Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар
Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи:
„Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут… Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде оддалеку Аврама и Лазара во неговиот скут (во прегратките или во пазувите на Аврама). Тогаш тој извика и рече: ‘Татко, Авраме, смилувај ми се и прати го Лазара да го натопи врвот од својот прст во вода, та да ми го разлади јазикот, зашто многу страдам во овој пламен.’ Но Аврам му рече: ‘Синко, сети се дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти се мачиш. Освен тоа, меѓу нас и вас е поставена голема бездна така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму не преминуваат кај нас.’ А тој пак рече: ‘Тогаш, те молам, татко, прати го (Лазара) во домот на мојот татко, зашто имам петмина браќа, да им посведочи за да не дојдат и тие на ова место на маки.’ Аврам му рече: ‘Тие ги имаат Мојсеја и пророците, нив нека ги слушаат.’ А тој рече: ‘Не, татко Авраме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.’ А Аврам му рече: ‘Ако (луѓето) не ги слушаат Мојсеја и пророците, нема да му веруваат ни на оној кој би станал од мртвите.’“
Зборот хадес, во нашите преводи пекол (хад, ад) се јавува во сторијата за богатиот човек и Лазара, но со поинакво значење. Додека другите десет од вкупно единаесет текстови во Новиот завет заборуваат за гроб или за престој на мртвите, зборот хадес (ад) во оваа Христова сторија означува место на казнување на грешниците (Лука 16,23).
Очигледно е дека дуалистите оваа Христова сторија ја користат како силен доказ со кој ја поткрепуваат својата идеја за постоење на бестелесни души во периодот меѓу смртта и воскресението, но со непремостливи проблеми.
Ако оваа сторија е вистински опис на состојбата на мртвите меѓу смртта и воскресението, тогаш таа мора да биде вистинита и доследна во сите свои подробности. Но, ако оваа сторија е некаков метафоричен или сликовит приказ на некоја вистина, тогаш за нас е прифатлива само моралната вистина што таа ја содржи во себе и што ни ја пренесува.
Нејзиното буквално толкување се распаѓа под тежината на нејзината сопствена апсурдност и под нејзините противречности, што за еден внимателен читател се очигледни.
Застапниците на буквално толкување претпоставуваат дека богатиот човек и сиромавиот Лазар биле бестелесни духови лишени од нивните тела.
„Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут“ (во прегратките или во пазувите на Аврама), во рајот, а кога „умре богатиот, него го закопаа“, и го наоѓаме во пеколот (Лука 16,19.30).
Во оваа Христова сторија ангелите Лазара го однеле во рајот заедно со телото и душата, зашто така кажува текстот: „Кога умре сиромавиот (Лазар), ангелите го однесоа во Аврамовиот скут“, во рајот. Во рајот ние го гледаме прстот на Лазара („да го натопи врвот од својот прст во вода“), а ако во рајот е неговиот прст, таму е и целото негово тело, заедно со неговата душа.
За богатиот човек читаме дека го закопале, но во пеколот ние го гледаме неговиот јазик со кој зборува („да ми го разлади јазикот“) и неговите очи со кои гледа („ги подигна своите очи и ги виде оддалеку Аврама и Лазара во неговиот скут“), а ако во пеколот се неговиот јазик и неговите очи, таму е и целото негово тело, заедно со неговата душа. Но се прашуваме – каде е богатиот човек, во гробот, каде што го закопаа, или неговото тело по грешка е однесено во пеколот заедно со неговата душа? Сторијата не кажува и дека ангелите ја однеле во рајот душата на Лазара, ниту пак кажува дека во пеколот заминала душата на богатиот. Напротив, двајцата ги гледаме во рајот и во пеколот со нивното тело и со нивната душа, интегрално.
Што да кажеме за Аврама? Од текстот произлегува дека Аврам е поставен над рајот кој во својот скут ги прифаќа душите на праведниците кои по смртта заминуваат во рајот. Оправдано прашање: Дали Бог над рајот ја поставил душата на Аврама, изделена од неговото тело, или, пак, го поставил Аврама физички, заедно со телото и душата? Ако Бог ја поставил за управител на рајот душата на Аврама, тогаш душа управува со душите – што е многу чудно и тешко сфатливо. Но, ако е така, дека душата на Аврама управува со душите на праведниците во рајот, тогаш од каде ѝ е скутот (прегратките или пазувите) на Аврамовата душа, зашто душата нема скут бидејќи скутот е составен дел на телото, а неговото тело замина во гроб, а не во рајот. За Аврама читаме дека тој умрел и дека него го закопале неговите синови, Исак и Исмаел (1. Мојсеева 25,8.9), а во сторијата него го гледаме во рајот со голем скут во кој се сместени душите на умрените праведници. Како да го разбереме сето ова?
„Аврамов скут“ – колкав е тој Аврамов скут за милиони спасени. Ние мноштвото спасени го гледаме на стакленото море на небото (Откровение 7,9), а не во Аврамов скут.
Лазара на небото (во скутот на Аврама) во рајот, и богатиот човек во пеколот, ги разделува голема бездна (провалија). Бездната е премногу широка за да може некој да ја премине, но доволно тесна за да им овозможи разговор. Земајќи го ова буквално, небото и пеколот се на говорна и визуелна оддалеченост на која праведниците од рајот и грешниците од пеколот можат заемно да се гледаат и да разговараат. Па во светлината на ова да го разгледаме следниот случај:
Родителите се во рајот на небото од каде што ги гледаат своите деца како во текот на сета вечност се мачат во пеколот. Дали таквата сцена нема да ја уништи сета радост и мир на небото? Незамисливо е спасените во текот на сета вечност преку бездната да ги гледаат и да разговараат со своите мили и драги кои не се покајале како вечно горат во катран и сулфур во пеколот?
Од друга страна, ако оваа сторија ја толкуваме буквално, се судруваме со темелните библиски вистини, зашто тогаш Лазар ја примил наградата, а богатиот човек казната непосредно по смртта, пред судниот ден, што е библиски неисправно. Библијата јасно учи дека наградите и казните и разделувањето на праведниците и грешнициите ќе се случат при Христовото доаѓање.
„Кога Синот човечки ќе дојде во својата слава… тогаш пред него ќе се соберат сите народи, па ќе ги оддели едни од други.“ (Матеј 25,32.32)
„Еве, ќе дојдам скоро, и мојата плата со мене, за да му дадам секому според неговите дела.“ (Откровение 22,12)
Апостол Павле очекува да добие „венец на праведноста“ кога ќе се појави Христос (2. Тимотеј 4,8)
Буквалното толкување на сторијата за богатиот човек и за сиромавиот Лазар е спротивно на заедничкото сведоштво на Стариот и Новиот завет дека умрените, и праведните и неправедните, лежат без зборови и без свест мртви до денот на воскресението (Проповедник 9,5.6; Јов 14,12-15.20.21; Псалм 6,5; 115,17).
Еврејското сфаќање од тоа време. За среќа, за нашето истражување на овој предмет имаме еврејски списи кои ја осветлуваат оваа сторија за богатиот човек и Лазара. Посебно е интересна „Проповедта на Грците за хадесот“ од познатиот еврејски историчар Јосиф Флавие кој живеел во новозаветниот период (умрел околу 100-та година). Неговото излагање е многу слично на сторијата што ја проучуваме. Во него Јосиф Флавие објаснува дека „хадот е подземно подрачје во кое не продира светлината на овој свет… Ова место е одредено за чување на душите; во него се поставени ангели за чувари кои на душите им делат временски казни, сообразно со нивното однесување и со нивните постапки.“9
Меѓутоа, Јосиф Флавие истакнува дека хадот е поделен на две подрачја. Едното е „подрачје на светлината“ во кое ангелите ги доведуваат душите на праведните, место „кое го викаме Аврамов скут“10.
Другото е подрачје на „постојана темнина“ во кое „ангелите доделени за казнување“ сосила ги одвлекуваат грешниците.11 Овие ангели ги влечат грешниците „до работ на пеколот“ за да можат да ја видат и да ја почувствуваат жештината на пламенот.12 Но тие не се фрлени во пеколот – таму ќе бидат фрлени откако ќе заврши последниот суд. „Меѓу нив постои длабока и широка бездна, преку која праведник, кој би им се смилувал, не би можел да премине, ниту би можел тоа да го стори грешник од другата страна кој би се осмелил да се обиде.“13
Сличноста меѓу описот на хадот (пеколот) на Јосифа и сторијата за богатиот човек и Лазара е очигледна. Во двата извештаја имаме две подрачја. Во едното се праведниците, а во другото грешниците. Меѓу нив е голема бездна.
Описот на хадот на Јосиф Флавие не е единствен. Слични описи на хадот можеме да најдеме и во друга еврејска апокрифна литература.14 А тоа значи дека Исус се послужил со популарното сфаќање за состојбата на мртвите во хадот (пеколот) не затоа да ги поддржи тие гледишта, туку да ја истакне важноста на потребата во овој живот да го почитуваме учењето на Мојсеја и пророците, зашто единствено тоа го одредува блаженството или бедата на идниот свет.
Оправдано е да се прашаме: Зошто Исус ја изнел оваа сторија за богатиот човек и за сиромавиот Лазар заснована на тогашните погрешни верувања кои неточно ја прикажуваат вистината изнесена на други места во Светото писмо и во неговото сопствено учење? Одговорот гласи: Исус на луѓето им пристапувал на нивниот терен, служејќи се со она што им било познато ним за да ги поучи на важните вистини. Мнозина меѓу неговите слушатели верувале во свесна состојба на постоење меѓу смртта и воскресението, иако тоа верување е туѓо на Светото писмо. Ова погрешно верување е прифатено во периодот меѓу Стариот и Новиот завет како дел на процесот на елинизирање на јудаизмот и во времето на Исуса тоа станало негов дел. Во оваа сторија Исус го употребил популарното верување, не за да го поддржи, туку во мислите на своите слушатели да вреже важна духовна вистина.
Беше кажано дека теологијата на споменатите цркви кои веруваат во задгробен живот на душата на умрените, надвор од телото, во голема мера задгробниот живот го темелат токму врз оваа Христова сторија. Но, како што видовме, таа нивна теологија не почива врз цврсти темели, туку врз песок.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Библијата: Душата не е бесмртна!
Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...
Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и...
„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“
„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). - Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ -...
Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет
Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...
Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!
Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...
Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?
Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...
Што прават мртвите во гробот?
Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...
Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата
Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...
Пеколот во Стариот завет
Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за...
Христос и библискиот пекол
Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но...
Вечен оган и вечна мака
„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели... Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“...
Вечна пропаст за грешниците
Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување. Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да...
„Плач и крцкање со забите“
Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...
„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“
Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...
Душите и небесниот суд
„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’...
Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква
„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) - Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги...
Животните како „живи души“
Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...
Душата и крвта
Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...
Душата-нефеш во Стариот завет
1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...
Душата-психа во Новиот завет
Душата како личност во Новиот завет Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...
На крстот умрела Христовата душа
Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...
Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?
Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...
Трите мртви момчиња и нивната душа
Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...
Апостол Јован: „Бев во духот“
Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...
Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд
Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...
Православието за православните митарства
„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски - во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот...
Православието за пеколот
Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...
Католичката црква за чистилиштето
Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“, заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во...
Католичката црква за пеколот
Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...
Протестантите за пеколот
Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...
Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...
Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух
Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет. Библиски одговор: Илија во...
Не разговарај со мртвите!
„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.