Библиски есхатос (eschatos) – крај на светот

 

Проблемот со блудницата која „седи на многу води“ (над народите), која го јава ѕверот (структурите на властите) и по своја волја управува со него, која „сите народи ги опијани со жестокото вино на својот блуд“ (Откровение 17,1; 18,2.3), конечно ќе го разрешиме подоцна, кога ќе видиме што ќе се случи кога народите кои биле под нејзина палка сепак ќе се отрезнат од тоа пијанство и кога ќе увидат дека биле прелагани и тешко подјармени. А сега истиот проблем да го проучиме од друг агол.

Библиското пророштво предвидува дека двата лути и закрвавени непријатели, меѓу кои со векови постоело непријателство и изолација поради мачното и многу грдо минато, не само што ќе си подадат рака и ќе се помират, туку ќе стапат во коалиција, во сојуз, ќе создадат тандем со чија помош сатаната ќе го предводи светот во последната армагедонска битка против Бога и неговиот народ. Станува збор за двата ѕвера од Откровение 13. глава што веќе ги опишавме, за првиот и вториот ѕвер, за папството и за протестантска, изразито антикатоличка Америка од другата страна на Атлантикот, која израсна во џиновска политичка, економска и воена сила за да ја одигра својата пророчка улога во последните денови како голема светска суперсила на светската сцена.

Тие два ѕвера од Откровението 13. глава во последното време ќе управуваат со светските настани. Првиот излегува од море, а вториот од земја. Уште повеќе, вториот ѕвер му се поклонува на првиот ѕвер, барајќи и од сите што живеат на земјата да му се поклонат на првиот ѕвер и на тој начин да добијат негов жиг, жиг од ѕверот.

Американскиот амбасадор во Ватикан (од 1989-1993 г.), Томас Милади, заклучува: „Верувам дека САД, како светска суперсила и Светата столица (папството), како единствена светска морално-политичка власт, ќе одиграат значајна улога во иднина. Нивните акции ќе влијаат врз животот на луѓето на сите делови на планетата.“1

Веќе видовме дека првиот ѕвер, односно папството, задоби смртоносна рана и дека „смртоносната рана беше исцелена!“ Значи, тоа не е веќе мртво. Оживеа, воскресна! Ги раскина оковите на изолација и мрак и излезе на слобода, на виделина.

„И сета земја се восхити, и тргна по ѕверот… и му се поклонија на ѕверот, велејќи: ‘Кој е како ѕверот и кој може да војува против него?’“ (Откровение 13,3.4). Да забележиме. Сета земја, цел свет, се восхити кога виде како папството, кое беше над двесте години мртво, и за кое се тврдеше дека занавек ќе остане мртво, воскресна, му се исцели смртната рана. Луѓето не само што ќе се чудат и восхитуваат, туку ќе го обожаваат.

„И појде по ѕверот!“ – Значи, папството застанува на чело на планетата Земја, и папата станува сесветски лидер, личност со геополитички димензии, и светот тргна по него, застана зад него, се стави под негово знаме!

Се создава  сеопшто единство, хармонија, сојуз на сатанските сили,  и „сила и област ќе му дадат на ѕверот“.

На ѕверот „му се даде власт над секое племе, народ, јазик и род“ – власт над цел свет (13,7).

Луѓето „му се поклонија на ѕверот“ (на папата) и рекоа: „Кој е како ѕверот и кој може да војува против него?“ – Никој! Никој не е како него, и никој не може да војува против него. Зошто? Затоа што, иако папата нема ниту една дивизија, сепак, очигледно е дека нему ќе му стојат на располагање сите „дивизии“ што ќе му бидат неопходни, зашто зад него застанува цел свет кој го прифаќа како единствен водач со капацитет, способен лидер кој му нуди на човештвото излез од безизлезот во кој западнало. Нуди пресвртница – почеток на илјадагодишна епоха на мир, безбедност, среќа, просперитет на оваа земја…

Ако до неодамна постоеја дилеми околу тоа како може папата да стане светски лидер од таков формат за да го исполни ова библиско пророштво, навистина светот да го прифати токму него како светски водач, кој ќе добие „власт над секое племе, народ, јазик и род“, или власт над цел свет, денес се отстранети сите тие сомневања.

Ова библиско пророштво најсилно и најочигледно почна во подробности, видливо за сите, да се исполнува при закопот на покојниот папа Јован Павле II на 08 април 2005 г., кога тој мртов ги собра политичките и духовните водачи од цел свет да се поклонат пред неговиот одар. Во таа пригода, среде насобраното мноштво од над 4 милиони верници, негови симпатизери, во Рим, ние директно ги слушавме зборовите на пророштвото: Луѓето „му се поклонија на папата и рекоа: ‘Кој е како папата?’“ Слушавме најразлични ласкави коментари од типот: „Папата Јован Павле II треба да се преименува во Јован Павле Велики, зашто тој беше најголем човек не само на столетието, туку и во историјата воопшто!“

Бевме сведоци на невидена еуфорија што го зафати огромното мноштво негови поклоници кои веднаш го прогласија за светец.

Новинарите и анкетите кажуваа дека Јован Павле II беше најпочитувана личност на светот. За време на неговата посета на Филипините во 1995 година, на едно место се собраа, го пречекаа и го поздравија над пет милиони негови поклоници. Тоа беше најголем собир во историјата кој се собрал да види и да слушне еден човек. На споменатиот собир на Филипините и за време на неговиот погреб навистина се виде дека светот не може да исфрли на светската сцена ниту политички, а уште помалку верски водач од таков формат, со такви димензии и авторитет со кои располага папата, кој ќе го преземе кормилото во свои раце за да ги реши напластените нерешливи светски проблеми и човештвото да го поведе во помирни води. Протестантите, православниот свет и сите други светски  религии, не се монолитни и немаат духовен водач од таков калибар и со таков капацитет како што е Католичката црква на чело со својот поглавар, папа. Постои само една верска сила, папството, која редовно прима амбасадори, цареви, кралеви и претседатели и од сите цркви само Ватикан има силна дипломатија и свои амбасадори во сите држави на светот.

Ќе направиме мала дигресија за да кажеме пак неколку збора за вториот ѕвер.

Апостол Јован гледа како од земјата излегува друг ѕвер со два рога како кај јагне. Ова животно со јагнолики рогови е ѕвер кој почнува да зборува како ламјата. Пророштвото кажува дека овој ѕвер со два рога како кај јагне ќе ја поддржува и ќе ја спроведува власта на првиот ѕвер и ќе ја присили сета земја, цел свет, да му се поклони на првиот ѕвер, на папството, на кое му била зададена смртоносна рана, но која се исцелила (Откровение 13,12). Значи, овие два ѕвера во последното време ќе стапат во сојуз пред кој ќе се поклони сета планета Земја. Во ѕверот со два рога како кај јагне веќе ја препознавме Америка, Соединетите Американски Држави. Тој ѕвер веројатно е претставен со џиновскиот американски бизон со две мали рокчиња како кај јагне, кој во последното време ќе зборува како ламјата. Двете рокчиња – тоа се двете повеќевековни неприкосновени фундаментални слободи што ги уживаат граѓаните на Соединетите Држави – верската и граѓанската слобода – загарантирани со американскиот устав, кои, за жал, и за Америка и за цел свет, тие ќе станат историско минато, бидејќи Америка ќе се откаже од нив и од мирољубива земја, од бастион на вистинските слободи, ќе се претвори во ѕвер кој ќе го присили светот да прифати наметнати диктати, кој почнува да зборува како ламјата (Откровение 13,11-17).

По терористичкиот напад на Соединетите Држави од 11 септември 2001 г., Џорџ Буш ја даде следната изјава за Соединетите Држави: „Ова е мирна држава, но свирепа кога некој ќе ја налути!“

Во коментарот упатен до јорданскиот крал, Абдулах, пред Соединетите Држави да преземат акција против Авганистан во октомври 2001 година, Буш рече: „Нашата нација по малку е жалосна, но сме лути. Постои одредено ниво на жед за крв, но нема да дозволиме таа да раководи со нашата реакција. Ние сме цврсти, со бистри очи и стрпливи, но набргу ќе почнеме да скалпираме.“2

Сега Америка се наоѓа во таква положба која ѝ овозможува да го исполни тоа библиско пророштво. Соединетите Држави, човекољубиво расположени, го предводат светот во трагање по решение за напластените проблеми, но не сама, зашто проблемите се толку тешки и сложени, што ја надминуваат нејзината моќ за решение.

Иако е суперсила, Америка е свесна дека не може сама да се справи со огромните светски лавини од тероризам, дрога, и со другите безбројни нерешливи проблеми. Таа не може со физичка сила да го скроти воинственот дух на светот кој сè повеќе се разгорува и се заканува да ја запали сета земја.

За да ја контролира ситуацијата во суровиот хетероген свет, нејзе ѝ е потребна асистенција од голема духовна сила која ќе го проникне светот однатре и ќе ја исполни неговата порозност како вода во чаша наполнета со чакал. Америка е наполно свесна дека папството е единствена моќна духовна сила која може да ги релаксира и амортизира крајно неповолните состојби во светот однатре и огромна кохезиона сила која може да одржува каков-таков баланс во расцепканиот и разбунтуван свет. Нема празнина во сад со чакал и вода! Од друга страна, и папството жали за загубената светска доминација од минатото и сонува и претендира за нова супрематијата над светот. Но и тоа, иако е најголема духовна сила, свесно е, како и Америка, дека само, без надворешна помош и поддршка, не може да се добере до посакуваната превласт.

Значи, две сили – најголемата световна и најголемата духовна – имаат ист сон – светот да го стават под своја палка. Но, и едната и другата сила е свесна дека тоа не може да го постигне сама. Меѓутоа, ако не може секоја сама, тогаш – тоа ќе можат да го постигнат со здружени сили, зар не!? Ќе си помогнат една на друга. Веќе кажавме дека, според пророштвото, вториот ѕвер, Америка, ќе ја присили сета земја, цел свет, да му се поклони на првиот ѕвер, на папството. За возврат, папството ќе ѝ помогне на Америка таму каде што таа не може сама да постигне успех.

И, ете го решението! Идејата е тука, спогодбата е направена, останува да се договорат околу стратегијата. Америка ќе го притисне светот однадвор со својата физичка, световна сила, а папството ќе го притисне однатре со својот духовен авторитет и – светот е нивни! Двете сили стапуваат во коалиција, формирајќи силен тандем пред кој светот ќе падне на колена и ќе го прифати нивниот наметнат јарем како нешто нужно и неизбежно за да преживее. Двата ѕвера светот го организираат и обединуваат во голема светска конфедерација.

Пророштвото оди понатаму и кажува: и светските држави, претставени со десетте рогови на првиот ѕвер, и предводени и притиснати од вториот ѕвер, од Америка, го поддржуваат папството како и таа. „Тие (роговите, светските владетели) се истомисленици, и ќе му ја предадат својата сила и власт на ѕверот“ (Откровение 17,13). Светските водачи му ги признаваат на Рим заслугите што тој ги посакува и го поздравуваат како „морална супер сила“.

Веќе се гледаат контурите на тој иден сојуз меѓу овие две доминантни сили, меѓу овие два ѕвера, на светската сцена, кои не поднесуваат никаква опозиција.

Во март 2001 година претседателот на САД, Буш, зборуваше пред група католички водачи за време на посветувањето на Културниот центар на папата Јован Павле II, при што рече: „Католичката црква е среќна што има толку силно, способно и пристојно водство. И Америка е среќна што има толку силни водачи меѓу себе… Најдобар начин да му оддадеме чест на папата Јован Павле II, на вистинскиот голем човек, е сериозно да ја сфатиме неговата наука; да ги слушаме неговите зборови и тие зборови и учења да ги спроведеме во дело овде во Америка. Ова е предизвик што мораме да го прифатиме.“

Претседателот на најголемата световна светска сила, Џорџ Буш Помладиот, заедно со тројцата претходни (поранешни) претседатели на САД, допатуваа во Ватикан да се поклонат пред одарот на покојниот папа, при што во таа пригода актуелниот претседател клекна пред покојникот и се молеше. Неколку дена подоцна, Џорџ Буш кажа мошне ласкави зборови и за неговиот наследник, за новиот папа Бенедикт XVI, со што ги најави идните желби и активности на Америка за тандемот со папството.

Посетата на папата Бенедикт XVI на Америка во април 2008 г. и неговиот блескотен пречек во таа земја, како и планираната возвратна посета на Џорџ Буш на Ватикан во јуни истата година, силно потврдуваат дека се поставуваат и последните огромни камени блокови во темелите на библискиот тандем на двата ѕвера кои веќе највидливо почнуваат да ја исполнуваат својата пророчка улога во светот кој поминува низ последните фурии и фортуни на последното зајазлено време. На светскта сцена отворено се одмеруваат и се делат последните севкупни светски мегдани – верски, политички, економски… кои, без никакво сомнение, ќе ги добие овој тандем.

Светскиот печат објави, а тоа можевме и да го видиме дека на папата Бенедикт XVI му беше приреден најголем и најсвечен пречек во историјата во Белата куќа, со највисоки државни почести. Во таа пригода претседателот на Америка, Џорџ Буш, кажа дека Америка е „почестена и трогната“ од посетата на папата и дека „Американците се отворени за неговите пораки кои се извор на надеж којашто им е потребна и на Америка и на светот“. Тие зборови на претседателот, покрај куртоазно, имаат огромно политичко и севкупно друго значење врз кое наскоро ќе се потпре скелетот на библискиот тандем на тие две светски сили.

Основна тема на текстот од Откровение 13. глава е глобална контрона над светот. Двата ѕвера – двете сили (најголемата световна и најголемата духовна сила – сега во тандем) – не притеснувајќи и не плашејќи се од ништо, се обидуваат да се ослободат од секоја опозиција и да ја зацврстат силата за себе. Зошто? Крајниот напор на двата ѕвера да задобијат глобална контрола над светот е видлив знак дека планетата Земја се наоѓа во страшна криза и ѕверовите – двете сили – се обидуваат да извлечат корист од оваа ситуација со тоа што ќе грабнат моќ и ќе наметнат своја политика како средство за враќање на приликите под контрола.

Секако, овде двата ѕвера имаат на ум нешто повеќе од благосостојбата на светот – тие копнеат да се доберат до власт. Во тој контекст, пророштвото кажува дека вториот ѕвер „ги заведува жителите на земјата со чудотворни знаци што му беа дадени да ги прави“. Истото пророштво кажува дека во рамките на спиритизмот вториот ѕвер во последните денови ќе прави „големи чудеса“, така што дури „и оган ќе фрла од небото на земјата“ (Откр. 13,14.13), за што веќе е зборувано, а ќе се зборува и во наредните текстови.

Според тоа, методите што ги применува овој ѕвер во процесот на стекнување на власт и моќ се потполно неморални. Манипулацијата главно дејствува само тогаш кога лицата кои се манипулирани не се свесни за она што им се случува. Така, измамата е клучен елемент во рацете на манипулативните техники за контролирање на другите. Тоа е она што  ќе се случува во рамките на измамните чуда на вториот ѕвер.

Сепак, секој човек кој ќе живее на земјата во времето кога навистина ќе се случуваат тие настани, ќе стане болно свесен за кризата во која западнал светот. Во својата паника луѓето ќе им се покорат на двете најавторитативни сили на кои, под денешни нормални околности, силно би им се противеле, како и што им се противи добар дел од светот. Но фактот што луѓето толку подготвено решаваат да го следат ѕверот, што го признаваат и го прифаќаат неговиот авторитет, е доказ дека постои страшна сесветска криза во која народите ќе западнат во длабок очај, тага и паника поради знаците на небото, и целиот човечки род ќе се најде во ужасен страв (Лука 21,25.26). Таа криза ќе предизвика голема пресвртница во светот која политичката контрола на цел свет ќе ја пренесе на двата ѕвера.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библиски тандем меѓу најголемата световна и најголемата духовна сила“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

БИБЛИСКИ ТАНДЕМ МЕЃУ НАЈГОЛЕМАТА СВЕТОВНА И НАЈГОЛЕМАТА ДУХОВНА СИЛА

    Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библиски тандем меѓу најголемата световна и најголемата духовна сила“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. [viz-category-posts...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат