сите луѓе. Но погрешно е да се тврди дека ќе биде спасен секој човек. Универзалната благодат само овозможува спасение. Таа е универзална по тоа што со Христовото страдање на крстот секому му е дадена можност со вера...

16. Прв и втор Адам

Во Римјаните во 5. глава Павле кажува како сме паднале во грев и како сме спасени од него: „Смртта, пак, царуваше од Адама до Мојсеја, дури и над оние кои не згрешија како Адам, кој е претслика на Оној (на Христа) што требаше да дојде... Зашто како што  со...

17. Божјата благодат е сила која преобразува

Силата на благодатта е толку голема што може да се соочи со силата на гревот, да ја победи и да доведе во постоење ново создание во Исуса Христа. Божествената енергија, неопходна за обнова на грешните созданија, е далеку поголема од енергијата со која Бог го создал...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат