„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). – Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ – еврејски нефеш хаја (nephesh hayyah); нефеш = душа, и хаја =  живо, живее, оживува. Значи, човекот не добил од Бога „душа жива“, туку тој станал „душа жива“.

Да се изразиме прецизно: Изразот „човекот стана душа жива – nephesh hayyah “ не значи дека при создавањето неговото тело било надарено со бесмртна душа, со одвоен и посебен ентитет кој се разликува од телото. Наместо тоа, овој текст тврди дека, благодарение на „животниот здив“ што го дувнал Бог во безживотното тело, човекот станал живо суштество кое дише. Срцето почнало да чука, крвта да циркулира, мозокот да размислува, и се активирале сите витални знаци на животот. Едноставно кажано, „жива душа“ значи „живо суштество“.

Гледано од библиска перспектива, телото и душата не се две различни материи (едната смртна, а другата бесмртна) кои заедно постојат во човекот, туку две карактеристики на иста личност.

Не изненадува што овој текст претставува основа за расправии за човековата природа, бидејќи тој е единствен библиски извештај за начинот на кој Бог го создал човекот.

Историски гледано, овој текст се читал низ очилата на класичниот дуализам. Се поаѓало од фактот дека животниот здив, или животниот дух, што го дувнал (вдахнал) Бог во носалките на човекот, едноставно бил нематеријална, бесмртна душа што ја всадил Бог во материјалното тело. И како земниот живот што почнува со всадување на бесмртна душа во физичкото тело, така тој и престанува кога душата ќе го  напушти телото.

Така текстот во 1. Мојсеева 2,7 историски е толкуван на основа на традиционалниот дуализам  на телото и душата. Ова погрешно и измамно, лажно, толкување доаѓа оттаму што еврејскиот збор нефеш (nephesh), во споменатиот текст (1. Мојсеева 2,7) преведен со зборот „душа“, погрешно е сфатен како „нематеријална суштина, дека душата на човекот е духовниот дел на неговото битие.

Оваа и ваква дефиниција за зборот душа е одраз на Платоновото гледиште за душата (во Новиот завет – psyche) како нематеријална, бесмртна суштина која престојува во телото иако не е негов дел.

Ова доминантно гледиште е причина старозаветните текстови за душата/нефеш или за нефеш/душа луѓето да ги читаат во светлината на Платоновиот дуализам, а не во светлината на библискиот холизам.

Таа доминантна претпоставка дека душата на човекот е бесмртна, навела мнозина фразата „така човекот стана душа жива“ да ја преобразат во „човекот добил душа жива“.

Што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама? Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не може легитимно да се поткрепи со библиски доказ зашто „животниот здив“ никаде во Библијата не е изедначен со бесмртна душа.

Во Светото писмо „жвотниот здив (nešamah)“ е животодавна сила поврзана со Божјиот здив. Затоа во Книгата за Јов 33,4 читаме: „Духот (ruah) Божји ме создал, и здивот (nešamah) на Седржителот ми дал живот.“

Паралелизмот меѓу „духот Божји“ и „здивот на Седржителот“ укажува на тоа дека двата изрази се користат наизменично, зашто се однесуваат на дарот на животот што им го дал Бог на своите созданија. Други такви паралелизми наоѓаме во Исаија 42,5; 1. Солуњаните 5,23; Евреите 4,12.

Пишувајќи им на солуњаните, апостол Павле кажува: „А сам Бог на мирот да ве освети наполно во сè, и целиот ваш дух, и душата и телото да се сочуваат беспрекорни за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос.“ (1. Солуњаните 5,23)

Некои се повикуваат на овој текст во одбрана на гледиштето дека при созадавањето човекот е создаден како суштество од три дела, составено од тело, душа и дух, со тоа што секој од нив е посебна единка.

Овие три дела католиците ги намалуваат на два, соединувајќи го духот со душата. Катихизисот на Католичката црква се повикува на овој текст и објаснува: „’Духот’ значи дека човекот уште од своето создавање е одреден за својата натприродна цел, и благодарение на чистиот дар, неговата душа е способна да биде издигната во заедница со Бога.“6

За католиците духот и душата во суштина се едно, зашто духот е она што секоја душа ја прави духовна, бесмртна единка. Така стои во Катихизисот: „Црквата учи дека Бог секоја духовна душа непосредно ја создава, дека душата не ја ‘произведуваат’ родителите и дека душата е бесмртна. Таа не пропаѓа кога телото се одвојува при смртта.“7

Ова традиционално католичко учење го занемарува темелното библиско холистичко учење за човековата природа. Според Библијата, душата не е бесмртна супсатанција која при смртта се разделува од телото, туку таа е физички и смртен живот кој може да стане бесмртен за оние што ќе го прифатат Божјиот дар на вечниот живот.

Ако го претвориме Духот во сервис на наводната „духовна“ и бесмртна природа на душата, тоа значи дека занемаруваме и забораваме дека витална функција на Божјиот Дух е да им даде живот на нашите смртни тела: „Но, ако Духот на Оној кој го воскресна Исуса од мртвите живее во вас, тогаш Оној, кој го воскресна Христа од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку својот Дух кој живее во вас.“ (Римјаните 8,11).

Ако го толкуваме буквално приведениот текст од Посланието до солуњаните, тогаш мораме буквално да го толкуваме целосно, така како што е напишан, а не како што ни одговара нам за емпириски да пополниме една дупка во нашата погрешна теологија: „Целиот ваш дух, и душата и телото да се сочуваат беспрекорни за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос.“

Прво, во текстот не постои зборот бесмртен/бесмртна, не постои бесмртен дух и бесмртна душа. Второ, во текстот се спомнуваат три дела. Зошто католиците двата дела – духот и душата – ги спојуваат во еден дел? Текстот не им дава такво право. Трето, ако човекот навистина буквално е составен од три посебни делови – од тело, дух и душа, кои при смртта навистина се разделуваат и секој од нив заминува на своја страна, тогаш тие делови навистина се три посебни, самостојни единки со свој идентитет или со свој ентитет. Телото како посебен смртен ентитет заминува во гроб, а душата и духот, како два посебни бесмртни ентитети, заминуваат на небото во рај, или во пекол, некаде во утробата на земјата. Христијаните кои веруваат во бесмртност на душата или во бесмртност на духот, во бесмртна душа или во бесмртен дух, треба да одговорат на прашањето што произлегува од посочениот текст кој тие го толкуваат половично буквално, како што им одговара ним:

Дали и духот и душата се бесмртни единки? Текстот кажува: „и духот и душата“. Во текстот ги нема зборчињата ИЛИ, ИЛИ! Текстот кажува И ЕДНОТО И ДРУГОТО! Од сето ова произлегува дека во смртното тело на човекот престојуваат две бесмртни единки: Бесмртен дух и бесмртна душа. Дали е тоа можно? Дали е тоа библиска наука?

Понатаму, текстот кажува „целиот ваш дух, и душата и телото да се сочуваат беспрекорни за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос.“ Значи, текстот му дава еднаков третман и на телото како на душата и духот. Да се изразиме сликовито: При разделбата телото може да им постави прашање на душата и духот: Зошто јас да заминам во земја, а вие на небо? Зошто вие да живеете вечно во рај, а јас да се распаданм во земајта. Тоа не е праведно. И јас сум еднаков со вас. Така кажува Библијата. – Секако, ја сфаќаме пораката.

Во Посланието до Евреите 4,12 имаме сличен случај, ги имаме телото, душата и духот. Во тој текст ја гледаме силата на Божјата реч која продира во нашето битие каде што ги разделува душата и духот. Но истата Реч таму ги разделува и зглобовите и мозокот. Ако прифатиме дека таа буквално ги разделува душата и духот, тогаш треба буквално да прифатиме дека таа ги разделува и зглобовите и мозокот. Дали е тоа вистина?

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

Библијата: Душата не е бесмртна!

Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

  Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и...

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...

Што прават мртвите во гробот?

Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...

Пеколот во Стариот завет

Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот  „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за...

Христос и библискиот пекол

Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но...

Вечен оган и вечна мака

„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели... Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“...

Вечна пропаст за грешниците

Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување. Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да...

„Плач и крцкање со забите“

Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи: „Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут... Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде...

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...

Душите и небесниот суд

„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’...

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) - Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги...

Животните како „живи души“

Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...

Душата и крвта

Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...

Душата-нефеш во Стариот завет

1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...

Душата-психа во Новиот завет

Душата како личност во Новиот завет   Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...

На крстот умрела Христовата душа

Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...

Трите мртви момчиња и нивната душа

Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...

Апостол Јован: „Бев во духот“

Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...

Православието за православните митарства

„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски - во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот...

Православието за пеколот

  Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на  ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...

Католичката црква за чистилиштето

Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“, заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во...

Католичката црква за пеколот

Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...

Протестантите за пеколот

Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

  Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет.   Библиски одговор: Илија во...

Не разговарај со мртвите!

„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат