Православието за православните митарства

„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски – во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот христијански свет, како на Исток, така и на Запад. Св. Златоуст им советува на сите христијани да го читаат тоа житие; а блажениот Августин кажува дека ‘читањето на житието на св. Антониј Велики го упатило на вистинскиот пат’.“20

Православието за воздушните митарства: „Темел на учењето за митарствата во Светото писмо! ‘Непрекратната и постојана употреба насекаде во Црквата, учењето за митарствата, особено меѓу учителите во четвртиот век, непорекливо сведочи за тоа дека ним тоа учење им го предале учителите од постарите векови и дека истото се темели на апостолското предание.’ Со други зборови, тоа се темели на Светото писмо и во потполност се согласува со него.“ – Во никој случај! Ниту трунка вистина во ова тврдење дека учењето за митарствата „се темели на Светото писмо и во потполност се согласува со него“. Учењето за православните митарства е светлосни години далеку од библиската вистина! Тоа се стопроцентни човечки измислици! Повеќе за апсурдите на митарствата во насловот „Библијата за смртта“, во поднасловот „Православието за православните митарства“.21

Лазар Милин го отфрла чистилиштето како измислица на Католичката црква која нема никаква основа ниту во Библијата ниту во преданието – и има право кога за него вели така. Но тој заборава, или намерно заобиколува и не сака да каже дека и православието има некаков еквивалент за католичкото чистилиште, а тоа се православните митарства, за кои не постои еднообразие во православните теолошки кругови, ниту пак за нив можат да се најдат некакви траги во Светото писмо.

Еве ја приказната за православните митарства, преземена од „Свтосавље“ на интернет: Третиот ден, откако ќе го напушти телото, душата поминува низ легион од зли духови каде што демоните ја обвинуваат за разни гревови што ги направила додека била на овој свет. Постојат околу дваесет такви препреки, наречени митарства, на кои се испитуваат различни гревови. Откако ќе помине низ едно митарство, душата поминува низ следното, и така сè до последното.

Мнозина ја опишувале таа средба каде што душата со голем страв се обидува да се ослободи од нападите на демоните кои ја мачат со разни гревови што ги направила и сакаат да ја приграбат за себе, изнесувајќи докази кои потврдуваат дека таа е грешна и дека поради тоа истата им припаѓа ним, и сите се согласуваат во едно – дека тоа е место (некаде во воздухот) на силно мачење и неизвесност за душата во врска со нејзината конечна судбина. Ако душата успее да помине низ сите митарства, тогаш заминува во рај, каде што ќе живее вечно; а ако тежината на гревот претегне, тогаш таа не успеала да помине, се запрела на некое од нив, и судбината на таа душа е вечно мачење во пеколен оган.

Јован Златоуст учи дека на душата ѝ се потребни многу молитви, добри дела, ангели чувари и други помагачи додека „поминува низ воздушното пространство… покрај невидливите власти и силите што господарат во воздухот, а кои уште се нарекуваат прогонувачи, митари, даночници, цариници“.

Макарие Велики пишува: „Кога ќе чуеш дека под небесата се наоѓаат реки од змеови, лавовски челусти, сили на темнината и јаростен оган што проникнува во секој дел на телото, зар не знаеш дека тие… ќе ја земат твојата душа кога ќе излезе од телото и ќе те спречат да влезеш на небесата.“

Кирил Александриски за митарствата: „Каков страв и трепет те чека тебе, о душо, во мигот на смртта! Ќе видиш ужасни, диви, свирепи, немилосрдни и безочни демони каде што како црни Етиопјани стојат пред тебе. И самиот нивни изглед е пострашен од секое мачење… На секое митарство се испитува одреден грев; за секој грев, за секоја страст, постојат одредени цариници и истражувачи.“22

Во врска со митарствата наведуваме уште некои мисли и цитати од православната теологија објавени на интернет во „Светосавље“ под наслов „Душа пред престолом Творца“, Старац Клеопа, са румунског Влада Петрин, текст објављен у СВЕТИГОРИ:

„Браќа мои, да се потсетиме на бесмртноста на душата. Знаете ли што останува во век века? Душата! Телото станува земја. Мртвите ги закопуваме, а потоа ги откопуваме, и по извесно време од нив останува само прав, а по подолго време ни коските не остануваат. Сè се претвора во ништо, зашто првата заповед гласи: ‘Земја си и во земја се враќаш.’ Но душата не умира никогаш. Таа останува во век векови, зашто е дух и не може да умре.

Но, за да знаете што се случува со душата кога човекот ќе умре, ќе ви кажам кој е нејзиниот пат по смртта, според преданието на Православната црква.

Во текот на првите 40 дена по смртта се одвива поединечен суд над душата, кога Бог разрешува каде ќе останеме, на добро или лошо, до конечниот суд. Тоа време е поминливо и променливо за праведниците и за грешниците. Имено, праведниците заминуваат во рај, во привремено блаженство, а грешниците во пекол, во привремени маки, каде што и едните и другите престојуваат сè до страшниот суд и до сеопштото воскресение.

Кога човекот ќе умре и кога ќе ја предаде својата душа, во тој миг пред него се појавуваат онолку ѓаволи колку што направил гревови и онолку ангели колку што имал добри дела

во животот. Така кажува свети Јефрем Сирин. Ѓаволите тврдат дека душата е нивна зашто е грешна, а ангелите велат дека таа има повеќе добри дела; и настанува голема битка меѓу нив и затоа душата се плаши да го напушти телото.

Седум дена непосредно пред својата смрт, отецот Јевтимие видел како ангелите се борат со ѓаволите за душата и вели: ‘Погледни како се борат! Божјите ангели, со златни круни на главата, ги удираат ѓаволите и тие бегаат.’

Во смртните мигови големо значење има ангелот што сме го примиле со нашето крштение. Тој е многу силен ангел кој нè чува не само сега, туку и по смртта до 40-тиот ден. Тој патува со нас низ митарствата 40 дена како наш заштитник. Кога не би бил тој ангел, ѓаволот би правел со нас сè што сака. Но нашиот ангел заштитник им вели на ѓаволите: ‘Тргнете се, ѓаволи! Јас го познавам животот на оваа душа од нејзиното раѓање па до сега.’

Најзначајна света тајна за оние што умираат се исповедта и светата причест… Веднаш по смртта, 40 дена се служи света литургија и помени со разрешување и со милостина кои ѝ помагаат на душата кога поминува низ митарствата, зашто Црквата, бидејќи ни е духовна мајка, се моли за душата која ѝ е ќерка по дар низ крштението за полесно да помине низ митарствата…

Бидејќи исповедта е толку значајна, ве молам да запаметите: Кога ќе се разболи твојата мајка, сестра, брат, сопруга, дете, татко, ќерка, немој прво да ги водиш на лекар. Прво доведи свештеник за да го исповеда болниот, за да се очисти од своите гревови… зашто, ако успееш да го наговориш исправно да се исповеда, си придобил една душа. Што велат светите отци? И ако некој имал смртни гревови, мошне тешки, и ако умрел исповедан, Црквата ќе го избави. Тој останува во пеколот само додека не се очисти.

Си слушнал што кажува еден светител? Видел огнено море од кое излегувале бели гулаби како снег и летале кон небото. Го видел пеколот и слушнал силна врева и пискоти. Се прашувал како, Господе, од оган да излегуваат гулаби. Гулабите биле душите на праведниците кои се исчистиле со епитимија и со престој во пеколот и платиле сè што морале да платат.

Црквата посредува од земјата најмногу со своите свети литургии… Христијанинот, ако умрел исповедан и ако, не дај Боже, имал тешки гревови и не поднел епитимија, тој епитимија ќе издржи во пеколот. Но од пеколот може да го избави Црквата со помош на своите свети литургии, со разрешување и со милостина, и така ќе замине во рај.

Но ако некој умрел неисповедан уште од својата младост, а имал и тешки, смртни гревови, на пример, како кога би умрел некрстен, сите служби што ќе се служат на земјата за таква душа малку ќе ѝ помогнат, зашто ништо нечисто нема да влезе во небесното царство.

Така ѓаволите поставиле митарства за да спречат кој било да замине на небото. Знаете ли зошто ѓаволите толку им завидуваат и ги мразат луѓето? Зашто душите на праведниците го дополнуваат бројот на отпаднатите ангели. Како што кажува свети Симеон Нови Богослов, Бог ќе го држи овој свет сè додека не се пополни бројот на паднатите ангели со душите на праведниците. Затоа ѓаволите толку ги мразат душите бидејќи знаат дека секоја душа, ако помине на небото, ќе го заземе нивното место и ќе им одземе сè. Заради тоа тие чекаат во воздухот и велат: ‘Ете, Бог нас нè исфрли од небото, а овие души сакаат да одат одовде кај Бога и ќе го заземат нашето место!’ И Господ им дозволил на ѓаволите да ѝ застанат и да ѝ стојат на патот на душата, зашто Бог е праведен, не само милостив. Демоните ги поставиле овие царини меѓу небото и земјата за да ги фрлат во пекол оние што умираат непокајани за тешки гревови.

Според откровенијата, постојат дваесет такви пречки, рампи, наречени митарства. На секое од нив се испитува некој вид грев. Поминувајќи низ едно, душата преминува во друго, и дури откако успешно ќе ги совлада сите пречки, душата може да го продолжи својот пат без да биде веднаш фрлена во пекол.

Еве како се наредени тие дваесет царини: Првата царина е поставена поради лоши зборови, втората поради клевети, третата поради лутина, четвртата поради алчност итн. – од најмали до најголеми гревови.

И кој не спомнал зло? Кој не се лутел? Кој не испил чашка повеќе во својот живот? Или кој не паднал во своите мисли или во својата мечта во блуд, во опивање или во други телесни гревови, или во душевни, како што читаме за животот на света Теодора?

Сте слушнале што рекла света Теодора кога требало да помине низ митарството за пијанство? ‘Многу се зачудив бидејќи ѓаволите ме потсетија на сите чашки ракија и вино што сум ги испила во мојот живот. И ми покажаа колку сум пиела, во кој миг и со кого сум била и колку пати сум пиела и колку пати сум се напивала…’

Ако христијанинот преку искрена исповед е разрешен од страна на свештеник на земјата, Светиот Дух му ги брише сите негови гревови. Христовата реч кажува: ‘Сè што ќе разреши свештеникот на земјата, ќе биде разрешено и на небото’ (н. заб.: погрешно и тенденциозно цитиран текст од Библијата. Таму не стои зборот „свештеник“). Не слушнавте ли? Сè што ќе врзе тој (свештеникот) на земјата, ќе биде врзано и на небото. Единствено ако човекот е паметен, ако често се исповеда, лесно ќе помине низ страшните воздушни митарства во третиот ден. Ќе му се мерат добрите дела со лошите.

Ако душата види дека на митарствата гревовите ја влечат надолу, таа е исплашена и почнува да плаче, особено ако на секоја царина види илјадници ѓаволи кои сакаат да ја приграбат за себе.

Колку ужасни се тие зли духови и нивните искушенија покажува случајот на света Богородица. Кога ангелот Гаврил ѝ го најавил скорашниот крај, таа го молела својот Син да ја избави од тие грозни ѓаволи. Исполнувајќи ја нејзината молба, сам Господ Исус Христос се појавил од небото за да ја прифати душата на својата пречиста мајка и да ја вознесе на небо. Страшен е третиот ден за душата на покојникот и затоа тогаш ѝ се потребни молитви.

Ѓаволот е толку грд, што кога би дошол овде каде што се наоѓаме ние, никој не би останал жив. Сите би изумреле од страв од паднатиот ангел. Но кога душата ќе види илјадници демони, се завлекува под крилјата на ангелот заштитник.

Нашата душа поминува низ воздушните митарства и точно во третиот ден, кога го напуштила телото, во истиот миг, за првпат пристигнува пред престолот на Света Тројца. Што гледа нашата душа третиот ден, кога првпат ќе пристигне пред Божјиот престол? Според сведоштвата на светите отци таа гледа неопишана слава, милијарди пати посилна од сончевата, и слуша похвални песни на херувими и серафими…

Третиот ден душата го слуша овој глас на јазикот на Адама: ‘Носете ја оваа душа шест дена во рајот.’ Зашто во текот на шест дена душата ни поминува низ рајот со брзина на мислите. Тогаш ангелите ја земаат душата со брзина на молња и ја водат кон рајските градини чијашто убавина не може да се искаже. И таму, според зборовите на свети Андреј, таа ќе види дека еден цвет од рајот е поскап од сите народи на светот, од сите украси и богатства, зашто тој никогаш нема да овене… Како што кажува свети Козма, кој бил во рајот, душата таму гледа шатори на праведниците –  сребрени, златни, шатори од оникс, рубин, сафир … ливади… дрвја со златни лисја и со златни цветови… Дрвјата се плодоносни, на секоја гранка по 70 видови овошје. Пеат и лисјата, и цветовите, пеат птиците; низ ливадите течат реки од мед и млеко… Душата во рајот се среќава со своите роднини и пријатели… кои ѝ кажуваат: ‘Ние знаеме каде одиш. Ти одиш на суд на душите. Четириесеттиот ден ќе се реши каде ти ќе заминеш, во рајот или во пеколот.’

И ете, така ја дочекуваат душата, и таа патува низ рајот шест дена. Ангелот заштитник ѝ кажува: ‘Душо, еве, по 40 дена ти ќе дојдеш и ќе заземеш едно место овде!’ Но ако ангелот знае дека душата е грешна, ќе ѝ каже: ‘Сестро, душо, немој да се радуваш; не те доведов да останеш овде. Те доведов да видиш што си загубила за време на твојот краток земен живот, ако не си имала страв од Бога, ако не си постела, ако не си одела во црква и ако не си правела добри дела…. Овде ќе поминеш за да видиш колку некои луѓе заработиле за малку време, со Божји страв, и што загубиле неверниците кои не му се поклониле на Бога.’ … И така душата поминува низ рајот 6 дена, заедно со оние три претходни – вкупно 9 дена…. Потоа душата ангелите ја водат пак пред Божјиот престол каде што Бог им кажува: ‘Водете ја оваа душа 30 дена низ пеколот!’ И веднаш ангелите ја земаат и се свртуваат кон запад, кон пеколот, кој нема крај, спротивно од исток, каде што се наоѓа Божјиот престол. И кога ангелите ќе ја одведат душата во пеколот, таа таму ќе види длабока бездна, најдолниот пекол и огненото езеро од апокалипсата. Таму ќе види црв кој не умира… неугаслив оган, црн оган кој гори, милијарди пати пожежок од земните огнови и кој нема граница во својата длабина. Таму ќе види најцрн мрак, тартар… големи маки и многу видови ѓаволи и своите безбожни роднини како се мачат…

И поминува 30 дена со брзина на мислите, како молња, и душата гледа безбројни и неискажливи пеколни маки на грешниците.

Значи, 30 дена низ пеколот, заедно со претходните 9 – вкупно 39 дена. А во 40-тиот ден ангелите душата ја носат пред престолот на Света Тројца, во близина на неискажлива светлина, за да се поклони пред Бога.

И тогаш, на четириесеттиот ден, душата, ако е праведна, ќе го чуе овој глас на арамејски јазик, гласот на Аврама: ‘Водете ја оваа душа во Ган Едем, односно во наслада и радост без граници.’ Но, ако душата, не дај Боже, е грешна, ќе чуе: ‘Водете ја оваа душа во шеол или во ад, односно во пекол и во мака.’

Божјите ангели, иако се добри и милостиви, ако Бог им нареди да ја водат, со тешко срце ја водат, но ја водат во пекол.

Ако некој би видел како тогаш нашата душа ги моли ангелите, кога би видел како ја водат на маки, би плачеле и темелите на светот. Се завлекува под крилјата на ангелите и вели: ‘Ангели Божји, пресвети, предобри, не оставајте ме! Каде ме водите? Во чии раце ме предавате? Кој ќе ме извади одонде? Кој уште ќе има милост спрема мене? Кој знае на земјата на какви маки одам?… И, ако душата живеела во зло, во грев и без покајание, ангелите ја водат во пекол, а ако била добра и праведна, ја водат во рај.

Тоа се случува 40 дена по смртта. Затоа нашата духовна мајка, Црквата, се грижи за нас и прави помени по заминувањето на секој покојник по 3 дена, по 9 дена и по 40 дена, зашто тогаш се решава каде ќе престојува нашата душа, во рај или во пекол. Значи, дури во четириесеттиот ден на душата ѝ се одредува место каде што ќе престојува до воскресението на мртвите. Некои души уживаат наслада на идната радост и блаженство, а други во страв од вечни маки, кои конечно ќе настапат по страшниот суд. Сè до тогаш можни се промени во состојбата на душата со помош на молитви и опела и со добри дела кои се прават во нивна полза, како на пример, милостина, дарови во Црквата и особено со нивно спомнување на божествената литургија.

Да истакнеме уште еднаш дека, откако ќе изминат тие 40 дена, останува уште една вратичка отворена за нашата душа. Ако душата била во вистинската православна вера и била вистински син на Христовата црква, ако не западнала во некоја секта или заталкала некаде на друго место, или ако имала тешки гревови, а се исповедала и се причестувала, Црквата може да ја избави од пеколните маки со помош на свети служби и милостина. Црквата е наша духовна мајка која нè родила со вода и со Дух при крштението.

Бегајте од сектите како од ѓаволот, како од сатаната. Тие не само што не се христијани, туку се полоши и од сите многубошци. Останете синови на Христовата црква, како што биле вашите дедовци и прадедовци низ вековите.

Држете се за вашата мајка Црква, зашто, Боже не дај, и ако човек замине во пекол поради  своите неисповедани и непокајани гревови, Црквата може да го избави со помош на литургиите дадени од Бога, преку помени, милостина и жртва. Без Црквата нема спасение! Кој ја напуштил Црквата, го нема веќе Христа, зашто Црквата е тело Христово. Кој излегол од Црквата, не е Божји син по дарот на крштението, туку станува син на сатаната, зашто се отцепил од духовната мајка и се загубил. Господ нека ви помогне.

Со ова завршувам и ве молам од сето срце да имате страв Божји. Немојте да заборавите да се молите. Молете се и за нас грешни. Амин.“  – Завршува Старецот Клеопа, кој ја сублимира православната теологија за митарствата создадена во текот на вековите надвор од секаков библиски контекст.

Почитувани, што можеме да кажеме по едно вакво имагинарно патешествие на кое нè поведе православната теологија заедно со душата по смртта низ православните митарства? Ништо друго освен дека споменатите митарства се проѕирни, наивни приказни за библиски неупатените, франкенштајнова сторија, обичен хорор на Хичкок, воопшто неприфатлив за оние што ја познаваат Библијата, страшно и најстрашно безумие што воопшто можеле да го измислат луѓето, сатански специјалитет и негова наслада луѓето да ги измачува со таков страв кој ја труе нивната душа. Тоа е силно орудие во рацете на Црквата и свештенството да ги држат верниците на узда, кула од хартија која и најмалечко библиско ветре ќе ја однесе во неврат.

Скелетот на православните митарства не е библиски ниту Божји зашто, како што читавме, е создаден не според Библијата, туку „според преданието на Православната црква“, „според сведоштвата на светите отци“, „според зборовите на свети Андреј“; според она „така велат светите отци“; „така кажува еден светител“; „така кажуваат свети Јефрем Сирин“, „свети Симеон Нови Богослов“, „свети Козма“; „така рекла света Теодора“; „така учи Јован Златоуст“; „така пишуваат Макарие Велики“, „Кирил Александриски“; „отецот Јевтимие видел како ангелите се борат со ѓаволите за душата“, така видел и така кажува овој или оној „свети светец“ или оваа или онаа „света светица“, итн. и итн., во бескрај. Ниту еден од овие, ниту кој и да е друг од онаа силна плејада други уважени великани на Православната и на Католичката црква, не е библиска личност со право да создава нова теологија или „друго евангелие“, надвор од димензиите на Библијата, да ја дополнува и преправа изворната пророчка и апостолска библиска теологија, калемејќи и прекалемувајќи на неа свои сфаќања, идеи и замисли. Целокупната нивна теологија, врз која почива преданието и традицијата, во овој случај теологијата за митарствата, е само нивна, човечка и црковна имагинација, и ништо повеќе, зашто таа е далеку од канонската изворна библиска теологија.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

Библијата: Душата не е бесмртна!

Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

  Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и...

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). - Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ -...

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...

Што прават мртвите во гробот?

Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...

Пеколот во Стариот завет

Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот  „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за...

Христос и библискиот пекол

Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но...

Вечен оган и вечна мака

„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели... Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“...

Вечна пропаст за грешниците

Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување. Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да...

„Плач и крцкање со забите“

Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи: „Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут... Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде...

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...

Душите и небесниот суд

„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’...

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) - Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги...

Животните како „живи души“

Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...

Душата и крвта

Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...

Душата-нефеш во Стариот завет

1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...

Душата-психа во Новиот завет

Душата како личност во Новиот завет   Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...

На крстот умрела Христовата душа

Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...

Трите мртви момчиња и нивната душа

Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...

Апостол Јован: „Бев во духот“

Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...

Православието за пеколот

  Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на  ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...

Католичката црква за чистилиштето

Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“, заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во...

Католичката црква за пеколот

Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...

Протестантите за пеколот

Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

  Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет.   Библиски одговор: Илија во...

Не разговарај со мртвите!

„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат