Пролеани се стотици тони невина човечка крв додека иконите не се внесени во Црквата
Против обожавањето на сликите, реликвиите и другите заблуди што почнале да се вовлекуваат во црквата, во 4 и 5 век стануваат одделни христијани како, на пример, Вигилантие од Лион, Јовинијан од Рим, Хелведие, исто така од Рим, и други. Кон овој протест во 9 век се придружува бискупот Клаудие од Торино. Против обожавањето на иконите својот глас го подигнале особено павликијанците, радикални христијани, кои барале враќање на евангелската едноставност. Тие исто така го отфрлиле обожавањето на крстот, култот на дева Марија (света Богородица) и на светците.
Во борбата за реформа на црквата се вмешале и византиските цареви. Борбата против иконите, наречена иконоклазам, која траела над 100 години, ја почнал царот Лав III Исауриски (717-741). Тој во 726 година првпат отворено истапил против култот на иконите, а на 17 јануари 730 год. издал едикт против култот на иконите.10
Синот на Лав и наследник на Константин V (741-755), бил уште поогнен иконоборец од татко му. Овој цар свикал црковен собор во Хиереја, на малоазискиот брег. Соборот почнал со работа на 10 февруари 754 година. На соборот учествувале 333 епископи. Обожавањето на сликите, изјавиле епископите, се противи на науката на Светото писмо, што јасно се гледа од стиховите, што веќе ги цитиравме: Јован 4,24; 20,29; 5. Мојсеева 5,8.9; Римјаните 1,23; 10,17; 2. Коринќаните 5,7 итн.
Против одлуките на соборот станало монаштвото на чело со игуменот Стефан Нови. Царот прибегнал кон репресалии: наредил да се затворат манастирите и дури дозволил да се погуби споменатиот игумен.
За време на наследникот на Константина, Лав IV (775-780), е водена умерена политика, но под влијание на жената на Лав, царицата Ирина, која била огнен приврзаник на култот на иконите, почнува да се засилува иконофилската партија. За време на наследникот на Лав, малолетниот Константин VI,, во чиешто име владеела мајка му, царицата Ирина, настапила промена во ставот кон иконите. Царицата Ирина, во договор со патријархот Терасие, свикала VII општ собор во Никеја. Под претседателство на патријархот Терасие, во присуство на околу 350 епископи и голем број калуѓери, овде, меѓу 24 септември и 11 октомври во 787 година едноподруго се одржани седум седници. Укинати се заклучоците на соборот од 754 година и воспоставен е култот на иконите.11
На запад Карло Велики и неговата француска црква не сакале да ги прифатат заклучоците на вториот Никејски собор од 787 година. Карло Велики свикал собор во Франкфурт во 794 година на кој се изјаснил против обожавањето на иконите, кое го нарекол идолопоклонство.
Со источновизантискиот цар Лав V Ерменецот (813-820) пак е обновена иконокластичката борба. Духовен водач на оваа борба бил учениот Јован Граматичарот. Свикан е собор во Света Софија и тој собор ги укинал заклучоците на VII општ собор, а ги потврдил одлуките на иконокластичкиот собор од 754 година.
За време на владеењето на Михаел II (820-829), во верскиот спор настапило извесно затишје. Синот на Михаел, Теофил (829-842), бил против обожавањето на иконите, а во 842 година, кога царот Теофил умрел, иконоборското движење доживеало крај. Кога умрел Јован Граматичарот и за патријарх е поставен Методиј, во март 843 година, со залагање на царицата Теодора, прогласена е реставрација на иконите. Пак со помош на еден синод е воспоставено обожавање на сликите, и 11 март 843 година се славел како победа на православието. Тој празник Источната црква сè до денес го сочувала како „недела на православието.“12
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за втората Божја заповед“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА ВТОРАТА БОЖЈА ЗАПОВЕД
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за втората Божја заповед“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на...
За сликите, иконите, киповите и другите идоли
Оваа материја е регулирана со втората Божја заповед која кажува: „Не прави си идол, ниту каква и да е слика од она што е горе на небото, или долу на земјата, или во водите под земјата! Немој да им се клањаш ниту да им служиш! Зашто јас, Господ, Бог твој, сум Бог...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.