Вечна пропаст за грешниците

Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување.

Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да го признаат Бога и кои не ја прифаќаат радосната вест на нашиот Господ Исус Христос. Тие ќе бидат казнети со вечен погибел од лицето на Господа и од неговата силна слава“ (2. Солуњаните 1,8.9). „Ќе бидат казнети (уништени) со вечен погибел“ (со вечна пропаст), а не со вечен пекол.

Павле исто така ни кажува дека „ќе се појави безбожник (беззаконик), кого Господ Исус  ќе го убие со здивот на својата уста, и ќе го уништи со сјајот на своето доаѓање“. (2. Солуњаните 2,8) – Ако Господ Исус ќе го убие и ќе го уништи безбожникот, Тој ќе ги убие и ќе ги уништи сите безбожници, сите грешници. – Ќе ги убие, ќе ги уништи, не со пекол и во пекол, туку со сјајот и силата на своето доаѓање.

Слично на апостол Павле, и пророк Софонија кажува дека Христос при своето второ доаѓање ќе ги истреби грешниците: „Близу е великиот Господов ден, и доаѓа бргу. Горчлив е гласот на Господовиот ден; тогаш ќе завика дури и најхрабриот. Тој ден е ден на гнев, ден на жалост и мачнотија, ден на запустување и уривање, ден на темнина, ден облачен и маглив, ден на труба и на боен повик… од огнот на неговата ревност ќе биде уништена  целата земја, и тоа ќе биде ненадеен крај на сите нејзини жители“ (Софонија 1,14-16.18) – Уништена целата земја и крај на сите нејзини жители!

Христос јасно кажува дека „широката врата и широкиот пат“ по кој одат грешниците, „водат во пропаст“, не во пекол, не во вечни маки, туку во пропаст, во уништување (Матеј 7,13.14)

Нема оправдание за традиционалистите кои зборот „пропаст“ го искривуваат, давајќи му друго значење, значење на вечни  маки.

Зборувајќи за „непријателите на Христовиот крст“, Павле кажува дека нивниот крај е „пропаст“ (погибел) (Филипјаните 3,18.19).

Завршувајќи го Посланието до Галатите, Павле предупредува: „Кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее пропаст, а кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот.“ (Галатите 6,8)

Денот Господов ќе дојде неочекувано, како крадец ноќе… Тогаш ненадејно (грешниците) ќе ги снајде пропаст и не ќе можат да избегаат.“ (1. Солуњаните 5,2.3)

„Оние што згрешиле без законот, без законот ќе загинат“, ќе пропаднат (Римјаните 2,12)

Петар зборува за лажни учители кои потајно внесуваат кривоверство и така на себе навлекуваат „браза пропаст“ (2. Петрово 2,1).

Кога зборува за подбивачите кои се подбивале со ветувањето за Христовото доаѓање, Петар повторно го зема примерот  за уништувањето на светот со потопот (2. Петрово 3,3-7). Тој ги потсетува читателите дека на Божја заповед „тогашниот свет загина потопен од вода, а сегашните небеса и сегашната земјата, пазени од истото слово, се чуваат за оган во денот на судот и пропаста на безбожниците.“

А во десеттиот стих Петар додава: „Ќе дојде денот Господов како крадец ноќе; тогаш небесата со силна бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата и сè што е на неа, ќе изгори.“ – Сè што е на нае, на земјата, значи и грешниците, не заминуваат во вечни пеколни маки, туку ќе изгорат, ќе ги снема.

Ова нè потсетува на Христовото предупредување: „Ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“ (Лука 13,3)

Последниве два текста, кои ни даваат толку јасен и исцрпен опис за уништувањето на замјта и на грешниците со оган, тешко дозволуваат постоење на бесконечни или вечни маки во пекол.

Во своето послание Јаков ни кажува: „Еден е законодавецот и Судијата, кој може да спаси и да погуби“ (Јаков 4,12), а тоа е спортивност меѓу спасението и уништувањето.

Откровение 11,18: „Дојде твојот гнев и време да им се суди на мртвите и да им дадеш награда на твоите слуги… и да ги погубиш оние што ја уништуваат земјата.“ – Овој текст е премногу јасен, толку јасен што не може да се сфати и да се толкува поинаку, освен така како што е напишан: Божјиот суд на грешниците не им досудува вечни маки во огнено езеро во кое гори сулфур и од кое во век и веков се издигнува дим , не им досудува вечен оган и вечни маки во пекол, туку им досудува и им пресудува, ништо друго, освен да бидат погубени.

И ова за Божјиот суд над грешниците: „Ако, откако ја познавме вистината, своеволно продолжуваме да грешиме, тогаш нема веќе жртва за гревот, туку страшно чекање на суд и јаростен оган што ќе ги проголта противниците.“ (Евреите 10,26.27) – Не пекол со вечни маки, туку „јаростен оган што ќе ги проголта“, што ќе ги уништи за секогаш.

„Уште малку и грешникот ќе го нема; ќе го побараш неговото место и нема да го најдеш… грешниците ќе загинат, и Господовите непријатели ќе ги снема како полската убавина, ќе исчезнат како дим “ (Псалм 37,10.20). – Гршникот ќе го бараш во пеколот, ќе го бараш во огненото сулфурно езеро, но ни таму нема да го најдеш, зашто тој загинал, исчезнал и од земјата и од вселената. Заминал во непостоење.

Заедно со грешниците и сатаната ќе замине во прав и ќе исчезне засекогаш од вселената: „Со твоите безбројни гревови во твојата неправедна трговија ти ги оскверни твоите светилишта; и јас пуштив оган пред тебе, да те прогола; и јас те претворив во пепел на земјата пред очите на сите што те гледаат. Сите што те знаеја меѓу народите, се згрозуваа над тебе, ти стана за ужас и исчезна засекогаш.“ (Езекил 28,18.19)

– Римјаните 6,23: „Плата за гревот е смрт!“

– Јован 3,16: „Ниеден да не загине“. Праведникот да „не загине“.

– Псалм 37,20; Исаија 51,6: „А грешниците ќе загинат… Ќе исчезнат како дим… како комарци“

– Псалм 145,20: „Господ бдее над оние што го љубат, а ќе ги истреби сите злосторници.“

– Псалм 2,9. „Ќе ги скршиш како грнец.“

– Псалм 68,2; Исаија 33,12: „Безбожниците ќе се растурат како дим, ќе се растопат како восок на оган, ќе изгинат од лицето Господово… ќе бидат изгорени… како отсечени трња што горат во оган.“

– Исаија 11,4: „Господ со здивот од својата уста ќе го убие безбожникот.“

– Матеј 13,40-42: „Ќе изгорат како какол.“

– Матеј 3,12: „Плевата ќе ја изгори со вечен оган.“ – Не во вечен оган во кој гори, туку во вечен оган кој ќе ја изгори.

– Исаија 47,14: „Тие се како плева, оган ќе ги спали.“

– Авдија 16: „Како да не постоеле.“

– Јован 15,1-6:  „Ако некој не остане во мене, ќе биде исфрлен надвор, како лоза, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат.“

– Малахија 4,1.3: „Еве иде ден, сличен на усвитена печка; тогаш сите горди и злосторници ќе бидат како стрниште – ќе ги запали денот што наближува, вели Господ над војските, та нема да им остане ни корен ни гранче… Грешниците ќе бидат пепел под вашите нозе.“ – Зборовите „нема да им остане ни корен ни гранче“ укажуваат на конечно уништување и исчезнување, а не на некакво вечно мачење.

– Откровение 20,9: „Падна од Бога небесен оган и ги проголта.“

– Откровение 20,14.15: – Конечна гехена: „И смртта и адот (пеколот – гробот) беа фрлени во огненото езеро. Тоа е втора смрт, огненото езеро. И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во огненото езеро.“

Денес кај многу протестантски теолози кои веруваат во пекол постојат безуспешни обиди да ги намалат пеколните хорори. На пример, престижниот протестантски евангелизатор Били Грејем (Billy Graham) изразува метафизичко гледиште за пеколот кога кажува:

„Често сум се прашувал не е ли пеколот страшен оган во нашите срца за Бога, за заедница со Бога, оган кој никогаш не можеме да го угасиме.“8

Толкувањето на Били Грејем за пеколниот оган како „страшен оган во нашите срца за Бога“ е многу досетливо, но за жал, тоа го занемарува фактот дека овој „оган“ не гори во нашите срца, туку надвор, каде што ги голта грешниците. Кога грешниците во своите срца би чувствувале оган за Бога, тогаш нив не би ги чекале маки на конечната казна.

Тартар – во грчката митологија „тартар“ се спомнува само еднаш во Новиот завет во 2. Петрово 2,4.9: „Бог не ги поштеди ангелите кои згрешија, туку ги струполи во пекол, и ги предаде на мрачните бездни каде што ги чува за суд.“ Според зборовите на апостол Петар, тартар е место каде што се фрлени и каде што се чуваат злите духови или злите ангели до судот кога ќе им биде судено. Токму за ѓаволот и за неговите ангели или демони е приготвено огнено езеро во кое ќе бидат фрлени и конечно уништени заедно со сите грешници, огнено езеро во кое конечно „ќе биде уништен последниот непријател – смртта“, каде што „смртта ќе биде уништена засекогаш“. Во огненото езеро конечно се уништени и старозаветниот шеол, и новозаветната гехена, и Платоновиот грчки хадес (ад), и тартарот, и пеколот и гробот, заедно со целокупниот нивни замислен бесмртен товар што го носеле во себе (1. Коринќаните 15,26; Исаија 25,8; Откровение 20,14).

Во светлината на овие текстови нема ни трага за некаква бесмртна душа или за бесмртен дух, нема ни трага за вечни маки во вечен пекол.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

Библијата: Душата не е бесмртна!

Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

  Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и...

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). - Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ -...

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...

Што прават мртвите во гробот?

Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...

Пеколот во Стариот завет

Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот  „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за...

Христос и библискиот пекол

Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но...

Вечен оган и вечна мака

„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели... Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“...

„Плач и крцкање со забите“

Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи: „Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут... Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде...

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...

Душите и небесниот суд

„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’...

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) - Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги...

Животните како „живи души“

Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...

Душата и крвта

Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...

Душата-нефеш во Стариот завет

1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...

Душата-психа во Новиот завет

Душата како личност во Новиот завет   Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...

На крстот умрела Христовата душа

Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...

Трите мртви момчиња и нивната душа

Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...

Апостол Јован: „Бев во духот“

Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...

Православието за православните митарства

„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски - во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот...

Православието за пеколот

  Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на  ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...

Католичката црква за чистилиштето

Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“, заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во...

Католичката црква за пеколот

Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...

Протестантите за пеколот

Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

  Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет.   Библиски одговор: Илија во...

Не разговарај со мртвите!

„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат