Библискиот монизан или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) – Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги уништи сите беззаконици, грешници. Ќе ги убие и ќе ги уништи, нема да ги мачи.

Не е можно да се проценат севкупните негативни и страшни последици и злоупотреби што произлегле од дуализмот на телото и душата. Од поделбата на човекот на смртно тело и бесмртна душа се изродиле секакви лажни дихотомии во човековиот живот.

Ако душата не го надживува телото и ако не може да функционира одвоено од телото, тогаш целокупната наука за посредничката улога на Марија и на светците мора да се отфрли како црковна измислица и измама. Сериозното преиспитување на библиската наука за човековата природа може да има, и сигурно ќе има, застрашувачки, страшни, последици за долго негуваните небиблиски христијански верувања.

Верувањето дека по смртта душите на оние на кои може да им се прости преминуваат во чистилиште, создало наука според која Црквата на земјата има право да ги примени Христовите заслуги и заслугите на светците на душите кои страдаат во чистилиштето. Тоа се постигнува со давање на опросници, што значи укинување на привремената казна благодарение на простениот грев. Тоа скандалозното продавање на опросници ја предизвикало појавата  на протестантската реформација.

Реформаторите го отфрлиле учењето за чистилиште како небиблиско, но, за жал, го сочувале учењето за непосреден премин на душата при смртта во состојба на блаженство на небото или во состојба на трајно казнување во пекол. Тоа е таканаречен класичен дуализам.

Класичното учење за човековата природа главно произлегува од списите на Платона, Аристотела и стоиците. Според Платона, човечките души се вечни, непоминливи и живеат и престојуваат во еден друг, реален свет, но кои, кога ќе згрешат, по казна доаѓаат во човековото тело при неговото раѓање и се настануваат во него. При смртта тие души се враќаат во вистинскиот небесен свет, додека телото се распаѓа во гробот.

Платон учи дека душата е нешто благородно, а телото грешно и зло во кое душата се наоѓа во затвор и одвај чека да го напушти.

Филозофиите на споменатите грчки филозофи ја нагласуваат разликата меѓу материјалните и духовните состојки на човековата природа. Според замислата на Платона природата на човекот ги содржи и едната и другата компонента. Материјалното тело, кое е поминливо, во суштина е зло, грешно,  додека духовната компонента, душата (psyche) или умот (nous)  се добри и вечни. Човечкото тело е поминливо и смртно, додека човечката душа е трајна и бесмртна. При смртта душата се ослободува од темницата на телото во која извесно време била затворена. Историски гледано, популарната христијанска мисла била под силно влијание на ова дуалистичко, небиблиско разбирање на човековата природа

Оваа идеја за бесмртност на душата, за задгробен живот, е прифатена и од страна на христијанските црковни учители во првите векови, како што се свети Августин и Тертулијан. Тогаш во христијанската теологија е создаден и терминот пекол – место на неискажливи вечни измачувања, место на вечен оган, дим и мрак, каде што христијанските теолози ги праќаат грешниците да патат за своите гревови во вечни маки.

Според Платоновата филозофија, душата е неуништлива затоа што таа е учесничка или дел на несоздадената и вечна духовна супстанција која не е во посед на телото.

Несреќен случај е што Платоновиот дуализам ги ослепел умовите на толку големите реформатори, како што е Калвин, кој отишол толку далеку што рекол дека „речиси никој, освен Платона, не ја потврдил исправно бесмртната супстанција (на душата)“, и продолжува: „Врз основа на Светото писмо, ние веќе сме учеле дека душата е нематеријална супстанција; сега мораме да додадеме дека, иако просторно не е ограничена, таа, сепак, во телото престојува како во куќа; не само што може да ги раздвижи сите негови делови и да овозможи сите негови органи да бидат здрави и способни за работа, туку таа може да заземе прво место во управувањето со човековиот живот, не само во врска со должностите во овој земен живот, туку едновремено да го поттикне да го прослави Бога.“17

Делото што го почнале реформаторите со отстранување на чистилиштето, сега би требало да се доврши со редифинирање на рајот и пеколот согласно со Библијата, а не со црковната традиција.

Во Библијата не постои поделба на личноста на тело и душа, или поделба на тело, душа и дух. Тие не се посебни ентитети. Сите тие се компоненти на иста личност. Дихотомијата (дихотомија: одвоено, поделено на два члена, двочлено) на телото и душата произлегла од платонизмот. Таа не потекнува од Библијата. Библиското учење за човековата природа е холистичко или монистичко, а не дуалистичко (дуализам: две единки, физичка и духовна, тело и душа).

Платонизмот, кој телото го гледа како темница на душата, е туѓ на Библијата и им нанел голема штета на христијанската духовност, на сотериологијата и на библиската есхатологија. Библиските писатели не се служат со дуалистичкото, туку со монистичкото или холистичкото гледиште за човековата природа.

Црковните историчари потврдуваат дека дуалистичкото гледиште за човековата природа ја внеле црковните отци во првите векови под силно влијание на Платоновата дуалистичка филозофија.

Наспроти библиското гледиште дека Божјето создавање било  „мошне добро“, вклучувајќи ги и телесните задоволства, средновековната духовност го истакнувала измачувањето на телото како начин да се постигне божествена цел – светост. Светците биле аскети кои првенствено се посветиле и прифатиле живот на размислување – vita contemplativa,, изделувајќи се од активниот живот – vita activa. Бидејќи се сметало дека спасението на душата е поважно од телото, физичките потреби на телото често биле занемарувани или дури потискувани.

Дихотомијата на телото и душата, на физичкото и духовното, и денеска е присутно во размислувањето на многу христијани. Мнозина избавувањето од гревот го поврзуваат со душата на човекот, а не со неговото тело. Мото и на денешните цркви кои веруваат во бесмртност на душата е: „спасување на душата“, со што се добива впечаток дека душите се поважни од телото. Меѓутоа, евангелијата не поддржуваат теорија на избавување на душата одвоена од телото на кое му припаѓа. Што Бог составил, филозофите и теолозите не смеат да разделуваат. Тие се виновни за разделувањето на телото и душата на луѓето кои Бог со создавањето ги соединил во една целина.

Погрешно сфаќање за идниот свет. Класичниот дуализам исто така поттикнал погрешни идеи за идниот свет. Популарното сфаќање за рајот како духовно одморалиште поставено некаде во вселената каде што прославените души вечноста ќе ја поминуваат во непрекратно размислување и медитирање повеќе е инспирирано од Платоновиот дуализам, отколку од библискиот реализам.

Библиското холистичко учење за човековата природа влијае и врза нашето сфаќање за идниот свет. Библијата идниот свет не го сфаќа и не го прифаќа како некаков етеричен рај во кој прославените души вечноста ќе ја поминуваат облечени во бела облека, каде што постојано ќе пеат и непрекратно ќе удираат по жици на харфи, ќе се молат, ќе тераат облаци и ќе јадат божествена храна.

Наместо тоа, Библијата зборува за вистински воскреснати и преобразени луѓе кои ќе ја населат оваа земја која при Господовото доаѓање ќе биде очистена, преобразена и усовршена (2. Петрово 3,11-13; Римјаните 8,19-25; Откровение 21,1). „Новите небеса и новата земја“ (Исаија 65,17) не се некое оддалечено и безначајно духовно одморалиште некаде во вселената, туку сегашното небо и сегашната земја вратени во нивното првобитно совршенство. Верниците во новата земја влегуваат не како бестелесни души, туку како воскреснати лица во тело (Откровение 20,4; Јован 5,28.29; 1. Солуњаните 4,14-17).

За Платона материјалните состојки на овој свет биле зли, грешни, и според тоа, не заслужуваат да ја надживеат смртта. Целта била да се стигне во духовното подрачје во кое душите, ослободени од темницата на своето материјално тело, уживаат вечно блаженство. Но, и  Стариот и Новиот завет го отфрлаат дуализмот на долниот материјален и горниот духовен свет. Конечното спасение, постигнато со Христовото доаѓање, Светото писмо не го смета за бегство од оваа земја. Библиското учење за идниот свет не нуди духовно небесно одморалиште настането со прославени души, туку овој наш физички свет настанет со воскреснати свети луѓе (Исаија 66,22; Откров. 21,1).

Христијаните кои го прифаќаат библиското холистичко  гледиште за човековата природа, која се состои од неделиво единство на телото и душата, прифаќаат и холистички вид на живот во иднина. Тие холистички ја дефинираат и смртта како престанок на животот на целата личност; прифаќаат состојба на мртвите како одморање на целата личност во гробот до воскресението; живеат со христијанска библиска надеж во срцето очекувајќи го Христовото враќање да ја воскресне целата личност; конечна казна – уништување на целата личност во огнено езеро; рај – целата наша планета обновена во првобитното совршенство и настанета со вистински луѓе кои ќе се занимаваат со вистински активности. Библискиот холистички поглед на човековата природа го одредува реалистичкиот поглед на овој живот и на идниот свет.

Уште еднаш за библискиот холизам. Библиската наука за човековата природа е холистичка, односно монистичка. Тоа значи единство на телото, душата и духот (целовитост, интегралност, единстенвост), со тоа што секој од нив е дел на неделивиот организам. Значи, човечкиот организам, човечката природа, човечката личност, е единствена, монолитна. Според Библијата, не постои дуализам ниту противречност меѓу материјалното и духовното, меѓу телото (месото – плотта), душата и духот, зашто сè е дел на Божјето создавње. Избавувањето и спасението од гревот всушност е обнова на целата личност, на телото и душата, интегрално, а не спасение на  душата одвоена, изделена од телото.

Втора спротивност со класичното гледиште: Човекот по својата природа не бил создаден бесмртен, туку со можност и способност да стане бесмртен. Човечките суштества немаат смртно тело и бесмртна душа; тие имаат холистичко смртно тело и душа кои можат да станат бесмртни. Бесмртноста е Божји дар за оние што ќе ја прифатат неговата понуда за спасение. Оние што ќе го отфрлат Божјиот план за своето спасение, на крај ќе доживеат холистичко, интегрално, целосно вечно уништување, а не вечни маки во неугаслив пеколен оган. Причината е едноставна. Бесмртноста им се дава како награда на спасените, а не како одмазда на неспасените.

Сфаќањето на христијаните за тоа од што се состои нивната човечка природа во голема мера одредува како и во што ќе веруваат за својата конечна иднина. Оние што веруваат дека нивната природа е дуалистичка, дека им се состои од материјално, смртно тело, и од духовна, бесмртна душа, обично предвидуваат иднина во која нивната бесмртна душа ќе го надживее нивното смртно тело и вечноста ќе ја поминува во рајско блаженство или во пеколни маки.

За католиците постои и можност на душите да им се прости и да се очистат во чистилиште пред да преминат во рај. А православното свештенство со помош на посебни црковни служби, наводно, може да ги префрли душите од пеколот во рај.

Од друга страна, оние што веруваат дека нивната природа е неделива целина во која телото, душата и духот се карактеристики на иста личност, главно замислуваат иднина во која нивната целосно мртва личност ќе воскресне во вечен живот или во вечна смрт.

Ние мораме, со помош на Библијата, најотворено да проговориме за најстарата и веројатно најголемата измама и лага на сите времиња дека човечките суштества поседуваат бесмртна душа која може да живее вечно одвоена од телото; мораме отворено да заборуваме за бесмисленоста на  Платоновиот дуализам за смртно тело и за бесмртна душа – дуализам кој станал темел врз кој традиционалната Црква изградила една од најпогубните теологии која ѝ дала можност на небото да прати стотици светци како посредници меѓу грешниците и Бога. Тоа измамно и лажно учње на дуализмот поттикнало низа погрешни верувања во христијанството кои екстремно штетно влијаеле врз христијанската мисла и живот.

Од друга страна, мораме да истакнеме и да покажеме дека Библијата човечката природа ја гледа како холистичка. Телото (месото, плотта), душата и духот, не се посебни ентитети, туку карактеристики на истата личност; тие не се компоненти кои при смртта се разделуваат.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

Библијата: Душата не е бесмртна!

Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

  Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и...

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). - Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ -...

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...

Што прават мртвите во гробот?

Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...

Пеколот во Стариот завет

Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот  „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за...

Христос и библискиот пекол

Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но...

Вечен оган и вечна мака

„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели... Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“...

Вечна пропаст за грешниците

Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување. Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да...

„Плач и крцкање со забите“

Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи: „Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут... Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде...

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...

Душите и небесниот суд

„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’...

Животните како „живи души“

Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...

Душата и крвта

Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...

Душата-нефеш во Стариот завет

1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...

Душата-психа во Новиот завет

Душата како личност во Новиот завет   Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...

На крстот умрела Христовата душа

Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...

Трите мртви момчиња и нивната душа

Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...

Апостол Јован: „Бев во духот“

Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...

Православието за православните митарства

„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски - во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот...

Православието за пеколот

  Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на  ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...

Католичката црква за чистилиштето

Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“, заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во...

Католичката црква за пеколот

Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...

Протестантите за пеколот

Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

  Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет.   Библиски одговор: Илија во...

Не разговарај со мртвите!

„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат