Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“.1 „Како човек кој заспал и цврсто спие до изутрината и не знае што се случувало додека не се разбуди, така ќе биде и со оние што одненадеж ќе се разбудат во последниот ден; не ќе знаеме каква била смртта, ниту колку долго сме биле мртви.“ „Ќе спијам додека Тој не дојде и не затропа на гробот со зборовите: ‘Д-р Мартине, стани!’ Тогаш јас ќе станам за миг и вечно ќе бидам среќен со него.“2
Школарецот Paul Althaus забележал дека „подоцна Лутерантската црковна теологија не го следела Лутера во ова учење. Тие ја прифатиле средновековната традиција и продолжиле со неа“3.
Во врска со бесмртноста на душата го истакнуваме и сфаќањето на Карл Барт (Karl Barth, 1886-1968), кој во теолошките кругови се смета за најголем протестантски теолог на 20 век. Тој исправно ја сфаќа и ја толкува библиската наука за состојбата на мртвите кога кажува:
„Ако сакам да зборувам со чиста совест, морам да дадам некои изјави кои мнозина ќе изненадат, зашто се противат на широко распростанетите прифатени идеи. Дали знаете дека зборот ‘бесмртност’ не се наоѓа во Стариот завет, а во Новиот завет се спомува само два пати. Само по себе тоа е многу значајно. А уште понеобично е кога ќе видиме во која смисла се употребуваат овие зборови. ‘Бесмртноста’ се употребува како атрибут за Бога (1. Тимотеј 6,16; 1,17), а не за човекот. Писмото изјавува дека Бог поседува (има) бесмртност и дека Тој е ЕДИНСТВЕН бесмртен…. Бесмртноста не може да биде човекова придобивка. Тој неа може да ја прими единствено како незаслужен дар, како дар од Оној кој е единствен по природа бесмртен… Овој поглед, толку јасен и толку логичен, а едновремено толку утешен ако добро го сфатиме, Црквата го разводнила, ограничувајќи ја смртта на човековата физичка природа, на неговото тело. Бесмртноста ја резервирала за неговата душа и на смртта почнала да гледа како на ослободување на душата која била затворена во телото како во затвор. Всушност, тоа е Платонова наука. Но никогаш немојте да го губите од вид фактот дека, кога Бог зборува за пропадливоста на човекот, зборува за човекот како целина. Душата го означува човековиот личен живот, кој може да се разликува од неговото тело, но не може да постои изделено од него, токму онака како телото што може да се разликува од неговата душа, но не одвоено од неа… Библијата не зборува ниту на материјалистички, ниту на идеалистички начин. Таа се изразува реалистички. Секако, таа ѝ се обраќа на душата, но на душата која е отелотворена во човечко тело, односно, неразделно соединета со телото кое јаде, пие, кое се буди и спие; кое се бори и работи; кое страда и кое се радува, кое е човек млад и стар. Животот на душата всушност е и живот на телото. Токму тоа единство, тој тоталитет упатува на смртта како крај на човеквото временско постоење, а зад сето тоа Бог е негова иднина, негова надеж.“4
Православието за бесмртноста на душата: „Несомнено библиски заклучок е дека човекот има смртно и распадливо тело и бесмртна душа. Тоа учење не е никаква лага на сатаната…, туку откриена вистина на Светото писмо. Затоа, кога душите на покојниците се свесни за своето постоење по смртта на телото, тогаш нашите молитви кон светителите не се бесполезни… Тие не се писмо без адреса, туку светителите на еден духовен начин ги слушаат и заедно со нас се молат на Бога за нас.“5
Вака ни ја прикажува човековата природа паравославниот теолог Лазар Милин: „Човекот има смртно и распадливо тело и бесмртна душа.“ При смртта, смртното тело заминува во гроб, каде што се распаѓа, а бесмртната душа заминува во рај или во пекол.
Така верува мнозинството христијани: Меѓу смртта и последното воскресение на телото, Бог ги чува нивните бестелесни човечки души. При воскресението нивните материјални тела повторно се соеднинуваат со нивните духовни души со што се зголемуваат уживањата во рајот или пеколните маки во пеколот.
Сфаќањата на некои грчки филозофи на стариот век дека душата на човекот може да живее и надвор од телото влијаеле врз учењето на одделни теолози во христијанската ера, па традиционалната христијанска Црква развила пракса – грижа за душата којашто го напуштила човекот во мигот на смртта: се палат свеќи кои треба да го осветлат патот кон „другиот свет“, се читаат разни молитви, се држат опела и задушници, се купуваат опросници и се даваат подароци на Црквата. Сето тоа, наводно, треба да ја подобри општата положба на душата за време на посмртниот период или да ѝ го скрати времето на престој во чистилиштето каде што пати заради гревовите што ги направила.
Постојат многу заблуди со кои сатаната го проникнал светот, но меѓу нив најголеми се две, кои ќе доминираат на светската сцена во последниот гигантски судир меѓу доброто и злото, со кои тој ќе успее да го прелаже поголемиот дел од човештвото. Тоа се заблудата за бесмртност на душата и заблудата за празнување на неделата, заблуда дека сабота е заменета со недела. Додека првата заблуда поставува темел за спиритизмот, втората води кон создавање на универзален светски неделен закон, последен видлив знак од кој само чекори ќе нè делат од второто Христово доаѓање. Но, за тоа подоцна.
Мислата – првата лага на сатаната – „нема вие да умрете“ (1. Мојсеева 3,4), се вгнездила во умовите на милијарди луѓе низ сите векови, и е најупорна од сите лаги која ги инфицирала умовите и на денешните луѓе, почнувајќи од наједноставниот човек, сè до „високоумните“ теолози. Сите верски заедници, и христијански и нехристијански, освен адвентистите и сведоците на Јехова, веруваат дека душата на умрените продолжува да живее, да се рее и лебди некаде во воздухот или во небесните простори, или заминува во рај, во чистилиште или во пекол, зависно од тоа дали човекот бил праведен или грешен.
Застапниците на оваа наука тврдат дека бесмртната душа е оној вистински човек, суштината на човекот, и таа, како вистински човек и вистинска личност, при смртта се изделува од телото и заминува во рај, во чистилиште или во пекол.
Оваа наука за вродена бесмртност на душата или за вроден бесмртен дух (душа/дух), од нас бара да веруваме дека во нас престојува (живее) некоја независна единка која е личност, а сепак е без тежина и без просторност; дека таа единка е оној вистинскиот човек, нашето вистинско „јас“, зашто, според нив, телото не е ништо друго освен лушпа или черупка, времена темница, затвор од кој бесмртната душа/дух одвај чека да се ослободи; дека човекот – вистинскиот човек – е само призрачна душа, без тежина и толку ситна, што десет илјади такви души можат да танцуваат на врвот од игла – мисла што била присутна во теолошките кругови и расправии на средниот век.
Врз основа на науката која тврди дека телото е зло и грешно, а душата благородна и добра, која е затворена во телото како во затвор, во зандана и темница, во христијанскиот свет се развил аскетизмот – измачување на грешното тело со глад, со камшикување, со неспиење, со осаменост и на разни други начини.
Но Библијата учи поинаку: нашето тело не е лушпа ниту некаква черупка, туку е храм на Светиот Дух: „Не знаете ли дека вашето тело е храм на Светиот Дух кој е во вас, кого го имате од Бога, па не си припаѓате себеси? Зашто скапо сте платени. Затоа, прославете го Бога во своето тело“ (1. Коринќаните 6,19.20; 3,16.17; 10,31).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за смртта“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Библијата: Душата не е бесмртна!
Библијата уште на првите свои страници кажува дека нема бесмртна душа, ниту бесмртен дух! Читаме во неа: „И Господ Бог рече: ‘Ете, човекот стана како еден од нас, знаејќи што е добро и што е зло. Но сега да не ја испружи својата рака и да не скине од дрвото на животот...
„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“
„Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). - Бог не му дувнал на Адама во носалките душа жива, туку „животен здив“ (животен дух), и тогаш тој станал „душа жива“ -...
Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет
Во претходниот поднаслов беше поставено прашањето што е тоа „жвотен здив (nešamah)“ што го вдахнал Бог во носалките на Адама, и беше дадено следното појаснување: Некои сметаат дека тоа е бесмртна душа што Бог ја всадил во материјалното тело на Адама. Ова толкување не...
Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!
Третиот ден откако умрел, во неделата изутрина, по воскресението, Исус ѝ вели на Мрија: „Остави ме, зашто уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Застапниците за бесмртен дух ќе кажат: Да, Христовиот дух при неговата смрт не заминал горе на небото, туку...
Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?
Постои ли некаква душичка која како пеперуже ќе затрепери над гробот, а потоа ќе одлета некаде вечно да живее? Така паганите си го претставувале себеси задгробниот живот. Но тоа не е христијанска надеж. Бог не му рекол на Адама кога згрешил: Адаме, твоето тело ќе умре...
Што прават мртвите во гробот?
Кога човекот ќе умре, тој умира целосно, интегрално (холистички). Веднаш, во мигот на смртта, престанува секоја искра на живот, се гаснат сите животни функции и тој не постои веќе во никаква свесна состојба. Нема веќе човек, нема веќе личност, зашто, како што рековме,...
Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата
Зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во различни контексти во Библијата имаат различно значење. Кога Писмото зборува за Божјата милост која е „вечна“, или дека Господ владее „довека“ (Псалм 106,1; 146,10), тоа очигледно се однесува на вечноста, бидејќи Бог по...
Пеколот во Стариот завет
Во Стариот завет единствен збор кој се преведува со зборот „пекол“ (hell) е зборот „шеол“ (sheol), кој буквално значи подземје, престој на мртвите, јама, смрт, гроб. Според тоа, зборот шеол, кој во Стариот завет се појавува 65 пати, во себе носи порака за смрт, за...
Христос и библискиот пекол
Зборот хад (ад), како место на мачење на грешниците, конечно влегол во христијанската црква и извршил силно влијание и врз преведувачите на Библијата. Така, во Новиот завет, каде што се појавува единаесет пати, во различни преводи најчесто е преведен како „пекол“, но...
Вечен оган и вечна мака
„Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‘Бегајте од мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели... Овие ќе заминат во вечна мака.’“ (Матеј 25,41.46). Во англиските преводи наместо изразот „вечна мака“ стои „вечна казна“...
Вечна пропаст за грешниците
Наспроти вечниот оган и вечните маки на грешниците во пекол, Библијата категорично тврди дека грешниците ги очекува вечна пропаст, вечна погибел, вечно уништување. Зборувајќи за судбината на грешните, апостол Павле пишува дека Господ „ќе ги казни оние кои не сакаат да...
„Плач и крцкање со забите“
Четири пати во Евангелието според Матеја наоѓаме дека на судниот ден ќе биде „плач и крцкање со заби“: „А синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцакање со заби“ (Матеј 8,12; 22,13; 24,51; 25,30). Оние кои веруваат во буквален,...
Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар
Во оваа Христова сторија за богатиот човек и сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) наоѓаме повеќе битни работи: „Кога умре сиромавиот, ангелите го однесоа во Аврамовиот скут... Умре и богатиот и го закопаа. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна своите очи и ги виде...
„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“
Христос изнел друга сторија за богат човек кој насобрал големо богатство како гаранција за сигурен и безбеден живот на оваа земја. Тој ѝ рекол „на својата душа: ‘Душо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече:...
Душите и небесниот суд
„Кога Јагнето го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите заклани заради Божјата реч и заради сведоштвото што го држеа. Тие повикаа со силен глас: ‘До кога, свет и вистински Господару, ќе ги одложуваш судот и одмаздата на нашата крв над земските жители.’...
Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква
„Ќе се јави беззаконик, кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со сјајот на своето доѓање.“ (2. Солуњаните 2,8) - Господ ќе го убие, ќе го уништи, нема да го мачи вечно. Ако го убие и го уништи беззаконикот, Господ ќе ги убие и ќе ги...
Животните како „живи души“
Беше приведен библискиот текст: „Господ Бог го создаде човекот од земниот прав и му дувна животен здив (животен дух) во носалките. Така човекот стана душа жива“ (1. Мојсеева 2,7). Но пред да го создаде човекот како „душа жива“, Бог животните ги создал како „душа...
Душата и крвта
Постојат повеќе од дваесет места во Стариот завет во кои еврејскиот збор „нефеш“ (душа) се применува на животот. Ќе разгледаме два од нив, зашто тие ни го појаснуваат значењето на изразот „душа жива“ во 1. Мојсеева 2,7. Овие текстови се посебно интересни зашто душата...
Душата-нефеш во Стариот завет
1.Човекот нема душа (нефеш) - тој е душа (нефеш) Во Стариот завет постојано се соочуваме со вистината дека човекот, како човек, е душа (нефеш). Аврам се упатил во Ханан со сиот имот и со сите души што ги стекнал (1. Мојсеева 12,5), а кога го освоил пленот за време на...
Душата-психа во Новиот завет
Душата како личност во Новиот завет Душата (psyche) во Новиот завет ја означува целата личност во иста смисла како нефеш (nephesh) во Стариот завет. На пример, во својата проповед пред Синедрионот, Стефан спомнува дека „седумдесет и пет души (psyche)“ од семејството...
На крстот умрела Христовата душа
Најзначајна Христова изјава во врска со душата: „Синот човечки не дојде да му служат, туку Тој да служи и да го даде својот живот за откуп на мнозина“ - во оригиналот: „да ја даде својата душа (psyche) за откуп на мнозина“ (Матеј 20,28). Како добар Пастир Тој „го...
Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?
Застапниците на идејата за пекол со уживање го истакнуваат ветувањето што му го дал Исус на разбојникот на крстот како сигурен доказ дека постои рај и пекол. Тие тој стих така го конструираат и така го преведуваат, за да измолзат од него порака што најмногу одговара...
Трите мртви момчиња и нивната душа
Во Делата на апостолите 20,9.10 читаме: „Едно момче, по име Евтих, седеше на прозорец и, совладано од длабок сон, додека Павле зборуваше долго, падна од третиот кат и го дигнаа мртво. Павле, пак, штом слезе, се спушти врз него, го прегрна и рече: ‘Не создавајте немир,...
Апостол Јован: „Бев во духот“
Православниот теолог, Лазар Милин, вели: „Свети Јован Богослов во својата книга ‘Откровение’ ни изнесува една визија што ја имал додека бил во ‘духот’ на островот Патмос“19 (Откровение 1,9.10) Зборовите на апостол Јован „бев во духот“ Милин сугерира да ги прифатиме...
Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд
Темел на мистицизмот на паганските филозофии и религии е вера во бесмртност на душата како нематеријална супстанција која овозможува живот и која постои независно од телото, со самостојна егзистенција. Ова сфаќање за бесмртност на душата ќе стане општо прифатено учење...
Православието за православните митарства
„Учењето за воздушните митарства првпат се сретнува во прочуеното дело на св. Атанасиј Александриски - во неговото ‘Житие на св. Антониј Велики’, кое е напишано околу 365 година, кога е и преведено на латински јазик (околу 365-370 г.) и уживало почит во целиот...
Православието за пеколот
Во христијанската литература можат да се најдат најразлични сфаќања и мислења за пеколот. Еве еден таков стравотен опис на пеколот од записите на православието кое реалноста на пеколот ја прифаќа на ист начин како и небесната реалност, хорор пред кој остануваме...
Католичката црква за чистилиштето
Според католичката теологија, по смртта душата веднаш излегува пред Божји суд од кој само мал број, само „светците“, заминуваат директно во рај, тешките грешници одат директно во пекол, а мнозинството грешници, кои имале полесни гревови, најпрво заминуваат во...
Католичката црква за пеколот
Стравот од пекол во Католичката црква има посилен интензитет отколку во другите христијански цркви кои веруваат во постоење на пекол. Тоа доаѓа оттаму што во неа многу повеќе се проповеда и се пишува за пеколот. Во католичкиот свет постојат десетици илјади дела и...
Протестантите за пеколот
Протестантски писател: „Ставете прст во оган и ќе видите што значи мачење, што значи болка. А тоа мачење ќе трае вечно.“34 Боже мили, зар можела токму христијанската црква да измисли ваков монструм, наречен пекол! Како можела умот на милиони верници да го окове во...
Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?
Најголемиот средновековен реформатор, Мартин Лутер, исправно ја сфатил и ја толкувал библиската наука за состојбата на мртвите. Тој јасно кажува дека „би било будалесто ако душата би го посакала своето тело откако таа веќе е на небото“35. „Како човек кој заспал и...
Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух
Приговор (Матеј 17,3): Мојсеј и Илија разговараат со Исуса на Гората на преобразувањето. Фактот што Мојсеј е присутен на гората докажува дека човекот е бесмртна душа, зашто Мојсеј умрел и е закопан во времето на излегувањето од Египет. Библиски одговор: Илија во...
Не разговарај со мртвите!
„Да не се најде меѓу вас човек кој би го терал својот син или својата ќерка да помине низ оган; да преткажува, да гата, или пак, маѓесник, бајач, или што ги повикува духовите на предците, ниту, пак, волшебник, ниту таков кој разговара со мртви.“ „И кога ќе ви речат:...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.