Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух
Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет.
Библиски одговор: Илија во тело е пренесен на небото. На гората бил Христос, а покрај него Мојсеј и Илија – вистинскиот Христос (Речта стана тело) и вистинскиот Илија, па според тоа, логично е дека тука бил и вистинскиот Мојсеј. Петар предлага: „Да направиме три сеници.“ Сениците не се за духови, туку за вистински луѓе. Јуда 9. стих кажува: „Михаел се препираше за Мојсеевото тело…“. Значи, Бог го воскреснал Мојсеја и го пренел на небото.
Приговор (2. Коринќаните 4,16): „Затоа не папсуваме, па иако се распаѓа нашиот надворешен човек, внатрешниот се обновува од ден на ден.“ Ова докажува дека вистинскиот човек, душата, е нешто различно од телото и дека таа постои и се развива наспроти распаѓањето на телото.
Одговор: Библијата бара од нас да го прославиме Бога во нашето тело (1. Кор. 6,20). Библијата не кажува оти душата или духот е посебна, изделена, сама за себе бесмртна единка затворена во човечкото тело како во лушпа или черупка која одвај чека да се ослободи од тој затвор при смртта. Павле кажува во 1. Коринќаните 5,3: „Иако сум отсутен со телото, присутен сум со духот (меѓу вас).“ Зар Павле овде кажува дека го напуштил телото за да биде присутен во Коринт? Во никој случај.
За „внатрешниот човек“ Павле зборува на повеќе места (Ефесците 3,16.17): „Да се зајакнете со сила во внатрешниот човек… Христос со вера да се всели во вашите срца.“
Во Колошаните 3,9.10. тој кажува: „Го соблековте стариот човек со неговите дела и се облековте со новиот човек кој се обновува…“
Јасно е дека „внатрешниот човек“ кај христијанинот е исто што и „новиот човек“. А што е тоа „нов човек?“ – Тоа е нова природа, ново срце, нов дух. Езекил 36,26: „Ќе ви дадам ново срце и нов дух ќе ставам во вас. Ќе го извадам каменото срце од вашето тело и ќе ви дадам срце од месо.“ Ефесците 4,22-24: „Соблечете го од себе стариот човек кој се распаѓа според измамливите похоти… и облечете се во новиот човек…“
Павле кажува во Галатите 2,20: „Со Христа се распнав и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене…“
Според тоа, текстот во 2. Коринќаните 4,16.17. зборува за обновување на внатрешниот човек, за преобразба на грешната природа, а не за бесмртност на душата.
Приговор: При каменувањето Стефан се молел: „Господе Исусе, прими го мојот дух“ (Дела 7,59). Христос на крстот исто така се молел: „Оче, во рацете твои го предавам мојот дух“ (Лука 23,46). – Ова докажува дека при смртта вистинскиот човек, бесмртната единка, наречена „дух“, го напушта телото.
Одговор: И Стефан и Христос пред својата смрт даваат иста изјава. Во овој случај, ако „духот“ е оној вистински човек, оној „бесмртен дух“ (или онаа „бесмртна душа“), кој во мигот на смртта го напушта телото и заминува веднаш во рајот, тогаш и Стефан и Христос, како праведници, истиот ден кога умреле, заминале во рај. Дали е тоа така? Не! Исус ѝ кажува на Марија: „Остави ме, зашто сè уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Ова се случило третиот ден по воскресението. Тоа ние го разбираме вака: „Во рацете твои го предавам мојот живот.“
Приговор (Евреите 12,22-24): „Туку вие пристапивте до гората Сион, до градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, до десетици илјади ангели, до сеопштиот собор и црквата на првородените, кои се запишани на небесата, и до Бога, судијата на сите, и до духовите на усовршените праведници, до Исуса, посредникот на еден нов завет и до крвта за попрскување, која зборува подобро од крвта на Авела.“
Со зборовите „духовите на усовршените праведници“ приговарачите докажуваат дека човекот има дух. Со други зборови, според овој приговор, овој текст докажува дека духовите, ослободени од телата, престојуваат во небесно блаженство.
Одговор: „Духовите на усовршените праведници“ не се духовите на праведниците кои во мигот на смртта како независни бесмртни единки го напуштиле телото и се вивнале во небесно блаженство. Станува збор за наполно обратени луѓе, преродени, преобразени, посветени, духовни луѓе. Во прилог наведуваме неколку Павлови мисли:
Римјаните 8,5-8: „Оние што се телесни, се стремат кон телесното, а оние што се духовни, кон она што е на Духот, бидејќи мудрувањето на телото е смрт, а мудрувањето на Духот е живот и мир.“
Јован 3,6.7: „Ако некој не се роди од вода или од Духот, тој не може да влезе во Божјето царство. Роденото од тело тело е, а роденото од Духот ДУХ Е. Не чуди се што ти реков; треба да се родите озгора.“
„Роденото од Духот – ДУХ Е“, со други зборови „родениот од Духот – е духовен.“ Значи „духовите на праведниците“ не се бестелесни духови на праведниците, туку самите праведници – преродени, преобразени, наново родени од Светиот Дух. Ние видовме исто така дека ни Христовиот дух при смртта не заминал на небото – зашто по воскресението Христос ѝ рекол на Марија: „Уште не сум појден кај Отецот.“
Ако приговарачите настојуваат да докажат со овој текст дека спасените во Божјето царство ќе престојуваат во бестелесен облик, дека ќе се реат или лебдат како духови или души без тело – ние одговараме: спасените вечноста со Христа ќе ја поминуваат не како бесмртни духови или души – ами во тело – бесмртно, духовно, нераспадливо тело (1. Корин. 15,51-54).
Јов кажува: „Јас ќе го видам, и очите мои ќе го гледаат, а не други“ (За Јов 19,27).
Јован на стакленото море на небото гледа не духови, туку големо мноштво народ, облечени во бела облека, со палми и со гусли во рацете; тие стојат на стаклено море, не лебдат во воздухот, туку стојат на цврста почва; ќе го гледаат лицето негово – имаат очи и гледаат; името на Јагнето ќе биде напишано на нивните чела – имаат чела.
Приговор (2. Коринќаните 12,2.3): „Познавам човек во Христа, кој пред 14 години, не знам дали во телото или надвор од телото, Бог знае, беше воздигнат до третото небо… до рајот…“ Ова докажува дека вистинскиот човек е бесмртна душа или бесмртен дух кој е независен од телото и кој може да се издигне до Бога и да замине во рајот!?
Одговор: Ако е така, како што тврдат приговарачите, Павле пред 14 години умрел бидејќи, како што тврдат тие, духот или душата го напуштиле неговото тело и заминале, односно се издигнале до третото небо – до рајот. Ако Павле умрел, тогаш тој и воскреснал. Но, за ова нема никаков доказ. Уште еднаш: ако овој текст го толкуваме буквално, тогаш Павле се разделувал од душата или од духот и умрел и воскреснал. Но очигледно е дека Павле не умрел. Тој зборува за своите „виденија и откровенија“. Она што го видел и што го чул било толку живо и стварно, што не бил сигурен дали Бог навистина го пренел на небото. На ист начин Павле се изразува и кога им пишува на Колошаните: „Иако не сум присутен меѓу вас со телото, во духот сум со вас…“ (Колошаните 2,5). Или, позната е мислата: „Ќе бидам со тебе во мислите, со духот.“ Значи, овде не станува збор за никаква бесмртност на душата или духот.
Приговор (1. Солуњаните 4,14): „Ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така Бог и оние што умреле во Исуса, ќе ги доведе со него.“ Во овој стих, велат приговарачите, апостол Павле кажува дека при второто Христово доаѓање Бог ќе ги доведе со себе од небото оние кои умреле во Исуса. Ова докажува дека праведниците заминуваат на небото веднаш при смртта наместо да лежат во гробовите до второто Христово доаѓање.
Одговор: Павле овде зборува за две групи: за оние „што умреле“ и за „живите кои останале“ до Христовото доаѓање. Ако праведните мртви треба да „воскреснат“ во иднина и заедно со живите праведни да одат на небо, како можел Павле да изјави дека праведните мртви „слегуваат“ од небото при големиот ден на воскрсението. Единствен доказ на приговарачите е нивното верување дека душите на праведниците при смртта заминуваат како бесмртни единки на небото и дека истите души слегуваат со Господа Исуса Христа во денот на воскресението (многу чудно: со Христа од небото слегуваат некакви призрачни души, некакви невидливи духови) за да ги добијат своите воскреснати тела – што е наполно библиски неосновано и нелогично, бидејќи во контекстот ги наоѓаме само следните мисли: „оние што умреле“, „оние кои умреле во Исуса“ и „мртви во Христа“. Значи, ништо овде не укажува на тоа дека мртвите заминале на небо. Овие стихови воопшто не зборуваат за некакво заминување на душата на небо, туку само за воскресението. Каква логика има во тоа Павле во 14-тиот стих да зборува само за душите на праведниците, а во 13-тиот и 16-тиот стих само за нивните тела?
Стихот 14 се дели на два дела: а) „Ако веруваме дека Исус умре и воскресна“ и б) „така Бог и оние што умреле во Исуса Бог ќе ги доведе со него.“ Павле овде ја изнесува нашата сигурност во воскресение врз основа на Христовото воскресение. Бог „го воскресна нашиот Господ Исус“ (1. Коринќаните 15,15); така „Бог во Исуса ќе ги доведе“ од гробот „оние кои умреле во Исуса“ (1. Солуњаните 4,14).
Инаку, Христовата душа за време на смртта не била на небото, туку во гробот – така и неговите верници се во своите гробови. Павле ни кажува во Евреите 11,39.40: „Сите тие … не го примија ветеното, зашто Бог предвиде нешто подобро за нас – тие да не дојдат до совршенство без нас.“ – Извонредно, сите Божји луѓе, хероите на верата, чиишто имиња Павле ги набројува овде – Авел, Енох, Ное, Аврам, Исак, Јаков, Јосиф, Мојсеј, Гедеон, Самсон, Давид, Самоил, и илјадници други верни и предани на Бога мажи и жени, по смртта не заминале на небото, зашто Бог предвидел едновремено, на сите заедно, и ним и нам, да ни подари вечен живот при второто Христово доаѓање.
Приговор: Ние се согласуваме дека оние кои умреле во Стариот завет останале несвесни во своите гробови, како што потврдува Проповедник 9,5.6.10. Меѓутоа, кога Христос дошол, Тој изјавил дека „секој што живее и верува во него, нема никогаш да умре (довека)“ (Јован 11,26). Ова докажува дека во Новиот завет оние што веруваат во Исуса не умираат, туку одат право на небо. Во прилог на овој заклучок оди и Павловата изјава дека Христос „ја раскопа смртта“ (2. Тимотеј 1,10), како и честите изјави на Библијата дека христијаните денес имаат живот вечен. – Така тврдат приговарачите.
Одговор: Праведните луѓе во Стариот завет немале бесмртна душа која во мигот на смртта би заминала на небото. Јасен е примерот за Давида (Дела 2,29.34): „Браќа, можам слободно да ви кажам за патријархот Давид дека умре и беше погребан, и дека неговиот гроб е меѓу нас до ден денешен… Давид не се вознесе на небесата.“
Сега ние би се запрашале дали праведните луѓе почнале да поседуваат бесмртна душа или бесмртен дух дури на почетокот на христијанската ера? Меѓутоа, ако луѓето од секогаш имале бесмртна душа или бесмртен дух, тогаш што се случувало со душите на светите луѓе во Стариот завет при нивната смрт? Праведниците на Стариот завет (Евреите 11,39.40): „И сите тие (свети луѓе во Стариот завет), иако се докажаа преку верата, не го примија ветеното, зашто Бог предвиде нешто подобро за нас – да не дојдат до совршенство без нас.“
Праведниците во Новиот завет (1. Солуњаните 4,15-17): „Ние, кои живееме и остануваме до доаѓањето на Господа, нема да отидеме пред оние кои се упокоиле. Зашто сам Господ ќе слезе од небото… и мртвите во Христа ќе воскреснат први. Потоа ние живите ќе бидеме земени заедно со нив на облаци за да го сретнеме Господа во воздухот и така засекогаш ќе бидеме со Господа.“
Праведниците од Стариот завет мора да го чекаат идниот настан кога ќе ја примат својата награда – а тоа е настанот кога сите Божји избрани ќе бидат готови. Сите заедно ќе ја примиме својата награда. Врз основа на ова заклучуваме дека нема разлика меѓу праведниците на стариот и новиот завет во врска со нивното заминување на небото. Сите заминуваат во гроб и чекаат сите заедно награда, воскресение и живот вечен при Христовото доаѓање.
И новозаветните верници одат во гроб: „Блазе на мртвите кои умираат во Господа отсега“ (Откровение 14,13).
Што сакал Исус да ѝ каже на Марта кога рекол: „Ниту еден кој живее и верува во мене нема никогаш да умре (довека).“
Исус на Евреите им кажува: „Кој ќе ја одржи мојата реч, нема да види смрт довека (никогаш)“ (Јован 8,51).
За да ги разбереме овие стихови, на помош ќе викнеме други места во Библијата.
- Мојсеева 2,17: „Во кој ден ќе вкусиш од него, ќе умреш.“- Не умрел веднаш – но во тој миг Адам бил мртов, иако живеел уште неколку века; Адам стапил под проклетството на смртта веднаш.
Павле кажува за Колошаните 2,13: „Мртви во гревовите“; или за распуштената жена: „А онаа која живее распушетно, уште жива, е мртва“ (1. Тимотеј 5,6).
Понатаму, ги наведуваме зборовите на нашиот Спасител во Јован 5,24: „Кој ја слуша мојата реч и му верува на Оној кој ме прати мене, има живот вечен и не доаѓа на суд, туку преминал од смрт во живот.“
Да обрнеме внимание на зборовите на Јована (1. Јованово 3,14): „Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, зашто ги љубиме браќата, бидејќи кој не го љуби братот, останува во смрт.“
Или зборовите на Павле (Римјаните 8,6): „Телесното мудрување е смрт, а духовното мудрување е живот и мир.“
Ефесците 2,1: „Вие бевте мртви во своите престапи и гревови.“
Од овие текстови јасно се гледа дека библиските писатели човекот го гледаат во една од овие две состојби – спасен или загубен – а преминот од една во друга состојба е премин од „смрт во живот“.
Праведникот оди само на привремена починка – не умира вечно, туку има дел во „првото воскресение“, а грешникот станува во второто воскресение и заминува во вечна смрт.
Приговор (Матеј 22,32): Христос изјавува дека „Бог не е Бог на мртвите, туку на живите“. Тој сепак кажува: „Јас сум Бог на Аврама, Бог на Исака и Бог на Јакова.“ Ова е доказ дека душите на овие патријарси, кои умреле пред многу време, навистина живеат на небото. – Така тврдат приговарачите.
Одговор: Во одговорот на претходниот приговор кажавме дека праведниците на Стариот завет не се на небото. Порано го наведовме примерот на Давида за кој во Дела 2,29.34. се кажува дека тој не заминал на небо, туку во гроб. Во Матеј 22,32 Христос дава ваков одговор како резултат на разговорот со садукеите кои не верувале во воскресение и кои му поставиле хипотетично прашање за седумте браќа кои се женеле со една иста жена. Главен предмет на разговорот било воскресението. Прашањето било: ќе има ли воскресение? Матеј 22,23: „Садукеите велат дека нема воскресение.“ Истото тоа го наоѓаме и во Марко и во Лука. Значи, прашањето било дали има или нема воскресение. Матеј 22,28: „По воскресението чија ќе биде жената?“ Расправата се водела околу идниот настан на воскресението.
Матеј 22,31.32: „А за воскресението на мртвите нели сте читале што ви кажа Бог велејќи: ‘Јас сум Бог на Аврама, Бог на Исака и на Јакова?’ Не е Бог Бог на мртвите, туку Бог на живите.“ „А дека мртвите стануваат и Мојсеј покажа“ (Лука 20,37).
Аврам верувал во воскресение: „Аврам е татко на сите нас како што е пишано: те поставив за татко на многу народи – пред Бога кому му поверува како Оној кој ги оживува мртвите и од ништо создава суштество“ (Римјаните 4,16.17).
Римјаните 14,7-9: „Никој од нас не живее за себеси и никој не умира за себеси, зашто ако живееме, живееме за Господа, ако умираме – умираме за Господа. Затоа, живееме ли или умираме, Господови сме. Христос всушност и затоа умре и оживеа за да биде Господар над мртвите и над живите.“
Ние, Аврам, Исак, Јаков и другите праведници, умираме „во Христа“, а „мртвите во Христа ќе станат“ – ќе воскреснат за живот“ (1. Солуњаните 4,14.16; Јован 5,29). Очигледно е дека станува збор за блискиот однос меѓу верниците и Бога – збор за тоа дека смртта за Бога не е пречка нив да ги гледа како живи. За време на смртта тие „спијат“ кусо време додека не бидат повикани во воскресение за живот – и Бог навистина е Бог на живите кои умреле вака.
Приговор (Проповедник 12,7): „Правот се враќа во земјата, како што било, а духот се враќа кај Бога кој го дал.“ Ете, велат приговарачите, постои свесна бесмртна единка која при смртта го напушта телото и заминува кај Бога. Тоа е бесмртниот дух.
Библиски одговор: Ако духот е свесна бесмртна единка и ако при смртта оди горе кај Бога, тогаш и грешните, наместо долу во пеколот, одат горе во рај. Ако „духот кој се враќа кај Бога“ е свесна единка, личноста, оној вистински човек, тогаш сите луѓе, било добри или грешни, при смртта заминуваат кај Бога. Имаат ли иста судбина? Ако се тврди дека грешните при смртта одат кај Бога да примат суд, тогаш одговараме дека Библијата јасно одредува и тврди оти судот е иден настан (Матеј 25,31-46; Откровение 22,12).
Проповедник 3,19-21: „Она што им се случува на синовите човечки, тоа им се случува и на животните, еднакво им се случува. Како гинат едните, така гинат и другите и сите имаат ист дух. Човекот не е ништо подобар од животните… сè иде на едно место; сè е од прав и сè се враќа во прав. Кој знае дека духот на синовите човечки оди горе а духот на животните оди долу под земјата?“
Соломон овде кажува дека „сите имаат ист дух“. Еврејскиот збор, преведен овде со „дух“, е „руах“. Зборот „дух“ е употребен два пати во 21-от стих: „Дух човечки“ и „дух животински“, и доаѓаат од истиот еврејски збор „руах“. Приговарачите мора да решат два проблема: или и човекот и животните имаат во себе бесмртна единка, бесмртен дух, кој при смртта заминува во рај, односно во пекол – значи и животните одат во рај или во пекол – или ниту човекот ниту животните немаат во себе таква бесмртна единка и при смртта не заминуваат ниту во рај ниту во пекол, туку в гроб.
Приговор (2. Коринќаните 5,8): „Повеќе сакаме да го напуштиме телово и да појдеме дома кај Господа.“ И 2. Петрово 1,14: „Знам дека наскоро ќе го оставам моето земно живеалиште, како што јасно ми стави до знаење нашиот Господ Исус Христос.“ Приговарачите: Овие стихови тврдат дека праведните мртви одат на небото веднаш при смртта и дека заради тоа човекот има во себе бесмртност.
Одговор: Приговорот е изваден од контекстот на 2. Коринќаните 5,1-9 каде што Павле зборува за неколку работи:
1) Земна „наша куќа“, „далеку од Господа“, „во ова тело“, оваа куќа може да се „раскопа“.
2) „Соблечеме“, „голи“.
3) „Зграда од Бога“, „вечна градба на небесата – не градена од човечка рака“, „небесно живеалиште (стан), „преоблечени (облечени)“, „дома кај Господа“.
За нашето земно пропадливо тело во Книгата за Јов читаме: „Кои живеат во земјени куќи, чии основи се од прав и кои пропаѓаат и од молец… Сети се дека како глина си ме замешал, та пак ли во прав ќе ме претвориш?“ (Јов 4,19; 10,9)
Јов многу убаво кажува дека нашето сегашно тело е „земјена куќа“, од „глина замешано“, кое при смртта пак се претвора во глина, во прав. Според тоа, нашата земна куќа – тоа е нашето сегашно смртно тело, а спротивно на тоа, нашата бесмртна куќа е „вечната градба на небесата“ – тоа е бесмртното тело. Павле копнее да се ослободи од земната распадлива глинена куќа и да се облече во „својот небесен стан“, во својата небесна нераспадлива вечна куќа, да го добие небесното бесмртно тело.
Процесот на „соблекување“ и облекување го означува воскресението. Ние го имаме „Духот како залог“ кој ќе ја постигне оваа сакана состојба.
Римјаните 8,11: „Ако во вас живее Духот на Оној кој го воскресна Исуса од мртвите, тогаш Оној кој го воскресна Исуса Христа, ќе ги воскресне и вашите смртни тела преку својот Дух кој живее во вас.“
За истиот предмет Павле зборува и во Римјаните 8,22.23: „А знаеме дека целото создание, сè до сега, стенка и страда во породилни маки. И не само тоа туку, имајќи ги првите плодови на Духот, и ние самите стенкаме во себе, чекајќи го желното посинување, откупот на нашето тело.“
„Откупот на нашето тело“, или „облекување во небесен стан (живеалиште)“ или промена на „земната куќа“ со „куќа (живеалиште) на небото“ – тоа е „избавување на нашето тело“ во денот на воскресението.
Филипјаните 3,20.21: „Нашето граѓанство е на небесата од каде и го очекуваме Спасителот, Господа Исуса Христа, кој ќе го преобрази нашето понижено тело – да се сообрази со неговото славно тело, според дејството на неговата сила.“
Желба на Павле не е – како што тврдат приговарачите – неговата „бесмртна душа“ да го напушти неговото тело и да замине кај Господа ( 2. Кор. 5,8), туку воздивнува и стенка да добие ново – да се „преобрази нашето понижено тело, да се сообрази со неговото славно тело“, да добие ново, бесмртно, нераспадливо тело (1. Кор. 15,51-54). Тоа е желба „животот да ја проголта смртта“. Желба да го „соблечеме стариот човек кој се распаѓа во сетилни желби и да се облечеме во нов човек сличен на Бога“ (Ефесците 4,22-24).
Слично се толкува и 2. Петрово 1,13-15: „Додека сум во ова тело… зашто наскоро ќе го оставам моето земно живеалиште, како што ми рече Господ Исус Христос.“ – Се мисли на неговата смрт (Јован 21,18.19).
Во 8. стих апостол Павле не кажува дека човекот има во себе бесмртна душа (или бесмртен дух) која одвај чека при смртта да го напушти телото и да појде дома кај Господа како душа или како дух. Така не пишува во осмиот стих.
Ако Павле очекувал да прими духовно тело при смртта, и во духовно тело да замине кај Христа, тогаш воскресението во последниот ден не е веќе потребно.
Приговор: Библијата зборува за смртта на Рахела (1. Мојсеева 35,18): „Кога се разделуваше од душата (нефеш) и умираше, го нарече Венонија (Венијамин).“
Сличен е и извештајот во 1. Царевите 17,21.22: „Господе Боже мој, нека се поврати во детето неговата душа (нефеш). И Господ го услиши гласот на Илија, та се поврати во детето неговата душа (нефеш) и оживе.“ Приговарачите тврдат дека овие извештаи кажуваат оти душата е посебна бесмртна единка која во мигот на смртта го напушта телото, оставајќи ја само лушпата на телото. Тоа значи дека вистинската Рахела и вистинското дете заминале на небото.
Зборот душа како нефеш опширно го објаснивме во поднасловите „Душата-нефеш во Стариот завет“ и „Трите мртви момчиња и нивната душа“. Овде само накратко.
Одговор: Ако душата е тој вистински човек, таа вистинска личност со која сообраќа Бог, тогаш Бог би ѝ се обратил на душата и би ѝ рекол: „Кога телото ќе умре, ти ќе ја напуштиш лушпата, черупката, и ќе дојдеш, ќе се вратиш кај мене.“ Но Бог не рекол така. На Адама не му рекол: „Кога ќе умреш, ќе се вратиш кај мене“. Туку му рекол: „Прав си и во прав се враќаш – во гроб одиш.“ Бог не му рекол на Адама: „Со пот на челото ќе го јадеш својот леб, додека не се вратиш кај мене“, туку „додека не се вратиш во земјата од која си земен, зашто си прав и во прав се враќаш.“ Според тоа, Рахела и момчето кога умреле не заминале ниту во рај ниту во пекол, ниту на кое било дтуго место, туку целсно во земја, во гроб.
Приговор (Откровение 6,9.10): „Кога го отвори петтиот печат, ги видов под олтарот душите на убиените заради Божјата реч… кои извикаа со силен глас, велејќи: ‘До кога, свет и вистинит Господару, нема да судиш и да ја одмаздиш нашата крв над оние кои живеат на земјата?’“ Приговарачите тврдат дека ова докажува оти душите на мртвите праведни се на небото.
Одговор: Ако овој текст го толкуваме буквално, како што прават приговарачите, ќе имаме неволји. Многу работи во Откровението се дадени со симболичен јазик, па и овие стихови. Но, да дадеме одговор на поставениот приговор. Прво, ако душите на праведните по смртта заминуваат непосредно во вечно блаженство, тогаш како душите на најверните и највредните од нив – душите на мачениците – треба да бидат сместени, затворени, под олтарот. Дали е тоа навистина идеално сместување? Очигледно не, зашто е видливо дека овие души се во неволја, притиснати.
Второ, зошто тие души на праведниците под олтарот би требало да бараат одмазда над своите прогонувачи кои со векови вршеле жестоки прогони над праведниците? Науката на приговарачите за бесмртност на душата тврди дека душите на прогонувачите, на убијците, на грешниците, при смртта веднаш заминуваат во пекол, во вечен оган, во вечни маки. Веројатно мачениците не би сакале за никого потешки маки и потешка одмазда од оваа. Според нивната наука за рај и пекол од сторијата за богатиот и сиромавиот Лазар, праведните одат во Аврамовиот скут, каде што се сместени во рајот и преку бездната што постои меѓу рајот и пеколот ги посматраат своите мачители, своите прогонувачи, како се мачат во пеколот и постојано слушаат оттаму викотнци, лелеци и пискоти. Па зар за нив бараат уште потешка одмазда? И најпосле, какви се тие светци кои бараат уште поголема одмазда за своите џелати кога Христос и Стефан при смртта се молеле за своите убијци: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават.“ Христос и Стефан бараат проштавање а не одмазда.
Секако, овие текстови имаат симболичка вредност – не се буквални. Поука од овие текстови: убијците, прогонувачите, грешниците – ги чека Божји суд.
- Мојсеева 4,10: „Бог му рече (на Каина): ‘Што стори? Гласот на крвта на брат ти вика од земјата кон мене’“ – вика за казна над убиецот.
Езекил 35,6: „Крв си пролевал, крвта ќе те гони.“
Крвта на погубените праведници, како и онаа на Авела, бара одмазда, бара суд; крвта бара крв.
Приговор (Филипјаните 1,21-23): „За мене навистина живот е Христос, а смртта придобивка. Притиснат сум од две страни – имам желба да си заминам и да бидам со Христа, што е далеку подобро, но заради вас е подобро да останам во телото.“ Според овој приговор, Павле овде изјавува дека при смртта непосредно ќе замине да биде со Христа.
Одговор: Павле вели: „Имам желба да си заминам и да бидам со Христа.“ Кога ќе бидеме со Христа? Во овој стих тој не го одредува тоа време, но на други места во Библијата други извештаи ни го посочуваат времето кога ќе бидеме со Христа.
- Солуњаните 4,16-18: „Господ ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба, и мртвите во Христа ќе воскреснат први. Потоа ние живите, кои останавме, ќе бидеме земени заедно со нив на облаци за да го сретнеме Господа во воздухот, и така засекогаш ќе бидеме со Господа. Затоа утешувајте се еден со друг со овие зборови.“ Значи, мртвите ќе го сретнат Христа не при смртта, туку при воскресението, при неговото второ доаѓање, заедно со живите праведници.
Јован 14,1-3: „Пак ќе дојдам и ќе ве земам вас да бидете и вие таму каде што сум јас.“
Мртвите не заминуваат веднаш кај Господа, туку при Христовото второ доаѓање – и мртвите праведни воскреснати и живите праведни преобразени – „заедно“ Христос ќе ги земе кај себе.
Се поставува прашање зошто Павле на Солуњаните им кажува: „Утешувајте се еден со друг со овие зборови“, ако живите праведници знаат дека нивните покојници веќе се на небото, во небесно блаженство? Солуњаните жалеле, биле збунети, не знаеле каде одат нивните покојници и биле во неизвесност што ќе се случи и со нив. Павле ги учи дека нивните покојници не се на небото, туку во своите гробови, и дека ќе воскреснат при второто Христово доаѓање и дека „заедно“ – не едни без други – ќе одиме на небото. Во 1. Коринќаните 15,51-54 се кажува дека таа промена од смртност во бесмртност, од распадливост во нераспадливост, ќе се случи дури во „последната труба“.
Или, ако мртвите веднаш одат кај Христа, тогаш зошто Павле им рекол на Колошаните: „Кога ќе се јави Христос, нашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со него во слава“ (Колошаните 3,4).
Или, ако мртвите заминуваат веднаш при Бога, тогаш зошто би рекол: „Мене ми е подготвен венецот на праведноста, што ќе ми го даде ВО ОНОЈ ДЕН Господ, праведниот Судија, и не само мене, туку и НА СИТЕ кои го очекуваат неговото јавување“ (2. Тимотеј 4,8; 1,12.18).
Ако претпоставиме дека Павле имал бесмртна душа која при неговата смрт заминала на небото кај Христа, како што тврдат приговарачите, тогаш Христос на небото ја крунисал главата на душата на апостол Павле, односно, „венецот на праведноста“, што го приготвил за Павле, Тој веќе го ставил на главата на неговата душа. Дали е тоа можно? Не! Душата нема глава за да биде крунисана со круна или овенчана со венец. Според телогијата на црквите кои веруваат во бесмртен дух и во бесмртна душа, духот и душата не се материјални супстанции и тие не можат да бидат крунисувани и да носат на себе круни, односно венци.
Очигледно е дека, кога Павле кажува „мене ми е подготвен венецот на праведноста, што ќе ми го даде ВО ОНОЈ ДЕН Господ“, тој мисли на себе, на своето видливо физичко тело, а не на својата душа, дека тој венец ќе биде ставен на неговата физичка глава, а не на главата на неговата душа. Кога кажува „ВО ОНОЈ ДЕН“, јасно е дека мисли не на денот кога тој ќе умре, туку на денот кога Христос повторно ќе дојде и кога ќе го воскресне и него и сите праведници во првото воскресение, кога ќе воскреснат во бесмртни и прославени тела.
Според тоа, и на Павле, и „НА СИТЕ“ други, Господ ќе им даде награда „ВО ОНОЈ ДЕН“, кога ќе дојде Христос. Тогаш сите заедно ќе заминеме на небо, а не веднаш кога ќе умреме.
Павле на Филипјаните во посочените стихови не им кажува дека тој очекува веднаш да биде со Христа. Тој едноставно и кратко зборува за тешкотиите, за животната борба и за својата желба да се одмори од таа борба, ако би можел со тоа да го прослави Христа. Но овој стар и ревносен апостол постојано укажува на второто славно Христово доаѓање како решение на овој проблем.
Павле овде кажува дека „заради вас е подобро да останам во телото“, но тој не кажува ништо дека во неговото тело постои бесмртна душа или бесмртен дух, кои одвај чекаат да го напуштат тоа негово изморено и измачено тело и да заминат кај Христа.
Приговор (1. Самоилова 28,7-19): Овде се опишува средбата и разговорот на Саула со вражарката во Ендор. Саул им заповедал на своите слуги: „Барајте ми жена со вражарски дух за да отидам кај неа и да ја прашам… Повикај ми го Самоила… Гледам богови како излегуваат од земја… Излегува стар човек наметнат со плашт.“
Овој извештај приговарачите го користат за да докажат дека пророкот Самоил и по смртта е жив.
Библиски одговор: Овој извештај не кажува дека Самоил слегол од небото, од рајот, како што веруваат тие, туку излегол од земја, „наметнат со плашт“. Може ли Самоиловата душа или дух да бидат наметнати со плашт? Ако Самоил по потреба го зема телото, лушпата, тогаш каде го чува тој телото додека душата или духот му престојуваат во рајот? Како ќе го усогласиме ова со извештајот кој кажува дека Бог забранил секаков контакт и разговор со вражари, гатачи и со оние кои разговараат со мртвите? (5. Мојсеева 18,10-12; 3. Мојсеева 19,31; 20,27).
Понатаму, наводно Самоил му рекол на Саула: „Утре ти и твоите синови ќе (загинете) и ќе бидете при мене.“ – Нелогично, ако Самоил како свет човек и пророк е во рајот – може ли и Саул како убиец и самоубиец да оди кај Самоил, да биде со него во рајот? Друга нелогичност – вражарката изјавува: „Гледам богови како излегуваат од земја.“ Какви се тие богови кои излегуваат од земја? Очигледно е дека ниту Бог ниту Самоил воопшто не се вмешани во овој настан – туку лично сатаната.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Библијата: Душата не е бесмртна!
Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...
Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и...
„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“
„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). - Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ -...
Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет
Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...
Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!
Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...
Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?
Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...
Што прават мртвите во гробот?
Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...
Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата
Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...
Пеколот во Стариот завет
Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за...
Христос и библискиот пекол
Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но...
Вечен оган и вечна мака
„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели... Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“...
Вечна пропаст за грешниците
Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување. Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да...
„Плач и крцкање со забите“
Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...
Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар
Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи: „Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут... Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде...
„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“
Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...
Душите и небесниот суд
„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’...
Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква
„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) - Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги...
Животните како „живи души“
Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...
Душата и крвта
Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...
Душата-нефеш во Стариот завет
1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...
Душата-психа во Новиот завет
Душата како личност во Новиот завет Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...
На крстот умрела Христовата душа
Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...
Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?
Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...
Трите мртви момчиња и нивната душа
Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...
Апостол Јован: „Бев во духот“
Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...
Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд
Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...
Православието за православните митарства
„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски - во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот...
Православието за пеколот
Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...
Католичката црква за чистилиштето
Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“, заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во...
Католичката црква за пеколот
Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...
Протестантите за пеколот
Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...
Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...
Не разговарај со мртвите!
„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.