Душите и небесниот суд
„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’ ‘Потоа ги видов душите погубени заради Исусовото сведоштво и заради Божјата реч’“ (Откровение 6,9-10; 20,4)
Во врска со овие текстови споменатиот виден православен теолог кажува: „Кога би било точно сектантското учење дека не постои никаква душа во човекот, а уште помлку по телесната смрт, и ако знаеме дека овие визии на свети Јован му ги давал лично Христос, а св. Јован тоа го кажува, тогаш зошто Христос би му давал визија, па макар и алегориска, чија смисла не би одговарала на никаква реалност?! И ако навистина душите не постојат, зошто тогаш Христос преку една визија на Јована би го измамувал самиот Јован и сите негови читатели и целата Црква дека душите сепак постојат? Затоа оваа визија, макар како симбол, или алегорија, сведочи дека св. Јован и Христос и Библијата, на која ѝ припаѓа оваа книга, сведочат дека по смртта на телото постои душа. Ако се сфати оваа визија на св. Јован во објективна смисла, што исто така не е невозможно, тогаш е уште полошо за сектантското одрекување на постоењето на душата: го одрекуваат тоа што еден од авторите на Библијата го видел со свои очи… Библијата не еднаш, туку многу пати и со збор и со опис на дела сведочи дека душата на човекот е духовниот дел на неговото битие, дека таа понекогаш се нарекува ‘душа’, а понекогаш ‘дух животен’, и дека по смртта на телото живее свесен живот во духовниот свет.“16
Да видиме дали е така како што кажува Лазар Милин, дека „душата на човекот е духовниот дел на неговото битие, дека таа понекогаш се нарекува ‘душа’, а понекогаш ‘дух животен’, и дека по смртта на телото живее свесен живот во духовниот свет.“
Пред сè, во посочениот библиски текст душите ги гледаме погубени, заклани, убиени, под жртвеникот на небото, како пекаат за одмазда над нивните убијци: „До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.“ Значи, споменатите души не се во рајот, во кој, според црковната теологија за задгробен живот заминуваат душите на праведниците во вечен рајски живот, туку нив ги гледаме на Божјиот суд, каде што бараат од Бога одмазда за нивната крв.
Се ројат прашања: Зар душите на најголемите Божји праведници и маченици, наместо на почесно место во рајот, Бог ги држи под олтарот, како во затвор, со ограничена слобода на движење. Понатаму, тие се убиени. Зар душите можат да се убијат. Според верувањето на традицоналната Црква, душите се бесмртни, што значи, тие не можат да бидат убиени, а душите под олтарот се убиени. Згора на тоа, тие, иако се убиени, под олтарот зборуваат, пекаат за одмазда над нивните убијци. Па нивните убијци веќе се казнети, зашто тие се во пеколот, во пеколниот оган. Каква поголема казна бараат од Бога за нив, кога пеколот е најголема Божја казна за грешниците, во дадениов случај за убијците?
Кој ги уби душите? „Земските жители“, кажува текстот. Зошто ги убија? „Заради Исусовото сведоштво и заради Божјата реч“, кажува текстот.
Ако посочениот библиски текст за душите што се наоѓаат на Божјот суд го сфатиме и го толкуваме буквално, тогаш е очигледно дека станува збор, претежно, за душите на мачениците кои во минатото биле погубени, убиени од инквизицијата „заради Исусовото сведоштво и заради Божјата реч“. Сфаќањето за буквалност на текстот од нас бара доследност. Од тоа сфаќање за буквалност на текстот од страна на црквите кои веруваат во задгробен живот произлегува дека инквизицијата на гилотина глава им сечела на душите на мачениците, а не на нивните тела, и на ломача ги спалувала душите на мачениците, а не нивните тела. А Христос кажува: „Не плашете се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат…“ Според тоа, инквизицијата на гилотина не можела да сече глави на душите, ниту пак можела на ломача да ги спалува душите на мачениците посебно, изделено од телото. Инквизицијата на гилотина им ги сечела главите на телата на мачениците и на ломача им ги спалувала телата на мачениците заедно со нивната душа, интегрално, целосно. Од таа причина, душите под олтарот на небото, на Божјиот суд, заклани, убиени, спалени, заради Христа, кои пекаат за одмазда, таму се заедно со телото на мачениците, зашто инквизицијата нив интегрално ги уништувала.
Тоа го потврдува и друг текст од Откровението со иста соджина: „Ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога (пред перстолот); се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според она што е напишано во книгите, според нивните дела. Морето ги предаде мртовците што се наоѓаа во него. Смртта и пеколот (адот) ги предадоа мртовците што ги држеа. И беа судени, секој според своите дела.“ (Откровение 20,12-13)
Ако и овој текст го толкуваме буквално, како што прават почитуваните цркви кои веруваат дека душата е бесмртна, тогаш на Божјиот суд ние не гледаме души, туку само мртовци, само телата на мртвите, без нивните души, зашто Јован кажува: Јас на судот „ги видов мртвите“, и „мртвите (мртовците) беа судени… според нивните дела“.
Во претходните библиски текстови на Божјиот суд ги гледавме само душите, гледавме само души без тела, а во овој текст на Божјиот суд ги гледаме само телата, гледаме само мртовци, без души. Како да го разбереме ова?
На Божјиот суд не се судени посебно душите на мртовците, и не се судени посебно телата на мртовците, туку се судени мртвите интегрално, со телата и душите. Тоа го објаснуваат следните библиски текстови:
„Сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд, за секој да прими што заслужил, според она што го правел во своето тело, било добро или зло.“ „Сите ќе застанеме пред Христовиот суд.“ „Секому ќе му даде според неговите дела.“ (2. Коринќаните 5,10; Римјаните 14,10; 2,6)
Ови библиски текстови се повеќе од јасни! Пред Божјиот суд не излегува нашата душа посебно, како единка изделена од нашето тело. Текстовите „сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд“; „сите ќе застанеме пред Христовиот суд“; „секому ќе му даде според неговите дела“, упатуваат на неприкосновената библиска вистина дека ние на Божјиот суд излегуваме целосно, интегрално, со телото и душата. Зборовите „секој да прими што заслужил, според она што го правел во своето тело, било добро или зло“, е потврда дека нашето тело излегува на Божјиот суд за да му се суди според делата, според она што го правело и направило „било добро или зло“. Од друга страна, ако знаеме дека „телото без духот е мртво“ (Јаков 2,26), тогаш е јасно дека она „добро или зло“ телото ги правело заедно со душата, заедно со духот кој е во него. Според тоа, тие заедно се одговорни пред Бога и заедно излегуваат на Божјиот суд да дадат одговор за она што го правеле „било добро или зло“.
Друга, могу значајна вистина! Секој текст во Библијата има своја органска целина. Тоа значи секој стих е поврзан со стиховите пред и по него. Тоа е негов контекст од кој не смее да се извлекува и да се толкува независно од него. Исто така, секој библиски текст е дел од вкупната библиска целина. Тоа значи дека секој библиски текст треба да се толкува во рамките на сите други библиски текстови кои зборуваат за тој заеднички предмет. Најголемо зло прават црквите што одделни стихови вадат од нивната целина и ги толкуваат независно од нивниот контекст, на начин како што ги чешаат нивните уши.
На пример, двата стиха, деветтиот и десеттиот, кои се предмет на наше проучување, се органски поврзани и прават заедничка целина или заеднички контекст со заедничка интегрална порака со единаесеттиот стих, и затоа тие не смеат да се изделуваат од него и да се толкуваат самостојно и независно од тој нивни заеднички контекст.
Да го приведеме и единаесеттиот стих за кој споменатите цркви не водат сметка:
„Тогаш на секого од нив му беше дадена бела облека и им беше кажано да се стрпат уште малку време додека не се пополни бројот на нивните сотрудници во службата и на нивните браќа што ќе бидат убиени како и тие.“
Многу чудно! Бесмртните души, кои се тискаат под олтарот на небото, се облечени во облека, во овој случај во бела облека! Како е можно дух или душа, кои немаат тело, кои се реат и лебдат, да бидат облечени во облека?
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Библијата: Душата не е бесмртна!
Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...
Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и...
„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“
„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). - Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ -...
Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет
Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...
Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!
Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...
Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?
Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...
Што прават мртвите во гробот?
Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...
Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата
Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...
Пеколот во Стариот завет
Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за...
Христос и библискиот пекол
Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но...
Вечен оган и вечна мака
„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели... Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“...
Вечна пропаст за грешниците
Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување. Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да...
„Плач и крцкање со забите“
Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...
Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар
Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи: „Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут... Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде...
„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“
Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...
Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква
„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) - Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги...
Животните како „живи души“
Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...
Душата и крвта
Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...
Душата-нефеш во Стариот завет
1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...
Душата-психа во Новиот завет
Душата како личност во Новиот завет Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...
На крстот умрела Христовата душа
Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...
Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?
Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...
Трите мртви момчиња и нивната душа
Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...
Апостол Јован: „Бев во духот“
Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...
Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд
Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...
Православието за православните митарства
„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски - во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот...
Православието за пеколот
Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...
Католичката црква за чистилиштето
Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“, заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во...
Католичката црква за пеколот
Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...
Протестантите за пеколот
Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...
Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...
Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух
Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет. Библиски одговор: Илија во...
Не разговарај со мртвите!
„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.