Католичката црква за чистилиштето

Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“,

заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во чистилиште, каде што се „чистат“ од своите гревови пред да заминат во рај.

Чистење или чистилиште: „Сите кои умираат во Божјата милост и во пријателство, но кои сè уште се несовршено очистени, треба да бидат уверени во своето вечно спасение, но по смртта тие заминуваат во чистилиште за да ја постигнат светоста која е неопходна за влез во небото.“24

Кардиналот Гибон за чистилиштето пишува вака: „Во следниот живот постои средна состојба на привремена казна, одредена за оние кои не ја задоволиле Божјата правда за гревовите кои се веќе простени. Постоењето на чистилиште природно подразбира молитви за мртвите.“25

Поимот „чистилиште“ (пургаториј) прв го внел во католичкото учење папата Гргур I (540-604) во 593 година. „Она што до тогаш никому не му било познато ниту на Исток ниту на Запад, наеднаш му станало јасно на Гргур I. Но било потребно да поминат речиси илјада години пред оваа новотија да биде прогласена како догма во 1439 г. Навистина и Гргур се колебал кога зборувал за таа новотија, но верувал дека душата се чисти со оган, со вечен таинствен оган. Можеби онаа душа која не може да се исчисти со тој таинствен вечен оган, веројатно се препушта на таинствени вечни црви!

Подоцна свештениците со бујна мечта знаеле ова учење да го претворат во извонредна доходна трговија за да им се помогне на душите во чистилиштето што побргу да преминат во рај со воведување на индулгенции (опросници) и со помош на платени миси за мртвите“26, околу што Лутер дошол во жесток судир со Црквата.

Значи, за душите побргу да поминат и да се ослободат од тешките маки во чистилиштето, ним им помагаат живите верници со своите молитви, постови, поклоненија, со своите добри дела, со платени миси и со други дарови.

„Во времето на папата Еуген IV на соборот во Фиренца сето тоа е прогласено за догма. Ако грешниците во чистилиштето имаат среќа нивните роднини на земјата да ги одврзат паричниците, нивното чистење таму трае многу пократко.“27

– Значи, чистилиштето за црквата е одличен извор на приходи.

Душите на сиромасите, за кои нема никој да се моли ниту да даде дар, ќе останат долго во чистилиштето, за разлика од душите на богатите чиишто роднини се во состојба да платат високи суми и побргу да ги префрлат од чистилиштето во рајот.

Црквата учи дека душите можат директно од чистилиштето да им се јавуваат на живите онака како што горат таму, запалени, да разговараат и од нив да бараат да се молат за нив, да прават добри дела и да даваат дарови во црквата за да им се скрати престојот во него.

Жан Делимо запишал дека душите во чистилиштето поднесуваат такви страшни маки, што нема јазик кој може тоа да го искаже, и тие маки се еднакви на оние од пеколот. Многу католички проповедници чистилиштето го прикажуваат како „вистински пекол, само не вечен“28

Свети Августин и Тома Аквински учеле дека маките во чистилиштето се потешки од сите маки што можат да се видат, да се почувствуваат и да се замислат на овој свет.29

Најголем дел од католичката теологија се темели на страв, кој е главно оружје на црквата со кое милиони свои верници држела и ги држи во строга ропска покорност. Дури и ако има и такви кои за некои теолошки работи мислат поинаку од железниот званичен став на црквата, малку се тие што отворено ќе го кажат своето мислење, од страв да не биде екскомуницирано.

Екскомуницираното лице не само што губи право да влезе во рај, туку нему црквата му ја затвора вратата и на чистилиштето и не му дава можност таму да се исчисти од „своите гревови“, туку, како еретик, го праќа директно во пекол. Значи, клучевите од рајот, чистилиштето и пеколот се наоѓаат во рацете на папата и тој има неприкосновен монопол над нив! Тоа ли се клучевите што му ги предал Христос на апостол Петар, а што со сплет на историските околности римскиот бискуп се добрал до нив и си ги присвоил за себе? – Страшно! Огромна разлика меѓу библиската наука за спасение на грешникот со вера во Христа и овие новотии што ги вовела црквата како непреодни планини и океани како пречка меѓу нас и Божјето царство!

Како што рековме, екскомуницираното лице не „добива“ право да влезе во чистилиштето. Тој или таа најпрво ги губи сите права како член на црквата, исклучен е од секое заедништво со неа и не може да учествува во црковните обреди. Тој не може да прими „последен сакрамент (причест)“, да добие „последно помазание“ пред смрт, ниту да биде закопан на црковните гробишта. Во мигот на смртта тој едноставно е протеран директно во пеколот, таму да гори низ бесконечните векови на вечноста – без никаква надеж дека кога и да е ќе замине на небото.

Од страв да не се случи вакво нешто со некого од нив, верниците на Католичката црква, без збор, понизно и покорно го прифаќаат јаремот и стегите што им ги наметнува црквата, препуштајќи му го своето спасение на своето свештенсто кое најдобро „знае“ што е добро за нив. Свештенството е тоа кое мисли за нив, а верниците треба само да слушаат и да извршуваат.

Фулвие Фонтана во своите проповеди за чистилиштето зборувал дека таму има милиони души кои поради маките што ги поднесуваат „пискаат со најпотресни гласови што можат да предизвикаат огромна болка“. Потоа, тој кажува дека не знае колку долго траат тие маки, но наведува примери на одделни папи кои давале прошка на гревови во траење од 11.000 години на оној кој во црквата Света Богородица ќе изрецитира одредена молитва. На пример, папата Гргур XIII огласил индулгенција (прошка) од 74.000 години во полза на братството Розариј, „затоа што само папите ја знаат должината на престојот на душите во чистилиштето“, бидејќи во нивна рака е клучот со кој ги ослободуваат или ги задржуваат нив таму. Патем кажано, „за незаштитените души чистилиштето ќе трае до крајот на светот“30.

„Библиското уништување на непокајаните грешници римокатоличкиот систем го заменил со чистилиште како извонредна база на погодности за своите свештеници и сакраменти. Библијата ни кажува дека гешниците, кои не се покајале и не ги оставиле своите гревови, кога ќе умрат, засекогаш се загубени и уништени. За нив сè е завршено. Но Црквата измислила чистилиште како привремено место за прочистување (за мачење) за оние кои ќе умрат како римокатолици. Монасите, монахињите и сите римокатолици ја бранеле својата вера и во текот на инквизицијата убивале луѓе за да си го намалат својот престој во чистилиштето, што побргу да излезат од него и да преминат во рај. Теоријата за чистилиште е моќно оружје во рацете на Црквата за контрола на римокатолиците.“31

Црквата чистилиштето го ставила во такви стеги и непробивни ѕидови, и од него создала таква тврдина, од која никој не може да излезе без помош и асистенција од земното свештенство во спрега со небесните светци, за што тоа добро знае како да си ги наплати своите услуги за делот од своето посредување.

„Чистилиштето нема оправдание ниту во Писмото, ниту во логиката. Негов вистински темел е папската алчност. Англичанецот Simon Fish, во A Supplicacyion for the Beggars,  напишана во 1529 г., тоа несоборливо го докажал: ‘Во целото Писмо нема ниту еден збор за чистилиштето. Од друга страна, ако папата може за пари да ѝ прости и од чистилиштето да избави една душа, тогаш може да избави илјада души, а ако може да избави илјада души, може да ги избави сите и така да го уништи чистилиштето. Произлегува дека тој е суров тиран, без ниту трунка љубов, ако ги држи во затвор и во маки, додека луѓето не му дадат пари.’“32

 

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

Библијата: Душата не е бесмртна!

Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

  Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и...

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). - Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ -...

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...

Што прават мртвите во гробот?

Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...

Пеколот во Стариот завет

Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот  „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за...

Христос и библискиот пекол

Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но...

Вечен оган и вечна мака

„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели... Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“...

Вечна пропаст за грешниците

Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување. Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да...

„Плач и крцкање со забите“

Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи: „Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут... Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде...

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...

Душите и небесниот суд

„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’...

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) - Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги...

Животните како „живи души“

Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...

Душата и крвта

Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...

Душата-нефеш во Стариот завет

1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...

Душата-психа во Новиот завет

Душата како личност во Новиот завет   Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...

На крстот умрела Христовата душа

Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...

Трите мртви момчиња и нивната душа

Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...

Апостол Јован: „Бев во духот“

Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...

Православието за православните митарства

„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски - во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот...

Православието за пеколот

  Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на  ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...

Католичката црква за пеколот

Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...

Протестантите за пеколот

Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

  Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет.   Библиски одговор: Илија во...

Не разговарај со мртвите!

„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат