Господ: Сабота е „мој свет ден“, „Господов ден“
„Ако ја задржиш својата нога да не ја погазиш саботата, и ако не работиш во мојот свет ден; ако ја наречеш саботата милина, Господов ден; ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа што не ќе се занимаваш со обични работи, да им угодуваш на своите грешни желби – тогаш ќе имаш радост во Господа“ (Исаија 58,13.14).
Ова се Божји зборови кои ни доаѓаат директно од Бога кој ни кажува две многу значајни работи што треба да ги запаметиме. Прво, Господ вели: сабота е „мој свет ден“, и второ: сабота е „Господов ден“. И како свет Господов ден, саботата треба да ни е мила, ден на радост и спокојство и ден за богослужение, за свет собор.
„Шест дена нека се работи, а седми ден е сабота – ден на потполн одмор, ден за свет собор (за свето богослужение), кога не смеете да работите никаква работа. Тоа е Господова сабота во сите ваши живеалишта“ (3. Мојсеева 23,2). – „Господова (не еврејска) сабота“.
Секако, и другите денови се Господови денови, но ниту еден од нив не е посветен и не е свет. За ниту еден од другите денови Господ не кажува „мој свет ден“ и „Господов ден“. Никаде во Библијата Бог не кажува: „недела Господова“, „недела е мој свет ден“, ниту пак „недела е Господов ден“. Тие прерогативи му припаѓаат само на саботниот ден.
При создавањето на земјата Бог не создал света планина, света река или свето место каде што потоа би било подигнато светилиште. Во таа пригода Бог не посветил ниту еден дел од просторот, ниту еден предмет, ништо друго, освен дел од времето, седмиот, саботниот ден. Саботата е прва светиња на овој свет, светиња која не успеал, ниту пак некој ќе успее да ја спали и уништи, зашто таа Божја светиња Бог ја сместил, не во просторот, во кој луѓето уриваат и уништуваат, туку во времето, кое е недосегливо за нив.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за саботата“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА САБОТАТА
Да почнеме од почеток, од корењата на саботата: „Така беа довршени небото и земјата со сето свое воинство. И ги заврши Бог до седмиот ден своите дела што ги создаде. И се одмори во седмиот ден од сите свои дела што ги создаде. И Бог го благослови седмиот ден и го...
За теистичката еволуција на христијанството
Како што рековме пред малку, христијаните тврдат дека седмиот ден, посветен при создавањето, не е ист со седмиот ден од четвртата Божја заповед, ниту пак седмицата на создавањето е иста со нашава денешна седмица. Оваа сатанска, ѓаволска заблуда и лага, што ја...
Саботата – споменик на создавањето и стожер на еврејската нација
Како што видовме од четвртата Божја заповед, седмиот ден е од Бога одреден и именуван со зборот сабота, еврејски „шабат“, со значење „одмор“, ден од 24 часа, и ние не смееме тој ден да го замениме ниту да го преименуваме со недела, ниту со кој и да е друг ден во...
Сабота е благословен ден
„Господ го благослови ... саботниот ден!“ - Да запомнеме: Сабота е блгословен ден, што не е случај со ниту еден друг ден во седмицата. Зборот „благослов“ има ист јазичен корен со зборот „благодат“, на кој му посветивме цел еден наслов во книгава. Благословен значи:...
Сабота е свет ден
„Господ го ... посвети саботниот ден!“ - Да запомнеме: Сабота е и посветен и свет ден, што не е случај со ниту еден друг ден во седмицата. „А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог.“ Во Десетте заповеди зборот „свет“ се однесува само на еден збор, на...
Духовната димензија на саботниот ден
Бог има замисла и желба саботата, како негов свет ден, да биде негов семеен празник кога Тој, како небесен татко, го собира своето земно семејство на свет семеен собир, на семејно советување, на свето богослужение, на кое сака да помине време во света заедница со...
Саботата не е еврејска
Многу чест случај кога разговарате со христијаните во врска со саботата е тие да ви кажат: саботата е еврејска, еврејски празник, кој важел само за Евреите, и како доказ го наведуваат текстот од 5. Мојсеева 5,15: „Спомни си дека и ти беше роб во египетската земја и...
Сабота е Божји знак и Божји печат
Среде верскиот хаос што постои денес во светот, среде многубројните верски заедници, чијшто број постојано се зголемува, човек со право се прашува која од нив е вистинска Божја црква на која треба да ѝ припаѓа како верник. Постои ли некаква можност, нешто или некој...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.