Сабота е благословен ден
„Господ го благослови … саботниот ден!“ – Да запомнеме: Сабота е блгословен ден, што не е случај со ниту еден друг ден во седмицата.
Зборот „благослов“ има ист јазичен корен со зборот „благодат“, на кој му посветивме цел еден наслов во книгава. Благословен значи: блажен, среќен и пресреќен, полн со врвна радост и задоволство. Тој благослов што го ставил Бог во седмиот ден станува наш благослов, и ние сме благословени од Бога кога го празнуваме саботниот ден. Саботата навистина е благословено време кога му даваме можност на Бога нашиот живот да го осмисли и да го исполни со радост и задоволство.
„Блазе му на човекот кој прави така и на синот човечки што се придржува на тоа: кој ја почитува саботата за да не ја онечисти и кој ги чува своите раце од секое зло дело“ (Исаија 56,2). – Блажен, среќен и радосен е човек (не Евреин) кој ја почитува саботата.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за саботата“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА САБОТАТА
Да почнеме од почеток, од корењата на саботата: „Така беа довршени небото и земјата со сето свое воинство. И ги заврши Бог до седмиот ден своите дела што ги создаде. И се одмори во седмиот ден од сите свои дела што ги создаде. И Бог го благослови седмиот ден и го...
За теистичката еволуција на христијанството
Како што рековме пред малку, христијаните тврдат дека седмиот ден, посветен при создавањето, не е ист со седмиот ден од четвртата Божја заповед, ниту пак седмицата на создавањето е иста со нашава денешна седмица. Оваа сатанска, ѓаволска заблуда и лага, што ја...
Саботата – споменик на создавањето и стожер на еврејската нација
Како што видовме од четвртата Божја заповед, седмиот ден е од Бога одреден и именуван со зборот сабота, еврејски „шабат“, со значење „одмор“, ден од 24 часа, и ние не смееме тој ден да го замениме ниту да го преименуваме со недела, ниту со кој и да е друг ден во...
Сабота е свет ден
„Господ го ... посвети саботниот ден!“ - Да запомнеме: Сабота е и посветен и свет ден, што не е случај со ниту еден друг ден во седмицата. „А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог.“ Во Десетте заповеди зборот „свет“ се однесува само на еден збор, на...
Господ: Сабота е „мој свет ден“, „Господов ден“
„Ако ја задржиш својата нога да не ја погазиш саботата, и ако не работиш во мојот свет ден; ако ја наречеш саботата милина, Господов ден; ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа што не ќе се занимаваш со обични работи, да им угодуваш на своите грешни желби - тогаш...
Духовната димензија на саботниот ден
Бог има замисла и желба саботата, како негов свет ден, да биде негов семеен празник кога Тој, како небесен татко, го собира своето земно семејство на свет семеен собир, на семејно советување, на свето богослужение, на кое сака да помине време во света заедница со...
Саботата не е еврејска
Многу чест случај кога разговарате со христијаните во врска со саботата е тие да ви кажат: саботата е еврејска, еврејски празник, кој важел само за Евреите, и како доказ го наведуваат текстот од 5. Мојсеева 5,15: „Спомни си дека и ти беше роб во египетската земја и...
Сабота е Божји знак и Божји печат
Среде верскиот хаос што постои денес во светот, среде многубројните верски заедници, чијшто број постојано се зголемува, човек со право се прашува која од нив е вистинска Божја црква на која треба да ѝ припаѓа како верник. Постои ли некаква можност, нешто или некој...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.