Христовото воплотување

„За да биде величана славата на неговата благодат со која нè дарува во Возљубениот“ – во својот Син (Ефесците 1,6). Спасоносната  благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа. Тоа теолозите го нарекуваат „воплотена благодат“, што значи, патот на спасението на грешниците задолжително води преку Христовото воплотување (отелотворение).

Приведуваме повеќе библиски стихови за неговото воплотување:

„А според општото признание, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во тело“ (1. Тимотеј 3,16).

„Од почеток беше Речта (Логос, Христос), и Речта беше кај Бога – и Речта беше Бог… И Речта стана тело и се настани меѓу нас.“ (Јован 1,1-3.14)

Вечната Божја Реч (Христос), која била со Бога, и која самата била Бог, дошла да престојува меѓу нас. Во прашање е померање, или преместување од божествената во човечка сфера, што е овде опишано како „тело“.

Истата мисла апостол Павле ја повторува на повеќе места во своите посланија: „Бог го прати својот Син во облик на грешно тело“ (Римјаните 8,3); „Бидејќи децата имаат тело и крв, така и Тој (Христос) зеде учество во тоа… Затоа требаше во сè да стане како своите браќа“ (Евреите 8,3.17); „А кога се исполни времето, Бог го прати својот Син, кој е роден од жена, роден под законот“ (Галатите 4,4);

„Тој (Христос), со Божја природа, не се држеше љубоморно за својата еднаквост со Бога, туку се лиши од неа (од таа еднаквост), земајќи лик на слуга (земајќи човечка природа), станувајќи сличен на луѓето“ (Филипјаните 2,6-8).

На Јосифа, свршеникот на Марија, ангелот му вели: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш Марија за своја жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. Таа ќе роди син и ти ќе му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од неговите гревови“ (Матеј 1,20-23). При тоа Марија го прашува ангелот: „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“ А тој ѝ одговора: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; затоа и Она што ќе се роди ќе биде свето и ќе се нарече Божји Син“ (Лука 1,34.35). Во таа пригода се исполнило пророштвото на пророк Исаија: „Ете, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: ‘Бог е со нас’“ (Исаија 7,14; Матеј 1,20-23). Тоа е натприродно зачнување на девица (Марија) која не знае за маж. Исус не е син на Јосифа. Марија била свршена за него, но „уште додека не беа пристпиле еден кон друг, се виде дека таа е бремена од Светиот Дух“. Ангелот го известува Јосифа дека дтето кое е зачнато во неа е од Светиот Дух. За да го нагласи девичанското Исусово зачнување, библискиот писател ни кажува дека Јосиф немал брачни односи со Марија „додека не го роди својот син“. Девичанското раѓање објавува дека спасението од почеток до крај е Божје, а не човечко дело. Без тоа Исус би бил човечко суштество, како и секое друго, а не Бог во човечко тело.

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Дали Бог можел да го одбегне проблемот на гревот кога, како превентива, не би го создал Луцифера? Прашањето е оправдано. Бидејќи Бог е сезнаен, Тој однапред знаел дека некои од неговите интелигентни суштества ќе се побунат против него. Бидејќи Тој е семоќен, морал да...

Библиска употреба на зборот благодат

Надвор од теолошката сфера зборот благодат во обичниот говор означува најголемо добро. Апостол Павле пишува: „Зашто во него живееме, се движиме и постоиме ... давајќи ви од небото дождови и плодни години и наситувајќи ги вашите срца со храна и веселба ... прави да...

Голема експлозија на Божјата благодат

Дали во вселената некогаш се случила „најголемата експлозија“ на сите времиња од која насатанале вселенските галаксии и вселената воопшто, не е важно за нашата тема за која расправаме. Меѓутоа, најславната и најсилна експлозија не се случила во празнината на...

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Божјата благодат“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

2. Христовата човечка природа

Новиот завет недвосмислено кажува дека Исус навистина бил човек, роден од жена, со човечка природа. а) Тој е роден како секое друго човечко суштество; растел и се развивал како дете, учел да биде послушен (Евреите 5,8);  луѓето знаеле каде е роден, кои му биле...

3. Безгрешен Исус

Вистински да се биде човек не значи да се биде и грешник, зашто по природа гревот не ѝ припаѓа на суштината на човечкото суштество. Според тоа, отсуството на грев кај Христа не ги доведува во прашање полнината и легитимноста на неговата човечка природа. Иако гревот ја...

4. Единството на двете Христови природи

На човечките суштества не им е познато што се случило во утробата на Марија. Треба да бидеме повеќе отколку расположени да признаеме дека Христовото воплотување е надвор од нашето рационалистичко сфаќање. При воплотувањето буквално станува збор за единство меѓу...

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

Единството на двете природи во Христа, како што кажавме, е недосеглива тајна. Рано во историјата на христијанската црква теолозите расправале за природата на тоа единство и нуделе различни противречни дефиниции. За да се оконча расправата, во 441 година од новата ера...

6. Гетсиманија

Патот кон Голгота секогаш води низ Гетсиманија, градина во подножјето на Маслинската Гора, спроти Ерусалим, која значи „преса за маслиново масло“. Всушност, Голгота без Гетсиманија е одговор без прашање. А тоа е и прчина што, ако сакаме конечно да ја дознаеме...

7. Голгота

Дванаесет часа подоцна, в петок попладне, Исус виси на римски крст на Голгота. Неговите плеќи, под тешкиот груб крст, се избраздени со отворени грди крвави пруги, разорени до месо од ситните ковчиња и од металните топченца вплетени во римскиот камшик кој ја раскинал...

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

Во Јован 12,31 мигот на својата смрт Исус го поврзува со судењето на светот: „Сега е судот на овој свет.“ Крстот изрекол пресуда против светот која гласи: На него, на крстот, мора да бидат подигнати и распнати сите, апсолутно сите грешници, безброј милијарди,...

9. Исус се судрува со силите на злото

Исус крстот го поврзувал и со истерување на сатаната: „Сега кнезот на овој свет ќе биде истеран“ (Јован 12,31). Во прашање е директна средба меѓу Христа и сатаната. Исус зачекорил во царството на темнината и лично се соочил со силата на нечестивиот, со кнезот на...

10. Божјата патема/страдање

Бидејќи во својот Син ја презел одговорноста за нашиот грев, Бог доброволно решил во себе да ја искуси нашата вечна казна за гревот. За да можеме барем до некаде да согледаме што е опфатено со тоа искуство, мораме да знаеме што се случило внатре во заедницата на...

11. Христос во својот гроб

Божјиот Син слегол в гроб. Таму требало да остане одредено време, сообразно со божествениот план.  Бидејќи двете природи биле неразделни, а сепак јасно изделени, не можеме да кажеме дека смртта ги разделила. Ниту пак можеме да кажеме дека човечката природа останала...

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

Христовиот совршен живот и неговата смрт биле неразделни составни делови на Божјата благодат. Совршениот живот, во себе и по себе, не би можел да се избори со казната за престапот. Христовиот совршен живот не може да биде одговор на гревот; тоа може да биде само...

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

„Но го гледаме Исуса, кој беше за кратко време помал од ангелите, овенчан со слава и чест зарди претрпената смрт, кој по Божјата благодат ја вкуси смртта за сите“ (Евреите 2,9), односно смрт за секое човечко суштество, дури и за она најлошото во човечкиот вид. Од...

14. Изобилие на благодат

Бидејќи станува збор за многу значајна тема, истите мисли од претходниот поднаслов да ги прикажеме уште еднаш малку поинаку. Божјата благодат е толку голема покривка, што не постои ниту еден грев које не е опфатен и покриен со неа, кој не е под нејзините стреи. Таа е...

15. Универзална и индивидуална благодат

Со својата благодат Бог го опфаќа целото човештво, сите луѓе. Но погрешно е да се тврди дека ќе биде спасен секој човек. Универзалната благодат само овозможува спасение. Таа е универзална по тоа што со Христовото страдање на крстот секому му е дадена можност со вера...

16. Прв и втор Адам

Во Римјаните во 5. глава Павле кажува како сме паднале во грев и како сме спасени од него: „Смртта, пак, царуваше од Адама до Мојсеја, дури и над оние кои не згрешија како Адам, кој е претслика на Оној (на Христа) што требаше да дојде... Зашто како што  со...

17. Божјата благодат е сила која преобразува

Силата на благодатта е толку голема што може да се соочи со силата на гревот, да ја победи и да доведе во постоење ново создание во Исуса Христа. Божествената енергија, неопходна за обнова на грешните созданија, е далеку поголема од енергијата со која Бог го создал...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат