Засметана и подарена Христова праведност и процесот наречен „посветување“

Денес протестантскиот свет е заплиснат со нова погубна либерална теологија која се шири како пожар и го опфаќа целиот религиозен свет. Таа теологија широко му ја отвора вратата на гревот кој сè повеќе го проникнува и го расипува светот.

Според таа теологија, сè што требало Христос да стори за нашето спасение го сторил кога умрел на Голгота за нашите гревови, кога нè оправдал и кога нè откупил од гревот. Проштавањето на минатите гревови и откупот од гревот на крстот се доволни за нашето спасение. Крстот е сè што ни е потребно. За нив сонцето изгрева и заоѓа на Голгота!

Тоа христијанство со таа либерална теологија е опседнато со крстот. Таа религија е религија на минатото, религија без сегашност и без иднина, религија чиишто верници пливаат во гревови, зашто таа тврди дека ние во ова наше сегашно грешно смртно тело не можеме да не грешиме. Конечо ќе престанеме да грешиме дури тогаш кога ќе добиеме ново, безгрешно тело, при второто Христово доаѓање. Сè до тогаш ние мораме да грешиме.

Апсолутна вистина е дека крстот е центар и стожер на нашето спасение и темел или извор од кој произлегуваат сите придобивки за вечен живот. Но голема е и вистината дека нашето спасение не е комплетирано на крстот. Ние со покајание сме дошле во подножјето на крстот натоварени со нашето грешно минато, кое не ни дозволува да го пречекориме прагот на вечниот живот, зашто вечноста од нас бара апсолутна праведност, а ние немаме праведност, не сме праведни; наместо со праведност, натоварени сме со грешност и грешни сме. Христос на крстот ни го проштава гревот, нè откупува од неговото ропство, ни го брише нашето грешно минато, ја симнува од нас нашата грешност и нè облекува во чиста бела облека. Таа чиста бела облека е Христовата праведност, Христовиот безгрешен живот, кој Бог ни го засметува намаесто нашата грешност, којашто ја одзема од нас и ја фрла во морските длабини. Така ние, од грешни, стануваме праведни, праведници, пред кои ширум се отвора вратата на вечноста. Таа Христова праведност што ни ја засметува Бог на крстот наместо нашата грешност, е позната како „засметана Христова праведност“, бела Христова облека во која нè облекува и која ни дава право на вечен живот.

Меѓутоа, тука, на крстот, работата не е завршена до крај. Ние и понатаму, сè до нашата смрт, живееме во нашето грешно тело кое е подложно на гревот. Но дали сега повторно ќе грешиме и повторно ќе станеме грешници откако Христос на крстот нè окупил од гревот? Дали белата облека, во која Христос нè облекол, ќе ја валкаме со грев? Во никој случај. Исус вели: „Не греши веќе, за да не ти биде уште полошо!“ (Јован 5,14; 8,11). И ние со сите сили се трудиме да не грешиме, но напразно! Пак паѓаме и грешиме, и сфаќаме дека во ова наше грешно тело не можеме сами да живееме праведно, да не грешиме. Се овистинуваат Христовите зборови: „Без мене не можете да правите ништо“ (Јован 15,5).

Се фаќаме за глава и се прашуваме: „Што сега!“ Пак на помош ни доаѓа Христос, кој ни подарува нова праведност, подарена или дадена праведност: во нас го всадува својот праведен живот кој нè оспособува за вечен живот. Засметаната Христова праведност од крстот ни даде право да влеземе во вечен живот, а подарената Христова праведност, или неговиот праведен живот, всаден во нас, нè оспособува за вечен живот. Божјата реч ни кажува како се постигнува тоа. Го приведуваме извонредниот пример на апостол Павле:

„Со Христа бев распнат; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Галатите 2,20). „Христос живее во мене“, кажува Павле, кога „со Христа бев распнат“, и продолжува во Римјаните 6,3-18; 8,9.10: „Знаеме дека нашиот стар човек беше распнат со него (со Христа) за да биде онемоштено грешното тело, та да не му робуваме веќе на гревот, зашто оној што е умрен (распнат), ослободен е од гревот. А ако умревме (ако се распнавме) со Христа, веруваме дека и ќе живееме со него… Затоа не дозволувајте гревот да царува во вашето смртно тело за да им се покорувате на неговите похоти.“ „Вие сте духовни ако навистина Божјиот Дух живее во вас… Ако е Христос во вас, тогаш телото е мртво за грвот.“

Таква темелна промена или преобразба на нашиот стар грешен живот врши силата на Божјиот Дух, или силата на Светиот Дух кој живее во нас, односно силата на Божјата благодат, за која веќе опширно зборувавме.

Силата на Божјата благодат е толку голема што може да се соочи со силата на гревот, да ја победи и да создаде ново создание во Исуса Христа. При тоа ново создавање благодатта се покажала како сила која е во состојба да ги победи сите сили на злото и да создаде ново човештво во заедница со Бога. Она што Христос го сторил за нас на крстот, еднаш и за сите, е оправдување или откуп од нашите гревови, и тоа не може да се издели од она што Тој го прави во нас откако сме оправдани, кога настапува процес кој се вика „посветување“. Во процесот на посветување Христос со Светиот Дух нè чисти од гревот и нè посветува, при што ние стекнуваме искуство на ново раѓање кое води кон обнова во Христа. Ние стануваме нови созданија, слични на Христа: „Оној што е во Христа, е ново создание; старото помина и, ете, сè ново настана“ (2. Коринќаните 5,17).

Според тоа, благодатта не е само некоја теорија што треба да се разбере. Таа е сила која преобразува, сила која треба да се доживее. Во животот на вистинскиот верник благодатта го менува токот на мислите и чувствата. Луѓето кои некогаш мразеле, сега научиле да сакаат, умовите кои уживале во сласти, почнуваат да ја сакаат чистотата. А тие христијани знаат дека во самите нив немало сила која би предизвикала таква промена во нивните мисли и чувства. Силата дошла однадвор. Затоа апостол Павле рекол дека евангелието „е Божја сила за спасение на секој кој верува“ (Римјаните 1,16).

Оваа сила доаѓа од Светиот Дух, и истата е всадена во умот и срцето на секој вистински верник. Тоа е „посветување“, „преобраќање“ или „ново раѓање“. Павле за тоа зборува како за воскресение од мртвите (Римј. 6,1-6).

„Според тоа, погубната либерална теологија, која се шири како пожар и го опфаќа целиот религиозен свет, и светот воопшто, навистина е погубна кога тврди дека ние во ова наше сегашно грешно смртно тело не можеме да не грешиме, дека конечо ќе престанеме да грешиме дури тогаш кога ќе добиеме ново, безгрешно тело, при второто Христово доаѓање, и дека сè до тогаш – ние мораме да грешиме. Погубно е тврдењето дека нашата обврска да живееме праведен живот Христос ја презел на себе и дека нас нè ослободил од неа, зашто Тој живеел праведен живот наместо нас и тоа е доволно.  Тоа тврдење е апсолутно неточно, погрешно и погубно, и не може да помине на Божјиот истражен суд. И ние имаме обврска да живееме праведен живот ако сакаме да добиеме вечен живот и да ја одбегнеме судбината на грешниците кои, заедно со нивните гревови, ќе заминат во вечна пропаст.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за небесниот истражен суд“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

Небесен истражен суд

Неколку општи напомени. Небесниот суд во Библијата се одвива во три фази: „Предмилениумски суд“, или „истражен суд“, кој уште се нарекува и „предадвентен суд“, „Милениумски суд“, и „Извршен суд“. За првата фаза од небесниот суд, наречен предмилениумски, истражен или...

Христовата жртва на Голгота и неговото посредување во небесното Светилиште

Христовата жртва помирница на крстот, со која светот има можност да се помири со Бога, е принесена. Во одредено време Исус објавил: „Се сврши!“, и умрел. Тој доброволно му го предал својот живот на Отецот. Судирот бил завршен - Тој однел победа. Христовата жртва е...

Повеќе за Христовата посредничка улога на небесниот суд

„Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не грешите, а ако некој згреши, имаме Застапник кај Отецот - праведникот Исус Христос. Тој е помирителна жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на цел свет“ (1. Јованово 2,1.2). „Покајте се...

На Божјиот суд вселената му суди на Бога – ја проверува Божјата правда и исправноста на неговата благодат!

Давид со ништо не можел да го оправда злосторството што го направил. Тој западнал во тешко ропство на гревот кој како свиреп господар и тиран го оковал во тешки прангии од кои немало друг спас освен да пека пред Бога за откуп од тоа ропство; тоа е пекање за сигурност...

Наближува крајот на небесниот истражен суд

Се ближи крајот и на денешната, втора фаза од планот на спасението врзана за небесното Светилиште, крајот на Христовата првосвештеничка служба и на небесниот истражен суд, кога Христос, во улога на посредник и застапник, ќе го означи крајот на времето на милоста како...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат