Сабота е Божји знак и Божји печат
Среде верскиот хаос што постои денес во светот, среде многубројните верски заедници, чијшто број постојано се зголемува, човек со право се прашува која од нив е вистинска Божја црква на која треба да ѝ припаѓа како верник. Постои ли некаква можност, нешто или некој кој ќе ни помогне позитивно да ја разрешиме таа дилема за да не направиме погрешен избор и да застанеме на погрешна страна, да одиме по погрешен пат и, наместо во Божјето царство, да се најдеме во ендек?
Христос е „пат, вистина и живот“ (Јован 14,6) и Тој ќе ни каже што да сториме и ќе нè научи како да веруваме: „Прегледајте ги Писмата… Кој верува во мене како што кажува Писмото, од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода“ (Јован 5,39; 7,38). – Како што кажува Писмото! Бог ќе ни ги открие во својата Реч белезите на вистинската црква, која е негово, Божје семејство, и ќе ни помогне да станеме припадник на неговиот народ.
Вистинската Божја црква е лесно препознатлива меѓу силната плејада цркви. Божјите деца имаат видливи белези според кои се препознаваат како Божји деца.
Прв голем и јасно видлив белег на верниците на Божјата црква кои му припаѓаат на Бога: „Во тоа е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса“ (Откровение 14,12). – Значи, Бог своите деца ги нарекува „свети“ и ги препознава по тоа што тие „ги држат Божјите заповеди и имаат вера во Исуса“.
Друг важен белег, според кој Бог ја препознава својата црква, односно својот народ, а и Божјиот народ Бога, е четвртата Божја заповед. Божјите деца празнуваат сабота како седми ден. Саботата е најдоминантен белег според кој секој човек што ја проучува Библијата лесно може да ја препознае вистинската Божја црква, да ѝ се придружи и како нејзин верник да ги ужива сите оние богати саботни благослови за кои обилно зборуваме во претходните оддели.
Нема никаква одредена причина зошто човек треба да го празнува седмиот ден, да празнува сабота, освен што така одредил и така заповеда Бог. Според тоа, повеќе од која било друга заповед, сабота е непосреден испит на нашата вера. Заповедта за сабота содржи елементи кои не постојат ниту во една друга заповед. Таа го истакнува името на Законодавецот (Господ или JHWH), неговата територија (небото и земјата) и неговата титула (Творец – Создател). Овие три компоненти го сочинуваат она што е познато како печат и му даваат авторитет на законот. Десетте заповеди својата полноважност ја стекнуваат од царскиот печат на Создателот, од печатот на Бога или од саботниот печат.
Да ја чуеме уште еднаш интегрално четвртата Божја заповед: „Помни си да го празнуваш саботниот ден! Шест дена работи и сврши ги сите свои работи! А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог. Тогаш немој да работиш никаква работа: ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето магаре, ниту придојдениот што ќе се најде во твојот дом! Зашто Господ (име) за шест дена ги создаде (Создател) небото, земјата (територија), морето и сè што е во нив, а во седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го посвети саботниот ден.“ (2. Мојсеева 20,8-11)
Во старите времиња царевите своите декрети или заповеди ги заверувале и потврдувале со царски печат (Даниел 6,8; 1. Царевите 21,8).
И Господ, како цар над сите цареви, во својот свет закон, во десетте заповеди, втиснал свој печат, ја втиснал четвртата заповед, или саботата, како свој печат.
„Израелците нека ја пазат саботата – празнувајќи ја од поколение до поколение – како вечен сојуз (завет). Таа нека е знак, засекогаш, меѓу мене и Израелците“ (2. Мојс. 31,16.17).
„Им ги дадов своите саботи како знак меѓу себе и нив, нека знаат дека јас сум Господ кој ги посветува… Празнувајте ги моите саботи! Тие нека бидат знак меѓу мене и вас за да се знае дека јас сум Господ, ваш Бог“ (Езекил 20,12.20).
Уште еднаш последните две реченици: „Празнувајте ги моите саботи! Тие нека бидат знак меѓу мене и вас за да се знае дека јас сум Господ, ваш Бог!“ – Саботата, вели Бог, е видлив знак или белег со кој е обележана мојата вистинска црква. Мојот народ празнува сабота, празнува во мојот свет ден. Затоа, почитувани, Господ и вас ве повикува: Придружете му се на мојот народ, на мојата црква и празнувајте во сабота!
Уште нешто за знакот или за белегот во Библијата! Во старо време Бог барал од својот народ да ги обрежуваат сите машки деца. Обрезанието исто така било знак или белег на Божјата припадност.
„Секое машко меѓу вас нека биде обрежано. Обрежувајте се, и тоа нека е знак на заветот меѓу мене и вас“ (1. Мојсеева 17,10.11). Според тоа, и Аврам бил обрежан:
„И го прими (Аврам) знакот на обрежувањето како печат на праведноста што ја доби преку верата што ја имаше како необрежан, за да биде татко на сите кои веруваат“ (Римјаните 4,11).
Се гледа дека во новозаветниот период изразот „печат“ се користел како синоним за зборот „знак“. За старозаветниот „знак на обрезание“ Павле зборува како за „печат на праведноста“. Затоа тој овде, заедно со зборот „знак“, го воведува во употреба и зборот „печат“, како синоним со исто значење. Според тоа, саботата како видлив знак, според кој Бог ја препознава својата црква, својот народ, а и неговиот народ го препознава него како свој Бог и Господ, претставува „Божји печат“ со кој Бог ги запечатува своите верни и предани деца за своето царство. Но, за саботата како Божји печат – многу повеќе подоцна.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за саботата“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА САБОТАТА
Да почнеме од почеток, од корењата на саботата: „Така беа довршени небото и земјата со сето свое воинство. И ги заврши Бог до седмиот ден своите дела што ги создаде. И се одмори во седмиот ден од сите свои дела што ги создаде. И Бог го благослови седмиот ден и го...
За теистичката еволуција на христијанството
Како што рековме пред малку, христијаните тврдат дека седмиот ден, посветен при создавањето, не е ист со седмиот ден од четвртата Божја заповед, ниту пак седмицата на создавањето е иста со нашава денешна седмица. Оваа сатанска, ѓаволска заблуда и лага, што ја...
Саботата – споменик на создавањето и стожер на еврејската нација
Како што видовме од четвртата Божја заповед, седмиот ден е од Бога одреден и именуван со зборот сабота, еврејски „шабат“, со значење „одмор“, ден од 24 часа, и ние не смееме тој ден да го замениме ниту да го преименуваме со недела, ниту со кој и да е друг ден во...
Сабота е благословен ден
„Господ го благослови ... саботниот ден!“ - Да запомнеме: Сабота е блгословен ден, што не е случај со ниту еден друг ден во седмицата. Зборот „благослов“ има ист јазичен корен со зборот „благодат“, на кој му посветивме цел еден наслов во книгава. Благословен значи:...
Сабота е свет ден
„Господ го ... посвети саботниот ден!“ - Да запомнеме: Сабота е и посветен и свет ден, што не е случај со ниту еден друг ден во седмицата. „А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог.“ Во Десетте заповеди зборот „свет“ се однесува само на еден збор, на...
Господ: Сабота е „мој свет ден“, „Господов ден“
„Ако ја задржиш својата нога да не ја погазиш саботата, и ако не работиш во мојот свет ден; ако ја наречеш саботата милина, Господов ден; ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа што не ќе се занимаваш со обични работи, да им угодуваш на своите грешни желби - тогаш...
Духовната димензија на саботниот ден
Бог има замисла и желба саботата, како негов свет ден, да биде негов семеен празник кога Тој, како небесен татко, го собира своето земно семејство на свет семеен собир, на семејно советување, на свето богослужение, на кое сака да помине време во света заедница со...
Саботата не е еврејска
Многу чест случај кога разговарате со христијаните во врска со саботата е тие да ви кажат: саботата е еврејска, еврејски празник, кој важел само за Евреите, и како доказ го наведуваат текстот од 5. Мојсеева 5,15: „Спомни си дека и ти беше роб во египетската земја и...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.