Физичката димензија на библискиот Армагедон

Во овој последен судир, во Библијата наречен Армагедон, се обединуваат вавилонските сили: ламјата, односно сатаната преку спиритизмот, ѕверот, односно папството, и лажниот пророк, односно отпаднатиот протестантизам. Како имитација или своевиден пандан на небесното Тројство, овој трио  претставува лажно тројство: лажен отец, лажен син и лажен свети дух. Ламјата го имитира Бог Отецот, зашто и таа му дава сила, авторитет и престол на некој друг, во овој случај на ѕверот. Ѕверот или папството лажно го претставува Христа, зашто и тоа задобива смртна рана како и Христос и доживува воскресение. Лажниот  пророк или ѕверот со два рога како кај јагне,  кој го мами светот со туѓ оган, кој всушност предизвикува „оган да падне од небото“, ја поддржува Педесетница, односно Духовден, и создава лажен свети дух.

Овој трио од Откровение 13. глава издава смртен декрет против сите кои одбиваат да го прифатат жигот на ѕверот, и тој последен настан ќе ја предизвика армагедонската битка.

Покрај духовната, Армагедон има и своја физичка димензија за која во теолошките кругови се вртат повеќе сценарија. Но за неговата физичка димензија ние сè уште не можеме и не сакаме да зборуваме подробно, зашто има работи кои уште не ни се наполно јасни. За физичката димензија на Армагедон ќе изнесеме само дел од тие можни сценарија. Повторуваме, само можни, а не конечни сценарија. Ние веруваме дека наскоро ќе биде повлечен синџирот на последните настани чиишто алки ќе ни ги изнесат на показ и сите подробности кои сега уште не ни се наполно јасни, кои се имплицитно дадени во пророштвата. Можеби е доволно да се повлече само една од тие алки која ќе ни ги осветли и сите други пророчки подробности за кои сега мораме да бидеме претпазливи.

Што предвидува Божјата реч, во какви стравотии ќе западне нашиот свет во последните денови? Откровение 7,1-3: „Потоа видов четири ангела како стојат на четирите страни на земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветер ниту на земјата, ниту на морето, ниту на некое дрво. И видов друг ангел кој се издигаше од исток, кој го имаше печатот на живиот Бог, кој им викна со силен глас на четирите ангели на кои им беше дадено да им пакостат на земјата и на морето, велејќи: ‘Не пакостете ѝ на земјата, ни на морето, ниту на дрвјата, додека не им ставам печат на челата на слугите на нашиот Бог!’“

Многу јасно апокалиптичко пророштво: Бог им заповеда на своите ангели да ги држат ветровите додека не ги запечати своите слуги на нивните чела, а во рамките на таканареченото „Време на милост“ едновремено на грешниците им дава последна можност за покајание и спасение.

Но напнатата и експлозивната ситуација на светската општествена сцена и сè посилните турбуленции во природата потврдуваат дека ангелите, иако сè уште дозирано,  почнуваат да ги пуштаат ветровите, чиешто фучење веќе се слуша; но наскоро тие целосно ќе ги испуштат од своите раце и кој ќе може тогаш да ја опише грозоморната ситуација во која ќе се најде нашиот свет?

Испуштањето на ветровите го означува мигот кога Христос во небесното Светилиште повторно ќе ги изговори зборовите од крстот на Голгота „Се сврши“, со што неповратно и неотповикливо ќе помине времето на милоста, а со него и последната можност и шанса за покајание и спасение на секој грешник.

Мигот кога ќе бидат пуштени „четирите земни ветрови“ исто така го означува и мигот кога Светиот Дух, кој до тогаш ситуацијата во светот ја држел под контрола, ја напушта нашата Земја и се повлекува од неа, при што таа со своите жители паѓа во најголемиот и најстрашен метеж на сите времиња од своето постоње. Сега,  додека Божјите ангели ги задржуваат ветровите да не дуваат со сета своја сила, Светиот Дух им парира и ги ограничува опачните активности и зовриените страсти на мрачните сили и на грешниците, кои без тие ограничувања од Светиот Дух, одамна би ја пеплосале нашата планета Земја.

Не се родил, ниту ќе се роди човек со таква мечта која ќе може да ги опише и да ги стави на хартија стравотните ужаси, свирепите и монструозни колежи, крвавите судири и војни во кои ќе се пролеваат илјадници тони човечка крв од едниот до другиот крај на нашата планета Земја, а посебно на одделни нејзини региони, кога наскоро Светиот Дух целосно ќе се повлече од  Земјата и кога демоните и грешниците ќе имаат можност со наполно одврзани раце и без ниакви ограничувања да ги остварат своите пеколни намери, Земјата да ја претворат во пекол.

Да си спомнеме овде и за Христовите зборови: „Ќе се дигне народ против народ и царство против царство, и ќе има глад, помор и земјотреси. Но тоа е само почеток на родилните маки“ – цел свет е во жална хаотична состојба (Матеј 24,6-8).

Уште неколку библиски пророштва кои можеби укажуваат на физичката димензија на Армагедон:

„Шестиот ангел ја излеа својата чаша врз големата река Еуфрат, та нејзината вода пресуши за да им се приготви патот на царевите од исток. И видов како од устата на ламјата, од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегуваат три нечисти духа како жаби; имено, тоа се демонски духови кои прават чуда и кои одат кај царевите на целиот свет за да ги соберат за војна во великиот ден на Семоќниот Бог… И ги собраа на местото на еврејски наречено Армагедон“ (Откровение 16,12-16).

„Разгласете го ова меѓу народите: ‘Пригответе се за војна! Подигајте јунаци! Напред, нападнете, сите војници! Прековете ги ралата во мечеви, срповите во копја, слабиот нека рече: ‘Јунак сум’! Станете народи, дојдете во Долината Јосафатова, зашто таму ќе седнам да им судам на сите околни народи’… Мноштво, мноштво во Долината судска. Зашто е близу Господовиот ден во Долината судска“ (Јоил 3,9-14).

„Ангелот замавна со својот срп на земјата и го обра земното лозје и го фрли во големата каца на Божјиот гнев, и се изгмечи кацата надвор од градот (Ерусалим), и потече крв од кацата дури до уздите на коњите, во должина од илјада и шестотини стадии“ (Откровение 14,19-20).

Порано кажавме дека меѓу четирите ѕвера од Даниел еден ѕвер е леопард со четири глави и со четири крилја. Тоа е царството на Александар Македонски- „силен цар, кој ќе владее со голема власт“ (Даниел 11,3). Крилјата ја претставуваат брзината со која Александар Македонски го освоил светот. По неговата смрт, неговото царство се распаднало на четири дела – тоа се четирите глави на леопардот.

Царството на Александар е претставено и со јарец со огромен рог меѓу очите. Медо-Персиското царство е претставено со тромав овен со два рога, кој немал сила да му се противстави на јарецот, на Александар Македонски (Даниел 8. глава). Меѓутоа, огромниот рог на јарецот се скршил и на негово место израснале други четири помалечки рогови – по смртта на Александар, неговите четири генерали го поделиле неговото царство на четири дела. Царството на Птоломеј било на југ и во пророштвото е именувано како „Јужен цар“ или како „Мисир“ (денешен Египет со околните земји). Царството на Селеук е на исток, а северно од Израел, и во пророштвото е именувано како „Северен цар“. Тоа било најголемо, а ги опфаќало териториите на денешна Сирија, Либан, Јордан, Турција, Ирак, Иран, Авганистан, Пакистан и делови од јужна Русија. Царството на Касандар се изделило на најзападниот дел, а на Лизимах на најсеверните делови на некогашното царство на Александар Македонски.

Северниот и Јужниот цар имаат огромна историска и пророчка улога која допира до крајот на светот, до Армагедон, и всушност тие се иницијалната каписла за Армагедон. Во Книгата на пророк Даниел во единаесеттата глава подробно се опишани долготрајните судири меѓу Северниот и Јужниот цар за превласт, при што наизменично го заземале Израел кој се наоѓал меѓу нив како во сендвич. Интересно е да се следат заткулисните игри на двата царски двора кои стапувале во меѓусебни сојузи дури и со помош на неуспешни бракови склучени од интерес.

Потоа во пророштвото се појавува друга доминантна сила пред која Северниот и Јужниот цар се повлекуваат во сенка сè до последните денови кога пак се појавуваат за да ја одиграат својата пророчка улога. На сцената настапува железниот многубожечки (пагански) Рим кој повеќе векови со светот владее со железна тупаница.

Веќе е кажано дека, кога паѓа паганскиот Рим, во пророштвото на сцената во континуитет настапува папскиот Рим. Значи, во одреден историски миг Рим го менува својот облик – од незнабожечки (пагански), преминува во папски Рим, односно, паганскиот Рим продолжува да живее и прераснува во папски Рим којшто покажува иста ароганција и бруталност како и неговиот претходник од којшто произлезе. Папскиот Рим во пророштвото на Даниел 7. и 8. глава е претставен како „мал рог“, кој од почеток е мал, а потоа израснува во огромни размери, за кој веќе  доста зборувавме.

Откриени ни се две фази на активности на малиот рог. Тој „силно израсна кон југ и исток, кон Прекрасната земја“ (Даниел 8,9). Значи, малиот рог се движи хоризонтално по земјата, покажувајќи воен и политички напредок. Но, во натамошните стихови неговите активности се движат по вертикална линија, насочена кон небото, како напад на „небесното светилиште“, при што тој си ги присвојува прерогативите што му припаѓаат на Христа како наш небесен првосвештеник.

Во истото пророштво папството е претставено и како „цар, дрзок и лукав“, чиишто активности исто така се развиваат во две насоки: во хоризонтална и вертикална. Располагајќи со огромна политичка и воена моќ, тој во својата хоризонтална насока покажува и применува невидена тиранија над земните жители: „Неговата сила ќе порасне… ќе запустува чудесно, ќе успева во сите свои потфати, ќе ги сотрува Божјите слуги. Заради неговата лукавост измамата ќе успева во неговата рака. Тој ќе се вознесе во своето срце и ќе упропасти мнозина во мирно време.“ Вертикално неговите активности се насочени кон небото. „Ќе му се противстави на Кнезот над кнезовите (на Христа)… Царот ќе прави што сака, вознесувајќи се и воздигнувајќи се себеси над сите богови: против Бога над боговите ќе зборува хули, и ќе успева додека не се исцрпи гневот.“ „Ќе дојде отпадништво и ќе се појави човек на беззаконието, син на погибелта, кој се противи и се воздига над сè што се нарекува Бог или светиња, така што ќе седне во Божјата црква и ќе се претставува себеси дека тој е Бог“ (Даниел 8,23; 11,36.37; 2. Солуњаните 2,3.4).

За библискиот тандем меѓу најголемата световна сила, Америка, и најголемата светска духовна сила, папството, веќе доста зборувавме. Според пророштвото, двете тие сили како тандем, во последното време се присутни на Блискиот Исток, поточно, во светата земја, Израел. Светскиот лидер, што го избраа и зад кој застанаа сите народи, папата, зад кого застана и Америка, „ќе навлезе во Прекрасната земја (библиската земја, Израел)… и своите дворски шатори ќе ги постави меѓу морето и славната Света гора“ (Даниел 11,41.45). И постои можност од земјата на патријарсите и пророците, значи, од Израел, од Ерусалим, како „заменик“ и „намесник“ на Божјиот Син Исус Христос, тој да му се обрати на светот со истите зборови со кои Христос им се обратил на апостолите: „Мир вам!“ „Ви оставам мир, ви го давам мојот мир. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се плаши“ (Лука 24,36; Јован 14,27).

Да, бидејќи пророштвото најавува можност папата во тие последни и пресудни денови за светот својот шатор да го подигне во Ерусалим (град на мир), велиме, постои и можност тој од тоа свето место за трите монотеистички религии (Евреите, христијанството и исламот) да му се обрати на човештвото и да каже: Луѓе, стоп за војната, доста крвопролевање! Сите ние сме браќа и сестри, едно големо светско човечко семејство, деца на еден Бог кој ни порачува да живееме во мир! Да ги закопаме воените секири и да свртиме нова страница за нашиот свет! Нема причина да се вознемируваме. Пред да дојде Христос, цел свет треба да се преобрати и на земјата да завладее и да царува праведност илјада години. Мир! Мир! Да го почнеме тоа толку долго посакувано и со срце и душа очекувано заедничко илјадагодишно царство на мир, слога и хармонија на нашата изнамачена планета на која ѝ се заканува целосно уништување. Мир! Мир!

Секако, светот, кој го избра својот водач и застана зад него, одушевено го прифаќа неговиот повик кој во тие пресудни мигови ќе му се стори како единствено мудро решение во тој безизлез кога се наоѓа на работ пред сигурна тотална катастрофа. И навистина се прогласува мир на земјата. Но и тој мир е лажен мир, зашто пророштвото кажува така:

„Кога ќе велат: ‘Мир и безбедност’, тогаш ненадејно ќе падне погибел врз нив, како породилни маки врз бремена жена, и не ќе можат да избегаат“ (1. Солуњаните 5,3).

Зошто не може да се постигне вистински мир и да почне тоа очекувано илјадагодишно царство на мир на земјата? Пак ќе ни каже Библијата:

„Безбожниците се како разбранувано море кое не може да се смири, неговите бранови исфрлаат тиња и кал. Нема мир за грешниците, вели Господ“ (Исаија 57,20-21).

Лавината на бесот, омразата, гневот и очајот, односно лавината на гревот на човештвото е толку голема, што нејзе не може никој да ѝ подметне грб и да ја сопре, па ниту новиот сесветски лидер, папата. Светот навистина е пред катастрофа, пред апокалиптички Армагедон, кој пророштвата физички го лоцираат на просторите на Блискиот Исток.

Последните информации за светските настани кои доаѓаат од запад, од север, од исток и југ, библиските пророштва ги насочуваат и пренасочуваат кон библиската земја, Израел. Во поширока смисла тие се згуснуваат и се концентрираат на просторите на Блискиот Исток. Според Библијата, човештвото таму почнало, таму и ќе заврши. Во последните пророчки денови добар дел од целокупниот светски политички и воен потенцијал е насочен кон тие простори. Настаните ќе имаат таква природа што никому нема да му дозволат мирен сон.

Таму е присутна Америка со својот потенцијал како неприкосновен штитеник на Израел, што предизвикува и пласти огромен гнев и омраза кон нив во срцата и умот на околните исламски земји. Во тој регион е „големата река Еуфрат“, чијашто вода ќе „пресуши за да им се приготви патот на царевите од исток“.

Пророштвото кажа дека „демонските духови“ ги собраа „царевите на целиот свет за војна во великиот ден на Семоќниот Бог на местото на еврејски наречено Армагедон“. Името „Армагедон“ мнозина го поврзуваат со градот Мегидо во пространата Езраелонска долина во северниот дел на Израел, во која се воделе силни битки во минатото меѓу Египет и Вавилон и другите тогашни сили. Апостол Јован кажува дека царевите од цел свет се собрани на тие простори не да преговараат за мир, туку се собрани за војна, зашто сите дотогашни преговори за мир пропаднале. Исцрпени се сите други можности за разрешување на напластените нерешливи светски проблеми, и им останува уште војната како последно средство, и сега и по неа посегаат.

Понатаму, Ерусалим ќе стане „опојна чаша за сите народи наоколу“, „разгорен жар среде камара дрва и запалена гламна среде снопови и ќе ги голта оддесно и одлево сите народи наоколу“. Значи, Ерусалим (Израел) ги предизвикува околните народи и од таа причина Северниот цар, земјите северно од Израел, и Јужниот цар, земјите јужно од Израел, кои повеќе од 2000 години беа повлечени во сенка, сега пак се појавуваат на сцената за да ја одиграат својата пророчка улога во завршните настани на светот. Пророштвото кажува дека „во последно време Јужниот цар ќе завојува со него, а и Северниот цар ќе го нападне како виор“.

Со кого „во последно време Јужниот цар ќе завојува“, и кого „Северниот цар ќе го нападне како виор?“ – Со Израел, а преку него и со запад, со субјектот кој се наоѓа на тие простори, со тандемот создаден од Америка и од папството, во пророштвото претставено како „мал рог“ и како „цар, дрзок и лукав“ кој „ќе навлезе во Прекрасната земја (библиската земја, Израел)… и кој своите дворски шатори ќе ги постави меѓу морето и славната Света гора“. Се разбира, кон тој тандем сега е приклучен и Израел, на чијашто територија се укотвиле Америка и папата. Значи, овој тандем од три субјекти е нападнат од Јужниот и од Северниот цар.

Во овој контекст ќе го споменеме и пророштвото за трите големи светски империи на тие простори. За нив пророштвото кажува: „На другите ѕверови власта им беше одземена, но животот им беше продолжен за едно време и рок“ (Даниел 7,12). Станува збор за Вавилон или за денешен Ирак, за Медоперсија или за денешен Иран и за империјата на Александар Македонски, чијшто добар дел се простирал и на Блискиот Исток. За нив пророштвото кажува дека ќе им се одземе власта, но дека тие ќе постојат и понатаму, со голема веројатност да одиграат значајна улога во завршната армагедонска битка.

Во книгата на пророк Јоил ги прочитавме Божјите зборови: „Разгласете го ова меѓу народите: ‘Пригответе се за војна! Прековете ги ралата во мечеви, срповите во копја. Станете, народи, дојдете во Долината Јосафатова, зашто таму ќе седнам да им судам на сите околни народи’“. „Долината Јосафатова“ или, како што се нарекува овде „Долина судска“, во која се собрани народите за војна, и каде што ќе им суди Бог, се наоѓа во Израел, јужно од Ерусалим.

Ги читавме и зборовите на апостол Јован кој сликовито ги прикажува жителите на земјата со грозје собрано и згмечено, надвор од Ерусалим, во Израел, во „кацата на Божјиот гнев“ од која истекла крв „дури до уздите на коњите, во должина од илјада и шестотини стадии“ (околу 300 километри, колку што изнесува должината на денешен Израел). Значи, за време на армагедонската битка во тој регион – крв до гуша, слика за последиците на страшната битка! Крвта на непокајаното грешно човештво тече „до уздите на коњите“ таму каде што луѓето ја отфрлиле онаа крв која нудела проштавање,  Христовата крв како единствено средство за бришење на нивниот грев кој е причина за армагедонската битка.

Палестина, и пошироко Блискиот Исток, е центар на бојното поле на Армагедон чиишто граници се шират и ја опфаќаат целата наша планета Земја која станува крваво поприште на свирепости и хорори од апокалиптички размери. Кој може тоа да го замисли, а уште помалку да го опише? Колку илјади аушвицци може да покрие армагедонската битка?

„Боен вик допира – до накрај светот – бидејќи Господ има спор со народите, излегува на суд со секое тело, грешниците ќе ги предаде под меч“ (Еремија 25,31).

Да, „Господ има спор со народите“ и Тој „излегува на суд со секое тело“ (со секој човек) на земјата, и за време на армагедонската битка „грешниците ќе ги предаде под меч“. Епицентарот на тој суд Даниел го лоцира на Блискиот Исток од каде што ќе се шири „до накрај светот“.

„Вака вели Господ: ‘Слушам крик на ужас; тоа се стравотии, а не мир. Ајде, распрашајте се и погледајте: дали некогаш родил маж? А сите мажи се фаќаат за бедрата како родилки! Зошто се сите лица изобличени и побледени? Леле, голем е овој ден, нема сличен на него’“ „Тоа ќе биде време на страдање какво што немало откако постојат луѓе па сè до тогаш“ (Еремија 30,5-7; Даниел 12,1).

„Утробо моја! Утробо моја! Боледувам, срцето ми се кине! Ми трепери душата! Не можам да молчам, зашто слушам звук на труба, боен вик. Зло по зло, цела земја опустува“ (Еремија 4,19.20).

Навистина жално, страшно и најстрашно од сите времиња низ кои поминувала нашата планета, но пророштвото кажува дека тоа едновремено е и најнадежно и најславно од сите времиња, зашто токму тогаш „ќе стане Михаел (Христос), големиот Кнез“, да го брани и ќе го одбрани својот народ, ќе го сочува да не изгине за време на неволјите низ кои неминовно ќе мора да поминуваат грешниците за да платат за својот грев.

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библиски Армагедон“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

БИБЛИСКИ АРМАГЕДОН

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библиски Армагедон“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

Духовната димензија на Армагедон

Беше кажано дека последната светска вавилонска конфедерација се состои од три значајни фактори: ламјата или сатаната преку спиритизмот, првиот ѕвер или папството и вториот ѕвер или Америка, во Откровението именувана и како лажен пророк (Откровение 16,13.19). Библиска...

Седум последни зла

Кога ќе заврши последното прегрупирање и престројување на народите откако ќе го чујат последниот повик за време на позниот дожд да излезат од „Големиот Вавилон“ и да застанат на Божја страна, врз „големата блудница“ и врз сите што свесно се определиле да останат под...

Коалицијата соголена, тандемот се распаѓа, спиритистичката архитектура – во парампарчиња

„Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи на многу води, со која блудствуваа земните цареви, а жителите на земјата се опија од виното на нејзиното блудствување... зашто нејзините гревови се натрупаа до небото и Бог си спомна за нејзините...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат