Духовната димензија на Армагедон
Беше кажано дека последната светска вавилонска конфедерација се состои од три значајни фактори: ламјата или сатаната преку спиритизмот, првиот ѕвер или папството и вториот ѕвер или Америка, во Откровението именувана и како лажен пророк (Откровение 16,13.19).
Библиска констатација: Светот се обединува во светска конфедерација да војува против Бога и неговиот народ.
„Ламјата (сатаната) се разгневи на жената (на вистинската Христова црква) и отиде да војува против остатокот од нејзиното потомство, против оние кои ги држат Божјите заповеди и имаат Исусово сведоштво.“ „Во тоа е трпението на светите кои ги држат Божјите заповеди и верата во Исуса“ (Откровение 12,17; 14,12).
Од над седум милијарди луѓе на нашата планета, меѓу кои околу две милијарди христијани, се изделува мал „остаток“, мажи и жени, христијани, кои одбиваат да застанат под заедничкото знаме со силното мноштво народи кои празнуваат недела. Тие непоколебливо остануваат на Христова страна и под Христово знаме и, наместо жиг на ѕверот, тие носат Божји печат на своите чела – празнуваат сабота.
Значи, поголемиот дел од луѓето во светот го напуштиле Бога и преминале отаде, на другата страна, отспротива, застанале под знамето на сатаната, му се поклониле на ѕверот и на неговата икона и го примиле неговиот жиг, односно неделата како ден за одмор.
Божјиот остаток, Божјите верници, се препознаваат по тоа што ги држат Десетте Божји зповеди, имаат Исусова вера и Исусово сведоштво. Драги мои, тоа се белезите на малечката вистинска Христова црква во последните денови, и секој што сака може да ја препознае неа според тие белези како вистинска Божја црква и да ѝ се придружи. Читаме како Бог за нив кажува дека се „свети“ токму затоа што ги држат сите Божји заповеди и затоа што се прогонувани заради тоа.
Почитувани, Божјиот остаток ѝ пречи на ламјата, односно на сатаната, и тој е многу гневен и лут што не може и нив, заедно со силното мноштво народи од цел свет, да ги стави под своја палка. Тој верен Божји остаток ѝ пречи и на христијанската коалиција предводена од папството затоа што се изделува и излегува од христијанскиот кош, покрај другото и со тоа што празнува сабота, а не недела. И затоа пророштвото кажува дека ламјата (сатаната) „отиде да војува против остатокот“, „против оние кои ги држат Божјите заповеди и имаат Исусово сведоштво“, да ги ликвидира, да ги уништи. Ѓаволот и светот не ги гонат тие што го газат Божјиот закон, тие што празнуваат недела, што имаат жиг на ѕверот, туку христијаните кои ги држат Божјите заповеди и кои имаат Божји печат.
Божјите миленици, кои го почитуваат Божјиот закон, ќе поминуваат низ тешки мигови заради својата верност кон Бога. Отфрлени од светот како проклети еретици, ставени надвор од законот, прогонувани како диви ѕверови и осудени на смрт до истребување, тие ќе поминуваат по истите патеки по кои поминувале средновековните маченици, ќе ги побараат и ќе ги најдат истите засолништа што ги користеле нивните некогашни браќа – осамените места, планините, пештерите, пустините…
Мажи, жени и деца од сите општествени структури ќе бегаат пред налетите на прогонствата што ќе ги подигне сатаната против нив, обидувајќи се да го сочуваат животот, и ќе се кријат, а ако бидат фатени, ќе бидат фрлани во најодвратни затвори и темници, напуштени и отфрлени и од нивните мили и драги што ги сакаат. Тие ќе бидат обвинети како причина за сите зла во светот – за хаосот, за војните, за несреќите и за страшните катастрофи во природата, и осудени на смрт.
Сепак, без оглед на страшните последици, тој верен Божји остаток стои простум пред налетите на силните луњи што беснеат околу нив, бранејќи ја Божјата чест и неговиот закон и издигнувајќи ја високо пред светот „Господовата сабота“; исправени и со крената глава храбро им преодолеваат на силните измами, притисоци, грозни прогонства и закани со смрт и за нив белото е бело, а црното црно. Тие гревот го нарекуваат со неговото вистинско име, па макар и небото да се урне, макар тоа да го платат и со животот.
Со помош на спиритизмот сатаната цел свет го организира и го предводи во војна. Светот ќе води војна – последна и најстрашна, најсвирепа, најмонстроузна војна. Против кого? Против Божјиот остаток, „против оние кои ги пазат Божјите заповеди и имаат Исусово сведоштво“. Кога? Војната ќе се води „во великиот ден на Семоќниот Бог“. Произлегува дека Бог има свој ден, наречен „велики ден на Семоќниот Бог“, кога Бог ќе дели конечен мегдан со сатаната – кога сиот свет, на чело со сатаната, ќе дели мегдан со Божјиот народ, на чело со Христа.
Прогонствата подигнати против Божјиот народ се еднакви на војна против Бога (Дела 9,4.5), зашто Божјата реч кажува: „Кој ве гиба вас, гиба во црнката на Божјето око“ (Захарија 2,8).
Според тоа, Армагедон не е последна битка меѓу Исток и Запад! Тоа е последен и дефинитивен, планетарен судир на живот и смрт меѓу Христа и сатаната, меѓу доброто и злото, меѓу народите наредени под две знамиња, под Христовото знаме и под знамето на сатаната, битка што ќе се води од едниот до другиот крај на планетата Земја во која нема неутрални, во која постојат само два табора – трет нема; тоа е последна војна во која се оди до апсолутен крај, до конечно истребување или на Божјиот народ, или на гревот и грешниците на чело со сатаната; војна која со задржан здив ќе ја посматра целата вселена; мигови кога Христос еднаш засекогаш ќе ги расчисти сметките со сатаната на кого му дал можност и време до крајни можни граници да го покаже своето вистинско лице и да ги исполни своите пеколни намери низ своите многубројни грозоморни мракобесија во кои ја струполувал нашата земја, а и можност на гревот да ја обелодени својата грдост во текот на грдите времиња.
Наскоро ќе се потресе и растресе сè што може да се потресе и растресе, за да може да остане само она што не може да се потресе и растресе. Армагедон е последна битка во рамките на војната што избувнала на небото пред повеќе илјади години, војната што ја подигнал и ја водел Луцифер со своите ангели против Христа и Христовите лојални ангели. Таа битка е последна фаза од небесната војна што се пренела на нашата планета која е зафатена со нејзиниот жесток пожар кој сè повеќе се разгорува како се ближи кон својот конечен крај.
Почитувани, тој последен судир, таа последна битка што ќе се води меѓу Христа и сатаната, меѓу доброто и злото, на целата наша планета за да се биде или да не се биде, во Библијата се нарекува „Армагедон“. Во армагедонската битка се противставени две страни. На едната страна е цел свет кој го предводи сатаната против Бога и Божјиот народ на другата страна. Сите се определиле, сите зазеле страна и армагедонската битка против Божјиот народ може да почне, и таа навистина наскоро и ќе почне.
За да го дисциплинира и да го стави под своја контрола, светската конфедерација издава декрет за економски санкции против Божјиот народ за „никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној што има жиг, името на ѕверот или бројот на неговото име“. А кога ни тоа нема да помогне, таа посегнува по најлошото: Издава декрет за физичка ликвидација на Божјите верни и предани слуги во цел свет: „И направи (во одреден ден) да бидат убиени оние кои нема да се поклонат пред иконата на ѕверот.“ – Да, најсилната, најкрвава и најстрашна диктатура и инквизиција на сите времиња не се историско минато. Тие се врзани за последните денови, нешто што ѝ претстои на оваа наша планета, нешто со што ќе се соочима во блиска иднина, нешто со што се соочиле и со животот го платиле оние сто до сто и педесет милиони средновековни Божји маченици.
Но, во најмрачните мигови од историјата на светот, кога демоните својата зла сила ќе ја соединат со злите луѓе, кога ќе зовријат сите човечки страсти на грешниците, кога на малото Божје стадо, на Божјиот остаток, ќе му се закани целосно истребување и кога човечки гледано ќе му бидат избројани последните часови, Бог ќе направи силен и драматичен пресврт на светската сцена и работите ќе ги преземе директно во свои раце. Мигови се во прашање кога Тој ќе стане апсолутен и неприкосновен господар на ситуацијата и ќе покаже дека настапил неговиот час, настапил „великиот ден на Семоќниот Бог“ да ја покаже својата сила. Пророштвото кажува дека тогаш „ќе стане Михаел (Христос), големиот кнез“ (Даниел 12,1), да го брани и ќе го одбрани својот народ, својот верен остаток, од ламјата и од цел свет кој ќе се дигне против него во определен ден да го исчисти од светот; ќе го избави исто како што ги избавувал своите слуги во минатото од усвитени печки, од гладни лавови, од затвор, од утроба на китови…
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библиски Армагедон“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИСКИ АРМАГЕДОН
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библиски Армагедон“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Физичката димензија на библискиот Армагедон
Во овој последен судир, во Библијата наречен Армагедон, се обединуваат вавилонските сили: ламјата, односно сатаната преку спиритизмот, ѕверот, односно папството, и лажниот пророк, односно отпаднатиот протестантизам. Како имитација или своевиден пандан на небесното...
Седум последни зла
Кога ќе заврши последното прегрупирање и престројување на народите откако ќе го чујат последниот повик за време на позниот дожд да излезат од „Големиот Вавилон“ и да застанат на Божја страна, врз „големата блудница“ и врз сите што свесно се определиле да останат под...
Коалицијата соголена, тандемот се распаѓа, спиритистичката архитектура – во парампарчиња
„Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи на многу води, со која блудствуваа земните цареви, а жителите на земјата се опија од виното на нејзиното блудствување... зашто нејзините гревови се натрупаа до небото и Бог си спомна за нејзините...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.