Повеќе за Христовата посредничка улога на небесниот суд
„Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не грешите, а ако некој згреши, имаме Застапник кај Отецот – праведникот Исус Христос. Тој е помирителна жртва што се принесе за нашите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на цел свет“ (1. Јованово 2,1.2). „Покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, и од Господовото присуство да дојдат времиња на освежување“ (Дела 3,19). „Јас, заради себе ги бришам твоите престапи и не си спомнувам за твоите гревови… Како магла ги растерав твоите престапи и како облак твоите гревови… Ако ви бидат гревовите како црвено сукно, ќе бидат бели како снег; ако бидат румени како пурпур, ќе станат како волна… Ќе ги исчистам од секое нивно беззаконие со кое ми згрешија и ќе им ги простам сите нивни гревови со кои ми скривија… Ќе ги фрлам на дното на морето сите нивни гревови!“ (Исаија 43,25; 44,22; 1,18; Еремија 33,8; Михеј 7,19).
Од овие библиски текстови извира апсолутна сигурност дека Христос е на наша страна. Па тогаш зошто суд, ако е Бог на наша страна? Затоа што постои тужител, сатаната, ѓаволот, кој нè обвинува пред целата вселена дека сме грешници и дека како грешници ние му припаѓаме нему и немаме право на спасение. Пред да дојде да нè земе на небото, Исус мора нас да нè оправда; да ги оправда светите кои своето спасение му го довериле нему. Тое е и целта на постоењето на небесното Светилиште – Христос ѝ дава можност на целата вселена да има апсолутен увид во сите негови активности кога го решава проблемот на гревот, јавно, до крајни можни граници транспарентно.
Исус Христос едновремено е и наш застапник, наш посредник кај Отецот на небесниот суд, и свештеник и помирителна жртва за нашите гревови – комплетен наш спасител, избавител и откупител!
Јован Исуса го нарекува застапник, посредник, бранител (1. Јованово 2,1), лице кое е повикано да му помогне некому кој очекува судење, лице коешто е подготвено секогаш да помогне. Грчкиот оригинал овде го употребува зборот parakletos (бранител, посредник, адвокат). Исус е наш параклетос, посебно драго Лице што можеме да го повикаме секојпат кога ни е неопходна помош, совет.
Од сето ова што го прочитавме и што го кажавме произлегува дека небесниот суд за нас не е страв и неизвесност со трагичен исход, туку радосен настан. Небесниот суд е страв и неизвесност за оние што грешат, што не се покајале и не ги оставиле своите гревови, што до крај останале грешни и грешници. За нас, кои на време сме се покајале и сме ги оставиле гревовите, нашиот Првосвештеник, Христос, на судот се зазема за нас, нè брани, и кога ќе биде прочитано нашето име, Тој ги крева своите прободени раце и вели: Оче, крвта моја, крвта моја, е пролеана и за …. (Јована, на пример).
Вистина, Јован беше грешен, многу грешен! Сè што е запишано во небесната книга како извештај за неговиот грешен живот, како грешник, е точно! Но тој го прифати мојот повик за покајание, се покаја и го остави гревот; ме призна и ме прифати мене како свој Спасител и јас му простив. Покажа љубов кон мене и стана мој син и со радост и задоволство одеше по моите стапки и мене ме следеше. Го слушаше мојот глас и се трудеше да живее и живееше според моите заповеди, според мојата Реч. Тој ми дозволи мене да живеам во неговото срце и да го преобразам неговиот живот. Со сите сили активно се подготвуваше за место во моето царство, копнеејќи за вечниот живот што им е понуден на сите грешници. Верно и предано ми служеше сè до овој миг. Затоа, Оче, јас умрев наместо него и за него барам милост.
Небесниот суд е трогнат! Тој ги прифаќа силните аргументи на нашата одбрана, на нашиот Бранитет и Застапник, Христос, и ангелот записничар нашето име го запишува во небесната „Книга на животот“ (Откровение 3,5), додавајќи ги покрај него зборовите: Помилуван! Спасен!
Но, да нема забуна! Ако Јован не се покајал за секој свој грев, мал или голем, јавен или таен, сè едно, ако има нешто што се испречило меѓу него и вечниот живот, и ако не е навреме отстранета таа, и секоја друга пречка, Христос не може да го застапува на небесниот суд, зашто Тој не може да посредува и да бара милост за грешник кој не се покајал и не го оставил гревот, не може да проштава, да покрива и да брише гревови за кои нема покајание. Тоа не му го дозволува законот. А законот и милоста, кои се две најнепомирливи и најспротивни нешта, мора да се помират, да се бакнат и да се прегрнат, и тие навистина се помириле, се бакнале, се прегрнале и стапиле во взаемна спрега и хармонија на крстот на Голгота, кога Христос умрел и со својата смрт ги ставил во правилен меѓусебен сооднос кој во никој случај не смее да се наруши.
Бог е милостив, но едновремено е и праведен. Нему милоста не му дозволува да не прифати и да не прости грев за кој грешникот се кае и го остава, но и законот не му дозволува да прифати и да прости грев за кој грешникот не се кае и не го остава. И затоа небесниот суд не познава, не признава и не прифаќа никави нагодби со грешникот. Гревовите ни се или во целост простени и избришани, или ќе се вратат како тешко бреме да нè притиска, да нè прогонуваат и осудуваат. Или не сносиме ниту една заслужена казна за нашите гревови, или ќе се соочиме со целокупната нивна тежина и казна. Или ќе бидеме наполно ослободени од сите последици на нашите гревови, или ќе бидеме уништени со нивната неизмерна тежина. Или Бог сите наши гревови ќе ги „заборави“, или сите ќе ги „памети“; или сме добиле потполно проштавање, или сме изложени на целосна осуда; нашето спасение е или целосно или е целосна нашата пропаст. Средина нема, пазарење нема, погодба нема.
За грешник кој се кае има милост, милосен дар „од Бога, живот вечен во нашиот Господ Исус Христос“ (Римјаните 6,23), има Застапник на судот кој го брани и ќе го одбрани, а грешникот, кој не се кае и не го остава гревот, ќе мора да поминува низ иглените уши на небесниот суд сам, без посредник и застапник, а тоа не е можно. Тој ќе мора сам да падне врз острицата на мечот на погазената законска правда и да ја окрвави со својата сопствена крв, да умре како грешник, зашто „плата за гревот е смрт.“
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за небесниот истражен суд“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНИОТ ИСТРАЖЕН СУД
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библијата за небесниот истражен суд“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на...
Небесен истражен суд
Неколку општи напомени. Небесниот суд во Библијата се одвива во три фази: „Предмилениумски суд“, или „истражен суд“, кој уште се нарекува и „предадвентен суд“, „Милениумски суд“, и „Извршен суд“. За првата фаза од небесниот суд, наречен предмилениумски, истражен или...
Засметана и подарена Христова праведност и процесот наречен „посветување“
Денес протестантскиот свет е заплиснат со нова погубна либерална теологија која се шири како пожар и го опфаќа целиот религиозен свет. Таа теологија широко му ја отвора вратата на гревот кој сè повеќе го проникнува и го расипува светот. Според таа теологија, сè што...
Христовата жртва на Голгота и неговото посредување во небесното Светилиште
Христовата жртва помирница на крстот, со која светот има можност да се помири со Бога, е принесена. Во одредено време Исус објавил: „Се сврши!“, и умрел. Тој доброволно му го предал својот живот на Отецот. Судирот бил завршен - Тој однел победа. Христовата жртва е...
На Божјиот суд вселената му суди на Бога – ја проверува Божјата правда и исправноста на неговата благодат!
Давид со ништо не можел да го оправда злосторството што го направил. Тој западнал во тешко ропство на гревот кој како свиреп господар и тиран го оковал во тешки прангии од кои немало друг спас освен да пека пред Бога за откуп од тоа ропство; тоа е пекање за сигурност...
Наближува крајот на небесниот истражен суд
Се ближи крајот и на денешната, втора фаза од планот на спасението врзана за небесното Светилиште, крајот на Христовата првосвештеничка служба и на небесниот истражен суд, кога Христос, во улога на посредник и застапник, ќе го означи крајот на времето на милоста како...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.