За теистичката еволуција на христијанството
Како што рековме пред малку, христијаните тврдат дека седмиот ден, посветен при создавањето, не е ист со седмиот ден од четвртата Божја заповед, ниту пак седмицата на создавањето е иста со нашава денешна седмица.
Оваа сатанска, ѓаволска заблуда и лага, што ја прифатиле христијаните, внела голем смут во нивната вера и учење и, заедно со другите заблуди, го извалкала лицето на христијанството. За што станува збор? Католиците, православните и, за жал, и тоа за голем жал и срам, сите протестанти што празнуваат недела, веруваат и тврдат дека деновите на создавањето не биле исти со нашиве обични денешни денови од 24 часа. Имено, тие изнесуваат разни неиздржани докази и тврдат дека деновите на создавањето биле временски периоди долги стотици илјади и милиони години, што значи, создавањето траело милиони и милијарди години. Замислете, на семожниот Бог му биле потребни милијарди години да го создаде своето ремек дело – човекот! – Колку далеку отишло христијанството од Бога! Зар е можно и христијаните, кои го носат Божјето име (христијани), да паднат толку ниско и да ја прифатат Дарвиновата теорија за еволуција на нашиот свет? Болно вистинито!
Во својата вчудовиденост и немоќ да им верува на своите уши што слушаат и на своите очи што гледаат, човек со право се прашува во кој Бог веруваат христијаните? Во библискиот семоќен Бог Творец, кој го создал светот за шест обични, наши денови, или во некој друг некадарен бог на кого му биле потребни милијарди години да го создаде истиот свет? Од оваа грда слика што ја даваат христијаните за Бога произлегува дека христијанскиот бог не е ист со семожниот библиски Бог на кого му биле потребни само шест обични денови да создаде толку убав и совршен свет!
Зар е можно поинаку да се разберат зборовите на Божјата реч: „Преку зборот Господов беше создадено небото, преку здивот негов – ѕвезденото воинство… Зашто Тој рече – и сè настана, заповеда – и сè се создаде“ (Псалм 33,6.9). „И Бог рече: ‘Нека биде светлина!’ И би светлина… И Бог рече: ‘Нека биде свод среде водите…’. И би така…. И Бог рече: ‘Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!’ И би така… И Бог рече: ‘Нека изникне од земјата зеленило…’. И би така…“ итн., итн. „Зашто Господ за шест дена ги создаде небото, земјата, морето и сè што е во нив“ (1. Мојсеева 1. глава; 2. Мојсеева 20,11). – Кристално јасно: Бог рече и – веднаш, не по милиони години, туку истиот миг се појави светлина, истиот миг од земјата никна зеленило…, „заповеда – и сè се создаде!“
Духот ни снеможува кога слушаме и гледаме како христијаните, без никаков страв и грижа на совеста, ги искривоколчуваат овие библиски извештаи за создавањето.
Малку појаснение во врска со ова. За разлика од атеистичката еволуција на Дарвина, која претпоставува дека животот од почеток до крај се создавал сам во определени околности и услови во текот на многу долг временски период, без никаков Божји удел, теистичката диригирана еволуција на христијаните тврди дека, сепак, првите зачетоци или зародиши на животот ги создал Бог. Но Тој оставил тие први едноставни, прости животни облици, понатаму да поминуваат низ безброј фази и низ многу долги временски периоди, во кои имале можност да еволуираат и да преминуваат од попрости во посложени облици, усовршувајќи се сè додека конечно не ја постигнале сегашнава состојба. Секако, зад таа еволуција стоел Бог кој ги надгледувал нејзините многубројни фази и вршел соодветни интервенции. Затоа неа ја нарекуваме диригирана христијанска еволуција.
Да си ја претставиме себеси сликата на создавањето на човекот. На почетокот на шестиот ден, кој наводно, како и другите денови на создавањето, е временски период од стотици милиони години, Бог го повлекува последниот синџир на создавање, составен од стотици илјади алки, односно фази низ кои ќе поминуваат од Бога создадените зародиши, т.е. простите животни облици, од кои ќе се развиваат копнените животни, а од нив и човекот.
Неверојатно, христијаните го присилуваат семоќниот библиски Бог стотици милиони години да го посматра своето ремек-дело, човекот, како полека и макотрпно се извлекува од морските мангрови лагуни како амфибија со опашка која се храни со црви, со глисти и полжави, и како со породилни маки мора да совладува стотици илјади и милиони пречки во рамките на еволутивните фази низ кои поминува како животно влекач и четириножец, и во последната фаза како мајмун, пред да ја постигне својата цел, да се исправи на две нозе и да стане човек, Божја лика. – Ете, почитувани, со такви ниски и грди, небиблиски сфаќања за семоќниот библиски Бог, се одликува денешното христијанство без Христа, за жал, и протестантизмот.
Како што видовме, традиционалната Црква и протестантските цркви кои празнуваат недела и веруваат во бесмртност на душата (духот), не веруваат во библискиот семоќен Бог Творец, кој го создал светот за шест обични, наши денови, туку веруваат во некој друг, некадарен бог, на кого му биле потребни милијарди години да го создаде истиот свет, милиони години да го создаде човекот. Нивните теологии, кои ја прифатиле теоријата на еволуцијата, покрај другото, се обидуваат да го задржат и учењето за бесмртоност на душата (духот), што раѓа неверојатни контрадикторности и тешки апсурди кои водат во апсолутен безизлез.
Прашања за нашите браќа христијани кои веруваат така: Ако Адам не е создаден веднаш како вистински Адам, како вистински човек, во шестиот ден, туку му биле потребни милиони години да се развие и да премине од животно во човек, тогаш во чиј нос Бог дувнал бесмртна душа (дух) во шестиот ден? Секако, според споменатата теологија, Бог не дувнал бесмртна душа директно во носот на Адама, туку ѝ дувнал на онаа прва животинка, на почетокот од еволуцијата, од која се развил Адам. Според тоа, Адам својата бесмртна душа, ако воопшто имал таква душа, не ја добил директно од Бога, туку ја наследил индиректно од првата животинка преку амфибиите (водоземците), влекачите, приматите (човеколиките мајмуни)… Ако Адам својата бесмртна душа ја наследил од животните, тогаш и животните имаат бесмртна душа! Ако е така, а според филозофијата на теистичката еволуција е така, тогаш каде заминува бесмртната душа на животните кога ќе загинат?
Понатаму, дали бесмртната душа што ја има денешниот човек е иста со онаа бесмртна душа што ја вдахнал Бог во првата животинка? Дали и таа првобитна бесмртна душа кај првата животинка, поминувајќи низ еволутивните фази, заедно со телото, еволуирала и преминувала од попрости во посложени облици, или останала на првобитното ниво? Ако душата не еволуирала, ако таа останала иста од почеток до крај, тогаш ние луѓето имаме иста бесмртна душа со животните, со глистите, со црвите… што ни наликува на хиндуистичко-будистичката филозофија.
И уште едно прашање. Нашите браќа христијани, за кои станува овде збор, за бесмртната душа (дух) на луѓето одредиле место: чистилиште, митарства, рај и пекол. Каде е местото за бесмртната душа на животните?
Гледаме ли во какви апсурди запаѓаат луѓето, во овој случај теолозите, кога своето човечко „високоумие“, својата „генијалност“ и „ученост“, кога световните теории и филозофии, во конкретниов случај Дарвиновата теорија за некаква еволуција, ќе ги внесат во Библијата, кога ќе отстапат од неа и кога наједноставните и најјасните нејзини вистини ќе ги направат толку сложени и замрсени, за да не им се гледа крајот. Барајќи еволуција во Библијата, каде што не треба да бараат еволуција, барајќи еволуција кај Творецот, тие се сплеткаа и паднаа.
Зар има тоа некаква смисла, се прашува човек! Очигледно е дека нема. Но за денешните христијани и таквата бесмисла има смисла. За нив сè е можно. Можно е вошките да станат овци и овците вошки.
Артур Шопенхауер, мислител кој живеел во 19 век, еден ден, длабоко замислен околу идеите за суштината на човековото постоење, неочекувано се судрил со некој човек на улица. Лицето со кое се судрил, налутено го прашало: „Што мислите, кој сте вие?“ „Кој сум јас?“, одговорил Шопенхауер. „И јас би сакал да знам!“
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за саботата“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА САБОТАТА
Да почнеме од почеток, од корењата на саботата: „Така беа довршени небото и земјата со сето свое воинство. И ги заврши Бог до седмиот ден своите дела што ги создаде. И се одмори во седмиот ден од сите свои дела што ги создаде. И Бог го благослови седмиот ден и го...
Саботата – споменик на создавањето и стожер на еврејската нација
Како што видовме од четвртата Божја заповед, седмиот ден е од Бога одреден и именуван со зборот сабота, еврејски „шабат“, со значење „одмор“, ден од 24 часа, и ние не смееме тој ден да го замениме ниту да го преименуваме со недела, ниту со кој и да е друг ден во...
Сабота е благословен ден
„Господ го благослови ... саботниот ден!“ - Да запомнеме: Сабота е блгословен ден, што не е случај со ниту еден друг ден во седмицата. Зборот „благослов“ има ист јазичен корен со зборот „благодат“, на кој му посветивме цел еден наслов во книгава. Благословен значи:...
Сабота е свет ден
„Господ го ... посвети саботниот ден!“ - Да запомнеме: Сабота е и посветен и свет ден, што не е случај со ниту еден друг ден во седмицата. „А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог.“ Во Десетте заповеди зборот „свет“ се однесува само на еден збор, на...
Господ: Сабота е „мој свет ден“, „Господов ден“
„Ако ја задржиш својата нога да не ја погазиш саботата, и ако не работиш во мојот свет ден; ако ја наречеш саботата милина, Господов ден; ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа што не ќе се занимаваш со обични работи, да им угодуваш на своите грешни желби - тогаш...
Духовната димензија на саботниот ден
Бог има замисла и желба саботата, како негов свет ден, да биде негов семеен празник кога Тој, како небесен татко, го собира своето земно семејство на свет семеен собир, на семејно советување, на свето богослужение, на кое сака да помине време во света заедница со...
Саботата не е еврејска
Многу чест случај кога разговарате со христијаните во врска со саботата е тие да ви кажат: саботата е еврејска, еврејски празник, кој важел само за Евреите, и како доказ го наведуваат текстот од 5. Мојсеева 5,15: „Спомни си дека и ти беше роб во египетската земја и...
Сабота е Божји знак и Божји печат
Среде верскиот хаос што постои денес во светот, среде многубројните верски заедници, чијшто број постојано се зголемува, човек со право се прашува која од нив е вистинска Божја црква на која треба да ѝ припаѓа како верник. Постои ли некаква можност, нешто или некој...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.