За сликите, иконите, киповите и другите идоли

Оваа материја е регулирана со втората Божја заповед која кажува: „Не прави си идол, ниту каква и да е слика од она што е горе на небото, или долу на земјата, или во водите под земјата! Немој да им се клањаш ниту да им служиш! Зашто јас, Господ, Бог твој, сум Бог љубоморен, кој ги казнувам гревовите на татковците – гревовите на оние кои ме мразат – кај децата до трето и четврто колено, а покажувам милост кон илјадници кои ме сакаат и ги држат моите заповеди“ (2. Мој. 20,4-6).

Заповедта е јасна! Бог е категоричен кога кажува „не прави си идол“, не прави си „слика од она што е горе на небото“. „Немој да им се клањаш ниту да им служиш“, зашто тоа е идолопоклонство. Бог кажува „немој“, „не“, а христијаните велат „да“. Чудно и несфатливо!

За сликите, иконите и идолите, со кои се накитени нивните цркви, тие наоѓаат кошеви изговори со кои со сите сили се обидуваат некако да ги оправдаат.

Господин Милин ги вулгаризира работите во врска со втората Божја заповед кога вели дека и астрономите го сликаат небото, ѕвездите, Сонцето и Месечината, па не се идолопоклоници. Биолозите ги сликаат билките, рибите, птиците, животните и човекот, па не се идолопоклоници. Според него, фотографите би биле најтешки грешници, а исто така и сите сликари, скулптори и куклари, па и сите ние кои правиме фотографии на нашите деца и на нашите семејства. – Многу наивни, па и банални примери, би рекле: астрономот, биологот…, кои употребуваат слики како илустрации во својата струка, да се изедначуваат со православен или католички верник кој коленичи, пали свеќа или кандилце, се прекрстува и се поклонува пред култна слика, пред икона или скулптура!

Друг омилен изговор: Ние не им се клањаме ниту пак ги обожаваме сликите, иконите и скулптурите, туку светителите кои стојат зад нив, а иконите и скулптурите нè потсетуваат и нè доближуваат до нив и во нашите цркви создаваат чувство на посебна светост и црковна атмосфера.

Убаво! Но истото тоа на господин Милин би му го кажал и еден многубожец од времето на пророк Илија, или од времето на пророк Даниел. Да ги чуеме и неговите аргументи! И ние, многубошците, кога се клањаме пред киповите на нашите божества, всушност не им се клањаме и не им служиме на киповите, туку на божествата кои стојат зад нив – на Вал, на Митра, на Мардука, на Озириса, на Амона… Кога ги гледаме киповите, тие исто така и нас нè приближуваат до нив и нив до нас. Нашите кипови уште повеќе ги разубавуваат нашите величествени храмови и богослуженија, на кои музиката стапува во спрега со нив, со што се создава прекрасен, пријатен амбиент кој ги плени нашите срца.

Така ги правда своите идоли гласноговорникот на христијанството кое почитува икони и кипови, така ги правда своите идоли гласноговорникот на старозаветното многубоштво, со кое Бог и Божјите пророци постојано имале расправии.

Но, и на едниот и на другиот, Бог им вели: Вашите аргументи настрана! Божјата заповед кажува „Не!“ „Живееме според вера, а не според гледање“ (2. Коринќаните 5,7). „Бог е Дух, и оние кои му се поклонуваат, треба да му се поклонуваат во дух и вистина“ (Јован 4,24). „Поверува бидејќи ме виде. Блазе на оние кои не виделе, а поверувале“ (Јован 20,29). „Верата доаѓа од слушање, и тоа од слушање на Божјата реч“, а не од гледање на икони и кипови (Римјаните 10,17).

Христијанските теолози го напаѓале паганското идолопоклонство: „Ако на вашите идоли им се одземе онаа чудесна убавина што им ја дало длетото на големите уметници, во нив нема да остане ништо, освен аморфна материја“, кажува Октавиј. „Христијаните ги отфрлаат овие богови, зашто тие се само камен, дрво или метал, а не вистински Бог“, заклучува Тацијан.

Вакви цитати ќе најдеме на безброј места во Стариот завет, зашто од своите почетоци монотеистичката свест му се противставува на секое идолопоклонство. Долго црковните отци одбивале секоја помисла на слика или скулптура која би имала светост.

И за интелектуалците во хеленистичкиот и римскиот свет најголема пречка била да веруваат во слики и кипови. За да се надмине овој проблем и идолите да станат општо прифатливи за сите, се развила мистична свест, при што содржината се толкува симболично. Основа на тоа размислување: кипот и сликата навистина се уметничко дело на човечки раце, но посебно значење на тој предмет му дава специјалната вештина со која истиот се осветува, вештина наречена teurgija1 (буквално преведено: создавање на богови). Така идолот станува посредник меѓу човекот и некој од боговите.

„Со помош на одредени симболи, теургијата успева независливата добрина на богот да засвети на сликите и скулптурите на уметникот“, тврди Проклус и неоплатонистичките теолози, чијашто мисла е замрсена и нејасна и која има за цел да го оправда постоењето на идолите на паганизмот, барајќи во сето тоа длабока и нема смисла.

А еве го и ставот на традиционалната Црква: „Ние ги почитуваме иконите како благословени претстави на единствениот жив Бог, на неговите ангели, на светителите (светците) и мачениците, кои се наши пријатели и посредници“ (цитат од современиот катихизис).

Православните верници се молат пред иконата како симбол на личноста којашто е визуелно претставена на неа. Со усните го целиваме ликот (иконата) на светителот, а со нашите мисли и срца го целиваме вистинскиот светител (светец) како жива и вистинска личност на небото.

Соодветството е очигледно: она што некогаш за паганските слики и кипови била теургијата, во традиционалната христијанска Црка е осветувањето и благословувањето на христијанските икони и кипови.

Образложението е исто: кипот и сликата навистина се уметничко дело на човечки раце, но посебно значење на тој предмет му дава специјалната вештина со која Црквата истите ги осветува и ги благословува – вештина во паганството наречена teurgija (создавање на богови), а во традиционалната Црква „осветување“ и „благословување“, со што идолот станува посредник меѓу човекот и светецот, меѓу човекот и некој од боговите.

Така објаснувањето на неоплатонистичките теолози за сликите и киповите е прифатено во христијанската Црква на средниот век, но не без големи судири кои траеле неколку векови.

Тоа можеби е најсилен печат што го оставил мистицизмот врз догмата на традиционалната Црква, со што христијанството станува единствена монотеистичка религија која почитува икони и кипови.

Во католичкиот катихизис откриваме дека не постои втората Божја заповед која забранува идолопоклонство. Таа едноставно е исфрлена. По чија волја? По волја на Црквата. Со чија сила? Со силата на Црквата. Зошто? За да се оправда противзаконитата пракса на Црквата.

За да има пак десет заповеди во катихизисот, Католичката црква десеттата заповед ја поделила на два дела, со што ја пополнила празнината на втората заповед. Со тоа е нарушен редоследот и на другите заповеди.

Првите христијани во своите молитвени домови немале никакви слики. Дури во третиот век се појавуваат симболички слики во катакомбите. Подоцна се појавуваат слики што претставуваат свети лица и библиски настани.

Во текот на 4 век во христијанската црква се случуваат длабоки промени. Под влијание на многубоштвото, а со цел на многубошците да им се олесни да го прифатат христијанството, црковните водачи многубожечките храмови ги претвораат во христијански цркви, а многубожечките богови во христијански светци. Најпрво во христијанските цркви во овој период се јавуваат слики, и тоа во источните цркви само слики, а во западните, покрај сликите, и кипови.

Сергиј Булгаков ни го открива вистинското потекло на овој нехристијански обичај: „Уметничка татковина на иконите е древниот Египет (особено погребните портрети на хеленистичката епоха). Византија, како наследничка и подадена рака на Елада, е татковина на христијанскиот иконопис.“2

„Народот во сликата (иконата) гледал непосредна Божја близина; верувал дека сликите имаат чудотворна моќ. Имало дури свештеници кои ја стружеле бојата од иконите, ја мешале со виното за причест и така ги причестувале верниците; имало мајки кои земале икони за кумови“3

За сето ова Доситеј Обрадовиќ ќе каже: „Кога Грците и Латините го примиле од апостолите христијанскиот закон, тогаш немало ни чесен крст, ни икони, ни свети тела, ни свети мошти, ни коски, ни канони… За сето тоа блажените и свети апостоли ништо ниту знаеле, ниту размислувале, а уште помалку зборувале и пишувале… Зошто сега, кога ќе се покрене нешто против старите мемливи и ‘рѓосани обичаи, веднаш почнува тажанка: ‘Пропаднавме! Пропадна православието!’… Која наука е поправославна и поблагочестива од евангелието на нашиот Спасител, којашто ги разобличува и ги укорува лицемерните и другите молитви и постови?… Пека милостивиот и единствен Законодавец на вистинското православие и благочестие: ‘Зошто луѓето заради човечките преданија ги занемаруваат и ги оставаат заповедите Божји?’ Сега, кога голем број луѓе лажните работи ги почитуваат како вистинити, ако се најде некој тие работи да ги изобличува како лажни, него го гледаат попреку и го прогласуваат за неверник. За вакви работи сите апостоли, па и Христос, биле гонети и убиени.“

Речиси две милијарди христијани живеат во огромна заблуда и во тешка измама и самоизмама со вселенски димензии кога зад иконите и киповите, пред кои коленичат, се молат, ги целиваат и палат свеќи и кандилца, ги гледаат своите светци и светители кои воопшто не постојат. Зад нивните слики и кипови е празнина и апсолутен ваккум. Според тоа, тие преку иконата целиваат празнина, ништожност, вакуум. Божјата реч е категорична: Нема светци ниту светители, зашто мртвите се во своите гробови, и никаде на друго место! Подоцна ќе зборуваме многу опширно за оваа тема.

„Црквата учи дека иконографијата, сликање на икони, постои од почеток на христијанството… Старозаветната формална ‘забрана’ на сликање означува празнина која ќе биде исполнета со свети ликови на Новиот завет. Како потврда и илустрација за ова добро служи литургиската ЦРКОВНА ТРАДИЦИЈА за таканаречените ‘НЕРАКОТВОРЕНИ ИКОНИ’, односно икони кои САМИ се насликале или ги насликал оној чијшто лик тие носат. Таква е, на пример, Христовата икона што ја насликал сам Христос на молба на Едескиот цар Авгар така што со чудо својот лик го втиснал на крпа за лице. Со овие икони се истакнува паралелизмот на постоењето на Црквата и иконографијата. – Црквата никогаш не била без икони. Штом почнала да проповеда, таа почнала и да слика. Уште свети апостол Лука, кој бил сликар, СПОРЕД ПРЕДАНИЕТО, насликал ликови на Христа и Богородица.“4

„Христијанското предание знае за уште еден неракотворен лик на Господа Исуса Христа, кој настанал на ист начин, само во други околноси. Откако Пилат го осудил Христа и додека го воделе кон Голгота да го распнат, под товарот на тешкиот крст и премален од претходните измачувања во затвор, патем Господ Исус потклекнал и паднал, а низ неговото божествено лице, избраздено од камшикувањето и од трнливиот венец, се слевале капки крв и пот. Една од жените, која се затекла на улицата и ја посматрала таа тажна поворка, се сожалила и му подала на Господа чиста крпа да го избрише лицето. Нејзиното сожалување Господ го наградил така што на крпата останал неговиот лик. Според преданието, таа жена се викала Вероника. А најстарата икона на пресветата Божја Мајка, ПАК СПОРЕД ЦРКОВНОТО ПРЕДАНИЕ, ја направил свети апостол Лука. Таа икона Божјата Мајка ја одобрила и ја благословила. ЦРКОВНОТО ПРЕДАНИЕ кажува дека свети Лука изработил уште три икони на пресветата Божја Мајка и дека една од нив се наоѓа во нашиот манастир Хиландар на Света Гора.“5

Несфатливо! За втората Божја заповед, врежана со огнен Божји прст на плочите од Синај, која забранува слики, икони, кипови и други идоли, Мијач кажува дека тоа е „формална забрана“  – дека „старозаветната формална ‘забрана’ на сликање означува празнина која ќе биде исполнета со свети ликови на Новиот завет“, дека во Стариот завет постоел вакуум, постоела празнина која чекала и дочекала да биде пополнета со идолопоклонството на традиционалната христијанска Црква, со нејзините икони, кипови и други идоли. Трагично!

Понатаму, „неракотворени икони кои сами себа се насликале!?“

На високо место во манастирот во Сајдана, во Сирија, се наоѓа икона со Марија и Исуса, која наводно ја насликал апостол Лука. Иконата плаче, при што рони солзи од масло, а една таква капка од масло, која паднала, го формирала ликот на Марија со бебето Исус. Тој лик се обожава сè до денешен ден.

Немаме зборови да објасниме до која длабочина потонало православието! Колку голема хула против Бога и Божјиот закон, колкаво омаловажување на Божјата реч во која нема ниту трага од оваа опачна теологија што ја измислило православието во своето „свето предание!“ Каде е овде таа „совршена хармонија меѓу светото предание и Светото писмо“ за кое нè убедува православието? Каква хармонија постои меѓу овие бесмислици и Светото писмо?

Податоците од историјата ни зборуваат дека во првовековната апостолска Црква немало никакво иконосликарство. Не се знаело ниту за легендите за Христовите неракотворени икони, ниту за иконите на Богородица што ги насликал Лука. Извештаите на преданијата кои нè известуваат за тоа дека иконите постоеле од самиот почеток на црковната ера се во остра спротивност со вистината. Еве што кажува за оваа тема познатиот руски богослов Сергиј Булгаков:

„Христијанската црква произлегла од јудејството. Соодветно на тоа и по сила на законот, разбирливо е што таа наследила и забрана на религиозни изобразувања и во таа смисла Црквата уште од почеток се определила повеќе како иконоборечка (била настроена против иконите).“6

„Пред сè, во историјата на иконопочитувањето ние стоиме пред основниот факт дека иконата првпат се појавува во паганството. Сиот пагански свет е преполн со икони и со иконопоичтување.“7

„Претпоставките за појавување на иконите на Божјата Мајка датираат од 4-тиот век. Тие претпоставки ги создала науката ‘Мариологија’ (наука за Марија, како своевиден пандан на науката наречена ‘Христологија’, н. з.). Во Новиот завет има многу малку извештаи за сликата на Марија. Тој мал број во Источната православна црква е надоместен со многубројни легенди за Марија кои, пред сè, се занимаваат со чудесно појавување на чудотворни слики на Божјата Мајка.“8

Општ заклучок кој му се наметнува на секој разумен човек: Иконите се чедо на „светото предание“ на традиционалната Црква против кои Библијата до небо го крева својот глас!

Очајните напори на традиционалната Црква своето идолопоклонство да го поврзе со Библијата и да му обезбеди библиски темел и библиски легитимитет се само очајни напори кои не носат позитивен резултат. Православниот теолог, Лазар Милин, потврда за иконите и киповите на православието бара токму на она место во Библијата каде што не би требало ниту да помисли да бара, а камоли да бара. Да го слушнеме неговиот аргумент:

„Правењето на икони не само што не е забрането, туку во Библијата постои директна Божја наредба да се прават кипови и икони за потребите на богослужението! Бог на Мојсеја дури му покажува и слика како тоа треба да изгледа:

‘Господ му рече на Мојсеја: Кажи им на синовите Израелови… да ми направат Светилиште за да можам да престојувам меѓу нив. При градењето на Светилиштето, и на сè што е во него, постапи точно според мострата што ќе ти ја покажам. Нека направат ковчег од багремово дрво… и опкови го со чисто злато… И направи капак од чисто злато… Направи и два херувима од злато… Едниот херувим направи го на едниот крај, а другиот херувим на другиот крај на капакот… И тука, над капакот, меѓу двата херувима, кои се над ковчегот… јас ќе се состанувам со тебе и од таму ќе ти ги соопштувам сите заповеди наменети за Израелците… И направи завеса од сина, пурпурна и црвена волна и пресукан лен; и на неа нека има уметнички извезени херувими (2. Мојсеева 25,1-22; 26,31)’. – Значи, продолжува Милин, Бог не само што не забранува правење на религиозни слики за богослужбени потреби, туку, напротив – заповеда.“9

Беше објаснето дека централно место во Светилиштето заземал Божјиот ковчег сместен во „најсветото место“ во Светилиштето или во старозаветната Црква, во кој биле сместени „плочите на сведоштвото“. Тука, над капакот, над „плочите на сведоштвото“, меѓу двата златни херувими, постојано почивала Божјата слава во вид на светлина, наречена „Шекина“, која се издигнувала високо над шаторот и го осветлувала целиот израелски логор.

Во врска со двата златни херувими многу значајно е да се истакне и следната вистина: „Со лицето нека бидат свртени еден спроти друг така за лицата на херувимите да гледаат во капакот“ од ковчегот, односно нивниот поглед да биде свртен и постојано насочен кон Божјиот закон кој бил сместен во ковчегот, а кој забранува икони и идоли од секој вид.

Порано, кога зборувавме за Божјиот закон и за земното Светилиште, ние објаснивме дека и на небото постои „ковчег на заветот“, „ковчег на сведоштвото“ и небесно Светилиште, небесен „шатор (скинија)“: „Притоа се отвори Божјиот храм, на небото, и се покажа неговиот ‘ковчег на заветот’ во неговиот храм.“ „Потоа видов како се отвори храм, ‘шатор (скинија)’ на сведоштвото, на небото“ (Откровение 11,19; 15,5).

Според тоа, ако погледот на херувимите во земното Светилиште бил насочен кон капакот на ковчегот, кој претставувал минијатурен Божји престол кој почивал врз Божјиот закон од Синај, од кој се издигнувал оган на Божјата слава, односно Божјата Шекина, тогаш и на небото Божјиот престол почива врз Божјиот закон кој е темел на Божјата правда и праведност – темел од кој се издигнува Божјата небесна Шекина којашто ја опфаќа сета вселена! – Да, и на небото погледот на херувимите, серафимите и на сите други небесни суштества е насочен кон Божјата правда и праведност кои се извор од кој произлегува Божјата слава која Бог не ја дели со никого, апсолутно со никого, зашто втората заповед кажува: „Јас, Господ, Бог твој, сум Бог љубоморен… и нема да ја дадам мојата слава на друг, ниту мојата чест на идоли!“ (2. Мојсеева 20,4-6; Исаија 42,8) – Да, својата слава Бог не ја дели со измислени светци, кои се идоли, и кои Црквата ги прикажува со икони, со кипови…

Тоа е суштина на пораката што произлегува од земното Светилиште, од библиските текстови што ни ги приведува Милин, во чиишто габарити се обидува да го смести своето идолопоклонство, да го смести среде синајскиот оган!

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за втората Божја заповед“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

Пролеани се стотици тони невина човечка крв додека иконите не се внесени во Црквата

Против обожавањето на сликите, реликвиите и другите заблуди што почнале да се вовлекуваат во црквата, во 4 и 5 век стануваат одделни христијани како, на пример, Вигилантие од Лион, Јовинијан од Рим, Хелведие, исто така од Рим, и други. Кон овој протест во 9 век се...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат