Христос и библискиот пекол
Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но и како „смрт“, „подземје“, „подземен свет“, „престој на мртвите“. Преводот хад како „пекол“ е погрешен, неточен, зашто освен во текстот на Лука 16,23, тој израз се однесува на престој на мртвите, а не на место каде што се казнуваат грешниците. Тоа место е опишано со зборот гехена (Gehenna), израз кој во Новиот завет истао така го наоѓаме единаесет пати, и исправно е преведен со зборот „пекол“, но пекол како „огнено езеро“, како место каде што грешниците доживуваат конечно и целосно уништување.
Што е тоа пекол – гехена? Грчкиот збор „гехена“ е транслитерација на еврејската долина „Бен Хином“ (Ben Hinnom) која се наоѓала јужно од Ерусалим. Во старите времиња таа долина била поврзана со страшен обичај . Во неа паганците принесувале на жртва деца на паганскиот бог Молох (2. Царевите 16,3; 21,6; 23,10). Така оваа долина добила име „Тофет“, место на плукање и гнасење. Судејќи по сè, ваа долина била претворена во голена ломача за спалување на оние 185.000 лешеве на асирските војници што ги убил Господ во времето на царот Езекија (Исаија 30,30.31; 37,36).
Еремија преткажал дека тоа место ќе биде наречено „Доли-на – Кланица“ (Крвна Долина), зашто ќе биде преполна со лешеви на Израелците кога Бог ќе им суди за нивните гревови. „Еве, настапуваат денови, вели Господ, кога нема веќе да се каже Тофет, ниту Долина Бен Хином, туку Долина-Кланица. Во Тофет ќе се закопуваат мртви поради немање на место. А мртвите тела на овој народ ќе бидат храна на небесните птици и на земните ѕверови, и ќе нема кој да ги брка.“ (Еремија 7,32.33)
Еврејскиот историчар од првиот век, Јосиф Флавие, нè известува дека оваа долина била преполна со телата на загинатите Евреи за време на опсадата на Ерусалим 70-тата година по Христа, кога Римјаните го разрушиле ерусалимскиот храм. Во тој страшен колеж Римјаните убиле стотици илјади Евреи, чиишто мртви тела биле спалувани во таа долина. И токму таа страшна сцена Христос ја прикажува како пекол со неугаслив оган каде што мртвите тела доживуваат целосно уништување.
Исаија гледа иста сцена откако Господ на крајот на светот ќе ги истреби грешниците (Исаија 66,24).
Во Христово време гехена била место депонија за отпадот и сметот од Ерусалим, но и место каде што се фрлале мртви животни и лешевите на најлошите злосторници за кои не било дозволено да се закопуваат на општите гробишта на граѓаните. Во гехена постојано горел и чурел оган за да се уништи сè што било фрлено во неа.
Значајно за гехена: Стариот материјал во неа еднократно и целосно бил спалуван и уништуван, и нејзиниот оган постојано се хранел со доток на нови количества од отпад и смет и од животински и човечки лешеви. Значи, во гехена немаме ист материјал кој горел вечно. Исто така, во неа немаме живи суштества да горат и да се мачат. Во Христово време во гехена никој не се мачел ниту е мачен. Таа се користела исклучиво за целосно уништување на материјалот што се фрлал во неа. Како што видовме, во различни временски периоди таа била огромен крематориум во кој се спалени, кремирани, стотици и стотици илјади мртовци, човечки лешеви.
Христос ја користел сликата на гехена како симбол затоа што таа сцена им била добро позната на сите негови слушатели и дека поради тоа тие точно и правилно ќе ги сфатат и разберат неговите зборови за конечното уништување на гревот и грешниците.
Дека Исус гехена ја користел исклучиво како симбол за уништувањето, а не за мачење, јасно се гледа од неговите зборови: „Не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку плашете се од Оној кој може и душата и телото да ги погуби во гехена“ (Матеј 10,28). Преведувачите на ова место зборот гехена го преведуваат со зборот „пекол“.
Чуди што искрените читатели на Библијата овде не забележуваат дека гехена е место на уништување, а не место на мачење и дека во гехена одат заедно и телото и душата и заедно се уништуваат. Бог во својата Реч многу јасно ни кажува: „Душата, која згрешила, ќе умре“ (Езекил 18,20), нема да биде мачена, туку ќе умре, ќе биде уништена.
Христос уште еднаш ја спомнува гехена и дополнително ја засилува сцената на уништувањето укажувајќи на вечно присутни црви, кои ги преплавуваат мртвите животински лешеви и заедно со огнот целосно ги уништуваат (Марко 9,43-48): „Ако на грев те наведува твојата рака, пресечи ја! Подобро ти е во животот да влезеш сакат, отколку со двете раце да отидеш во гехена – во неугаслив оган, каде што нивниот црв не умира и огнот не се гаси. Ако на грев те наведува твојата нога, пресечи ја! Подобро ти е во животот да влезеш куц, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во гехена, каде што нивниот црв не умира и огнот не се гаси. Ако твоето око те наведува на грев, ископај го! Подобро ти е со едно око да влезеш во Божјето царство, отколку со двете очи да бидеш фрлен во гехена, каде што нивниот црв не умира и огнот не се гаси.“
Во овие библиски стихови во оригиналниот грчи текст, на кој е напишан Новиот завет, стои оригиналниот збор гехена, токму така како што го изговорил Христос, а не хадес, ад, или пекол, како што го преведуваат преведувачите. Во него три пати се спомнува зборот гехена и четири пати „оган кој е неугаслив“ или „оган кој не се гаси“.
Зборувајќи за грешните желби што навлегуваат во животот на христијанинот, кои го одвлекуваат од Бога, Христос кажува (текстот ќе го преземеме од македонскиот превод, кој оригиналниот збор „гехена“ го преведува со „пекол“):
„Ако те наведува на грев десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото тело да ти биде фрлено во пеколот. И десната рака, ако те наведува на грев, исечи ја и фрли ја од себе; зашто подобро ти е да изгубиш еден дел од твоето тело, отколку целото тело да ти биде фрлено во пеколот.“ „Подобро е за тебе во животот да влезеш куц или сакат, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган… подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш двете очи, а да бидеш фрлен во огнениот пекол.“ (Матеј 5,29-30; 18,8-9)
Христијанските цркви, кои веруваат во задгробен живот, тврдат дека душата на грешниците при нивната смрт се изделува од нивното тело. Телото заминува во гроб и во гробот се распаѓа, а таа (душата), како бесмртна, заминува во пеколот каде што се мачи во вечен оган.
Но, во текстовите што ги приведовме Христос воопшто не ја споменува душата, туку во животот и во пеколот го праќа само телото. Подобро е за тебе, кажува Христос, во животот да влезеш без око, без раце и нозе – слеп, куц и сакат, отколку со две очи, со двете раце и нозе, да бидеш фрлен во „вечниот оган“ или во „огнениот пекол“. Тоа е императив за споменатите цркви да ја испитаат и преиспитаат исправноста на својата теологија за задгробен живот, во овој случај исправноста на својата теологија за пеколот, каде што Христос ги праќа грешниците интегрално, со телото и душата!
Бидејќи во гехена постојано, ден и ноќ, горел оган, Исус неа ја нарекува и „огнена гехена“ („огнен пекол“) и „вечен оган“, „оган кој не се гаси“ (Матеј 18,8-9).
Според тоа, сè што е фрлено во таа долина, во гехена, неповратно е уништено. Во случај некои од животинските мрши да не биле досегнати со „вечниот оган“, нив би ги докусуриле „вечните црви“ на гехена. Во таа смисла гехена е слика на конечното уништување на гревот и грешниците на крајот на светот. Со отпадот и сметот од Ерусалим, и со животинските лешеви што се фрлале, што гореле и што ги јаделе црви во гехена, се претставени грешниците на светот и нивното конечно уништување на крајот на светот со оган во огненото езеро (Марко 9,43-48).
Со овие силни илустрации Исус го потврдил единственото учење на Библијата дека плата за гревот е – смрт, а не мачење, уште помалку вечно мачење.
Исус им се подбива на фарисеите што го обиколуваат морето и копното за да преобратат некого, а потоа го прават „син на пеколот“, „син на гехена“, двојно поголем од нив (Матеј 23,15).
За разлика од црковниот христијански пекол, во кој само душите на грешниците вечно се мачат во пеколен оган, Христовиот библиски пекол е поинаков. Христовиот пекол е еднократна Божја активност во чиишто рамки грешниците интегрално, со телото и душата, заминуваат во огнено езеро и конечо интегрално исчезнуваат за сета вечност. Да го потврдиме уште еднаш тоа конечно и целосно уништување и на телото и на душата на гешниците во Христовиот пекол: „Не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку плашете се од Оној кој може и душата и телото да ги погуби во гехена“ (Матеј 10,28).
Фактот што Исус јасно зборува за тоа дека Бог ќе ги уништи и телото и душата во пекол покажува дека пеколот е место каде што грешниците ги чека вечно уништување, а не вечни маки.
Занчи, Христос не прави поделба на телото и душата, како што прават традиционалната Црква и поголем дел од протестантските цркви. Тој никогаш душата не ја дели од телото и никаде не кажува дека душата е бесмртна и како бесмртна, по смртта на човекот, таа заминува во рај, во чистилиште или во пекол. Таква поделба и разделба на душата од телото во Библијата нема. Таква поделба и разделба на душата од телото Христос не прави. И Тој во својот библиски пекол не ја праќа душата посебно, изделено од телото, туку секогаш нив таму ги праќа заедно, каде што заедно умираат. Библискиот пекол е искуство низ кое поминуваат телото и душата заедно, не одвоено.
Друга, исто така многу значајна вистина! Црквите кои веруваат во задгробен живот, својот црковен пекол го сместуваат некаде длабоко во утробата на земјата. За разлика од нив, Христос својот библиски пекол – гехена и огненото езеро – ги сместува на површината на земјата и во нив ги праќа грешниците кои не се покајале. На пример:
„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели!’“ „И ти, Капернауме, што си се воздигнал до небото, до пеколот ќе бидеш спуштен.“ (Матеј 25,41; 11,23)
И овде Христос грешниците, во овој случај наречени „проклети“, целосно или интегрално, со телото и душата, ги праќа во библискиот пекол, наречен „гехена“ и „огнено езеро“. А Капернаум ќе биде понижен со тоа што ќе се спушти до најдлабокото место во вселената, во престојот на мртвите.
Видовме и се уверивме дека библиското пророштво од Псалм 16,10 Христа, кога умрел, не го праќа и не го сместува во никаков старозаветен или новозаветен пекол што го измислила Црквата, туку во шеол или во гроб, во кој заминуваат сите луѓе кога ќе умрат.
Треба да ни биде мило што Христос, кога умрел, заминал во библискиот пекол, или во гроб, зашто со тоа им обезбедил откуп и излез на оние што се наоѓаат таму. Во врска со ова, во Откровение 1,18 Исус кажува: „Жив сум! Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови. И ги имам клучевите од пеколот и смртта“ – клучевите од подземјето = шеолот = хадесот (адот) = пеколот = гробот. Поимот „клучеви“ Исус го користи за да ни даде вера дека Тој ќе ја отклучи големата темница на смртта и ќе ги ослободи нејзините заточеници.
Попатно за клучевите: Клучевите од рајот и пеколот не ги држи ниту римскиот папа ниту православното свештенство и тие не се господари од рајот и пеколот. Клучевите ги држи Христос, и Тој е господар од рајот и пеколот. Второ, ако Христовата сторија за богатиот човек и за сиромавиот Лазар ја толкуваме буквално, како што прават црквите кои веруваат во пекол, тогаш клучевите од рајот и пеколот ги држи не св. Петар, туку Аврам. Според тоа, господари од рајот и пеколот не се христијаните, туку Евреите, зашто во споменатата сторија ние во рајот го гледаме Аврама како ги пречекува душите на праведниците и ги прибира во својот скут!
Текстот од Откровение 1,18, во кој Христос зборува за клучевите, е поврзан со последните два случаја во кои се користи зборот пекол во Библијата, во Откровение 20,13-15: „Морето ги предаде мртовците што се наоѓаа во него. Смртта и пеколот (адот) ги предадоа мртовците што ги држеа. И беа судени, секој според своите дела. Тогаш смртта и пеколот беа фрлени во огненото езеро – огненото езеро, тоа е втора смрт. И секој што не беше запишан во Книгата на животот, беше фрлен во огненото езеро.“
Од овие текстови произлегуваат многу значајни теолошки вистини:
Прво, морето во себе држи мртовци – не посебно душите или духовите на мртовците, и не посебно телата на мртовците, туку мртовците во целост, мртовците интегрално со телата и душите – само мртви. И морето на огненото езеро му ги предава мртовците интегрално, со телата и душите.
Втора, уште позначајна теолошка вистина: „Смртта и пеколот (адот) ги предадоа мртовците што ги држеа.“ Значи, и смртта и пеколот, односно шеолот или гробот, во себе држт мртовци – не посебно душите или духовите на мртвите, и не посебно телата на мртвите, туку мртовците во целост, мртовците интегрално, со телата и душите. И смртта и пеколот, или шеолот и гробот, на огненото езеро му ги предаваат мртовците интегрално, со телата и душите, не изделено.
Според тоа, од оваа втора и многу значајна теолошка вистина, произлегува онаа друга, исто толку значајна теолошка вистина која повеќе пати оправдано ја повторуваме, зашто многу е битна да ја сфатиме и да ја запаметиме: Кога ќе умрат, грешниците во шеолот, во гехена, во гробот, во пеколот, во адот, заминуваат интегрално, целосно, заедно со телото и душата. При смртта душата не се дели од телото и не заминува сама, без телото, во пеколот или во рајот, односно, во гробот.
Трета значајна теолошка вистина: „Тогаш смртта и пеколот (адот) беа фрлени во огненото езеро.“ Значи, смртта и пеколот, заедно со сиот товар што го носат во себе, со мртовците интегрално, со нивните души и со нивните тела, се фрлени во огненото езеро.
Четврта значајна теолошка вистина: „Огненото езеро, тоа е втора смрт!“ Апостол Јован ни кажува дека огненото езеро всушност е втората смрт, и дека во тоа езеро и пеколот и смртта конечно ќе бидат уништени. Огнот е еден од најдеструктивните елемнти што ги познава науката, и Господ токму него го користи во својата Реч за да го прикаже конечното уништување на гревот и грешниците.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Библијата: Душата не е бесмртна!
Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...
Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и...
„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“
„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). - Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ -...
Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет
Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...
Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!
Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...
Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?
Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...
Што прават мртвите во гробот?
Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...
Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата
Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...
Пеколот во Стариот завет
Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за...
Вечен оган и вечна мака
„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели... Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“...
Вечна пропаст за грешниците
Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување. Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да...
„Плач и крцкање со забите“
Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...
Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар
Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи: „Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут... Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде...
„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“
Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...
Душите и небесниот суд
„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’...
Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква
„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) - Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги...
Животните како „живи души“
Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...
Душата и крвта
Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...
Душата-нефеш во Стариот завет
1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...
Душата-психа во Новиот завет
Душата како личност во Новиот завет Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...
На крстот умрела Христовата душа
Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...
Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?
Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...
Трите мртви момчиња и нивната душа
Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...
Апостол Јован: „Бев во духот“
Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...
Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд
Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...
Православието за православните митарства
„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски - во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот...
Православието за пеколот
Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...
Католичката црква за чистилиштето
Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“, заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во...
Католичката црква за пеколот
Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...
Протестантите за пеколот
Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...
Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...
Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух
Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет. Библиски одговор: Илија во...
Не разговарај со мртвите!
„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.