Единството на двете Христови природи
На човечките суштества не им е познато што се случило во утробата на Марија. Треба да бидеме повеќе отколку расположени да признаеме дека Христовото воплотување е надвор од нашето рационалистичко сфаќање. При воплотувањето буквално станува збор за единство меѓу божественото и човечкото кое се формирало во човечко тело. Христос станал „место“ на кое божествената и човечката природа се вкрстиле и трајно се соединиле. Тоа единство било подлабоко од единството што постоело порано меѓу Бога и луѓето. Иако тие две природи останале одвоени, она што се случило не било едноставно вселување на божественото во човечкото, туку вистинско воплотување (отелотворување).
Библијата не ни кажува што се случило во мигот кога овие две природи се соединиле во утробата на Марија. Со отелотворувањето Бог станал човек и полнината на божеството престојувала во човечко тело.
Кога би била изгубена само една или неколку божествени особини во текот на отелотворувањето, тогаш тоа не би било отелотворување на Бога. Павле кажува дека пред отелотворувањето Христос по својата природа бил „еднаков со Бога“ (Филипјаните 2,6), но со отелотворувањето Тој зел „обличје на слуга“, станувајќи сличен на луѓето“ (стих 7). Иако во потполност бил Бог, Исус комплетно се потчинил на авторитетот и волјата на Отецот, но кога го направил тоа, Тој не се откажал ниту од една од своите божествени особини. Во текот на отелотворувањето, она што во Исуса било божествено, било скриено, но тоа секогаш било во целост присутно. Било неопходно Бог да дојде во човечко тело, зашто само Бог можел да нè спаси.
Ова е најтаинствениот настан во историјата на универзумот познат на Божјите интелигентни созданија и го надминува нивниот интелектуален капацитет. Семоќниот Бог, Творец, кого „не можат да го опфатат ни небесата ни небесата над небесата“ (1. Царевите 8,27), се наоѓа во утроба на едно свое создание! Ова прашање ќе го проучуваме во текот на целата вечност и пак не ќе можеме да ја сфатиме и да ја одгатнеме таа тајна. Овде молчењето е злато, зашто тоа навистина е „голема тајна“, тајна над сите тајни во која и „ангелите копнеат да загледаат“ (1. Петрово 1,12). На нашата планета се раѓа „Емануел, Бог со нас“. Факт е дека Исус бил во потполност Бог, Бог во човечко тело (Јован 1.1; 2,14; Евреите 1,3). Се раѓа како човечко бебе и станува човек, станува „Син човечки“, Спасител Исус Христос, кој битките со гревот ги води како човек, потпирајќи се врз силата на Отецот и Светиот Дух, врз истата сила врз која можеме и треба да се потпираме и ние во нашите битки со искушенијата.
Светото писмо не настојува точно да ни опише како биле поврзани човечките и божествените особини во Исусовата природа. Но тоа јасно ни кажува дека Христос бил една единствена личност. Тоа не расправа за техничките подробности на тоа единство, туку јасно изјавува дека такво единство постоело, дека Синот бил роден од жена и навистина бил Божји син (Галатите 4,4). Христос не ја зел човечката природа само привидно; Тој навистина ја зел. Тој навистина имал човечка природа.
Човечкиот ум е премногу ограничен за да може да ја дефинира оваа чудесна тајна – спојувањето на двете природи – на божествената и човечката – во едно суштество, во една личност со две природи, личност со Божја и со човечка природа. Каква спротивност меѓу Божеството и беспомошното новороденче во витлеемските јасли! Како да се премости дистанцата меѓу Семоќниот Бог и едно беспомошно дете? А сепак, факт е дека Творецот на сите светови, Оној во кого „во телесен облик живее сета полнота на Божеството“ (Колошаните 2,9), се појавил како беспомошно новороденче положено во јасли.
Повисок и повозвишен од секој ангел, еднаков со Отецот во достоинството и славата, а сепак примил на себе човечка природа! При воплотувањето божественото и човечкото, Божјата и човечката природа, чудесно и таинствено се споиле, и Бог и човекот станале едно, човештвото се поврзало со Бога.
Иако Христовата слава за извесно време била засолнета со неговата човечка природа, сепак, кога Тој станал човек, не престанал да биде Бог. Христос навистина станал и бил човек, но Тој бил и Бог во тело – едновремено вистински човек и вистински Бог, една личност со две природи – со човечка и со Божја природа.
Кога Христос би дошол како Бог, човечките очи не би можеле да ја изрджат неговата појава. Спротивноста би била премногу голема и мачна, а светлината на неговата слава за луѓето неиздржлива. Човечката природа не би можела да ја издржи дури ни светлината на еден ангел од небесната светлина. Затоа Христос не зел ниту природа на ангел. Божеството преку Христовата човечка природа засветило со придушени светлосни зраци. Меѓутоа, светот одвај малку повеќе од триесет години можел да го издржи присуството на својот Спасител.
Зошто толку големи и длабоки понижувања за нашиот Спасител. Одговорот е еден: гревот тоа го барал! Ѓаволот и неговиот изум – гревот – го струполие во такви понижувања. Немало друг пат што можел да го одбере и да го изоди за да ја оконча таа свирепа борба со гревот. „Бидјеќи, пак, децата имаат учество во телото и крвта, така и Тој зеде учество во тоа, та со смртта да го обессили оној кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот“ (Евреите 2,14).
Преку човечката Христова природа ние сме стапиле во многу поинтимна заедница со Бога отколку никогаш да не сме паднале во грев. Преку таа природа, со која станал дел на човечкото семејство, Спасителот се поврзал со човештвото со врска која никогаш нема да се раскине, а тоа значи дека со неа Тој е поврзан со нас низ сета вечност. По воскресението Христос се вознел на небото со посветена, прославена и бесмртна човечка природа. Тој неа ја понел со себе на небесниот престол, во небесните дворови, и истата ќе ја носи низ сета вечност како Оној кој го откупил од гревот секое човечко суштество и му подарил спасение и вечен живот секому кој сакал вечен живот. И тоа е благодат.
Кога не би постоела благодатта, гревот би го голтнал светот, секого, и сите би нè уништил за сета вечност. Покајанието и отфрлањето на гревот е добро, но не и доволно. Гревот е како минатото кое не може да биде изменето со ништо што ќе се стори во иднина, како ни мртвото тело што не може да се врати во живот ниту со помош на најдобри лекови. Може да се отстрани само гревот кој е простен, а само Божјата благодат овозможува проштавање.
Сè што ни е потребно се наоѓа во Исуса Христа. Надвор од него е само пропаст, недостојност и грев како сила која ќе нè подјарми и зароби. Без Христа ние како единки сме отуѓени од Бога, во состојба на целосно сиромаштво, осудени на потполно истребување. Почитувани, тоа е воплотена Божја благодат.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!
Дали Бог можел да го одбегне проблемот на гревот кога, како превентива, не би го создал Луцифера? Прашањето е оправдано. Бидејќи Бог е сезнаен, Тој однапред знаел дека некои од неговите интелигентни суштества ќе се побунат против него. Бидејќи Тој е семоќен, морал да...
Библиска употреба на зборот благодат
Надвор од теолошката сфера зборот благодат во обичниот говор означува најголемо добро. Апостол Павле пишува: „Зашто во него живееме, се движиме и постоиме ... давајќи ви од небото дождови и плодни години и наситувајќи ги вашите срца со храна и веселба ... прави да...
Голема експлозија на Божјата благодат
Дали во вселената некогаш се случила „најголемата експлозија“ на сите времиња од која насатанале вселенските галаксии и вселената воопшто, не е важно за нашата тема за која расправаме. Меѓутоа, најславната и најсилна експлозија не се случила во празнината на...
Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
1. Христовото воплотување
„За да биде величана славата на неговата благодат со која нè дарува во Возљубениот“ - во својот Син (Ефесците 1,6). Спасоносната благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа. Тоа теолозите го нарекуваат „воплотена благодат“, што значи, патот на спасението на...
2. Христовата човечка природа
Новиот завет недвосмислено кажува дека Исус навистина бил човек, роден од жена, со човечка природа. а) Тој е роден како секое друго човечко суштество; растел и се развивал како дете, учел да биде послушен (Евреите 5,8); луѓето знаеле каде е роден, кои му биле...
3. Безгрешен Исус
Вистински да се биде човек не значи да се биде и грешник, зашто по природа гревот не ѝ припаѓа на суштината на човечкото суштество. Според тоа, отсуството на грев кај Христа не ги доведува во прашање полнината и легитимноста на неговата човечка природа. Иако гревот ја...
5. Повеќе за единството на двете Христови природи
Единството на двете природи во Христа, како што кажавме, е недосеглива тајна. Рано во историјата на христијанската црква теолозите расправале за природата на тоа единство и нуделе различни противречни дефиниции. За да се оконча расправата, во 441 година од новата ера...
6. Гетсиманија
Патот кон Голгота секогаш води низ Гетсиманија, градина во подножјето на Маслинската Гора, спроти Ерусалим, која значи „преса за маслиново масло“. Всушност, Голгота без Гетсиманија е одговор без прашање. А тоа е и прчина што, ако сакаме конечно да ја дознаеме...
7. Голгота
Дванаесет часа подоцна, в петок попладне, Исус виси на римски крст на Голгота. Неговите плеќи, под тешкиот груб крст, се избраздени со отворени грди крвави пруги, разорени до месо од ситните ковчиња и од металните топченца вплетени во римскиот камшик кој ја раскинал...
8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво
Во Јован 12,31 мигот на својата смрт Исус го поврзува со судењето на светот: „Сега е судот на овој свет.“ Крстот изрекол пресуда против светот која гласи: На него, на крстот, мора да бидат подигнати и распнати сите, апсолутно сите грешници, безброј милијарди,...
9. Исус се судрува со силите на злото
Исус крстот го поврзувал и со истерување на сатаната: „Сега кнезот на овој свет ќе биде истеран“ (Јован 12,31). Во прашање е директна средба меѓу Христа и сатаната. Исус зачекорил во царството на темнината и лично се соочил со силата на нечестивиот, со кнезот на...
10. Божјата патема/страдање
Бидејќи во својот Син ја презел одговорноста за нашиот грев, Бог доброволно решил во себе да ја искуси нашата вечна казна за гревот. За да можеме барем до некаде да согледаме што е опфатено со тоа искуство, мораме да знаеме што се случило внатре во заедницата на...
11. Христос во својот гроб
Божјиот Син слегол в гроб. Таму требало да остане одредено време, сообразно со божествениот план. Бидејќи двете природи биле неразделни, а сепак јасно изделени, не можеме да кажеме дека смртта ги разделила. Ниту пак можеме да кажеме дека човечката природа останала...
12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст
Христовиот совршен живот и неговата смрт биле неразделни составни делови на Божјата благодат. Совршениот живот, во себе и по себе, не би можел да се избори со казната за престапот. Христовиот совршен живот не може да биде одговор на гревот; тоа може да биде само...
13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен
„Но го гледаме Исуса, кој беше за кратко време помал од ангелите, овенчан со слава и чест зарди претрпената смрт, кој по Божјата благодат ја вкуси смртта за сите“ (Евреите 2,9), односно смрт за секое човечко суштество, дури и за она најлошото во човечкиот вид. Од...
14. Изобилие на благодат
Бидејќи станува збор за многу значајна тема, истите мисли од претходниот поднаслов да ги прикажеме уште еднаш малку поинаку. Божјата благодат е толку голема покривка, што не постои ниту еден грев које не е опфатен и покриен со неа, кој не е под нејзините стреи. Таа е...
15. Универзална и индивидуална благодат
Со својата благодат Бог го опфаќа целото човештво, сите луѓе. Но погрешно е да се тврди дека ќе биде спасен секој човек. Универзалната благодат само овозможува спасение. Таа е универзална по тоа што со Христовото страдање на крстот секому му е дадена можност со вера...
16. Прв и втор Адам
Во Римјаните во 5. глава Павле кажува како сме паднале во грев и како сме спасени од него: „Смртта, пак, царуваше од Адама до Мојсеја, дури и над оние кои не згрешија како Адам, кој е претслика на Оној (на Христа) што требаше да дојде... Зашто како што со...
17. Божјата благодат е сила која преобразува
Силата на благодатта е толку голема што може да се соочи со силата на гревот, да ја победи и да доведе во постоење ново создание во Исуса Христа. Божествената енергија, неопходна за обнова на грешните созданија, е далеку поголема од енергијата со која Бог го создал...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.