Божјата патема/страдање
Бидејќи во својот Син ја презел одговорноста за нашиот грев, Бог доброволно решил во себе да ја искуси нашата вечна казна за гревот. За да можеме барем до некаде да согледаме што е опфатено со тоа искуство, мораме да знаеме што се случило внатре во заедницата на Божеството, на Тројството, кога Христос умирал на крстот, внимавајќи при тоа на фактот дека тука се приближуваме кон областа на човечки шпекулации, па претпазливоста е крајно битна.
Имаме силно страдање внатре во Божеството. Христовата душа е принесена на жртва за гревот. Тогаш над неговата душа се наднела ужасна темнина затоа што Отецот ја повлекол од него својата љубов и наклоност, бидејќи Тој стоел на местото на грешникот. Таа темнина мора да ја доживее секој грешник. Христос, како парведник, морал да ја поднесе осудата и острицата на Божјиот гнев, но не од одмазда; срцето на Отецот ја проникнувала голема тага додека неговиот Син, без никаква вина, ја поднесувал казната за гревот. И затоа никогаш веќе во текот на вечните времиња нема да настане разделба на божествените сили.
Божеството страдало заедно со Синот кога Тој ја поднесувал казната за гревот. Ние многу малку знаеме за природата на тоа божествено страдање. Единствено страдање во кое имаме искуство и кое го разбираме е нашето сопствено страдање. Но добро знаеме дека Бог страдал со својот Син онака како што само едно божествено суштество е во состојба да страда, за светот да може да биде измирен со него. Кога Отецот ја повлекол својата љубов и својата наклоност од Синот, настанала „разделба на божествените сили“, разделба на членовите на Божеството, разделба на Отецот, Синот и Светиот Дух, во чиешто име се крштаваат оние кои го прифаќаат Христа како свој Спасител.
Во миговите кога Христос на крстот ја доживувал осаменоста и разделбата од Бога, во Божеството (Тројството) се случувало нешто екстремно „мачно“. Тоа се нарекува „божествена pathema /страдање“. Таа „разделба“ не значи едноставно „изделување“. Тоа повеќе значи „раскинување“, подразбирајќи при тоа волја да се раскине нешто што инаку би требало да остане соединето. Мислата што е изразена овде е длабока и тешко е да се сфати во целост. Кога Христос висел на крстот, Божеството доживувало „разделба“, „раскинување на заедницата“! Таква била цената платена за нашиот откуп, без која не би постоело средство за очистување на нашите гревови. Божеството ја искусило вечната разделба на грешните созданија од Бога кога Синот бил исклучен од љубовта и заедницата на другите членови на Божеството.
Како воопшто била можна разделба на Божеството? Преку воплотувањето на Божјиот Син! Соединувањето на човечката и божествената природа на Божјиот Син била тајна; и така, кога човечката природа доживеала разделба од Бога како резултат на гревот, божествената исто така почувствувала разделба од Божеството во бескрајно висок степен. Поради таа одвоеност, човечкото умрело. Но, бидејќи Божеството не можело да умре, тоа останало изделено, одвоено од кругот на Божјата љубов и наклоност во мера што ние како човечки суштества не можеме да го разбереме. Во тој миг Божјиот Син се „испразнил“ од своето „јас“ во тешко досегливи размери.
Разделбата на Божеството – божествена pathema – претставувала казна за гревовите на човечкиот род, која Бог ја искусил жртвувајќи се себеси за да можеме ние повторно да се соединиме со него. Тоа било можно преку Христа кој како наш заменик ги понел нашите гревови и затоа бил исклучен од кругот на божествената љубов и од божествената заедница наместо нас. Би кажале дека страдањето што го искусило Божеството ја надминува севкупноста на казната за гревот на човечкиот род, дури и кога тој во целост би бил уништен. Поинаку кажано, божествената pathema била посилна дури и од огромноста на вечната смрт на сите грешници. Според тоа, сега постои и огромно изобилие на божествена благодат (Рим. 5,21).
Изделувањето и изолацијата на Божјиот Син не треба да се протолкува така како божественото Тројство веќе да не е едно. Тие на таинствен начин продолжиле да бидат едно, обединети околу заедничката цел, имено, околу спасувањето на грешниците кои тоа не го заслужиле, а по висока цена за Божеството.
Исто така постоело единство во страдањето – божествена pathema. Би можело да се каже, а при тоа да не се замагли различноста на улогата на секој член на Божеството во рамките на божествениот план, дека „сам Бог бил распнат со Христа, зашто Христос бил едно со Отецот“. Едноставно не страдала само Христовата личност – неговата природа, божествена и човечка – туку, заедно со него и другите членови на Божеството доживувале агонија. Можеме сосем сигурно да кажеме дека на крстот „семоќниот Бог страдал со својот Син“. Иако правдата барала страдање на човекот, вчудовидува што Христос понудил страдање на Бога. Таа Христова жртва, полна со љубов, е поднесена во рамките на меѓуодносите во Тројството. Тоа заедничко искуство, внатре во Божеството, го сочувало единството на трите Личности – тоа било единство на целосно и комплетно божествено самодавање. Тоа е Божја благодат.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!
Дали Бог можел да го одбегне проблемот на гревот кога, како превентива, не би го создал Луцифера? Прашањето е оправдано. Бидејќи Бог е сезнаен, Тој однапред знаел дека некои од неговите интелигентни суштества ќе се побунат против него. Бидејќи Тој е семоќен, морал да...
Библиска употреба на зборот благодат
Надвор од теолошката сфера зборот благодат во обичниот говор означува најголемо добро. Апостол Павле пишува: „Зашто во него живееме, се движиме и постоиме ... давајќи ви од небото дождови и плодни години и наситувајќи ги вашите срца со храна и веселба ... прави да...
Голема експлозија на Божјата благодат
Дали во вселената некогаш се случила „најголемата експлозија“ на сите времиња од која насатанале вселенските галаксии и вселената воопшто, не е важно за нашата тема за која расправаме. Меѓутоа, најславната и најсилна експлозија не се случила во празнината на...
Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
1. Христовото воплотување
„За да биде величана славата на неговата благодат со која нè дарува во Возљубениот“ - во својот Син (Ефесците 1,6). Спасоносната благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа. Тоа теолозите го нарекуваат „воплотена благодат“, што значи, патот на спасението на...
2. Христовата човечка природа
Новиот завет недвосмислено кажува дека Исус навистина бил човек, роден од жена, со човечка природа. а) Тој е роден како секое друго човечко суштество; растел и се развивал како дете, учел да биде послушен (Евреите 5,8); луѓето знаеле каде е роден, кои му биле...
3. Безгрешен Исус
Вистински да се биде човек не значи да се биде и грешник, зашто по природа гревот не ѝ припаѓа на суштината на човечкото суштество. Според тоа, отсуството на грев кај Христа не ги доведува во прашање полнината и легитимноста на неговата човечка природа. Иако гревот ја...
4. Единството на двете Христови природи
На човечките суштества не им е познато што се случило во утробата на Марија. Треба да бидеме повеќе отколку расположени да признаеме дека Христовото воплотување е надвор од нашето рационалистичко сфаќање. При воплотувањето буквално станува збор за единство меѓу...
5. Повеќе за единството на двете Христови природи
Единството на двете природи во Христа, како што кажавме, е недосеглива тајна. Рано во историјата на христијанската црква теолозите расправале за природата на тоа единство и нуделе различни противречни дефиниции. За да се оконча расправата, во 441 година од новата ера...
6. Гетсиманија
Патот кон Голгота секогаш води низ Гетсиманија, градина во подножјето на Маслинската Гора, спроти Ерусалим, која значи „преса за маслиново масло“. Всушност, Голгота без Гетсиманија е одговор без прашање. А тоа е и прчина што, ако сакаме конечно да ја дознаеме...
7. Голгота
Дванаесет часа подоцна, в петок попладне, Исус виси на римски крст на Голгота. Неговите плеќи, под тешкиот груб крст, се избраздени со отворени грди крвави пруги, разорени до месо од ситните ковчиња и од металните топченца вплетени во римскиот камшик кој ја раскинал...
8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво
Во Јован 12,31 мигот на својата смрт Исус го поврзува со судењето на светот: „Сега е судот на овој свет.“ Крстот изрекол пресуда против светот која гласи: На него, на крстот, мора да бидат подигнати и распнати сите, апсолутно сите грешници, безброј милијарди,...
9. Исус се судрува со силите на злото
Исус крстот го поврзувал и со истерување на сатаната: „Сега кнезот на овој свет ќе биде истеран“ (Јован 12,31). Во прашање е директна средба меѓу Христа и сатаната. Исус зачекорил во царството на темнината и лично се соочил со силата на нечестивиот, со кнезот на...
11. Христос во својот гроб
Божјиот Син слегол в гроб. Таму требало да остане одредено време, сообразно со божествениот план. Бидејќи двете природи биле неразделни, а сепак јасно изделени, не можеме да кажеме дека смртта ги разделила. Ниту пак можеме да кажеме дека човечката природа останала...
12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст
Христовиот совршен живот и неговата смрт биле неразделни составни делови на Божјата благодат. Совршениот живот, во себе и по себе, не би можел да се избори со казната за престапот. Христовиот совршен живот не може да биде одговор на гревот; тоа може да биде само...
13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен
„Но го гледаме Исуса, кој беше за кратко време помал од ангелите, овенчан со слава и чест зарди претрпената смрт, кој по Божјата благодат ја вкуси смртта за сите“ (Евреите 2,9), односно смрт за секое човечко суштество, дури и за она најлошото во човечкиот вид. Од...
14. Изобилие на благодат
Бидејќи станува збор за многу значајна тема, истите мисли од претходниот поднаслов да ги прикажеме уште еднаш малку поинаку. Божјата благодат е толку голема покривка, што не постои ниту еден грев које не е опфатен и покриен со неа, кој не е под нејзините стреи. Таа е...
15. Универзална и индивидуална благодат
Со својата благодат Бог го опфаќа целото човештво, сите луѓе. Но погрешно е да се тврди дека ќе биде спасен секој човек. Универзалната благодат само овозможува спасение. Таа е универзална по тоа што со Христовото страдање на крстот секому му е дадена можност со вера...
16. Прв и втор Адам
Во Римјаните во 5. глава Павле кажува како сме паднале во грев и како сме спасени од него: „Смртта, пак, царуваше од Адама до Мојсеја, дури и над оние кои не згрешија како Адам, кој е претслика на Оној (на Христа) што требаше да дојде... Зашто како што со...
17. Божјата благодат е сила која преобразува
Силата на благодатта е толку голема што може да се соочи со силата на гревот, да ја победи и да доведе во постоење ново создание во Исуса Христа. Божествената енергија, неопходна за обнова на грешните созданија, е далеку поголема од енергијата со која Бог го создал...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.