Сабота е свет ден
„Господ го … посвети саботниот ден!“ – Да запомнеме: Сабота е и посветен и свет ден, што не е случај со ниту еден друг ден во седмицата. „А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог.“ Во Десетте заповеди зборот „свет“ се однесува само на еден збор, на сабота. Во рајот Бог изделил и посветил една овошка за себе – „дрвото на сознанието на доброто и злото“ (1. Мој. 2,17) – и им рекол на Адама и Ева: Сите овошки во градината се ваши, но оваа овошка, ова дрво, е мое. Не гибајте во него, зашто ќе згрешите! И седмиот дел од времето, седмиот ден, Бог го изделил и го посветил за себе, и нам ни се обраќа со заповед: Шест дена се ваши, и целосно ви стојат на располагање вам, за вашите потреби, но седмиот, саботниот ден, е мој. Тој не е ваш и не ви припаѓа вам. Не гибајте во него, зашто ќе згрешите. На четиринаесет места во својата Реч, во Библијата, Бог кажува и нè потсетува дека саботата е негова – буквално: „мои саботи“ и „свои саботи“ – не еврејски саботи. „Пазете ги моите саботи; јас сум Господ Бог ваш“ (3. Мојсеева 19,3.30; 26,2). „Не одеа по моите заповеди… ги обесветуваа моите саботи, и затоа одлучив во пустината да го излеам мојот гнев врз нив за да ги сотрам.“ „Им ги дадов своите саботи… Празнувајте ги моите саботи! Тие нека бидат знак меѓу мене и вас за да се знае дека јас сум Господ, ваш Бог“ (Езекил 20,12.13.16.20.21; 44,24). За светоста на саботата: „Држете ја саботата, зашто таа е света за вас!“ – му кажува Господ на својот народ, и продолжува: „За да знаете дека јас сум Господ кој ве посветува“ (2. Мојсеева 31,14.13). Сабота е свето време, изделено од другите денови наменски – можност за Бога да нè посветува – од нас, од грешни, да направи праведни, свети луѓе, како што е напишано: „Бидете свети, зашто сум свет јас, Господ, ваш Бог“ (3. Мојсеева 19,2). И Бог навистина своите деца што ги посветил ги нарекува „свети“: „Во тоа е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса“ (Откровение 14,12). Сабота е изделена за нас за да се знае – што да се знае – да се знае дека Господ е наш Бог кој нè посветува. – Значи, свет Господ, свет саботен ден, свет народ кој празнува сабота!
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за саботата“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА САБОТАТА
Да почнеме од почеток, од корењата на саботата: „Така беа довршени небото и земјата со сето свое воинство. И ги заврши Бог до седмиот ден своите дела што ги создаде. И се одмори во седмиот ден од сите свои дела што ги создаде. И Бог го благослови седмиот ден и го...
За теистичката еволуција на христијанството
Како што рековме пред малку, христијаните тврдат дека седмиот ден, посветен при создавањето, не е ист со седмиот ден од четвртата Божја заповед, ниту пак седмицата на создавањето е иста со нашава денешна седмица. Оваа сатанска, ѓаволска заблуда и лага, што ја...
Саботата – споменик на создавањето и стожер на еврејската нација
Како што видовме од четвртата Божја заповед, седмиот ден е од Бога одреден и именуван со зборот сабота, еврејски „шабат“, со значење „одмор“, ден од 24 часа, и ние не смееме тој ден да го замениме ниту да го преименуваме со недела, ниту со кој и да е друг ден во...
Сабота е благословен ден
„Господ го благослови ... саботниот ден!“ - Да запомнеме: Сабота е блгословен ден, што не е случај со ниту еден друг ден во седмицата. Зборот „благослов“ има ист јазичен корен со зборот „благодат“, на кој му посветивме цел еден наслов во книгава. Благословен значи:...
Господ: Сабота е „мој свет ден“, „Господов ден“
„Ако ја задржиш својата нога да не ја погазиш саботата, и ако не работиш во мојот свет ден; ако ја наречеш саботата милина, Господов ден; ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа што не ќе се занимаваш со обични работи, да им угодуваш на своите грешни желби - тогаш...
Духовната димензија на саботниот ден
Бог има замисла и желба саботата, како негов свет ден, да биде негов семеен празник кога Тој, како небесен татко, го собира своето земно семејство на свет семеен собир, на семејно советување, на свето богослужение, на кое сака да помине време во света заедница со...
Саботата не е еврејска
Многу чест случај кога разговарате со христијаните во врска со саботата е тие да ви кажат: саботата е еврејска, еврејски празник, кој важел само за Евреите, и како доказ го наведуваат текстот од 5. Мојсеева 5,15: „Спомни си дека и ти беше роб во египетската земја и...
Сабота е Божји знак и Божји печат
Среде верскиот хаос што постои денес во светот, среде многубројните верски заедници, чијшто број постојано се зголемува, човек со право се прашува која од нив е вистинска Божја црква на која треба да ѝ припаѓа како верник. Постои ли некаква можност, нешто или некој...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.