Безгрешен Исус
Вистински да се биде човек не значи да се биде и грешник, зашто по природа гревот не ѝ припаѓа на суштината на човечкото суштество. Според тоа, отсуството на грев кај Христа не ги доведува во прашање полнината и легитимноста на неговата човечка природа. Иако гревот ја оштетил човечката природа така што значително го изопачил нејзиното првобитно од Бога дадено совршенство, и иако сега сите луѓе „ја загубиле Божјата слава“ (Римјаните 3,23), Исус бил без грев, бил безгрешен.
За својата безгрешност Исус кажува: „Доаѓа кнезот (сатаната) на овој свет, но тој во мене нема ништо“ (Јован 14,30). Веќе беше кажано како ангелот ѝ најавил на Мрија дека „она што ќе се роди ќе биде свето“ (Лука 1,35).
За неговата светост и безгрешност читаме и на многу други места во Светото писмо: „Во него нема грев“ (1. Јованово 3,5); „Тој не знаеше за грев“ (2. Коринќаните 5,21); „Христос е невино и чисто јагне… кое не направи грев“ (1. Петрово 1,19; 2,22); „Бил искушуван во сè, како нас, но без грев“ (Евреите 4,15).
Фактот што Исус останал недопрен од гревот го изделува од останатите човечки суштества. Би била грешка неговата човечка природа да се идентификува со Адамовата природа затоа што Тој зел човечка природа ослабена и расипана со гревот во текот на четири илјади години, а сепак неизвалкана и без дамка. Но не би било добро неговата безгрешност да се толкува така како Исус да не можел да згреши. По неговото крштавање сатаната го искушувал во мошне сурови услови во пустина, но Исус не подлегнал во искушението (Матеј 4,1-11).
Можноста од паѓање во грев и побуна против Божјата волја не претпоставуваат нужно падната човечка природа. Сè зависи од слободната волја. Космичкиот судир укажува дека слободните и совршени суштества, кои живеат во непосредна Божја близина, можеле да решат да се побунат против него. Слободата на волјата може да се злоупотреби, но Исус решил никогаш да не го стори тоа. За неговото дело на откуп и помирување на грешното човешто со Бога било неопходно Тој да совлада секое искушение и да биде слободен од гревот. Помирувањето е цврсто втемелено во Христовата безгрешност.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!
Дали Бог можел да го одбегне проблемот на гревот кога, како превентива, не би го создал Луцифера? Прашањето е оправдано. Бидејќи Бог е сезнаен, Тој однапред знаел дека некои од неговите интелигентни суштества ќе се побунат против него. Бидејќи Тој е семоќен, морал да...
Библиска употреба на зборот благодат
Надвор од теолошката сфера зборот благодат во обичниот говор означува најголемо добро. Апостол Павле пишува: „Зашто во него живееме, се движиме и постоиме ... давајќи ви од небото дождови и плодни години и наситувајќи ги вашите срца со храна и веселба ... прави да...
Голема експлозија на Божјата благодат
Дали во вселената некогаш се случила „најголемата експлозија“ на сите времиња од која насатанале вселенските галаксии и вселената воопшто, не е важно за нашата тема за која расправаме. Меѓутоа, најславната и најсилна експлозија не се случила во празнината на...
Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
1. Христовото воплотување
„За да биде величана славата на неговата благодат со која нè дарува во Возљубениот“ - во својот Син (Ефесците 1,6). Спасоносната благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа. Тоа теолозите го нарекуваат „воплотена благодат“, што значи, патот на спасението на...
2. Христовата човечка природа
Новиот завет недвосмислено кажува дека Исус навистина бил човек, роден од жена, со човечка природа. а) Тој е роден како секое друго човечко суштество; растел и се развивал како дете, учел да биде послушен (Евреите 5,8); луѓето знаеле каде е роден, кои му биле...
4. Единството на двете Христови природи
На човечките суштества не им е познато што се случило во утробата на Марија. Треба да бидеме повеќе отколку расположени да признаеме дека Христовото воплотување е надвор од нашето рационалистичко сфаќање. При воплотувањето буквално станува збор за единство меѓу...
5. Повеќе за единството на двете Христови природи
Единството на двете природи во Христа, како што кажавме, е недосеглива тајна. Рано во историјата на христијанската црква теолозите расправале за природата на тоа единство и нуделе различни противречни дефиниции. За да се оконча расправата, во 441 година од новата ера...
6. Гетсиманија
Патот кон Голгота секогаш води низ Гетсиманија, градина во подножјето на Маслинската Гора, спроти Ерусалим, која значи „преса за маслиново масло“. Всушност, Голгота без Гетсиманија е одговор без прашање. А тоа е и прчина што, ако сакаме конечно да ја дознаеме...
7. Голгота
Дванаесет часа подоцна, в петок попладне, Исус виси на римски крст на Голгота. Неговите плеќи, под тешкиот груб крст, се избраздени со отворени грди крвави пруги, разорени до месо од ситните ковчиња и од металните топченца вплетени во римскиот камшик кој ја раскинал...
8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво
Во Јован 12,31 мигот на својата смрт Исус го поврзува со судењето на светот: „Сега е судот на овој свет.“ Крстот изрекол пресуда против светот која гласи: На него, на крстот, мора да бидат подигнати и распнати сите, апсолутно сите грешници, безброј милијарди,...
9. Исус се судрува со силите на злото
Исус крстот го поврзувал и со истерување на сатаната: „Сега кнезот на овој свет ќе биде истеран“ (Јован 12,31). Во прашање е директна средба меѓу Христа и сатаната. Исус зачекорил во царството на темнината и лично се соочил со силата на нечестивиот, со кнезот на...
10. Божјата патема/страдање
Бидејќи во својот Син ја презел одговорноста за нашиот грев, Бог доброволно решил во себе да ја искуси нашата вечна казна за гревот. За да можеме барем до некаде да согледаме што е опфатено со тоа искуство, мораме да знаеме што се случило внатре во заедницата на...
11. Христос во својот гроб
Божјиот Син слегол в гроб. Таму требало да остане одредено време, сообразно со божествениот план. Бидејќи двете природи биле неразделни, а сепак јасно изделени, не можеме да кажеме дека смртта ги разделила. Ниту пак можеме да кажеме дека човечката природа останала...
12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст
Христовиот совршен живот и неговата смрт биле неразделни составни делови на Божјата благодат. Совршениот живот, во себе и по себе, не би можел да се избори со казната за престапот. Христовиот совршен живот не може да биде одговор на гревот; тоа може да биде само...
13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен
„Но го гледаме Исуса, кој беше за кратко време помал од ангелите, овенчан со слава и чест зарди претрпената смрт, кој по Божјата благодат ја вкуси смртта за сите“ (Евреите 2,9), односно смрт за секое човечко суштество, дури и за она најлошото во човечкиот вид. Од...
14. Изобилие на благодат
Бидејќи станува збор за многу значајна тема, истите мисли од претходниот поднаслов да ги прикажеме уште еднаш малку поинаку. Божјата благодат е толку голема покривка, што не постои ниту еден грев које не е опфатен и покриен со неа, кој не е под нејзините стреи. Таа е...
15. Универзална и индивидуална благодат
Со својата благодат Бог го опфаќа целото човештво, сите луѓе. Но погрешно е да се тврди дека ќе биде спасен секој човек. Универзалната благодат само овозможува спасение. Таа е универзална по тоа што со Христовото страдање на крстот секому му е дадена можност со вера...
16. Прв и втор Адам
Во Римјаните во 5. глава Павле кажува како сме паднале во грев и како сме спасени од него: „Смртта, пак, царуваше од Адама до Мојсеја, дури и над оние кои не згрешија како Адам, кој е претслика на Оној (на Христа) што требаше да дојде... Зашто како што со...
17. Божјата благодат е сила која преобразува
Силата на благодатта е толку голема што може да се соочи со силата на гревот, да ја победи и да доведе во постоење ново создание во Исуса Христа. Божествената енергија, неопходна за обнова на грешните созданија, е далеку поголема од енергијата со која Бог го создал...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.