Вечен оган и вечна мака
„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели… Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“ (eternal punishment).
Христовата изјава: „Овие (грешниците) ќе заминат во вечна мака, а праведниците во живот вечен“, традиционалистите ја сметаат за најсилен и најјасен доказ за свесни маки и страдања на кои загубените грешници ќе бидат изложени за сета вечност. Традиционалистите му придаваат темелна важност на овој текст зашто тој ги обединува двата концепта: „вечен оган“ и „вечна мака“.
Откровение 14,9-11; 20,10: „По него оди трет ангел викајќи со силен глас: ‘Секој што ќе му се поклони на ѕверот и на неговиот кип (икона) и што ќе прими жиг на своето чело или на својата рака, ќе пие вино на Божјата срдба кое стои наточено, чисто, во чашата на неговиот гнев. Тој ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Јагнето. И димот на нивните маки се издигнува во век и веков; и немаат мир ни дење ни ноќе кои му се клањаат на ѕверот и на неговиот кип (икона) и кои примаат жиг на неговото име.’… А нивниот заводник, ѓаволот, беше фрлен во огненото и сулфурно езеро, каде што се наоѓаат ѕверот и лажниот пророк. Тие ќе бидат мачени ден и ноќ, во век и веков.“
Заедно со Матеј 25,46 традиционалистите овој текст од Откровение 14,9-11; 20,10 ги сметаат за два најважни текстови кои го потврдуваат традиционалното учење за пеколот.
Секако, со овој тескт (Откровение 14,9-11; 20,10) метафорично се прикажуваат многу работи, многу настани поврзани со последното време и затоа тој, како и многу други текстови од Откровението, не може да се толкува буквално, зашто, ако го толкуваме буквално, ќе западнеме во безизлез.
Веднаш станува јасно дека во текстот душите на грешниците не ги наоѓаме сами, изделени од нивните грешни тела. Ако во тој текст станува збор за пеколот, тогаш таму се заедно и телото и душата. Телото, а не душата, е тоа што на своето чело и на својата рака прима некаков жиг; телото, а не душата, пие вино од чаша.
Од друга страна, од каде телата на грешниците во пеколот, кога тие, заедно со праведниците, при смртта, заминаа во гроб, се распаднаа и се претворија во прав, зашто Бог рече: „Од прав си и во прав се враќаш?“ (1. Мојсеева 3,19) Значи, телата и на грешниците и на праведниците, се грешни, смртни и распадливи.
Но, апостол Павле кажува дека при второто Христово доаѓање и при првото воскресение, праведниците ќе добијат бесмртно тело во кое ќе заминат на небото: „Ова смртно тело треба да се облече во бесмртност.“ (1. Коринќаните 15,53)
А за грешниците Божјата реч кажува дека ќе воскреснат 1000 години подоцна во второто воскресение, но пак со истите грешни, смртни и распадливи тела со кои заминуваат во огнено езеро, кое е втора смрт. Зошто втора смрт? Затоа што тие воскреснале во своите стари грешни и смртни тела со кои заминале во првата смрт. А бидејќи пак останале со истите грешни смртни тела, тие мораат пак да умрат во втората смрт, односно во „огненото езеро, кое е втора смрт“. Значи, телата на грешниците пак ќе умрат, а не да се мачат во пеколниот пламен на огненото езеро.
Прашање, ако огненото езеро е пеколот во кој грешниците вечно се мачат, и ако од огненото езеро вечно се издигнува дим, тогаш нешто не е во ред! Како можат грешни, смртни и распадливи тела да горат и да се мачат во вечен оган? Смртното е смртно, распадливо и уништливо, и тоа не може вечно да гори. Единствен заклучок: При второто воскресение на грешниците, Бог нивните грешни распадлви тели ги претворил во бесмртни грешни тела за да можат вечно да се мачат во вечниот оган на пеколот!!! Дали некому му доаѓа на ум ваква мисла?
Ако Бог навистина го стори тоа – ако грешните смртни тела на грешниците при второто воскресение ги претвори во бесмртни грешни тела за да можат вечно да горат и да се мачат во вечниот пламен на пеколот, тогаш навистина Бог е вистински морон, најголем идиот и диктатор на сите времиња во целиот космос, поголем безумник од сите антички богови што ги измислиле луѓето.
Но, за голема среќа, тоа не е вистина. Творец на таа и таквата идеја е ѓаволот која, за жал, ја прифатиле и христијаните.
Да се вратиме на текстовите што ги читавме во Откровение 14-та глава: „Тој ќе биде мачен со оган и сулфур… И димот на нивните маки се издигнува во век и веков.“
Малку пред тоа, во истата глава, во осмиот стих, ние читаме за Вавилон, како олицетворение на гревот: „Падна, падна големиот град, Вавилон, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство“ (Откровение 14,8). Вавилон постапувал многу сурово со Божјиот народ кој бил таму во ропство. Во Откровението Вавилон е прикажан и како жена блудница, како вавилонска блудница. За нас е значајно тоа што апостол Јован сликата за вечниот оган и за димот кој „се издигнува во век и веков“ ја поврзува и ја применува на Вавилон, односно на вавилонската блудница: „Алилуја! Нејзиниот дим се издигнува во век и веков.“ (Откровение 19,3)
Но, да видиме дали навистина нејзиниот дим се издигнувал, и сè уште се издигнува, „во век и веков“. Во Откровение 18,8 читаме за Вавилон, односно за вавилонската блудница: „Затоа во еден ден ќе ја сполетаат казните: смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто силен е Господ кој ја суди.“ – Премногу јасен текст: „во еден ден… ќе биде изгорена во оган“. Значи, „нејзиниот дим“ не „се издигнува во век и веков.“
Дали Вавилон ќе гори за сета вечност? Очигледно не, зашто „ќе заплачат и ќе заридаат по неа земните цареви… кога ќе го видат димот од нејзиното горење; и стоејќи од далеку, од страв од нејзините маки ќе велат: ‘Тешко, тешко, голем граде Вавилоне, граде силен, зашто во еден час дојде твојата пресуда.’ И земните трговци ќе плачат и ридаат за неа, бидејќи нивните стоки нема веќе никој да ги купува… Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички камен, па го фрли во морето и рече: ‘Со таква бучава ќе биде сринат големиот град, Вавилон, и ќе го нема веќе.’“ (Откровение 18,8-21)
Вавилон „го нема веќе“. Тој е „изгорен во еден ден“. Неговиот вечен оган траел само еден ден. Неговиот дим што „се издигнува во век и веков“, можеби од неговите пепелишта се издигнувал само неколку дена, не во „век и веков“.
Тоа е библиска вистина за вечните пеколни маки на грешниците во „огненото и сулфурно езеро“; тоа е библиска вистина за „димот на нивните маки кој се издигнува во век и веков.“
Во Божјата реч ние имаме текстови со слична содржина, но со наполно поинаква порака. Еве некои од нив:
Во книгата на пророк Еремија Господ ги предупредува жителите на Ерусалим: „Но, ако не ме послушате и ако не го празнувате саботниот ден… тогаш ќе запалам оган пред неговите порти кој ќе ги уништи куќите ерусалимски, и нема да се угасне“ (Еремија 17,27). Пророштвото се исполнило кога Вавилонците го запалиле градот во шестиот век пред Христа. Сепак, огнот е одамна згаснат, зашто Ерусалим денес не гори. Затоа зборовите „и нема да се угасне“ значат дека огнот ништо нема да го запре додека не ја заврши својата задача.
Исаија предупредува дека старата земја Едом ќе биде претворена во сулфур и во запалена смола и „нема да се угасне ни ноќе ни дење; довека ќе се издигнува дим од неа… за вечни векови никој нема да минува низ неа“, и дека во неа ќе се населат „еж и чапја, буф и гавран“ (Исаија 34,9-11).
Очигледно, вечниот оган згаснал и не чади веќе. Како инаку би можеле таму да живеат еж и чапја, буф и гавран? Археолозите ја знаат приближната локација на земјата Едом. Иако пророштвото кажува дека „за вечни векови никој нема да минува низ неа“, илјадници години од неговото уништување луѓето преминуваат низ тоа подрачје и таму не гледаат вечен оган кој гори „ноќе ни дење“, не гледаат никого да се „мачи во оган и сулфур“, каков што е случајот со огненото сулфурно езеро. Значи, изразот „довека“, во овој контекст не може да значи вечност, туку тој само ја означува завршеноста, како што е тоа случај и со претходните текстови од Откровението за кои зборуваме. Едом веќе не гори. Во него одамна веќе изгореле неговиот сулфур и смола кои некогаш гореле. Се вели дека огнот е вечен бидејќи последиците се вечни. Горело додека имало што да гори. Горело додека не изгорело. Она што е уништено – засекогаш ќе биде уништено. Писмото јасно учи дека оние што не се спасени ќе бидат уништени за вечни времиња. „Вечниот оган“ значи вечно уништување на грешните, а не нивно вечно мачење. Очигледно е дека изразот „дење и ноќе“ не означува вечна, туку времена активност.
Пророштвото за Едом кажа дека „довека ќе се издигнува дим од земјата Едом“, но дим во Едом нема. Според тоа, и во Откровението „димот на нивните маки“ нема да се „издигнува довека“ и нема грешниците вечно, „дење и ноќе“ да се мачат во оган. И тие активности, на кои во Откровението им се припишуваат вечни атрибути, всушност се времени активности.
Вечниот оган и вечниот дим што се издигнувал од Едом, зад себе оставиле пустош: „Од род во род ќе остане (земјата) запустена“ (Исаија 34,10).
Овие текстови практично го разрешуваат проблемот со вечниот оган, со вечните маки и со вечниот дим што се издигнува од пеколот во кој грешниците „дење и ноќе“ вечно се мачат.
Во текстовите за гехена читавме за „огнена гехена“ („огнен пекол“), за „вечен оган“ и за „оган кој не се гаси“
Огнот е прикажан како „неугаслив оган“, како „оган кој не се гаси“, како „вечен оган“. Но би било необично кога она што се фрла во него би останало неуништено. Ние би го очекувале спротивното: тоа што се фрла во него засекогаш да биде уништено, а не засекогаш да биде изложено на маки. Оттаму и чадот, димот (како доказ дека огнот ја завршил својата задача) кој се „издигнува во век и веков“ (Откровение 14,11; 19,3).
Огнот е „вечен оган“ („вечен aionios” “) не затоа што тој трае вечно, туку затоа што тој вечно ги уништува грешниците. Тоа јасно се гледа од фактот што за огненото езеро, во кое се фрлени грешниците, изрично е кажано дека тоа е „втора смрт“ (Откровение 20,14; 21,8), која предизвикува конечно, радикално и неповратно гасење на животот.
Зборот „вечно“ често се однесува на трајните последици, а не на трајниот процес. Апостол Јуда во своето послание тоа многу убаво ни го објаснува со уништувањето на Содом и Гомор: „Како што и Содом и Гомор и околните градови, што блудствуваа на ист начин како и тие, и одеа по разновидно тело, стојат за пример, поднесувајќи казна – вечен оган“ (7 стих).
Очигледно е дека вечниот (aionios”) оган што ги уништил двата града, Содом и Гомор, не е вечен по траење, туку по трајните последици. „Вечниот оган“ одамна ги уништил Содом и Гомор за сите времиња, оставајќи зад себе целосен пустош во тие краишта.
Содом и Гомор „се мачат во вечен оган“? Каде? Тие веќе не горат. Тие градови се уништени (1. Мојсеева 19,29). Во Лука 17,29 Христос за нив кажува: „Во денот, кога Лот излезе од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги погуби сите.“ – Ги погуби, ги уништи сите. Петар кажува дека Господ „градовите Содом и Гомор ги претвори во пепел, ги осуди и ги постави за пример на идните грешници“ (2. Петрово 2,6).
Ако Содом и Гомор се претворени во пепел и уништени, како можат вечно да горат? Тие денес лежат под Мртвото Море. Тој „вечен оган“ ги уништил за вечни времиња, што значи, „вечниот оган“ остава зад себе вечни последици, вечно уништување, а самиот тој, како што гледаме, не гори вечно. Очигледно е дека изразот „вечен оган“ значи оти резултатите на вечниот оган се вечни, а не самиот процес на согорување. Вечна е казната, а не казнувањето.
Во светлината на ова што го кажавме за Содом и Гомор, и за текстовите од Откровението за димот што се „издигнува во век и веков“, треба да ја толкуваме и да ја разбереме Христовата изјава: „Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели… тие ќе заминат во вечна мака“ или во „вечна казна“ (Матеј 25,41.46). Во оваа светлина треба да ги толкуваме и да ги разберене извештаите во врска со вечниот оган од гехена и сите други библиски текстови кои упатуваат на вечен оган и на вечна мака на грешниците во пекол и пеколен оган.
На нашето чувство за љубов и милост, како и на нашата смисла за праведност, им е туѓа науката според која мртвите грешни се мачат во оган и сулфур во вечен пекол и дека поради гревовите што ги направиле во текот на својот краток земен живот мораат да се мачат сè додека постои Бог! Па сепак, оваа наука толку многу се проповедала, а и денеска ја проповедаат многу христијански вероисповеди. Еден угледен доктор по теологија рекол: „Погледот кон пеколните маки секогаш ќе го зголемува блаженството на светите. Гледајќи ги грешниците како се мачат во таква стравотија, а тие се толку високо почестени, ќе сфатат колку се среќни.“ Друг изјавува: „Додека одлуката за проклетството вечно ќе се извршува над грешниците, чадот од нивното мачење вечно ќе се издигнува во присуство на праведните кои, наместо да ја делат судбината на овие несреќници, ќе извикуваат: ‘Амин, алелуја! Фалете го Господа!’“
Каде може да се најде во Божјата реч такво учење? Зар спасените на небото ќе бидат лишени од сите чувства за сочувство и сожалување, па дури и од чувството на обична човечност? Зар таа ќе биде заменета со рамнодушноста на стоиците или со свирепоста на дивјаците? – Не, ова не е учење на Божјата книга.
Каква корист би имал Бог ако прифатиме дека Тој се насладува гледајќи ги вечните маки и дека ужива во пискотите, во викотниците и преколнувањата на мачените созданија што ги држи во пеколен оган? Зар овие страшни лелеци би можеле да бидат музика во ушите на бесконечната Љубов?
Се тврди дека со казнувањето на грешниците со вечна мака се покажува Божјата омраза кон гревот што ги нарушил мирот и редот во вселената. Страшно богохулство! Божјата омраза кон гревот како да оправдува тој да се овековечи! Според учењето на овие теолози, непрекратното мачење, без никаква надеж во милост, го распалува гневот на измачените жртви и додека тие својот гнев го изразуваат со клетви и богохулства, во текот на сета вечност го зголемуваат товарот на својата вина. Секако, Божјата слава не би можела да се зголемува со овој траен и сè повеќе раширен грев низ бесконечните векови на вечноста.
Не е можно да го процениме злото што е предизвикано со лажната наука за вечни маки. Библиската вера, полна со љубов и добрина и богата со милост, е затемнета со суеверие и покриена со ужас. Кога ќе помислиме со какви лажни бои сатаната го насликал Божјиот карактер, зар да нè чуди тоа што луѓето се плашат и се грозат од нашиот Творец кој е полн со милост, па дури и го мразат? Ужасните поими за Бога, раширени низ светот со учењето од проповедалните, создале илјадници и дури милиони сомневачи и неверници.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Библијата: Душата не е бесмртна!
Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...
Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и...
„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“
„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). - Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ -...
Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет
Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...
Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!
Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...
Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?
Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...
Што прават мртвите во гробот?
Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...
Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата
Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...
Пеколот во Стариот завет
Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за...
Христос и библискиот пекол
Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но...
Вечна пропаст за грешниците
Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување. Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да...
„Плач и крцкање со забите“
Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...
Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар
Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи: „Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут... Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде...
„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“
Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...
Душите и небесниот суд
„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’...
Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква
„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) - Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги...
Животните како „живи души“
Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...
Душата и крвта
Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...
Душата-нефеш во Стариот завет
1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...
Душата-психа во Новиот завет
Душата како личност во Новиот завет Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...
На крстот умрела Христовата душа
Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...
Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?
Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...
Трите мртви момчиња и нивната душа
Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...
Апостол Јован: „Бев во духот“
Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...
Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд
Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...
Православието за православните митарства
„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски - во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот...
Православието за пеколот
Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...
Католичката црква за чистилиштето
Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“, заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во...
Католичката црква за пеколот
Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...
Протестантите за пеколот
Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...
Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...
Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух
Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет. Библиски одговор: Илија во...
Не разговарај со мртвите!
„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.