Пеколот во Стариот завет
Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за гроб во земја или под земја, а никако не порака за некаков пекол во кој душите на грешниците се мачат во вечен оган. Зборот шеол во себе ги содржи зборовите што му ги кажал Бог на Адама кога згрешил: „Со пот на своето лице ќе јадеш леб сè дури не се вратиш во земјата од која си земен; зашто си земја и во земја ќе се вратиш.“ (1. Мојсеева 3,19). Тоа е основното значење на зборот шеол.
Меѓутоа, преведувачите на Библијата се пристрасни, па во различни контексти на Стариот завет тие зборот шеол различно го преведуваат, често и со зборот пекол. Тие тоа го прават под притисок на теологиите на своите цркви кои веруваат во пекол, а тоа не е ниту исправно, а уште помалку е чесно. Од еден преведувач на Библијата се очекува тој исправно да ни ја пренесе оригиналната мисла и порака на библиските текстови, а не низ нив да ни пренесува своја теологија или теологијата на својата црква, која е различна од изворната библиска теологија.
Ќе наведеме неколку примери од кои јасно се гледа дека зборот шеол во Стариот завет во никој случај не може и не смее да се преведе со зборот пекол.
Во Стариот завет зборот шеол прв го употребил добриот патријарх Јаков. Тој верувал дека неговиот сакан син, Јосиф, го растргале диви ѕверови, и мислата за таа голема загуба му го раскинувала срцето. Тагувајќи за Јосифа, тој рекол: „Со тага ќе појдам кај мојот син во шеол.“ (1. Мојсеева 37,35). Во англиските преводи зборот шеол преведувачите ни го преведуваат со зборот гроб (grave). Кога истиот збор би го превеле со зборот пекол, би испаднало дека Јосиф се наоѓа во пеколот, и дека и Јаков очекува да замине во пеколот кога ќе умре, што би било своевиден апсурд.
Пророкот Јов се молел да замине во шеол, и преведувачите на споменатите преводи исправно тој збор тука го превеле со зборот гроб. Но, во македонскиот превод стои: „О, да беше ме сокрил и криел во пеколот, додека да мине твојот гнев, да беше ми одредил рок и после да си спомнеш за мене.“ (Книгата за Јов 14,13).
Во македонскиот превод на Библијата, најправедниот човек на светот, Јов (Јов 2,3), преведувачите го праќаат и го сместуваат во пеколот. Чудно и несфатливо! Православната црква верува во пекол, и нејзините преведувачи таа православна теологија за пеколот ја ставаат во Библијата каде што воопшто не ѝ е местото. Јов поминувал низ многу тешки страдања и дошол мигот кога не можел веќе да ги издржи, и затоа го молел Бога да го прати во шеол, во гроб, каде што конечно ќе може да здивне, да се одмори (Јов 3,17-19). Зар Јов се молел Бог да го прати на уште поголеми маки, во пеколот, во оган? Да, токму така читаме во македонскиот православен превод на Библијата.
Уште еден старозаветен пророк, недвосмислено и јасно ни помага исправно да го дефинираме старозаветниот збор шеол: „Сè што може да врши твојата рака, според твоите сили, врши; зашто во гробот (шеол), каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост.“ (Проповедник 9,10)
Овој библиски текст е најочигледен пример и доказ дека старозаветниот збор шеол не може да се преведе поинаку, освен како гроб.
Суштина на сето ова што го кажавме за зборот шеол: Шеол е единствен „пекол“ во целиот Стар завет – единствен пекол за кој знаел и верувал Божјиот народ во текот на 4000 години. Какво било тоа место? Тоа место било место на тишина и одмор и состојба на несвесност, бесвесност, бессознание. Пророците ги учеле дека во таква состојба заминуваат и праведниците и грешниците во мигот на смртта. Таму двете групи го чекаат денот кога Творецот ќе ги врати во живот при воскресението.
Заклучок. Старозаветната Божја црква не верувала во вистински пекол во кој грешниците вечно се мачат во оган.
Многу значаен факт е да истакнеме дека и новозаветната апостолска црква го презема истиот збор шеол од Стариот завет.
Новиот завет е напишан на грчки јазик, и овде грчкиот збор „хадес“, македонски „ад“, одговара на еврејскиот збор шеол од Стариот завет. Ова го потврдува апостол Петар во својата проповед што ја одржал на денот Педесетница (Дела 2,27). Во таа пригода апостол Петар цитирал текст од Стариот завет во кој се појавува зборот шеол. Значи, во својата проповед, апостол Петар еврејскиот збор шеол го превел со грчкиот збор хадес. Тој текст, што го напишал Давид, се наоѓа во Псалм 16,10. Многу англиски преводи во овој стих го оставаат оригиналниот еврејски збор шеол. Некои од нив го преведуваат со зборот „гроб“, а некои со „подземје“. Меѓутоа, во македонскиот превод (Псалм 15,10) тој стих е преведен вака: „Ти нема да ја оставиш мојата душа во пеколот, ниту, пак, твојот Светец ќе доживее распаѓање“, што е погрешно преведено.
Исто така и во текстот во Дела 2,27 преведувачите тој збор го преведуваат различно: како гроб, подземје, место на мртвите, хадес, пекол. Во македонскиот превод тој збор е преведен со зборот „ад“ или пекол.
Во секој случај, независно од тоа што преведувачите на Библијата пристрасно и погрешно зборот шеол го преведуваат со зборот пекол, каков што е случајот со македонскиот превод, пеколот (шеол) во Стариот завет не е пекол каде што гори пеколен оган во кој вечно се мачат душите на грешниците. Ако беше така, тогаш и добриот патријарх Јаков, и најправедниот човек на земјата, Јов, и Давид, како човек според Божјето срце, и сите други праведници од Стариот завет, ќе заминеа во вечни маки во тој пекол. Според тоа, шеол навистина е гроб или подземје каде што заминале сите тие и каде што одат сите мртви, а не пекол со вечни маки.
Споменатиот текст од Псалм 16,10 е пророштво што го цитирал апостол Петар за Исусовата смрт и за неговото воскресение, во кое се кажува дека Исусовата душа нема да биде оставена во шеол. Пред сè, ова докажува дека Исус, кога умрел, заминал во истиот шеол кој се спомнува во Стариот завет, шеол или гроб во кој заминале сите праведници од Стариот завет – Јаков, Јов Давид… Едновремено, апостол Петар во својата проповед докажува дека пеколот од Стариот завет е еднаков со пеколот во Новиот завет, или со новозаветниот пекол во кој заминуваат сите праведници во новозаветниот период. Тоа е библиски пекол и во Стариот и во Новиот завет – гробот.
„Ти нема да ја оставиш мојата душа во шеол (во Новиот завет преведен како пекол), ниту, пак, твојот Светец ќе доживее распаѓање.“ (Псалм 16,10; Дела 2,27)
Ова пророштво, што го напишал Давид, се однесува на Христа, кој по смртта заминал во старозаветен шеол или гроб, или во новозаветен хадес (ад) или пекол. Во грчката митологија Хад бил бог на подземниот свет и оттаму доаѓа името на тој подземен свет, хад, хадес, ад.
Од овој библиски текст произлегува многу значајна вистина: Кога Исус умрел, неговите ученици го закопале во гробот на Јосифа од Ариматеја. Текстот кажува дека во гробот заминале и неговото тело и неговата душа, заедно, неразделно, интегрално. Кога текстот кажува „нема да ја оставиш мојата душа во шеол“, значи дека таа била во шеолот, во гробот, во адот, во пеколот, и дека не требало да остане таму. Кога текстот кажува дека „твојот Светец нема да доживее распаѓање“, значи дека неговото тело било во шеолот, во гробот, во адот, во пеколот, и дека не требало да остане таму и да се распадне.
Пророштвата кажуваат дека Христос три дена требало да помине во гробот и дека потоа требало да воскресне, и така се случило. Третиот ден Тој воскреснал, и заедно, интегрално, со телото и душата, го напуштил шеолот, гробот, адот, пеколот, во кој заминал при смртта заедно со телото и душата.
Кога Исус умрел, неговата душа не заминала на небото, во рајот, туку, заедно со телото, таа заминала во гробот. Тоа го потврдува и сам Исус по своето воскресение, кога ѝ вели на Мрија: „Не допирај се до мене, зашто уште не сум се вратил кај мојот Отец.“ (Јован 20,17)
И Давид кога умрел, неговата душа не заминала во рајот на небото, туку, заедно со неговото тело и таа заминала во шеол или во гроб. За тоа имаме извештај во Дела 2,29.34: „Браќа, дозволете ми отворено да ви кажам за патријархот Давид: Тој умре и закопан е и гробот му се наоѓа меѓу нас до денешен ден… Давид не замина на небото“, во рајот.
Според тоа, ако душата на Давида при неговата смрт не заминала на небото во рај, туку, заедно со неговото тело заминала во гроб, и ако душата на Исуса Христа при неговата смрт не заминала во рај, туку, заедно со неговото тело заминала во гроб, тогаш и душите на сите праведници и грешници, кога ќе умрат, не заминуваат во рај и во пекол, туку, заедно со нивните тела заминуваат во гроб каде што чекаат интегрално воскресение.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Библијата: Душата не е бесмртна!
Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...
Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и...
„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“
„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). - Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ -...
Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет
Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...
Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!
Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...
Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?
Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...
Што прават мртвите во гробот?
Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...
Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата
Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...
Христос и библискиот пекол
Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но...
Вечен оган и вечна мака
„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели... Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“...
Вечна пропаст за грешниците
Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување. Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да...
„Плач и крцкање со забите“
Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...
Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар
Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи: „Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут... Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде...
„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“
Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...
Душите и небесниот суд
„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’...
Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква
„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) - Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги...
Животните како „живи души“
Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...
Душата и крвта
Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...
Душата-нефеш во Стариот завет
1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...
Душата-психа во Новиот завет
Душата како личност во Новиот завет Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...
На крстот умрела Христовата душа
Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...
Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?
Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...
Трите мртви момчиња и нивната душа
Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...
Апостол Јован: „Бев во духот“
Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...
Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд
Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...
Православието за православните митарства
„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски - во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот...
Православието за пеколот
Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...
Католичката црква за чистилиштето
Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“, заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во...
Католичката црква за пеколот
Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...
Протестантите за пеколот
Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...
Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...
Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух
Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет. Библиски одговор: Илија во...
Не разговарај со мртвите!
„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.