Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст
Христовиот совршен живот и неговата смрт биле неразделни составни делови на Божјата благодат. Совршениот живот, во себе и по себе, не би можел да се избори со казната за престапот. Христовиот совршен живот не може да биде одговор на гревот; тоа може да биде само неговата смрт – зашто „без пролевање на крв нема проштавање“ на гревот (Евреите 9,22). Светото писмо јасно истакнува дека за помируванње/откуп била потребна крв. Но неговиот совршен живот на неговата смрт ѝ дал смисла и, што е уште позначајно, спасоносна делотворност. Без неговиот совршен живот, неговата смрт не би значела ништо. Како што неговиот живот, сам по себе, не би можел да го откупи гревот, така ниту неговата смрт, без неговиот совршен, безгрешен живот, не би можела да го постигне тоа. Кога Христос би згрешил, ниту неговиот живот ниту неговата смрт не би можеле да спасат никого од нас. Значи, Божјата благодат не била покажана само на крстот. И неговиот живот ја открил таа благодат; крстот неа само ја довел до совршенство.
Праведниот и правичен Бог морал да го казни секој грев, но во својата благодат Тој сите, апсолутно сите гревови ги казнил во Исуса Христа, единствено лице кое не заслужило казна затоа што никогаш не згрешило.
Еве што е благодат: ние, кои сме заслужиле казна, не сме ја добиле, а Исус, кој не заслужил казна, бил казнет. Тоа е најголема манифестација на благодатта што вселената кога и да е ја видела или ќе ја види. Спасението не е само милост; тоа барало нешто многу повеќе, барало благодат.
Да заклучиме: Божјата благодат покажана кон паднатиот човечки род при Христовото воплотување, во Христовиот совршен живот и во неговата смрт на крстот, била нешто ново затоа што и гревот и смртта биле новост за вселената. Благодатта е бескрајно голема, но само затоа што и гревот е бескрајно голем. Не милост, не сожалување, не доброта, не трпение, не толеранција… – туку благодат. Според тоа, Божјата милост, сожалување, доброта, трпение, толеранција… се само рефлексии, параметри или компоненти на Божјата благодат!
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!
Дали Бог можел да го одбегне проблемот на гревот кога, како превентива, не би го создал Луцифера? Прашањето е оправдано. Бидејќи Бог е сезнаен, Тој однапред знаел дека некои од неговите интелигентни суштества ќе се побунат против него. Бидејќи Тој е семоќен, морал да...
Библиска употреба на зборот благодат
Надвор од теолошката сфера зборот благодат во обичниот говор означува најголемо добро. Апостол Павле пишува: „Зашто во него живееме, се движиме и постоиме ... давајќи ви од небото дождови и плодни години и наситувајќи ги вашите срца со храна и веселба ... прави да...
Голема експлозија на Божјата благодат
Дали во вселената некогаш се случила „најголемата експлозија“ на сите времиња од која насатанале вселенските галаксии и вселената воопшто, не е важно за нашата тема за која расправаме. Меѓутоа, најславната и најсилна експлозија не се случила во празнината на...
Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
1. Христовото воплотување
„За да биде величана славата на неговата благодат со која нè дарува во Возљубениот“ - во својот Син (Ефесците 1,6). Спасоносната благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа. Тоа теолозите го нарекуваат „воплотена благодат“, што значи, патот на спасението на...
2. Христовата човечка природа
Новиот завет недвосмислено кажува дека Исус навистина бил човек, роден од жена, со човечка природа. а) Тој е роден како секое друго човечко суштество; растел и се развивал како дете, учел да биде послушен (Евреите 5,8); луѓето знаеле каде е роден, кои му биле...
3. Безгрешен Исус
Вистински да се биде човек не значи да се биде и грешник, зашто по природа гревот не ѝ припаѓа на суштината на човечкото суштество. Според тоа, отсуството на грев кај Христа не ги доведува во прашање полнината и легитимноста на неговата човечка природа. Иако гревот ја...
4. Единството на двете Христови природи
На човечките суштества не им е познато што се случило во утробата на Марија. Треба да бидеме повеќе отколку расположени да признаеме дека Христовото воплотување е надвор од нашето рационалистичко сфаќање. При воплотувањето буквално станува збор за единство меѓу...
5. Повеќе за единството на двете Христови природи
Единството на двете природи во Христа, како што кажавме, е недосеглива тајна. Рано во историјата на христијанската црква теолозите расправале за природата на тоа единство и нуделе различни противречни дефиниции. За да се оконча расправата, во 441 година од новата ера...
6. Гетсиманија
Патот кон Голгота секогаш води низ Гетсиманија, градина во подножјето на Маслинската Гора, спроти Ерусалим, која значи „преса за маслиново масло“. Всушност, Голгота без Гетсиманија е одговор без прашање. А тоа е и прчина што, ако сакаме конечно да ја дознаеме...
7. Голгота
Дванаесет часа подоцна, в петок попладне, Исус виси на римски крст на Голгота. Неговите плеќи, под тешкиот груб крст, се избраздени со отворени грди крвави пруги, разорени до месо од ситните ковчиња и од металните топченца вплетени во римскиот камшик кој ја раскинал...
8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво
Во Јован 12,31 мигот на својата смрт Исус го поврзува со судењето на светот: „Сега е судот на овој свет.“ Крстот изрекол пресуда против светот која гласи: На него, на крстот, мора да бидат подигнати и распнати сите, апсолутно сите грешници, безброј милијарди,...
9. Исус се судрува со силите на злото
Исус крстот го поврзувал и со истерување на сатаната: „Сега кнезот на овој свет ќе биде истеран“ (Јован 12,31). Во прашање е директна средба меѓу Христа и сатаната. Исус зачекорил во царството на темнината и лично се соочил со силата на нечестивиот, со кнезот на...
10. Божјата патема/страдање
Бидејќи во својот Син ја презел одговорноста за нашиот грев, Бог доброволно решил во себе да ја искуси нашата вечна казна за гревот. За да можеме барем до некаде да согледаме што е опфатено со тоа искуство, мораме да знаеме што се случило внатре во заедницата на...
11. Христос во својот гроб
Божјиот Син слегол в гроб. Таму требало да остане одредено време, сообразно со божествениот план. Бидејќи двете природи биле неразделни, а сепак јасно изделени, не можеме да кажеме дека смртта ги разделила. Ниту пак можеме да кажеме дека човечката природа останала...
13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен
„Но го гледаме Исуса, кој беше за кратко време помал од ангелите, овенчан со слава и чест зарди претрпената смрт, кој по Божјата благодат ја вкуси смртта за сите“ (Евреите 2,9), односно смрт за секое човечко суштество, дури и за она најлошото во човечкиот вид. Од...
14. Изобилие на благодат
Бидејќи станува збор за многу значајна тема, истите мисли од претходниот поднаслов да ги прикажеме уште еднаш малку поинаку. Божјата благодат е толку голема покривка, што не постои ниту еден грев које не е опфатен и покриен со неа, кој не е под нејзините стреи. Таа е...
15. Универзална и индивидуална благодат
Со својата благодат Бог го опфаќа целото човештво, сите луѓе. Но погрешно е да се тврди дека ќе биде спасен секој човек. Универзалната благодат само овозможува спасение. Таа е универзална по тоа што со Христовото страдање на крстот секому му е дадена можност со вера...
16. Прв и втор Адам
Во Римјаните во 5. глава Павле кажува како сме паднале во грев и како сме спасени од него: „Смртта, пак, царуваше од Адама до Мојсеја, дури и над оние кои не згрешија како Адам, кој е претслика на Оној (на Христа) што требаше да дојде... Зашто како што со...
17. Божјата благодат е сила која преобразува
Силата на благодатта е толку голема што може да се соочи со силата на гревот, да ја победи и да доведе во постоење ново создание во Исуса Христа. Божествената енергија, неопходна за обнова на грешните созданија, е далеку поголема од енергијата со која Бог го создал...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.